Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.086
Поени од реакции
10.817
Nigde neam pisano deka sun za zapadot u situacijava. Samo pisav deka ako Ukraincite se izborat za toa so si go zacrtale(bezrazlika dali kje im donese pari i blagosostojba), borbata im se isplatela.
Ти веруваш дека ке влезат у Нато и дека ке го вратат Крим?
Очигледно немаш близок изгубено у војна или цела фамилија блиски да се селат од родно место ради војна па вака збориш, вака и украинците цел запад ги тапша по рамо и им викаат браво, еве ви оружје и ич да не ви е гајле имате наша подршка а за што? За нечии идеали?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.447
Поени од реакции
40.311
Од повеќе извори, некој се украински, но постирам само тоа што мислам дека е релевантно и има шанси да се случи/случува.

Две рала мадиња треба да имаш за вака да возиш.

ова го достигнале дното украинциве, на сред автопат да поставиш мини мислам го нема во ниедна воена академија како стратегија
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.194
Поени од реакции
81.286
тактика би било тоа, не стратегија
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Мислам дека првиот проблем што го имаме тука е тоа што не ги знаеме целите на Руската воена операција. Може да нагаѓаме само, ќе одат до Лвов, ќе одат до Днипро, сакаат само Донбас, бла бла, ама точно што сакаат да постигнат и како планираат да го постигнат нема како да знаеме. И тука е проблемот да процениме дали операцијата е успешна или не. И исто мислам дека некоја посигурна процена за успешноста на операцијата ќе се види после уште еден или два месеци.

Ама еве од тоа што до сеа се случуваше да видиме кои се фактите на терен. Прво, за процената на блицкрикот ние ја добивме единствено приказната од американските офицери а тоа беше “ќе го освојат Киев за 72 часа” и слични муабети. Од тоа како се подготвуваа Русите повеќе од јасно е дека се спремаа за подолга војна со жртви. Значи тука зборам видеа од монтажни болници во Гомел, Курск и Белгород, крводарителски акции во армијата, мобилизирање на лекари и слични работи кои укажуваат дека се спремаат за голема војна со жртви и повредени. Им пуштаа и шпекулации дека имале залихи за само две недели, работа која очигледно испадна дека не е точна.

Во однос на тоа што се случуваше на терен, Мајкл Кофман ако го следиш на твитер имаше добар коментар. Вели, тоа како Русија се бори во Украина нема воопшто да биде истиот начин како ќе се бори против НАТО. Руската војска вежба и се прилагодува како да се бори со НАТО а ова во голем дел беше различно. На северот накај Киев, Русите влегоа со лесни оклопни возила и специјални единици а воопшто не со класичниот начин како што вежбаат со BTG па после направија пивот. Во северо-истокот се решија да ги заобиколат градовите и да продолжат накај Киев. Значи кога збориме за Суми, Чернихив, Низин, Лебедин и Харков треба да пазиме на фактот дека не се ни обидоа да ги нападнат и да влезат во нив, со исклучок на една единица од 50 луѓе со Тигр возила во Харков што за мене е енигма зошто тоа го направија. Дали тоа е правилно или не, дали тоа било целта, мене барем ми е уште нејасно. Единствен град кој осети вистинска руска урбана инвазија и обид за освојување е Мариупол.

Е сега, Русија на Југот се бори класично онака како што очекуваат западните аналитичари со BTG единици. И резултатите таму се евидентни, после две недели ја контролираа цела Херсонска област, 80% од Запорожје и Мариупол е целосно опколен. Тука збориме за скоро 60,000 км2, и ништо не оставија на случајноста. Немаше заобиколување на градови туку ги заземаа Бердијанск, Токмак, Мелитопол, Енергодар и Херсон за да ги затворат од западната страна. На тоа кога ќе го додадеш и заземањето на Волноваха, од денешна перспектива изгледа дека го осигураа теренот да може да раат да го работат Мариупол кој најверојатно е најголемиот утврден град во Украина со стационирана најспремна војска. Со паѓањето на Мариупол ќе имаат чист патен коридор од Ростов па се до Херсон а со тоа добра основа за Миколаив и Одеса.

Фактот е дека со 200 илјади војска не може да се очекува прегазување на Украина на секој фронт. Едноставно нема доволно број на војници за да го направат тоа. Посебно не против 400 илјади армија која има воено искуство. Затоа најверојатно приоритизирале. Дали ги имаат остварено целите, мене ми изгледа дека нешто оствариле а нешто не. Дали стратегијата на Северот и Североистокот беше паметна и тоа е дискутабилно. Али според мене, не би се согласил дека Русија крахира во Украина.

