Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    682

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.353
Поени од реакции
31.240
Глобализацијата ни понуди исклучително ниски цени на ресурсите и призводите, заради JUST IN TIME испорака на ресурси и полупроизводи. Заради континуираното намалување на цените на добрата имавме ДЕФЛАЦИЈА (овде мора да се направи разлика со инфлацијата што ја имаме на цени која што реално се случува заради алчноста на капиталистите за зголемување на профитот).

Деглобализацијата ќе значи зголемување на цените на производите, заради трупање на залихи, несигурност на транспорт и несигурни финасии. Државите ќе се снабдуваат со енергенси од сигурни добавувачи, преку сигурни рути и сугурни финасии и значително ќе треба да инвестираат во сигурноста на државата т.е. трка во вооружување. Фабриките ќе мораат да имаат на залиха материјали и полупроизводи за да задоволат подолгорочно производство. Тоа значи ИНФЛАЦИЈА.
Прво, ова е неточно или во најдобар случај само желби (на Американците). Второ тоа исклучително ниски цени на ресурсите и производите е секогаш на сметка на едната страна. Разбирливо е зошто Америте би сакале исклучително ниски цени но зошто некој друг би сакал да им го даде тоа? И пошто ретко кој сака (да им го даде тоа), затоа Америте насекаде прават војни и се обидуваат да ги контролираат другите држави за да ги обезбедат тие исклучително ниски цени.

Основни работи не разбираш. :)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.103
Поени од реакции
4.884


Сојузот на Русија: алжир, белорусија, бурунди, боливија, цар, кина, куба, с. кореја, еритреа, етиопија, габон, иран, казахстан, киргистан, лао?, мали, никарагва, сирија, таџикистан, узбекистан и зимбабве.

Денацификатор до денацификатор, демократ до демократ... Секој еден русофил сонува да живее во вакви држави.
е ова е класично забегуење!
Форумџијава гледа од високо на цели држави и народи како да се тие од понизок хранидбен ланец, па затоа треба да се затворат во резервати и да им служат на избраниве и бањати. Тој всушност означи 3/4 од светската популација како заостанати, имало многу примери низ историјата за вакви забегуања и знаеме како завршиле.
Проблемот е што форумџијава мисли дека и припаѓа на избраната каста а всушност е само корисен идиот и кај газдите го има истиоот третман како што тој гледа на набројаните, нема лек за вакво нешто, освен повторно да се почне од почеток да се едуцира.
Автоматски споено мислење:

Зошто сум со украинците а не со русите, и едните и другите слични народи, слични јазици, иста вера, заедничка понова историја... Значи нема причина да не сум со русите, те причината е само нивната политика.

Им посакувам конечно нормален лидер на русите.
Браво,
Што велиш на Русите да им го пратиме Црпе-ваш, можеби Рамче или Бајден Алцхамеровски а и Зеленски би завршил работа, има да ги нема за еден месец :pos:
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
896
Поени од реакции
3.543
Украина јасно стави до знаење каква сака да биде нејзината иднина, а тоа е ЕУ и НАТО.
Украина е руска земја нема што да става до знаење, како кажат Русите така ќе биде. :)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.103
Поени од реакции
4.884
Околу гласањето во ОН. Советот за човекови права е тело на ОН во кое на ротациска база се избираат 47 членки (пропорционално по светски региони) на 3 годишен мандат и макс 2 пати по ред смее една членка. Буџетот е во најголем дел од донации, се разбира од кои држави - САД, ЕУ, Британија. Русија е избрана во 2021. Претходна суспензија е Либија. Самиот совет е мини-космос на апсурдот на постоењето на ОН. Никаква практична улога и примена, ниту акција ниту негде нешто подобриле ниту нешто смениле. Само поле за притисок на "неподобни" земји за западот. САД до 2009 го бојкотираат. Шефот на Хјуман рајтс воч во 2021 изјавува дека советот е пародија и се исмева со човековите права со оглед на земјите кои членуваат во него. Точката 7 за Израел е единствена која е на секоја седница и се фокусира на одреден конфликт, има и специјален известувач без рок на мандат и има повеќе резолуции отколку сите останати земји во светот заедно, дека се окупатори, воени злосторници и неограничено кршење на човековите права на палестинците. Ама за тоа не само што нема суспензија, туку советот е критикуван за претерано непотребно фокусирање на тој конфликт, анти-изрселски bias и антисемитизам :pos: :pos: :pos: . Поради тоа пак, во 2018 САД се повлекува од советот бидејќи истиот бил "cesspool of political bias" (No shit Sherlock) :pos: . Израел не го признава мандатот на известувачот, го прогласуе непријател на евреите и ги бојкотира седниците. Дури и самиот Бан Ки-Мун генерален секретар, го критикувал советот дека не ги исполнил своите цели и обврски.

