Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
"Dans la maison" (aka "In the house")



Овој брилијантен француски филм со несекојдневна филмска приказна беше прикажуван пред неколку месеци на Синедејс, но ете поради повеќето филмови што ги гледав за овој не најдов баш и некое време, па се израдував кога видов дека го има на торенти. Преееедобар филм, од апсект на глума, режија, сценарио, ма апсолутно совршенство, режисер е Франсоа Озон, ми се чини дека ќе морам да изгледам уште некој филм од него.

Филмот започнува во една гимназија во Франција каде што професорот по француски јазик Жермен е тотално разочаран од образованието на денешните гимназијалци, и од нивната незаинтересираност кон литературата. Прегледувајќи ги есеите на тема „Како го поминав викендот“ и оценувајќи ги со катастрофални оцени, случајно наидува на еден интересен текст кој несомнено привлекува внимание кај него и кај неговата сопруга - продавач на уметнички дела, која редовно учествува во читањето на составите на учениците.

Она што го привлекува есејот на Клод кај Жермен е тоа што пишува со исклучителен стил, а и приказната му го привлекува вниманието. Клод пишува за својата опсесија кон една куќа, куќата на еден негов соученик и како постојано потајно ја нагледувал. Воедно тој е заинтересиран за тоа што се случува во куќата, како тие живеат, какви се нивните односи. Сакајќи да се вовлече внатре тој му понудува помош на неговиот соученик Рафа, за престојната писмена по математика. Среќен што конечно пронаоѓа добар пријател, Рафа се спријателува со Клод а и неговото семејство го засакува. Жермен ќе стане опсесивен од приказната на Клод, сакајќи од неговата приказна да направи роман тој ќе го натера да му носи продолженија на приказната. Но до каде може да оди опсесивноста на Клод кој семејството на неговиот соученик? Какви се мрачни тајни и какви сплетки ќе создаде?

Филмот остава простор за размислување, во текот на филмот ќе бидете сведоци на предобри ситуации од кои дефинитивно Жермен а и Клод ќе станат дел од целата оваа бркотница. Крајот е навистина исклучителен, мене бар ми се допадна премногу!

Highly recommended. (y)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
дај предложувајте бе луѓе, сам си вршам монолог o_O

Trance

На синоќешната проекција на филмот отидов буквално неспремен кога е во прашање новиот филм на омилениот ми Дени (да, Дени ми е еден од трите омилени режисер рака под рака со Тарантино и Финчер). Освен изгледаниот mindblowing трејлер не ѕирнав ништо друго тоа беше се`.

„Транс“ е реално мешавина на повеќе филмови, барем јас така го гледав како некој вид Memento/Inception (ок, од тука има доста малку примеси)/Shutter Island. Ме радува тоа што Бојл не го правел во 3Д туку се задржал на уметничката страна на филмот. Филмот е снимен перфектно, режијата оддалеку се гледа дека е врвна, кадрите неверојатно склопени како што тој тоа го знае (читај: 127 hours ми е еден од најдобро снимени филмови). Саундтракот импресивен, секој звук буквално ти влегува во кожа и те носи во еден друг вид на “транс“ оној кога леташ со мислите слушајќи ја музиката и за момент остануваш исклучен од филмот, но потоа се враќаш поради некоја друга шокирачка сцена. Moby повторно вклучени во филмовите на Бојл овој пат со "The Day".



Глумците квалитетно одбрани. Џејмс МекАвој, Винсент Касел и Росарио Досон (ја паметам само од Seven Pounds).
Генерално приказната е за Сајмон - бивш коцкар кој е во длабоки долгови, и кој воедно е опседнат со уметничките дела на врвни автори. Баш тие уметнички дела ќе му бидат причина да се одглави од долговите и тоа како помошник во милионски аукции на слики-ремек дела. Во неговиот план за крадење на една од сликите, воедно проценета на милиони фунти учествуваат и Франк - човек кој постојано се занимава со валкани работи, и неговата дружина. Но планот не излегува како што треба, Сајмон го сече платното пред да ја украде сликата (наводно размислувајќи на тоа како да ја спаси книгата а не размислувајќи дека всушност тој треба да ја украде). Влегувајќи во тепачка со Франк ќе биде повреден и неколку месеци без свест со што по излегувањето добива амнезија. Но измачуван и претепуван од Франк за да му текне каде е сликата ќе оди на психотерапија/хипноза кај др. Елизабет. Овде сите работи се испреплетуваат откако ќе се дознае која е вистинската реалност и што всушност тој сака да заборави од минатото а што од сегашноста.