За економските санкции главниот удар е на Русија со вакви мерки што никогаш ги немало во историјата. Ама работата е што Русија се спремала за овие работи барем за контрола на хаосот дома. Mir payment system еквивалент на Виза и Мастеркард пуштен во 2017, СПФС еквивалент на SWIFT пуштен во 2014 истите се користат од азиски и швајцарски банки, во 2019 имаа вежба со гасење на Русија од глобалниот интернет. Значи дека дечките се спремале за најлошото сценарио. Ако ги пресекоа на глобалниот пазар, овие креираа механизми да не може да им направат дисрупција дома, и домашниот пазар им функционира непречено и без проблеми, што е најклучниот елемент тука, посебно ако има финансиски инјекции од Азија.

Последиците на прекинување на гасот мислам дека ќе бидат стравотни за голем дел од европските земји. Ако индустријата ти е 80% зависна од руски гас и тој го снема, не знам во кое сценарио тоа поминува лесно. И тука не ги ни земам индиректните последици на други индустрии кои не зависат од руски гас ама зависат од индустрии што зависат од руски гас.

Генералниот впечаток ми е дека Путин е еден чекор пред нив и дејствува активно а Западот дејствува реактивно, и тоа ме плаши како ќе се развиваат работите. Види само додека Русите се спремале со години со сите тие механизми а Европјаниве имаат ниво на резерви од гас 26%, додека ЕУ цела 2021 ги притиска да ги качат резервите на 80%. Пази, од декември се гледа дека ќе има војна, САД предупредува за imminent war, и овие не најдоа за сходно да ги качат резервите на гас. Аматерите не се помачиле ни да се спремат за срањево со клучните работи како енергенси, а се занимаваат со боење згради во жолто-плаво да изразат подршка.
За воениот аспект ќе се согласам, не знаеме кои се целите на операцијата и веројатно никогаш нема да дознаеме, затоа што декларираните цели и успешноста на нивна реализација, и за двете страни, ќе зависи од крајниот исход на војнава. И Русија и Украина ќе прогласат некаква победа на крајот на војната, бидејќи пост-фактум ќе ги приспособат целите на тоа што ќе го постигнат. Освен ако некоја страна не биде очигледно поразена. Кои биле вистинските примарни цели на Русија и какви биле плановите со кои сакале да ги постигнат, е одлука која се носи позади затворени врати, до која ние никогаш нема да имаме пристап.
И да, треба да почекаме уште неколку месеци, ако војната трае до тогаш, за да видиме како ќе се развива. Работите на терен може да се сменат за една недела, па воената операција на Русија да изгледа како апсолутен успех.
Меѓутоа, она што можеме да го правиме како аурсајдери, е да ја направиме пресметката, дали payoff-от на операцијава вреди за Русија од гео-политички аспект. Стои твојата анализа за ситуацијата на терен, меѓутоа ако го гледаш низ украински bias развојот на настаните, они кажуваат дека првата недела тргуваа територија за подобри одбранбени позиции и за да ја развлечат логистиката на руската армија. Факт е и дека има голем број на документирана, уништена руска воена техника (како и украинска, меѓутоа тоа и беше очекувано), факт е и дека после почетната фаза на операцијата, руската војска скоро месец дена, изгледа како заглавена.
Ако вистинските цели се пораз на украинската војска и нејзино повлекување од Донбас и Луганск, прашање е што Русија воопшто ќе добие од војнава. Мојот аргумент од старт е дека, освен ако не издејствуваат промена на власт и имаат целосна контрола на терен со пацифицирано население, Русија нема како да ја добие војнава. Вреди ли таква победа, ако позади себе остава про-западна, наоружена Украина, на самата руска граница, со култ на омраза кон Русија.