Либија е вратена во советот 3 недели по демократската ликвидација по сите стандарди на човекови права на Гадафи :pos:.

Ова колку да се добие основна идеја за баналноста на постоењето на тој совет и безначајноста на членство/суспензија/бојкот/непризнавање итн.

Е сеа, технички Русија не ја суспендираа, јер сама се повлече пред да гласаат :pos:.

Једино што ми е нејасно е како може да изгласаат суспензија со 93 гласа ЗА, а потребно е двотретинско мнозинство!?

Сепак, од гласањето што може да се види? Од 193 земји, не гласале 18. Од нив неколку се интересни: Ерменија, Азербејџан, Либан, Афганистан и Венецуела, кои во најмала рака би гласале воздржано.

Понатаму, 93 од 193 не е ниту двотретинско ниту просто мнозинство. Гласањето воздржан е де факто еднакво со гласањето против, така да солидното мнозинство во светот се спротиставува на западната империја и застанува на страна на Русија. Да не се лажеме, западот не прифаќа неутрални, или си со нив или си против и тоа е јасно формулирана нивна "јастреб дипломатија". Ова е тежок пораз за нив.

И во однос на "изненадувањата" Србија, Унгарија, можеби за некој и Турција. Со оглед на безначајноста на гласањето или самиот совет па и целото ОН во реалниот свет, ништо битно за Русија. Вучич и Орбан се во особено незгодна позиција кај бриселската банда и мораат да балансираат. И пред мировнава мисија беа трн у око на фашистите у Брисел, сега со невоведување санкции вуду-кукли им бодат у ЕУ. Ердоган е различен пример и секој пријателски потег кон еднста или другата страна дебело си/ќе го наплаќа.
Многу си опфатил за да речеш дека постои СЦЕНАРИО.
тнр запд не сака да ја дели својата позиција и да признае дека неговото време заврши па е подготвен да уништи се до сега изградено.
Процесот на дедоларизација многумина не го земаат за сериозен иако е алатка со која се дисциплинира западот без при тоа да се направат поголеми дисторзии-војни, но изгледа врти сучи на крајот ќе мора да ја има.
Одлучиле да ги уништат и ОН, многу лесно е да се предвиди што следува потоа.

Е оваа “Једино што ми е нејасно е како може да изгласаат суспензија со 93 гласа ЗА, а потребно е двотретинско мнозинство!?“ навистина не ми е јасно како тоа не ти е јасно, ај да пробам да појаснам, имаше ли референдум во Македонија, како заврши тоај, зошто и покрај резултатите се тераше зацртаната агенда?
Сега појасно ти е, тоа се вика демократија на заден начин.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Украина е руска земја нема што да става до знаење, како кажат Русите така ќе биде. :)
Украина е на Украинците.
Кога ќе помислиш на историската напатеност и подчинетост на Македонците од разни други народи нормално би било македонскиот народ да застане на страната на нападнатиот а не на агресорот. Ама изгледа овде има бајаги ненормални...
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.097
Поени од реакции
4.284
@MASTERPIECE скрати си ги маките префрли се на наша страна има место за сите, не сме против русите туку против Путин, па дури ни против Путин се додека си играше во свој двор, меѓутоа влезе во Украина, се заканува на Финска, Шведска, атомска бомба.. Полуде.
Кон болдот; а бе јака ти е логиката, не си против Русите туку против Путин, а Путин има барем 70%-на поддршка од руските граѓани.
Ај да ја читаме твојата наредна „логика„...
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
896
Поени од реакции
3.543
Украина е на Украинците.
Кога ќе помислиш на историската напатеност и подчинетост на Македонците од разни други народи нормално би било македонскиот народ да застане на страната на нападнатиот а не на агресорот. Ама изгледа овде има бајаги ненормални...
Македонскиот народ е под НАТО окупација, НАТО е агресор за македонскиот народ, Македонците се против агресорот.
 
Член од
5 април 2022
Мислења
88
Поени од реакции
296
Македонскиот народ е под НАТО окупација, НАТО е агресор за македонскиот народ, Македонците се против агресорот.
Македонскиот народ не е под никаква окупација, не се расфрлајте со зборови чие значење не го разбирате.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.980
Поени од реакции
7.379
Немање на непријатели или еднополарен свет е ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
- Гупирање во мултиполарен свет непријателски меѓу себе е ДЕГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Реално нема да има мултиполарен свет. Светот ќе стани ДВОПОЛАРЕН. Еден предводен од САД и друг предводен од Кина.

Глобализацијата ни понуди исклучително ниски цени на ресурсите и призводите, заради JUST IN TIME испорака на ресурси и полупроизводи. Заради континуираното намалување на цените на добрата имавме ДЕФЛАЦИЈА (овде мора да се направи разлика со инфлацијата што ја имаме на цени која што реално се случува заради алчноста на капиталистите за зголемување на профитот).