Мора да се изгледа во кино, најсилно го препорачувам. На мене остави голем впечаток филмот, исто така има доста голотии, на момент гнасни крвави сцени, но сепак во целина филмот е едно ново ремек-дело на денешницата кога станува збор за психо-мистериозни-трилери.

Од мене има 9/10. Некаде помеѓу Slumdog Millionaire на Бојл и неговиот The Beach.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

Ако сакате да ги погледнете видеата од филмовите клик на видеото а ако сакате да прочитате накратко читај надолу :icon_mrgr: Имајте убав викенд (y)

Lol-ЛОЛ


Филм со Мајли Сајрус...Романтична комедија со добра приказна за љубителите од овој жанр.
Лола дознава од нејзиниот дечко дека ја изневерил со една од нејзините пријателки.Таа го напушта и започнува врска со нејзиниот најдобар другар...Погледнете низ се што ке поминат Лола Кајл.

Аwake-Буден...



Во главните улоги со Хајден Кристенсен,Џесика Алба и Теренс Хауард.
Одличен психолошки трилер за човек кој доживува "анестетичка свест" при операција за трансплатација на срце и дознава дека докторите кои го оперираат планираат нешто друго.За време на таа состојба дознава и многу работи за неговата кои не ги ни претпоставувал.Се на се филмот има многу пресврти и е многу неизвесен и интересен за гледање.
Главните улоги ги толкуваат Хајден Кристенсен и Џесика Алба.

А Perfect Getaway-Совршено Бегство


Овој Пат Мила Јовович повторно изненадува со нејзината глума...Авантуристички филм со крај кој никој не го очекува...
Млада брачна двојка одат на меден месец на Хаваи каде се случило грозоморно убиство...Во игра се уште два пара кое однесување доведува до сомнежи.

Тhe Kingdom-Кралство



Режиран е од страна на Питер Берг,а во главните улоги се Џејми Фокс,Крис Купер и Џенифер Гарнер.

По бомбашките напади,САД инсистираат да земат свое учество во истрагата на кое што Кралство Саудиска Арабија жестоко се противи,во страв од губење на репутацијата и авторитетот на Принцот во својата земја.Но,специјалниот агент на ФБИ Роналд(Џејми Фокс),кого го ангажираат за случајов,ги потегнува своите врски и познанства во САД,па со помош на уцена ФБИ добиваат зелено светло да допатуваат во Саудиска Арабија за да спроведат истрага за случајот,која ја споредуваат како "истрага на Марс".

Тhe Impossible-Невозможното


Глумата ко да не е глума, секоја чест на сите што беа дел од актерската екипа, особено Наоми Вотс и детето што го глумеше Лукас. Имаше преемотивни сцени што може да направат да ви засветат очите. Некои сцени на почетокот и на крајот беа застрашувачки, ова да го гледав на 3Д богзнае кои впечатоци ќе ги имав, без оглед на тоа што човекот е најинтелегентно суштество на планетава и се стреми кон целосна контрола над опкружувањето, природата го побива и неговата доминација ја прави привидна и имагинарна..
 
M

Muranyi

Гостин
Side Effects(2013)



Психолошки трилер,во режија на Стивен Содерберг.