За економскиот аспект. Нема припреми што Русија можела да ги направи, за да се изолира од ефектите што санкциите ќе ги имаат врз нивната економија. Девизните резерви требаше да бидат некаков cushion, меѓутоа главната надеж сигурно била, дека Западот немало да се мобилизира на овој начин, туку ќе поминат слично ко во 2014 година. Неспремна, некоординирана реакција. Спфс не е алтернатива за SWIFT, ко што не може да биде ни INSTEX ни CIPS. Моќта на SWIFT е во широката прифатеност не во некаква револуционерна технологија, што не може да се реплицира. Додека глобалниот финансиски систем е ваков ко што е и додека светската трговија се одвива првенствено во долари, нема алтернатива за SWIFT. Има азиски банки преку кои се тргува со Иран, ама тоа не прави голема разлика за иранската економија.
Русија е економски премала, за да го премости сегашниот глобалниот финансиски систем и систем на глобалната трговија, на битен начин. Русија е помалку од 2% од светското Гдп и на нејзе отпаѓа околу 2,5% од волуменот на светска трговија. Види го уделот на Г7, оние кои фактички ги воведуваат санкциите. Тоа е доволно за да се види кој го држи картите.
Не знам зошто фокусот се става на вредноста на рубљата. Проблемот за Русија е што пазарот на капитал им е руина во моментов и што финансиските пазари им се отсечени од остатокот на светот. Контроли на капитал, огромни каматни стапки, нефункционален пазар на пари и хартии од вредност, тоа е штета што ќе трае со години. Ризикот од овие неколку месеци, ќе биде вкалкулиран во цената на капиталот, со години и години во иднина. Тоа ги пореметува инвестициските циклуси и бизнис планови на цели индустрии.
Пристапот до цивилна висока технологија и свеж капитал се точките каде Русија секогаш ќе биде држена за врат. Без разлика на сите приказни, Кина, Индија и Пакистан ни можат да ја заменат западната технологија, ни имаат доволно капитал за да ги заменат западните инвестиции, барем на краток рок. Заканите за советски стил на, "ќе видите вие" економска автархија, се неостварливи и смешни и тоа им е јасно и на самите Руси.
За гасот. Зборам под претпоставка дека набавката нема да престане. Затоа што, тоа би било подеднаква катастрофа и за Русија. Русија има практично монополска позиција во однос на ЕУ, ама и ЕУ има практично монопсонска позиција спрема Русија. ЕУ не може да најде алтернативни добавувачи во краток рок, ама и Русија нема постоечка инфраструктура за алтернативни купувачи на краток рок. Затоа и викам, реалниот ризик за некои европски економии е стагфлација, ама ризикот за Русија е здрава, приметна рецесија.

Критиките за ЕУ се на место. Ама навикнати сме да ја гледаме ЕУ како вози во втора, додека цел свет оди во петта. Без разлика на тоа, за некои работи покажаат вчудоневидувачка координираност.
Јас немам време да ја следам тематикава (и темава) на микро план. Макро случувањата ги следам, иако се разбира не во реално време... Една работа што е многу очигледна, а некако ти промакнала, е дека не можеш да веруваш на никакви „анализи“. Никој не е објективен, посебно не западот (всушност западната наратива е покорисна, скоро секогаш реалноста е обратно од тоа што го кажуваат).

Сакам да кажам дека тек за одредено време ќе видиме што реално се случува. Ако се слуша западот, ова е тешка катастрофа за Русија - ама гледано според нивните филмови дека Украина би требало да биде згазена за неколку денови. Застанале кај Харков? Вистинското прашање е дали воопшто се обиделе да го заземат харков... Без артилериско срамнување со земја на упориштата на украинската војска? Не е можно тоа, дури ни со зерг тактика со неколку милиони војници. Не употребуваат артилерија колку што можат, затоа што одбегнуваат цивилни жртви.

Но ти ова секако го знаеш. Како си дошол до заклучокот, тоа не разбирам.

Јас ова го разбирам како:
- блицкриг до првичните цели
- изолација на главнината на украинската војска
- war of attrition, и споро ама релативно безбедно добивање на војната (безбедно од аспект на загуби на војници)

Дали сум во право ќе видиме.
За некој месец веројатно.

Дали си ти во право за потфрлањето... Исто. Ќе видиме за некој месец.
Сега има само пропаганда, многу пропаганда.
Тоа стои. Анализите и на едната и на другата страна се неверодостојни. Меѓутоа, треба и двете страни на приказната да бидат земени со доза на скепса, не само украинската.
Јас пак ќе кажам, оставам простор дека информациите до кои јас имам пристап, се комплетно погрешни. Затоа што, не можам да најдам доволно објективен приказ на настаните на терен.
Само некад темава изгледа како chat на вработени во руска амбасада. Чисто да има баланс во пропагандата.:)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
За воениот аспект ќе се согласам, не знаеме кои се целите на операцијата и веројатно никогаш нема да дознаеме, затоа што декларираните цели и успешноста на нивна реализација, и за двете страни, ќе зависи од крајниот исход на војнава. И Русија и Украина ќе прогласат некаква победа на крајот на војната, бидејќи пост-фактум ќе ги приспособат целите на тоа што ќе го постигнат. Освен ако некоја страна не биде очигледно поразена. Кои биле вистинските примарни цели на Русија и какви биле плановите со кои сакале да ги постигнат, е одлука која се носи позади затворени врати, до која ние никогаш нема да имаме пристап.
И да, треба да почекаме уште неколку месеци, ако војната трае до тогаш, за да видиме како ќе се развива. Работите на терен може да се сменат за една недела, па воената операција на Русија да изгледа како апсолутен успех.
Меѓутоа, она што можеме да го правиме како аурсајдери, е да ја направиме пресметката, дали payoff-от на операцијава вреди за Русија од гео-политички аспект. Стои твојата анализа за ситуацијата на терен, меѓутоа ако го гледаш низ украински bias развојот на настаните, они кажуваат дека првата недела тргуваа територија за подобри одбранбени позиции и за да ја развлечат логистиката на руската армија. Факт е и дека има голем број на документирана, уништена руска воена техника (како и украинска, меѓутоа тоа и беше очекувано), факт е и дека после почетната фаза на операцијата, руската војска скоро месец дена, изгледа како заглавена.
Ако вистинските цели се пораз на украинската војска и нејзино повлекување од Донбас и Луганск, прашање е што Русија воопшто ќе добие од војнава. Мојот аргумент од старт е дека, освен ако не издејствуваат промена на власт и имаат целосна контрола на терен со пацифицирано население, Русија нема како да ја добие војнава. Вреди ли таква победа, ако позади себе остава про-западна, наоружена Украина, на самата руска граница, со култ на омраза кон Русија.

