Предлог за филм со кратка рецензија

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
http://www.imdb.com/title/tt0765432/

Der Baader Meinhof Komplex [2008]



Не е страшно ако кажам нешто од причата....нема да го расипе искуството.
Германска продукција, со добар дел познати актери ако сте гледале филмови од типот на The lives of others или Der Untergang, одлични глумци како Bruno Ganz и Alexandra Maria Lara (мала улога има овде)....приказната е многу течна и многу добро се пренесени емоциите и посветеноста на луѓево....
Тоа што го прави РАФ (терористичка група) е многу инспиративно. Почнуваат многу понаивно за да завршат со тешки убиства и многу сурови потези во однос на тогашната власт на Западна Германија која е практично испостава на американската влада.Левичарска група, анти-американци, анти-империјалисти, анти-глобалисти и згора на се' Германци, крајно брутални....вистинити настани се обработени, од периодот на 60-ти, 70-ти години со одлично доловен амбиент од тој период во смисла костими, ентериери-екстериери исл.
Има многу јака политичка порака филмов и филозофска меѓу другото....за љубители на европски филм - прва лига...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.025
What Maisie Knew (2012)




Се моли RocknRolaa кога веќе напишала рецензија за прекрасен филм, да ја постира низ темиве, едно копи пасте.. или барем сподели колегијално или помеѓу Скарсгард фан клубот на форумот. :P

That being said, Maisie knew jack.

Мeјси, е мало, слатко, збунето девојче. Растргнато помеѓу проблемите на нејзините родители.
Тhe point of view на филмот е нешто неверојатно! За тотално сочувствување со девојчето, филмот и сценариото ги следиме преку нејзините очи. Ситуациите, транзициите и све што се случувало умеѓувреме се случуваше "надвор" oд филмот, а нам, нам ни се оставени трошки, или суптилно ни е прикажано. Ние дознаваме како што дознаваше девојчето. Ново, збунето и нејасно. Баш како што би изгледало од страната на девојчето. Не не тормозеа со инфантилни кавги помеѓу родителите или сличните случки throughout the movie за да ни прикажат тоа што требаше да биде прикажано. А тоа придонесе еден вид реализам во филмот, што прави да отскокнува од daily-spawned бе продукција драмите, кои ако пипнат пипава тема ние треба да станеме инстант пипави, отворени, разнежнети, расплакани..

Околу приказната настојувам секогаш што помалку да откривам, поготово кога има премногу малку да се раскажува кога станува збор за драма, ако некој го интересира повеќе слободно рецензијата од Рокенрола може да ја прочита. Јас само би додал колку секси-висок е Скарсгард на поперверзен начин, дека во рецензија на портал никој не би се одлучил да искажува црни мисли, Џулиен Мур такоџе со оглед на минутажата ми се допадна во улогата и сасвим лепо си ја изврши работата и секако маwoто сwaтко деwојченце кое ќе ви го растопи срцето со нејзината збунетост, исплашеност но пред се' детската искрена љубов, премногу голема љубов доволна за сите. Тој стадиум на чистота, искреност, убавина и све што вреди на светот. Нешто што се губи подоцна помеѓу недимензионирани приоритети, пластични вредности и недефинирани луѓе кои пораснале физички, но не и духовно. Освен глума, музички такоџе фино поткован. И со исклучок на 2-3 моменти кои во real life никогаш не би се одвиле слични човечки акции, филмот е скоро совршена скоцкана драма.

I know, I am being totally vague, но стварно несакам да му расипам некому ако се одлучи да го ѕирне.
Препорака и од мене.
8.5/10
 
M

Muranyi

Гостин
Headhunters(2011)

Ќе бидам краток бидејќи и нема смисла да пишувам долги и досадни рецензии,кои сметам дека ретко кој ги чита целосно.

Ако сте расположени да гледате запрепастувачки трилер-ова е тоа што го барате.Приказна за љубовта и предавството,за посветеноста,за зависноста и очајната љубомора,инстиктот и нагонот за преживување,превласт и победа на тој што ќе се прилагоди.

