Околу гласањето во ОН. Советот за човекови права е тело на ОН во кое на ротациска база се избираат 47 членки (пропорционално по светски региони) на 3 годишен мандат и макс 2 пати по ред смее една членка. Буџетот е во најголем дел од донации, се разбира од кои држави - САД, ЕУ, Британија. Русија е избрана во 2021. Претходна суспензија е Либија. Самиот совет е мини-космос на апсурдот на постоењето на ОН. Никаква практична улога и примена, ниту акција ниту негде нешто подобриле ниту нешто смениле. Само поле за притисок на "неподобни" земји за западот. САД до 2009 го бојкотираат. Шефот на Хјуман рајтс воч во 2021 изјавува дека советот е пародија и се исмева со човековите права со оглед на земјите кои членуваат во него. Точката 7 за Израел е единствена која е на секоја седница и се фокусира на одреден конфликт, има и специјален известувач без рок на мандат и има повеќе резолуции отколку сите останати земји во светот заедно, дека се окупатори, воени злосторници и неограничено кршење на човековите права на палестинците. Ама за тоа не само што нема суспензија, туку советот е критикуван за претерано непотребно фокусирање на тој конфликт, анти-изрселски bias и антисемитизам
. Поради тоа пак, во 2018 САД се повлекува од советот бидејќи истиот бил "cesspool of political bias" (No shit Sherlock)
. Израел не го признава мандатот на известувачот, го прогласуе непријател на евреите и ги бојкотира седниците. Дури и самиот Бан Ки-Мун генерален секретар, го критикувал советот дека не ги исполнил своите цели и обврски.
Либија е вратена во советот 3 недели по демократската ликвидација по сите стандарди на човекови права на Гадафи
.
Ова колку да се добие основна идеја за баналноста на постоењето на тој совет и безначајноста на членство/суспензија/бојкот/непризнавање итн.
Е сеа, технички Русија не ја суспендираа, јер сама се повлече пред да гласаат
.
Једино што ми е нејасно е како може да изгласаат суспензија со 93 гласа ЗА, а потребно е двотретинско мнозинство!?
Сепак, од гласањето што може да се види? Од 193 земји, не гласале 18. Од нив неколку се интересни: Ерменија, Азербејџан, Либан, Афганистан и Венецуела, кои во најмала рака би гласале воздржано.
Понатаму, 93 од 193 не е ниту двотретинско ниту просто мнозинство. Гласањето воздржан е де факто еднакво со гласањето против, така да солидното мнозинство во светот се спротиставува на западната империја и застанува на страна на Русија. Да не се лажеме, западот не прифаќа неутрални, или си со нив или си против и тоа е јасно формулирана нивна "јастреб дипломатија". Ова е тежок пораз за нив.
И во однос на "изненадувањата" Србија, Унгарија, можеби за некој и Турција. Со оглед на безначајноста на гласањето или самиот совет па и целото ОН во реалниот свет, ништо битно за Русија. Вучич и Орбан се во особено незгодна позиција кај бриселската банда и мораат да балансираат. И пред мировнава мисија беа трн у око на фашистите у Брисел, сега со невоведување санкции вуду-кукли им бодат у ЕУ. Ердоган е различен пример и секој пријателски потег кон еднста или другата страна дебело си/ќе го наплаќа.