За економскиот аспект. Нема припреми што Русија можела да ги направи, за да се изолира од ефектите што санкциите ќе ги имаат врз нивната економија. Девизните резерви требаше да бидат некаков cushion, меѓутоа главната надеж сигурно била, дека Западот немало да се мобилизира на овој начин, туку ќе поминат слично ко во 2014 година. Неспремна, некоординирана реакција. Спфс не е алтернатива за SWIFT, ко што не може да биде ни INSTEX ни CIPS. Моќта на SWIFT е во широката прифатеност не во некаква револуционерна технологија, што не може да се реплицира. Додека глобалниот финансиски систем е ваков ко што е и додека светската трговија се одвива првенствено во долари, нема алтернатива за SWIFT. Има азиски банки преку кои се тргува со Иран, ама тоа не прави голема разлика за иранската економија.
Русија е економски премала, за да го премости сегашниот глобалниот финансиски систем и систем на глобалната трговија, на битен начин. Русија е помалку од 2% од светското Гдп и на нејзе отпаѓа околу 2,5% од волуменот на светска трговија. Види го уделот на Г7, оние кои фактички ги воведуваат санкциите. Тоа е доволно за да се види кој го држи картите.
Не знам зошто фокусот се става на вредноста на рубљата. Проблемот за Русија е што пазарот на капитал им е руина во моментов и што финансиските пазари им се отсечени од остатокот на светот. Контроли на капитал, огромни каматни стапки, нефункционален пазар на пари и хартии од вредност, тоа е штета што ќе трае со години. Ризикот од овие неколку месеци, ќе биде вкалкулиран во цената на капиталот, со години и години во иднина. Тоа ги пореметува инвестициските циклуси и бизнис планови на цели индустрии.
Пристапот до цивилна висока технологија и свеж капитал се точките каде Русија секогаш ќе биде држена за врат. Без разлика на сите приказни, Кина, Индија и Пакистан ни можат да ја заменат западната технологија, ни имаат доволно капитал за да ги заменат западните инвестиции, барем на краток рок. Заканите за советски стил на, "ќе видите вие" економска автархија, се неостварливи и смешни и тоа им е јасно и на самите Руси.
За гасот. Зборам под претпоставка дека набавката нема да престане. Затоа што, тоа би било подеднаква катастрофа и за Русија. Русија има практично монополска позиција во однос на ЕУ, ама и ЕУ има практично монопсонска позиција спрема Русија. ЕУ не може да најде алтернативни добавувачи во краток рок, ама и Русија нема постоечка инфраструктура за алтернативни купувачи на краток рок. Затоа и викам, реалниот ризик за некои европски економии е стагфлација, ама ризикот за Русија е здрава, приметна рецесија.

Критиките за ЕУ се на место. Ама навикнати сме да ја гледаме ЕУ како вози во втора, додека цел свет оди во петта. Без разлика на тоа, за некои работи покажаат вчудоневидувачка координираност.

Тоа стои. Анализите и на едната и на другата страна се неверодостојни. Меѓутоа, треба и двете страни на приказната да бидат земени со доза на скепса, не само украинската.
Јас пак ќе кажам, оставам простор дека информациите до кои јас имам пристап, се комплетно погрешни. Затоа што, не можам да најдам доволно објективен приказ на настаните на терен.
Само некад темава изгледа како chat на вработени во руска амбасада. Чисто да има баланс во пропагандата.:)
Ок ајде ќе ги оставиме на страна воените походи пошто викаш дека има простор за грешка.

