Јас сакам да го задржам моето презиме од проста причина што со генерации наназад во мојата фамилија се раѓале женски деца, тука таму по некое машко. И кога ќе запознаам некој со моето презиме, кое е ретко, знам дека ми е некаков братучед. Денес, со моето презиме, имам 2 братучеди. Затоа моите деца би го носеле и моето презиме, јас не сум помалку родител од нивниот татко. Посебно, што не верувам дека ќе бидам во брак со македонец, а мене оваа моја Македонија ми е многу важна. Сега за сега, што сум разговарала со повеќе мажи, поголемиот дел од нив прифаќаат децата да имаат две презимиња. Не велам дека тоа треба да биде навика. Мислам, ако девојката се презива пример Стојановска, а дечкото Ристовски, тоа се пречести презимиња и нема голема врска дали таа ќе го задржи или не презимето, или пак дали децата ќе го наследат и нејзиното. Сеедно е. Но, во ваков случај, пример, да сум во брак со србин, и те како моите деца ќе го носат македонското презиме. А и некој спомна предбрачен договор. Не треба маж ми да ми го бара, јас сама ќе си го побарам. Можеби не се согласува поголемиот дел од вас со мене, но тоа е мое мислење и ќе останам на него.