На кратко,откако ја прочитав Ловци на глави од Ју Несбе,случајно налетав и на филмчево.Роџер Браун детинесто и себично заљубен во својата прекрасна жена,која е неколкуградно поубава од него а тој е опседнато свесен за тој факт,работи во една од најпрестижните агенции за пронаоѓање на кадар за работни места од висок профил.На еден начин,плашејќи се да не ја изгуби љубената ја купува нејзината љубов,и пружа се што ќе посака,но за тоа работи како крадец на уметнички дела.Се е супер,освен сметката во банката која се повеќе се истенчува,до тој кобен за него ден кога се запознава со Клас Грив,идеален кандидат за директорската фотелја во фирмата за производство на ГПС опрема.

За мене,еден од најдобрите трилери што сум ги изгледал.Јако деветче.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Дали овој дали „Капоте“, од многуте симнати филма ете овие два решив најскоро да ги изгледам, едниот ради тоа што лани на Синедејс го пропуштив другиот ради тоа што со години чекам да го изгледам а и Филип Сејмор ми е уан оф мај фејворитс. Се решив денес за овој.

Доста интересен филм, 1:20 минути, само еден кадар, една соба, многу луѓе ќе се проврвчат. Нема многу да разлагам, композитор извршува самоубиство пред сопствената веб камера и привлечени од звукот на пукањето доаѓаат комшиите, полицијата, свештеник и други луѓе.

Иновативно во секој случај, сценариото е интересно, глумците добро одбрани. Српската кинематографија се почесто оди во горен правец. Едвај чекам да го гледам „Кругови“ од режисерот на „Клопка“.

Ѕирнете го овој, интересно парче.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
The Iceman (2012)



Вистинита приказна за убиец и семеен човек - истиот човек е и едното и другото. Води паралелен живот. Не се работи за приказна со некаков си тежок заплет, расплет - едноставно, некои животни случки кои може само животот да ги создаде (малку потешко сценаристите). За љубители на крими филмови од 60-ти, 70-ти години, пристојни саат и пол-два.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
The Iceman (2012)


Некако скромни мислењата за филмов а и на IMDB и на патлиџаните не поминува најдобро, околу 7. Од мене има 8 поради перфектната глума на Мајкл Шенон и поради тоа што ми го задржа вниманието од почеток до крај, буквално не мрднав од екран и не помислив на ништо друго, а тоа ретко ми се случува во последно време.

Филмот како што веќе научивме од нашите пријатели спојлерџии, меѓу останатите работи, е филм за човек кој води двоен живот - едниот на грижлив сопруг и родител а другиот на ладнокрвен платен убиец. Мајкл Шенон тука растури, сосема очекувано, овие улоги на повлечен, затворен човек му лежат (види Take Shelter (2011) ). Филмот е базиран на вистинити настани, но за тоа малку подоцна.

Без да навлегува во детали, ќе му дадев 9 (модераторот ми забрани да користам бумбари) ама морам да му тргнам еден поен заради две работи:

1. колективно глупите мустаќи.
2. дел од актерската екипа.

Значи, мустаќите на Рос :pos: беа урнебес а тој кутриот кога ќе отвори уста ја гледам Чендлер и Џои дали ќе влезат низ некоја врата... ама братот на Мајкл Шенон го надмина Рос со добар комитски брк и фризура од ланска година. :pos:

Ок, пред да ми се нафрлат буквалистите дека се фаќам за ситници, прво, се зезам, а второ, сакам да кажам дека малку невешто го одработиле овој дел од шминката со која се сака да се постигне автентична слика за 70-те. Кога сме кај ова, види Munich (2005) за пример. Останатиот дел од костимографијата беше во ред. Дел од актерите како Рос, Крис Еванс, Винона Рајдер... навистина не се за филм како овој. Франко не е за никаков филм, имаше одлично напишана сцена со Шенон а ја се молев овој да го упуца побрзо да не го гледам. Стефен Дорф, сериозно? Многу многу лош избор.

За среќа тука е Реј Лиота да додаде квалитет.

Сега само кратко навраќање: значи @Zedd, со тебе сум на ужасно различна фрекфенција за се, веројатно затоа што имаш најчудни критериуми за квалитет на еден филм, како на пример „вистинити настани“. Прво, тоа не е критериум за ништо. Не може публиката да го хејта филмот затоа што го изгледала документарецот и сфатила дека ликот во филмот не е баш ист со вистинскиот лик. Импресиите за филмот се тие што ги имаш откако ќе го изгледаш истиот. Друга работа е генералното погрешно толкување на терминот „базиран на вистинити настани“. Значи еден филм, за разлика од документарец, не е никако должен да има содржина точно онаква каква што се случила во вистинскиот живот. Обрати внимание на зборот базиран. Тоа значи дека Трпе од Кривогаштани може да биде сериски убиец, а некој да сними филм за Трајче од Магарево, сериски убиец - филм по вистинити настани. Трајче воопшто не мора да биде ист како Трпе, важно е филмот да има линија на настани базирана на онаа од Трпета. Но и вака и онака, дали филмот ја отсликал вистинската приказна, или ако е по книга, дали се било исто како во книгата... тоа е само субјективно доживување на гледачот кое не треба да има никаков ефект врз оценувањето на филмот како филм. Истражување е добредојдено, ете и јас ќе го ѕирнам документарецот, но сликата за филмот е таа што ја имам во моментов, после гледањето.

Извини што те тагнав, не е реплика до тебе, онака општо сакав на оваа тема да пишам од поодамна. Поздрави го VLJ да не ти е џабе читањево :)

Сакав уште нешто во врска со содржината но филмов е преногу тазе, да не претеруваме. Гледајте го.
 

Џага

Ено Девојче
Член од
4 мај 2013
Мислења
38
Поени од реакции
55
Donnie Brasco (1997)



Апла Мафијашки! Криминална драма со Џони Деп и Ал Пачино.
Џони Деп работи како андеркавер агент во Њу Јорк, по некое време успешно се пробива во групата на wise guys, њујоршката мафија. Нема потреба повеќе да откривам.
Се на се, добар филм, ми се допадна и ви го препорачувам! 8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.025
Дечки, да напоменам само, од нецелава страна има повеќе избришени мислења негошто рецензии.
Во оваа тема, и Последен гледан филм не се дискутира. За тоа постои генералната тема.

Поздрав, поправ или кој како го милува.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
1.After the Sunset

SLIKA 1.jpg

Лесно и опуштено филмче со многу смешни сцени иако тематиката и не му е баш таква.
Се работи за еден пар кои краде дијаманти.По последната нивна кражба решаваат да се пензионираат и заминуваат на Бахамите.Но тамо пристигнува и нивниот најголем непријател ФБИ агентот Стен... да не откривам поише нема да ви биде забавно:)
http://www.youtube.com/watch?v=ZLOwRK2rKJY -Видео

2.Love Actually

. slika 2.jpg

Романтична комедија,каде неколку приказни кој се на некој начин поврзани меѓу себе говорат за љубовта,заљубувањето,пеперутките итн.:)
Еве 2 по мене најдобри сцени само колку да ве заинтересирам за филмов.


 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The words



Ако даваме парче душа и дел од нашите животи во уметноста што ја создаваме дали плагијатот е еднаков на убиство? Како што убиецот одзема живот, така плагијаторот е крадец на личното креативно изразување и убива парче од туѓата душа. Но, плагијаторството секако остава белег и кај плагијаторот. Имитацијата никогаш нема да биде целосна како оригиналот.
Овој филм открива како таквата кражба донесува слава и богатство, но и како нашите животи не се веќе наши кога ја преземаме заслугата за туѓо уметничко дело.

Книжевнички филм, филм за инспирацијата, чинот на креацијата и болката на и од зборовите. Колку тежат зборовите кога беснеат и наидуваат ко лава од душата, а колку кога се само плод на фрустрација и желба да се биде подобар?

Структурно обработува три приказни, двајца наратори (плагијаторот секако, не може да раскажува, бидејќи и сопствената приказна, сопствениот живот му се заснова на една голема лага).

Крадењето и преземањето заслуга за туѓо дело е опасно по идентитетот, до таа мера што нуди чувство на задоволство и гордост дека делото што сте го украле е всушност ваше, сраснува со вас и ве убедува дека е производ на вашиот ум. Од кражба на обичен фејсбук статус, до кражба на врвно литературно дело, чувството што го предизвикува е речиси еднакво.

Какви ќе бидат последиците, како да се продолжи сопствената животна приказна по преземањето на туѓата? Дознајте сами.

Актерската екипа на ниво. Моралните дилеми исто.
Ѕирнете го. ;)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.025
Adore (2013)



Некој се прашува која е смислата на животот, некој дали Бог постои, зошто Смоуки во LOST беше црн.. мене едино ме интересира зошто IMDb пишуваат спојлери у дескрипшн?
Why aren't you watching? (пак LOST) не е доволно добро за tagline? Неможете да смислите нешто што продава, место ебан спојлер? Уствари контраверзноста продава. ;)

Jaс, јас паѓам на драми. За мене драмите се девојки со црни шишки, црвен кармин, големи цицки и се тоа спакувано во pin-up изглед. Adore ја немаше емоционалната длабочина можеби до самиот крај, за на крај да го пребои цел филм со истата, но и со друго ниво на тежина и перцепција. Можеби не е доволно rewarding но поентира со тоа, со замислата на режисерката. Која значително го има оставено својот траг како францускиња, преку цигарите во филмот, но и не-толку холивудскиот туку со шмек на европски секс и страст, и тука-таму по некое газе, дури и машко. Имено, филмот е екранизација на книга наводно инспирирана од вистински настан, а скриптата е финиширана од некој оскаровец. Така да, филмот добива значително на тежина и сериозност, неголи од тоа што изгледа како почеток на некое порно и нереални акции и ситуации.

Филмот греба по површината од неколку контраверзни, табуа теми и тоа прилично мушки. Филмот е премногу.. домашен за да има згрозувачки импакт кај гледачот, имаме пријателство, љубов, интима, приоритизирање личната или нечија среќа, комплексноста на чувствата и желбите се прикажани толку симплифицирано, чисто, што нам ни ја доделува филмот улогата на носење товарот дур тој со континуирана бавност си се раскажува. Но, немаше да биде ни половина од та да не беа прекрасните две дами, неколкупати номинираната и лично мој фаворит за оскар од лани Naomi Watts и сигурно-победничката за Eми оваа година од House of Cards, Robin Wright. Беспрекорна глума од нив, едноставно кроени за улогиве, пропатно со неверојатна хемија. Пејсажите беа.. mesmerizing. Фантастични кадри и бои, добра работа со камерата и одличен музички скор. Филмот ги задоволи моите потреби. 8/10.

Аnd it goes without saying, филмот не се препорачува да го гледате со вашата мајка.
*Само за филмски ентузијасти.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
What Richard Did (2012)



Филмот го пишувам овде во оваа тема за предлози бидејќи знам дека на многумина од вас ќе ви се допадне (познавајќи ги вкусовите горе-долу веќе). Ирски филм од минатата година. Ми го препорачаа на еден хрватски форум, па со оглед на тоа што сум вљубен во Европската кинематографија и независните филмови, а и богами приказната ми се виде солидна па решив да го пуштам. what a movie!

Започнува апсолутно мирно, гледаме четворица тинејџери од Даблин на преминот од средно училиште кон факултет, на чело со главниот лик Ричард, кои тргнуваат на летна авантура во блиското место покрај брегот заедно со други врсници. Забавата и дружбата тече во најдобар ред после една журка на која што пијанството на Ричард ќе предизвика несакана случка и ќе го уништи неговиот а и животите на сите други околу него. Ништо веќе нема да биде исто, пријателствата ќе се срушат, љубовта исчезнува, животот станува пекол.

Што направи Ричард? Дали ќе успее да ги преброди сите последици од ужасната вечер?

Фантастична глума од страна на младиот и надежен глумец Џек Рејнор кој го глуми Ричард. Доста силен филм, го препорачувам. Од мене добива една златна 8/10.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.025
Now You See Me (2013)




“I always have a problem liking things I'm told I should like.” - Karl Pilkington.
И обратно. - wot.

Entertainment - 10, Thriller - 8, Story - 6. Или една-реченица-рецензија што врти низ нет Ocean’s Eleven meets The Prestige.

Јас бев smitten уште во првиот акт, т.е уште опенингот, уште од Џеси, ем знаејќи што ќе се случи. И останав задоволен до самиот крај. Пак, знаејќи што ќе се случи.
Немав очекувања ама ниту очекував сериозен филм, за резултатот да биде негативно искуство кај мене. Прилично забавен филм. Доста солиден прв акт, мистерија и запознавање, онака full-on потенцијал, anything goes сценаријо, незнаеш што да очекуваш, вториот акт акција и обид за расплетување, трчакње и некои леви обиди за да не отфрлат од крајот, и третиот акт кој што доцнеше како менструација, што и е причината што сите го пробиваат филмот, изгледаше како да заглавиле луѓево, и го завршиле онака како од рака истресен кец (pun intended). Но не е битен олку крајот, филмот е квалитетно возење, бргу минува времето и не се чувствуваш како да е џабе потрошено, оти нели ако е џабе потрошено за тоа време ќе трчавте маратон и ќе дониравте крв на финишот. Глума.. сите ни беа далечни, но затоа беше интересно пробивањето на ликовите, не ми беше преголем минус што не се поврзав за некого, затоа што a lot of people got fucked over и ќе се изнервирав ако навивав. Ефекти онака, визуелно океј за гледање, приказната приземјена колку што дозволува апсурдноста за приказна за магионичари и најслабата алка од елемнтот. Но сепак, overall чувството е задоволителност, забавен и лесен филм и незнам зошто е хејтан од членови кои доста ги почитувам, како Ајс, Болиглава и Псајсајд.. Псај поготово прилично ги има издигано критериумите и дури не го догледал и не памтам да уживал во нов филм, ајде малку отвореност луѓе.. :)

8/10
*филмот е во предлози, затоа што рецензијава ќе беше 3та по ред за исти филм ако беше во последен гледан.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949



Europa report [2013]

Филмов влегува во жанр СФ.
Научната фантастика си се враќа полека во интерес на филмската публика, нормално мислам на СФ кој има какви такви допирни точки со модерната наука и не е претерано детски и напумпан. Ако има некој таков под-жанр „мистичен“, овој филм влегува во тоа рангирање. Приказната е документарно (скоро) предадена и е многу едноставна - во блиска иднина ние земјаните испраќаме човечка мисија до Европа, сателитот на Јупитер, за кој научниците се сомневаат (ова во реален свет) дека има можност да има големи водени површини под дебелата обвивка од мраз. Приказната во филмов се надоврзува на овие научни претпоставки и ја доразвива приказната.
На места има интересни и напнати делови инаку претежно е едноставен филм, нешто налик на Apollo 18 или Prometheus (до некаде, далеку е од таква продукција). Љубители на жанрот ќе си го изгледаат без проблем.
Imdb во случајов со 6.5 мислам дека е релативно коректен.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.025
The East (2013)




Io Sono Interista ќе се подмоча.. од среќа... овие од Another Earth пак нешто замараат по Санденс.. :icon_lol: Од тимов морам сега да го изгледам и Sound of my noise..
Brit Marling, девојката која упорно се кастира во своите проекти а веза нема од глумење, овојпат главна улога, пак, во The East.

Не, филмот, на мое изненадување ми се допадна. Неможев да си замислам low-budget филм со шпионажа и дупли агенти и се од таа кошничка да биде добар, поготово пак што на старт завзема страна на анархо-активистите во некоја си ретардирана revenge-driven идеологија против еко-"терористите" и големите корпорации. Но, ми се допадна. Weirdly enough. Одлично скоцкана приказна, споена без филер моменти, морално не предизвикува, и не само нас, и овојпат (Ио) таквиот „празен“ крај баш фино поентира и се надополнува со целата слика. Аlexander Skarsgard го злоупотребиле дури, ем разголување, ем со мушко сочно се бакнува, се надевам ќе е turn on за женскиве, како што ми беше Ellen Page мене кога се излапа со плавата. :-D Сакам да кажам, настрана главната улога која незнае една емоција да покаже, имаше солидна глума од другиве што ве тера да верувате во тоа што се збори. Музички лошо поткован, некои неадекватни музики на некои сцени кои треба да размислуваш, сочувствуваш... Малку не ми се совпаѓаше на старт организацијата претставена како реднек култ што живее од ѓубре, но навикнав и супер испадна. Имаше на моменти surreal атмосфера како култ, ме потсети на Martha Marcy May Marlene. Се на се, добар трилер, поентира и знае да допре, така да, give it a go.

7.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom