Сè се учи со тек на време, некои работи побрзо, некои поспоро. Но ако се сака - се може. Од твои постови имам донесено заклучок дека си во ИТ индустрија, па веројатно знаеш дека (барем во Македонија), многу млади луѓе што работеле нешто друго се имаат префрлено на ИТ. Дали сите тие по дефолт треба да ги отпишеме дека ќе бидат добри програмери ако претходно работеле нешто друго? Не, многу од нив за брзо време ќе научат да програмираат и нема ни да знаеш дека не учеле за програмери. За правник што ти треба? Да знаеш илјадници закони и да знаеш кога да се повикаш на нив. Било кој човек со добро памтење може за релативно брзо да го научи тоа.
За политичар треба уште помалку, да не речам - само харизма/пристапност до народот. Народот ги бира политичарите, а народот најчесто бира луѓе со кои што се поистоветуваат. Затоа и Трамп беше претседател на Америка, затоа и Заев премиер кај нас, затоа и Али Ахмети е 20 години на власт. Ако Украинците се поистоветуваат со Зеленски заради тоа што го зборел пред да стане претседател, а сега го прави како претседател (за разлика од повеќето што едно зборат, а друго прават) - кои сме ние да им се мешаме во изборот?
Е ова на пример не важи во недемократски земји. Таму бивши генерали, агенти и нечии наследници владејат со децении.
PS: најди ми човек што не го поштува Џорџ Карлин