Сопругот на Емили Тејлор,Мартин,после 4 години робија,одлежани поради инсајдерско тргување со акции во јавна компанија излегува од затвор и конечно е повторно со својата љубена.Животот стои наспроти нив,со раширени раце,конечно после 4 години имаат шанса да ги вкусат плодовите на нивната љубов,но се случува нешто сосема неочекувано-Емили се обидува да си го одземе животот,но безуспешно.
На Одделот за психијатрија,Емили се запознава со Др.Џонатан Бенкс,психијатар,кој се согласува да не ја задржи на болничко лекување,но под услов редовно да ги посетува неговите сеанси.Џонатан ја третира Емилија со низа антидепресиви,но ниеден од нив не пројавува ефект врз суицидалните тенденции на Емили.
Во меѓувреме,Џонатан ја контактира и се консултира со поранешниот психијатар на Емили,Викторија,по чија препорака и препишува на Емили нов лек,Абликса,откако Емили има и втор,повторно неуспешен обид за самоубиство.Но,новиот лек кај Емили предизвикува еден несакан спореден ефект,епизоди на месечарење.Во една таква ситуација,кога Емили месечари а нејзиниот сопруг се враќа дома,таа го избодува и му го одзема животот.

Во главните улоги се Руни Мара,чија глума е воодушевувачка и на врвно ниво;Ченинг Татум,Џад Лоу и Кетрин Зета-Џонс.

Филмов претставува врвно филмско остварување,кое не може да ве остави рамнодушни.Прекрасен трилер,неизвесен и возбудлив.
Јас му давам 9 и ви го препорачувам да го погледнете,зашто во спротивно ќе пропуштите ретко квалитетен филм.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Star Trek Into Darkness (2013)


Во очекување на „ова-не-е-стар-трек“ коментарите на џоа префинетите познавачи и фанови на култната серија, мал осврт на 12-от по ред Стар Трек филм (или втор од „новите“) режиран од Џ.Џ.Абрамс.

Ако сте фан на сериите една работа ви е јасна: Стар Трек е Ентерпрајз, Ентерпрајз е Стар Трек. Ентерпрајз не е обичен брод, Ентерпрајз е бродот со кој пораснавме и се возевме низ вселената. Ентерпрајз не е метален објект, тој е безмалку живо суштество, секоја рана од непријателски проектил ја чувствуваме и секогаш кога ќе видиме дупка на бродот ни предизвикува лутина и гнев и генерално посакуваме лоши работи да им се случат на душманите. Да ја сумирам мислава: само да го гледаш Ентерпрајз како лета низ космосот, и само да го гледаш командниот мост, доволно е за преодна. Од погледот низ стаклото на командниот мост ти си Капетан со твоја лична мисија и можеш храбро да одиш кај што никој не бил пред тебе.

Филмот е продолжение на приказната за младата постава на бродот предводена од Џејмс Тибериус Кирк, т.е. нивното калење од млади и зелени до ликови зрели за големи потфати и мисии. Овој пат без тајм-травел компликации кои предизвикаа многу реакции минатиот пат, приказната е појасна и полесна, но не и нешто посебна. Но мислам дека Стар Трек никогаш и не може да има некоја спектакуларна приказна па и не се замарам со тоа. Стар Трек живее од ликовите, ѕвездите и елеганцијата на бродот. Сега и во 3D и супер резолуции за максимален восхит.

Од сите ликови овој пат најсилен впечаток ми остави Бенедикт Кумбербат во улогата на „негативецот“ Кан. Едноставно беше централна појава во филмот. Ефектите беа топ, посебно во завршницата на филмот. Она што не ми се допаѓа е според мене комплетно промашениот Саундтрак. Далеку од да речеме Војна на Ѕвездите и претерано непотребен микс од жанрови. Многу лошо.

Овој нов серијал на Стар Трек филмови има огромен потенцијал, можам само да замислам што ќе направат со ефектите кога ќе дојде до конфликт со Клингонците. Но не смеат да ја издолжуваат приказната непотребно.

8/10
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Еве одлични филмови за сите заљубени душички :icon_mrgr:


Без ограничувања (Limitless) [2011]

Еди Мора (Bradley Cooper) е просечен писател кои се наоѓа во не толку продуктивен дел од неговиот живот. Со пишувачка блокада, еден развод зад себе, живее во хаотичен стан, девојката со која е во подолга врска, Мелиса (Anna Friel) раскинува со него поради неговата непродуктивност и неодговорност.
Настанува пресврт во неговиот живот по само една средба со братот на неговата бивша сопруга...

Блискост (Closer) [2004]

Љубовна драма за две двојки чија врска станува комлицирана кога мажот од едната двојка ќе се заљуби во жената од другата двојка.Главните улоги ги толкуваат Џулија Робертс,Џад Ло,Натали Портман и Клајв Овен.Како голем фан на Натали Портман и на Џад Ло морав да го гледам филмот и бев импресионирана од одличната глума на главните глумци а и од приказната.На сите оние кои го немаат гледано овој филм им препорачувам да го гледаат.

Слаткиот Ноември (Sweet November) [2001]

Трогателен филм...Со непредвидлив крај...Погледнете самите.
Во главните улоги Киану Ривз и Шарлиз Терон.
"... И беше потребен само еден месец за да го смени неговиот живот засекогаш..."

Писма до Јулија (Letters to Juliet) [2010]

Се работи за една девојка, Софи која оди на одмор во Италија со својот свршеник.
Таму наоѓа едно место каде доаѓаат девојки од цел свет и и оставаат писма на Џулија. Но неколку жени кои се сметаат за секретарките на Џулија пишуваат одговори на писмата. Софи, со цел да им помогне наоѓа писмо старо 50 години, од некоја жена по име Клер. Писмото многу и се допѓа и пишува одговор. По неколку дена доаѓа Клер заедно со нејзиниот внук, за да го пронајде Лоренсо Бартолини, љубовта на нејзиниот живот, а Софи им помага. Но токму кога Клер ќе се откаже од потрагата, ќе го пронајде. Во меѓувреме, Софи и Чарли ( внукот на Клер ) ќе се заљубат, но поради својот свршеник Софи ќе се врати во Њу Јорк. По неколку месеци таа ќе отиде на свадбата на Клер и Лоренсо. Бидејќи ќе сфати дека го сака Чарли, ќе раскине со својот свршеник и ќе бидат заедно со Чарли

Еден ден (One Day) [2011]

Филм за маж и жена кои се сакаат целиот нивен живот но дури по многу време живеејќи разделено ќе одлучат да бидат заедно.Ја прикажува нивната љубов и пријателство за време на среќавањето на една иста дата низ годините и како и двајцата живеат и патат еден без друг.
Мене ми е дефинитивно еден од омилените љубовни филмови.Нема многу патетика и бајковита приказна.Некако ми беше баш реален и тажен,особено на крајот.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Seven years in Tibet


Ја немам читано книгата, но мислам дека после филмов би вредело да се прочита.
Аустриецот Ханјрих оди на експедиција во искачување на некој рандом врв во Индија. Поради патувањето ја остава трудната жена, оправдување му е авантуристичкиот дух но сепак мислам дека тој само бегаше од одговорноста што ја носи самото дете.
При искачувањето на врвот тој ја покажува својата трврдоглавост и упорност со тоа што го ризикува животот на еден од планинарите само за да ја оствари својата цел, да го освои врвот.
По некој сплет на околности целиот тим останува заробен во државата и несмее да излезе од неа.
Тимот завршува во затвор, успева да избега од него и на крај само двајца од нив да завршат во забранетата земја Тибет.
Интересно е што гледаме како Тибетјаните? прифаќаат едни тотални странци, како еден потполно мирољубив народ, кој буквално ни на мравка не би згазил, зема пушка во рака за да ја одбрани својата држава од лудите кинези.
Едукативен филм, покажува како живее еден народ што на нас ни е познат, а всушност многу малку знаеме за него.
Исто и пријатеството помеѓу Далај Лама и Хајнрих е вредно да се спомене, кое што траело и до смрта на Хајнрих(2006).

Heinrich Harrer: In my humble opinion, this is ridiculous.
Peter Aufschnaiter: Well, then, since you're so humble, we won't ask your opinion.
Филмот има исто и неколку интересни сцени кој го прават да не биде и монотон на моменти, како и да е вреди да се погледне!