Кажи ми колку си сигурен за економските последици што ќе се јават од кризава?
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Abkhazija i Juzna Osetija denovive ke se priklucat vo RF.. Istoto i ocekuvano ke se desi so Doneck i Lugansk, a najverojatno i oblastite Herson Zaporozje Harkov Nikolaev i Odesa..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.342
Поени од реакции
31.217
Тоа стои. Анализите и на едната и на другата страна се неверодостојни. Меѓутоа, треба и двете страни на приказната да бидат земени со доза на скепса, не само украинската.
Јас пак ќе кажам, оставам простор дека информациите до кои јас имам пристап, се комплетно погрешни. Затоа што, не можам да најдам доволно објективен приказ на настаните на терен.
Само некад темава изгледа како chat на вработени во руска амбасада. Чисто да има баланс во пропагандата.:)
Значи ако некој каже дека си педер, ти ќе се согласиш дека си пола педер само за да има „баланс во пропагандата“? :ROFLMAO:

Се надевам не се навреди, не можев да издржам (со паралелата).
Сериозно, некои работи едноставно не е можно да се „балансираат“ на половина само заради политичка коректност. Ако земаш во предвид дека сѐ што слушаме и гледаме може да биде погрешно тогаш ќе го задржиш судот додека не се расчисти маглата на војната. Дотогаш може да се земат во обзир работите кои се утврдени „тврди“ факти, како тоа кој која територија ја држи. Од тој аспект, и земено во обзир големината на украинската армија, наоружувањто/обуката што ја имаат добиено, времето (8+ години) за укопување и дефанзивни фортификации... Би рекол дека рускава операција е јебено успешна - чисто мое субјективно мислење донесено врз база на познатите факти.

Како за пар недели да го освоиле кралстовото Британија, само брането од подобра (и побројна) армија од британската. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Abkhazija i Juzna Osetija denovive ke se priklucat vo RF.. Istoto i ocekuvano ke se desi so Doneck i Lugansk, a najverojatno i oblastite Herson Zaporozje Harkov Nikolaev i Odesa..
Мене ме интересира кога нашиот источен сосед ќе се придружи кон РФ, дека нели........
 
Член од
3 јули 2016
Мислења
191
Поени од реакции
596
Abkhazija i Juzna Osetija denovive ke se priklucat vo RF.. Istoto i ocekuvano ke se desi so Doneck i Lugansk, a najverojatno i oblastite Herson Zaporozje Harkov Nikolaev i Odesa..
Dodeka site se fokusirani na Ukraina, Rusite ke gi soberat i Abkazija i Osetija. Da ne zborime za Belorusija, si se vozat na Belorusija kako sred Moskva. Sekako se pod sankcii vekje, ke iskoristat do kraj i ke soberat shto mozhe da se sobere.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.654
Поени од реакции
36.318
А вие барем се изборивте за плацевите на Водно и Мериот на плоштад : )
...не ги заборавај да ги спомнеш и шамарите дадени преку телефон, тое е уште полошо дури од масакрираните од УЧК во Вејце.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Dodeka site se fokusirani na Ukraina, Rusite ke gi soberat i Abkazija i Osetija. Da ne zborime za Belorusija, si se vozat na Belorusija kako sred Moskva. Sekako se pod sankcii vekje, ke iskoristat do kraj i ke soberat shto mozhe da se sobere.
Kolega moj, naravno doktor po nauki, uste lani mi zborese deka Belorusija ke se prikluci kon RF, deka ke ima vojna vo ukraina i ke ja otcepat, i del od Kazakstan ke otcepat. Ke napravat pizdarii na Baltikot jer mn rusi ziveat tamu.. Znaci skoro so sve sto se granicat ke prisvojat, osven normalno kina i mongolija...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.342
Поени од реакции
31.217
Abkazija i Osetija...
Г’з место без друга стратешка важност освен како причина за Грузија да не влезе во НАТО.
Зошто би ги анексирале и би се лишиле од причината заради која Грузија не може да влезе во НАТО.

Стратешки е штетно. Ова е само притисок, правење smokescreen позади smokescreen (позади smokescreen). Можеби во Грузија почнале нешто да претаат, да се копрцаат, па ова е превентивно шамарче, предупредување, итн.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Go gledav sega Dejan Beric.. Rece deka Kiev ke bide osloboden, odnosno posle unistivanjeto na ukrite kaj Donbas, ke se vlagalo vo Kiev Harkov i Odesa. Znaci Putin seriozno idel all in
 

Kajgana Shop

На врв Bottom