Деглобализацијата ќе значи зголемување на цените на производите, заради трупање на залихи, несигурност на транспорт и несигурни финасии. Државите ќе се снабдуваат со енергенси од сигурни добавувачи, преку сигурни рути и сугурни финасии и значително ќе треба да инвестираат во сигурноста на државата т.е. трка во вооружување. Фабриките ќе мораат да имаат на залиха материјали и полупроизводи за да задоволат подолгорочно производство. Тоа значи ИНФЛАЦИЈА.

Путин сакајќи или не, го потикна процесот на деглобализација, а со тоа и на НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК.
:zver::zver::zver:
Ваков пост злато вреди. Какви се контрадикторности и глупости си изнапишал малеее.:brlav:

Кумплуг, ти нели си против техно феудализмот, а овде си на страната на тие што го спроведуваат таквиот техно феудализам :toe:

Двополарен беше и претходно, САД од една страна, Русија од друга страна :) . Светскиот економски форум, многу јасно најави дека светот ќе е мултиполарен, т.е. САД нема веќе да се светски полицаец.

Заради континуираното намалување на цените на добрата имавме ДЕФЛАЦИЈА (овде мора да се направи разлика со инфлацијата што ја имаме на цени која што реално се случува заради алчноста на капиталистите за зголемување на профитот).
:pos:
Кумплуг, вакви прикаски во слободен стил само социјалисти ко тебе ги голтаат.
Континуирано намалување на цените, треба да се докаже ова тврдење, не само да напишеш. Од 2014 па до 2020 цените се намалуваа или секоја година по малку растеа... Ако инфлацијата била поради алчноста на капиталистите, тогаш во ЕУ, а и САД, последни 10 години, кога инфлацијата беше на најниско ниво, значи ли дека ги снемало алчните капиталисти или државата ги ставила под контрола или толку разбираш од економски причини и последици.:cautious:

Деглобализацијата ќе значи зголемување на цените на производите, заради трупање на залихи, несигурност на транспорт и несигурни финасии. Државите ќе се снабдуваат со енергенси од сигурни добавувачи, преку сигурни рути и сугурни финасии и значително ќе треба да инвестираат во сигурноста на државата т.е. трка во вооружување. Фабриките ќе мораат да имаат на залиха материјали и полупроизводи за да задоволат подолгорочно производство. Тоа значи ИНФЛАЦИЈА.
Деглобализацијата значело несигурност на транспорт и несигурни финансии, ама државите ќе се снадбувале од сигурни добавувачи, преку сигурни рути и сигурни финансии, при што ќе дошло до инфлација, а претходно алчните капиталисти биле виновни. :confused::eek::brlav:
Почни од почеток, види што е разлика меѓу капиталисти и олигарси, види развиените држави како се развиле, иако немале природни ресурси, а живееле во кал. Лесно ќе ти е, штом успеа за имунитетот да сфатиш. (y)

Ти ни пенис, ни колено, а богами ни памет немаш за оваа тематика, а на други кажуваш врска немале. Пред да стиснеш прати, прочитај си го постот, или дај на друг да прочита и дали му е јасно.
 
Член од
5 април 2022
Мислења
88
Поени од реакции
296
Сериозен си или?...:coffee:
Потполно сум сериозен. Ниту јас, ниту било кој овде на темата видел што значи вистинска окупација. Не лупајте глупости. Зборовите си имаат тежина и значење, зборот окупација има значење кое нема никаква врска со состојбата во Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Не е чудно малку нато авион да следи цивилен авион во руски воздушен простор? Нели русите и американците беа непријатели
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.468
Поени од реакции
6.978
Потполно сум сериозен. Ниту јас, ниту било кој овде на темата видел што значи вистинска окупација. Не лупајте глупости. Зборовите си имаат тежина и значење, зборот окупација има значење кое нема никаква врска со состојбата во Македонија.
A da se vratis uste ednas vo TRETO oddelenie??
Belki ce podnaucis nesto
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.097
Поени од реакции
4.284
Потполно сум сериозен. Ниту јас, ниту било кој овде на темата видел што значи вистинска окупација. Не лупајте глупости. Зборовите си имаат тежина и значење, зборот окупација има значење кое нема никаква врска со состојбата во Македонија.
Пааааа...зависи што подразбираш под поимот „вистинска окупација„. Значи, има и „лажна окупација„? Како таа/лажната „изгледа„?

Да не бегам од темава, но за мене „севернава„ е појќе од „вистински окупирана„, во непрекинат пад, со тенденција кон укинување и целосно „бришење„ од картата. Доволно ми е да седнам пред ТВ и да видам кои морони ја водат „државава„ која е сведена на протекторат...За повеќе подробности околу окуцајата врз „република нашата земја„ може муабет на некоја друга тема...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom