Луѓе, пак одиме оф топик.
Правите некоја измислена слика за мене а не ме познавате ниту пак сум рекол работи кои што ги тврдите. Неколку пати имам кажано дека не учествував 2001, сепак имам познавања од читање архиви и сведоштва.
Тоа ниту докажува дека јас сум во право, ниту сум јас тема на муабет, ниту 2001 е тема на муабет.
Влечете паралели со 2001, не се задржувајте на таа тема, темата е Украина.
Дали имаме херои од 2001, Да, многу, и знајни и незнајни.
Во 8 април 2001, донесена е одлука за мобилизација на 3 велешки баталјони на резервисти. До крајот на рокот, 10 мај, формиран е само еден. Командант (вд) е Трајанчо П. Кој е доброволец за задачата, рачно ги одбира подофицерите од други погранични баталјони за да внесе искуство во зелените нови резервисти.
Да имало доста дезертери, сакале да признаеме ние или не.
Колку побрзо ги идентификуваме проблемите во нашето општество толку побрзо ќе ги решиме.
Украинците брзо идентификуваа што им се деси 2014 со Крим и Донбас. 2022 бешњ друга приказна, веќе беа спремни да и се спротистават на втората армија во светот. Тоа е паралелата јас што ја влечев.
Најмалку е битно кој сум јас и што имам направено.