За воениот аспект ќе се согласам, не знаеме кои се целите на операцијата и веројатно никогаш нема да дознаеме, затоа што декларираните цели и успешноста на нивна реализација, и за двете страни, ќе зависи од крајниот исход на војнава. И Русија и Украина ќе прогласат некаква победа на крајот на војната, бидејќи пост-фактум ќе ги приспособат целите на тоа што ќе го постигнат. Освен ако некоја страна не биде очигледно поразена. Кои биле вистинските примарни цели на Русија и какви биле плановите со кои сакале да ги постигнат, е одлука која се носи позади затворени врати, до која ние никогаш нема да имаме пристап.
И да, треба да почекаме уште неколку месеци, ако војната трае до тогаш, за да видиме како ќе се развива. Работите на терен може да се сменат за една недела, па воената операција на Русија да изгледа како апсолутен успех.
Меѓутоа, она што можеме да го правиме како аурсајдери, е да ја направиме пресметката, дали payoff-от на операцијава вреди за Русија од гео-политички аспект. Стои твојата анализа за ситуацијата на терен, меѓутоа ако го гледаш низ украински bias развојот на настаните, они кажуваат дека првата недела тргуваа територија за подобри одбранбени позиции и за да ја развлечат логистиката на руската армија. Факт е и дека има голем број на документирана, уништена руска воена техника (како и украинска, меѓутоа тоа и беше очекувано), факт е и дека после почетната фаза на операцијата, руската војска скоро месец дена, изгледа како заглавена.
Ако вистинските цели се пораз на украинската војска и нејзино повлекување од Донбас и Луганск, прашање е што Русија воопшто ќе добие од војнава. Мојот аргумент од старт е дека, освен ако не издејствуваат промена на власт и имаат целосна контрола на терен со пацифицирано население, Русија нема како да ја добие војнава. Вреди ли таква победа, ако позади себе остава про-западна, наоружена Украина, на самата руска граница, со култ на омраза кон Русија.
За економскиот аспект. Нема припреми што Русија можела да ги направи, за да се изолира од ефектите што санкциите ќе ги имаат врз нивната економија. Девизните резерви требаше да бидат некаков cushion, меѓутоа главната надеж сигурно била, дека Западот немало да се мобилизира на овој начин, туку ќе поминат слично ко во 2014 година. Неспремна, некоординирана реакција. Спфс не е алтернатива за SWIFT, ко што не може да биде ни INSTEX ни CIPS. Моќта на SWIFT е во широката прифатеност не во некаква револуционерна технологија, што не може да се реплицира. Додека глобалниот финансиски систем е ваков ко што е и додека светската трговија се одвива првенствено во долари, нема алтернатива за SWIFT. Има азиски банки преку кои се тргува со Иран, ама тоа не прави голема разлика за иранската економија.
Русија е економски премала, за да го премости сегашниот глобалниот финансиски систем и систем на глобалната трговија, на битен начин. Русија е помалку од 2% од светското Гдп и на нејзе отпаѓа околу 2,5% од волуменот на светска трговија. Види го уделот на Г7, оние кои фактички ги воведуваат санкциите. Тоа е доволно за да се види кој го држи картите.
Не знам зошто фокусот се става на вредноста на рубљата. Проблемот за Русија е што пазарот на капитал им е руина во моментов и што финансиските пазари им се отсечени од остатокот на светот. Контроли на капитал, огромни каматни стапки, нефункционален пазар на пари и хартии од вредност, тоа е штета што ќе трае со години. Ризикот од овие неколку месеци, ќе биде вкалкулиран во цената на капиталот, со години и години во иднина. Тоа ги пореметува инвестициските циклуси и бизнис планови на цели индустрии.
Пристапот до цивилна висока технологија и свеж капитал се точките каде Русија секогаш ќе биде држена за врат. Без разлика на сите приказни, Кина, Индија и Пакистан ни можат да ја заменат западната технологија, ни имаат доволно капитал за да ги заменат западните инвестиции, барем на краток рок. Заканите за советски стил на, "ќе видите вие" економска автархија, се неостварливи и смешни и тоа им е јасно и на самите Руси.
За гасот. Зборам под претпоставка дека набавката нема да престане. Затоа што, тоа би било подеднаква катастрофа и за Русија. Русија има практично монополска позиција во однос на ЕУ, ама и ЕУ има практично монопсонска позиција спрема Русија. ЕУ не може да најде алтернативни добавувачи во краток рок, ама и Русија нема постоечка инфраструктура за алтернативни купувачи на краток рок. Затоа и викам, реалниот ризик за некои европски економии е стагфлација, ама ризикот за Русија е здрава, приметна рецесија.
Критиките за ЕУ се на место. Ама навикнати сме да ја гледаме ЕУ како вози во втора, додека цел свет оди во петта. Без разлика на тоа, за некои работи покажаат вчудоневидувачка координираност.
Тоа стои. Анализите и на едната и на другата страна се неверодостојни. Меѓутоа, треба и двете страни на приказната да бидат земени со доза на скепса, не само украинската.
Јас пак ќе кажам, оставам простор дека информациите до кои јас имам пристап, се комплетно погрешни. Затоа што, не можам да најдам доволно објективен приказ на настаните на терен.
Само некад темава изгледа како chat на вработени во руска амбасада. Чисто да има баланс во пропагандата.