Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.403
Поени од реакции
36.337
Изгледа дека веќе нема сценарио во кое и Русија ја добива војнава. Вистинскиот проблем за Русија, она за што Западот ја спремаше Украина со целата испорака на тони лесно вооружување, требаше да биде справувањето со герилскиот отпор од вооружени Украинци, откако регуларната украинска армија ќе беше разбиена. Никој не претпоставуваше дека Украина после месец дена воени дејствија, ќе ја стопира руската војска кај Харков, Суми и останатите градови во Источна Украина, кои се практично на границата со Русија. Ова е сериозно потфрлање на руската војска, како и да се сврти, каква приказна и да се продава.
Украина е голема територија, со голема армија, што 8 години војува граѓанска војна, ама Украина е и една од најкорумпираните, најсиромашни држави во Европа, со армија опремена со застарено советско вооружување. Да не се лажеме дека имало некаков паритет меѓу способностите на двете армии.
Ова е литмус тестот за модернизацијата на руската армија и за влијанието кое Русија ќе го има врз државите во нејзина близина, со нејзината hard power, зошто никој не очекува дека Русија ќе гради своја зона со економско, или културно влијание. Ако не можат да ја прегазат Украина, соседна држава, со поволна географија за нивната воена доктрина, што останува за конфликт со модерна нато армија, пример Полска. Да потсетам, до пред два месеци цело источно крило на нато беше преплашено дека Русија со нејзините BTG ќе се прошета до Германија, без да осети поголем отпор. Во сите war games кои ги правеа западни тинк-тенкови, Нато убедливо ја губеше војната во Источна Европа.
Ако се извади навивачката капа (не зборам за тебе конкретно), објективно гледано, this doesn't look good за Русија. Логистички проблеми на 150 километри од граница, големи документирани загуби на воена техника. Пак ќе кажам, во соседна земја, не на илјадници километри од нивна територија. Затоа и би ги тргнал од групата на САД. Американците ваква инвазија правеја на 5-6000 км од својата територија и за месец дена веќе ја имаа практично завршено војната. И Ирак тогаш имаше огромна војска, релативно добро опремена за земја од тој регион.
Војната за Русите ќе беше тешка за добивање и комплетно да ја разбиеја украинската војска и да инсталираа нивна власт во Киев во првите две недели. Вака, изгледа како во жива кал да се влезени.

Секогаш кога ја читам темава ми изгледа надреално тоа што се пишува во неа, како во различни реалности да живееме. Оставам простор дека сум грешно информиран и за некоја недела ќе искочи друга слика од терен. Меѓутоа, статичноста на фронтот, веќе со недели и информациите што протекуваат, за деталите на преговорите, зборат друго. Ако Украина се обврза на некоја прокламативна воена неутралност, со гаранции за нејзината безбедност од практично секоја држава која значи нешто во светот, нема лимит за украинска милитаризација, интеграција во ЕУ нема да и биде попречуван и сл., Русија долгорочно добива уште една Полска на граница. Прозападна, наоружана држава, со население кое ги мрази. Геостратешки, би биле во полоша позиција од пред да почне војната, зошто тогаш опцијата за да ја вратат Украина во своја зона, беше жива и прилично реална. Со таков исход, нема да има дилема, одлуката за интервенција ќе биде запамтена како историска грешка.
А САД, стратешкиот непријател, би си ги остварил сите цели во Европа, без да мрдне со прст. Ваквиот развој на настаните, веројатно, бил wet dream на ликови ко Блинкен.
Во секој случај, ќе почекаме да го видиме исходот и на терен и на преговарачка маса.

За економските последици од оваа војна на санкции, се пишуваат страшни небулози. Нема никаква пропорционалност во ефектите. Енергенсите се базичен инпут во прозводен процес, меѓутоа Западот има контрола врз секој bottleneck на висока технологија, меѓународни финансии, проток на капитал и пристап кон глобалниот синџир на набавки. Ако војнава продолжи со месеци, ризикот за некои земји во Европа е стагфлација, ама Русија ќе носи некоја двоцифрена рецесија на врат. Ако добро памтам, Иран имаше пад на гдп од 20% после санкциите од администрацијата на Трамп. Русија е неспоредливо поголема економија, ама и санкциите се уште подрастични, без преседан, до ниво на економска војна.
Мислам дека првиот проблем што го имаме тука е тоа што не ги знаеме целите на Руската воена операција. Може да нагаѓаме само, ќе одат до Лвов, ќе одат до Днипро, сакаат само Донбас, бла бла, ама точно што сакаат да постигнат и како планираат да го постигнат нема како да знаеме. И тука е проблемот да процениме дали операцијата е успешна или не. И исто мислам дека некоја посигурна процена за успешноста на операцијата ќе се види после уште еден или два месеци.

Ама еве од тоа што до сеа се случуваше да видиме кои се фактите на терен. Прво, за процената на блицкрикот ние ја добивме единствено приказната од американските офицери а тоа беше “ќе го освојат Киев за 72 часа” и слични муабети. Од тоа како се подготвуваа Русите повеќе од јасно е дека се спремаа за подолга војна со жртви. Значи тука зборам видеа од монтажни болници во Гомел, Курск и Белгород, крводарителски акции во армијата, мобилизирање на лекари и слични работи кои укажуваат дека се спремаат за голема војна со жртви и повредени. Им пуштаа и шпекулации дека имале залихи за само две недели, работа која очигледно испадна дека не е точна.

Во однос на тоа што се случуваше на терен, Мајкл Кофман ако го следиш на твитер имаше добар коментар. Вели, тоа како Русија се бори во Украина нема воопшто да биде истиот начин како ќе се бори против НАТО. Руската војска вежба и се прилагодува како да се бори со НАТО а ова во голем дел беше различно. На северот накај Киев, Русите влегоа со лесни оклопни возила и специјални единици а воопшто не со класичниот начин како што вежбаат со BTG па после направија пивот. Во северо-истокот се решија да ги заобиколат градовите и да продолжат накај Киев. Значи кога збориме за Суми, Чернихив, Низин, Лебедин и Харков треба да пазиме на фактот дека не се ни обидоа да ги нападнат и да влезат во нив, со исклучок на една единица од 50 луѓе со Тигр возила во Харков што за мене е енигма зошто тоа го направија. Дали тоа е правилно или не, дали тоа било целта, мене барем ми е уште нејасно. Единствен град кој осети вистинска руска урбана инвазија и обид за освојување е Мариупол.

Е сега, Русија на Југот се бори класично онака како што очекуваат западните аналитичари со BTG единици. И резултатите таму се евидентни, после две недели ја контролираа цела Херсонска област, 80% од Запорожје и Мариупол е целосно опколен. Тука збориме за скоро 60,000 км2, и ништо не оставија на случајноста. Немаше заобиколување на градови туку ги заземаа Бердијанск, Токмак, Мелитопол, Енергодар и Херсон за да ги затворат од западната страна. На тоа кога ќе го додадеш и заземањето на Волноваха, од денешна перспектива изгледа дека го осигураа теренот да може да раат да го работат Мариупол кој најверојатно е најголемиот утврден град во Украина со стационирана најспремна војска. Со паѓањето на Мариупол ќе имаат чист патен коридор од Ростов па се до Херсон а со тоа добра основа за Миколаив и Одеса.

Фактот е дека со 200 илјади војска не може да се очекува прегазување на Украина на секој фронт. Едноставно нема доволно број на војници за да го направат тоа. Посебно не против 400 илјади армија која има воено искуство. Затоа најверојатно приоритизирале. Дали ги имаат остварено целите, мене ми изгледа дека нешто оствариле а нешто не. Дали стратегијата на Северот и Североистокот беше паметна и тоа е дискутабилно. Али според мене, не би се согласил дека Русија крахира во Украина.

За економските санкции главниот удар е на Русија со вакви мерки што никогаш ги немало во историјата. Ама работата е што Русија се спремала за овие работи барем за контрола на хаосот дома. Mir payment system еквивалент на Виза и Мастеркард пуштен во 2017, СПФС еквивалент на SWIFT пуштен во 2014 истите се користат од азиски и швајцарски банки, во 2019 имаа вежба со гасење на Русија од глобалниот интернет. Значи дека дечките се спремале за најлошото сценарио. Ако ги пресекоа на глобалниот пазар, овие креираа механизми да не може да им направат дисрупција дома, и домашниот пазар им функционира непречено и без проблеми, што е најклучниот елемент тука, посебно ако има финансиски инјекции од Азија.

Последиците на прекинување на гасот мислам дека ќе бидат стравотни за голем дел од европските земји. Ако индустријата ти е 80% зависна од руски гас и тој го снема, не знам во кое сценарио тоа поминува лесно. И тука не ги ни земам индиректните последици на други индустрии кои не зависат од руски гас ама зависат од индустрии што зависат од руски гас.

Генералниот впечаток ми е дека Путин е еден чекор пред нив и дејствува активно а Западот дејствува реактивно, и тоа ме плаши како ќе се развиваат работите. Види само додека Русите се спремале со години со сите тие механизми а Европјаниве имаат ниво на резерви од гас 26%, додека ЕУ цела 2021 ги притиска да ги качат резервите на 80%. Пази, од декември се гледа дека ќе има војна, САД предупредува за imminent war, и овие не најдоа за сходно да ги качат резервите на гас. Аматерите не се помачиле ни да се спремат за срањево со клучните работи како енергенси, а се занимаваат со боење згради во жолто-плаво да изразат подршка.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Они сега во сред војна ги почнуваат тие чекори што бивша РМ, сегашна Северџанија ги почна пред 30 години, појавување интерес и аплицирање за членство во евро-атлантските структури. Кога ќе им доаѓаат разно разни еуро шизици како тој Французот што беше пред некој ден, и кога ќе им викаат дека неможат да им ветат ништо освен воља едно пола век, а можда и цел, тогаш ќе станат свесни дека уствари тие се про-Руски настроени. Затоа реков дека сеуште не се свесни.
Мислам дека нема.

Не верувам дека било која од земјите членки на ЕУ кои што се соседи на Украина ќе стават вето на Украина како што тоа беше случајот со нас.
Автоматски споено мислење:

Не ни живееш во Македонија и две чисти немаш за народот овде. Незнам од каде заклучи ама најверојатно од истото место од каде заклучи дека народ е просрпски и си тераш некој борби со ветерници. Инаку еве на темава има анкета дали се оправдува агресијата.
Еве поназад на темава еден си кажа, најголем дел од овие што гладале против руската агресија биле Албанци и Бугари.

Доволно е да видиш на форумов колку спрема колку е соодносот и се ќе ти стане јасно. Погледни коментари на ФБ и онлине портали, едноставно да се згрози човек од коментарите. Навиваат за украинската несреќа бидејќи не сакале Украинциве да бидат со нивните 'браќа' а со САД и ЕУ...
 
Последно уредено:

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Мислам дека нема.

Не верувам дека било која од земјите членки на ЕУ кои што се соседи на Украина ќе стават вето на Украина како што тоа беше случајот со нас.
Па и да не им става никој вето, нема шанси да ги исполнат инфамозните Копенхагенски критериуми за влез во ЕУ во наредните 50 години, а со оваа штета што им ја нанесува Русија таа држава цел век нема да се опорави, ако воопшто и продолжи да постои како држава. Сакале или не, ќе се вратат во прегратките на Русија. Западот не ги сака, точка.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
@wicked_1 Јас мислам дека им требаш тука како уставник, да им објасниш како и што треба. Сепак ти си стручњакот. А по пат можеш и по некоја дијагноза да им пишеш, чисто да се вежбаш малце на нив.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
1. Да, марионета е. Да не беше ќе направаше политички дил и ќе ќареше од двете страни. Воено неутрално, со наклоност кон ЕУ и ставање на Донетцк и Луганск да му лупаат вето доколку решеше да отиде фулл НАТО(америка). Минск 2 ти е ова што Украина не го имплементира, а го потпишаа Русија и Украина во посредство на Германија и Франција, двете единствени битни земји од ЕУ. И сега Американците ги јачаат за да продолжи војната. Имаш видео каде Бајден јавно на телевизија објаснува како смениле обвинител на Украинците затоа што претходниот не им одговара.

2. Ова најверојатно е точно дека е изгласан на демократски начин. 100% неможам да кажам ама штом одбраа комичар најверојатно на Украинците им прекурчи и ова беше револт. Тоа што е никаков политичар и за мене е главен виновник за смрта на илјадници невини Украинци е друго.

3. Марионета си е марионета без разлика на која страна. И да, за мене ќе беше сметан за руска марионета. Доста десни организации и партии што учествуваат во војнава се против западниот империјализам и потчинетост спрема Русија и се залагаат за независна Украина. Овие дркаџиите на Русија и Путин велат дека се нацисти. Гомната од Азов ја направија таа слика ама и да не беа они овие дркаџиите ќе тераа наративот на Москва. Азов каде е најголемата бројка и нацисти и антисемити главниот финансиер во почетокот им е Евреин и сите пари доаѓаа од олигарсите кои патем ако некој види 70+% од нив се Евреи.

4. Сите не. Северен Фиром, Украина, Чкипе Етник се класичен пример за марионети. Незнам кај беше ти во 2016та година на избори победи дпмне и имаа договор со ДУИ да формираат влада. ДУИ доби телефонски повик и одлучи да оди кон втората партија на изборите. Преспа ти е пишувано во Вашингтон, секоја одлука ти е од Кале. Шиповците на север од нас не смеат да прднат без одобрение на САД. САД ги исконтролира украинците за да сега се најдат во оваа ситуација. Милиони испумпаа Бајденци и компанија од Украина.
Има и други примери, претежно се држави во обид и во идни турбулентни времиња нема ни да опстојат. Да, Македонија нема да опстои во било какво идно сценарио на некоја голема војна затоа што не поставивме темели и институции за држава. Ова не ти го збори шарен куртон туку некој блиските што го сметаат за националист кое патем нема врска туку им објаснувам како е реалната ситуација.
1. Зошто да игра со 2те страни кога народот не го сакаше тоа, а и он не го ветуваше. Неговата цел беше европеизација и тргнување на руското влијание. Веројатно биле сите свесни дека тоа може да ги донесе до војна, но тоа си е нивна одлука, не ја донел некој Американец место нив.

2. Тоа што бил комичар не го прави некомпетентен, а уште помалку глуп. Има некоја лоша стигма за комичарите дека се глупи само затоа што се глупираат, а всушност се (а особено stand-up комичарите) многу интелигентни луѓе (shout out to George Carlin :cuc: ). Негов еквивалент од Македонија е Сашко Коцев. Одма се согласувам он да ни биде претседател/премиер пред нашиве црепови безр'бетни.

3. Значи излегува дека Украина за претседател може да има или Американска или Руска марионета? Многу поларизирано гледано вака... И всушност, кога и како би немале марионета за претседател? Како би дошол тој на власт? Затоа што ете, јас сметам на демократски избори народот има избор. Ако сите се марионети (или Американски или Руски) - зошто воопшто постои Украина?

4. Повеќе мислев на другите европски држави, особено тие што се во НАТО, затоа што @Inglourious Basterd пред 1 месец пишуваше дека сите биле под контрола на САД. И излегува дека никаде нема сувереност и независност. За нас, Косово и Албанија јасно ми е, нема да навлегувам многу...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
2. Тоа што бил комичар не го прави некомпетентен, а уште помалку глуп. Има некоја лоша стигма за комичарите дека се глупи само затоа што се глупираат, а всушност се (а особено stand-up комичарите) многу интелигентни луѓе (shout out to George Carlin :cuc: ). Негов еквивалент од Македонија е Сашко Коцев. Одма се согласувам он да ни биде претседател/премиер пред нашиве црепови безр'бетни.
Ова ти е најголемиот Заеб (баш со големо З) во животот. Што би рекол Чорба “Чкаља, Максим Горки, Паја Патак... Забава у служби режима.“

Само не ми е јасно... Убаво и слатко ти е да слушаш комични паралогични испрдоци, на кои најголем столб во аргументацијата им е исмејувањето на другата страна. И можеби ти дава моќно чувство да си на „вистинската“ страна ?

Овие луѓе нит се политичари, нит имаат некакво базично чувство за тоа што е политика, дипломатија и сл. Претежно обработуваат за некоја си партија или центар за моќ.
 
Последно уредено:
Член од
9 април 2007
Мислења
1.277
Поени од реакции
977
Кој душман ќе влезеее жив нема да излезеее…
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.357
Поени од реакции
21.872
Нема одма рубљи да бараат, а? :D

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.288
Поени од реакции
1.786
Ова е целата игра, рушње на светскиот финансиски систем, договорот од Јалта не важи повеќе.
Така ги изработија ова евросодомитите, како бавча. Русија чекаше повод, и им го дадоа, другиот вариант беше Украина напаѓа, Русија е уништена , после Кина. Инклузивен капитализам но со централна валута дигитален долар, тоа робството на Шваб.
Заменикот на претседателот на советот за сигурност Русија Дмитриј Медведев најави за доаѓање на ера на регионални валути.

Како што напиша в својот Telegram канал , отказ од доларот и евро како светските резервни валути не е фантастична перспектива, во моментов веќе иде ера на регионални валути.

"Светот се буди, а довербата во резервните валути се топи како утринска магла. Напуштањето на доларот и еврото како главни резерви на светот не изгледа како таква фантастична перспектива... Доаѓа ера на регионални валути", Рече Медведев.

Според него, како можеме да разговараме за било какви резерви, ако тие можат да прават со нив што сакаат.

Какви се тие резерви ако нивните обврски се замрзнати и всушност се ставени во неисполнување на волјата на лудите политичари, кои се готови да ги дадат парите на своите даночни обврзници, на олтарот на невидливата победа во војната "до последниот украинец"? На кого му требат во овој случај? Тие дури за да платат за договорите за снабдување со гориво не сакаат да ги земаат ", истакна тој.

Претходно, претседателот на државната Дума Вјачеслав Володин повика на проширување на листата на стоки кои треба да се продаваат за рубљи

Јас лично го мислев за Соросоид, изгледаше како будала, онака меко. Путин играше лошиот џандар, а Медведев добриот вазал, а уствари знаеле што се дешева, глумат будали, но си произведуваат Кинжал, Калибар, Сармат, дури учествуваа до ковид фашизмот, сите уништија пола среден и ситен бизнис, кој е во предност сега?
Оној што има струја, нафта, плин, вода и произведува се, или оној што печати пари без покритие?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.757
Поени од реакции
9.922

Kajgana Shop

На врв Bottom