 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
The Place Beyond the Pines


Во темава секогaш пишувам кога ептен ќе ме импресионира некој филм. Вчера случајно го пуштив новиот филм со Рајан Гозлинг (го пуштив само поради него, типот ми е еден од најдобрите глумци моментално), а додатно се заинтересирав кога видов дека е истиот режисер од филмот Blue Valentine, уште еден филм што ептен ми се допадна.

Главна карика во филмот е приказната. Неверојатен филм кој е совршено направен. Лука (Рајан) е познат локален моторџија кој се натпреварува во опасни затворени рингови со други двајца моторџии. Случајно дознава дека пред една година по една афера и направил бебе на Ромина (Ева Мендез) па одлучува да се откаже од работата, да биде чесен татко, но дознава дека таа веќе има друг маж. Трудејќи се да му обезбеди најдобар можен живот на неговото дете се запознава со Робин, автомеханичар кој му предложува да ја ограби банката со оглед на тоа што е добар моторџија и може брзо да му ја “кидне“. Планот успева и ограбуваат 2-3 банки. Лука ги дава парите на Ромина и покрај тоа што нејзиниот сопруг тоа не го одобрува. При последниот грабеж на банка Лука ќе биде фатен од еден полицаец Авери Крос (Бредли Купер). Тука почнува целата приказна, не би сакал да откривам што ќе се случи при оваа средба бидејќи ќе откријам битен детал од филмот, што ќе ви го уништи гледањето. Потоа приказната се префрлува 15 години во иднината (сегашноста).

Филмот е генијален, ме остави без зборови на крајот. Доста уметнички направен, и предобри локации, како што кажува насловот филмот е сместен во место позади боровите. Одлично. Огромна препорака до сите филмаџии.(y)
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Филмов е a must see!!! Со оглед на тоа дека одамна немав гледано добар трилер ова и те како пријатно ме изненади. Се работи за операторка која работи во хитна служба и добива повик од девојче за провала во нејзината куќа. Меѓувремено девојчето се крие и успева во тоа, но операторката ќе и заѕвони на телефонот при што провалникот ќе го најде девојчето и ќе го убие. Операторката поради трагичниот настан ќе се повлече од целата акција на 911, се додека не добие нов повик повторно од девојче кое е киднапирано. Е тука веќе почнува вистинската приказна, која е толку напната иствремено и емотивна, едно големо браво за Abigail Breslin и Halle Berry.
http://www.imdb.com/title/tt1911644/

 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
136
Suspiria (1977)


За секој љубител на постари хорор филмчиња, ако некој таков случајно го испуштил филмов, редно е да го гледа.
Атмосферата на филмот е одлична, доминираат основни бои кои буквално зрачат во секоја сцена, филмов е како да имаш ноќна мора.
Приказната не е на завидно ниво ама и не е толку битна кога ќе се земе предвид останатото што овој филм го нуди, како што веќе напоменав одличната атмосфера прави чуда и незнам како да ја опишам на друг начин освен како психоделичен кошмар под дејство на ЛСД или печурки кои биле претходно конзумирани по пат на сендвич со печеница и кашкавал или нешто слично.
Специјалните ефекти исто така не се баш најдобри, сепак е издаден во 1977та година но оние кои се навикнати да гледаат ствари од типот на Evil Dead, Hellraiser и безброј други филмови кои се издадени пред 1990та... абе ако не ти сметало да го гледаш Психо, овој нема да ти смета ич :D
Моја оцена е 8,5/10 каде што 8,5 би било ЕПТЕН ЈАКО СРАЊЕ ШТО МОРА ДА СЕ ГЛЕДА.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
The Hunt



Филмов го гледав пред недела дена и ми остави силен впечаток. Тогаш ме мрзеше да пишувам било што, иако сакав, но откако го видов како ми стои во рисајкл бинот спремен за бришење, реков ај да го испратам со збор-два-три.

Лукас е наставник во градинка кој се обидува да си го врати животот во нормала после разводот од жена му и разделбата од синот. Кога едно од децата во градинката ќе го обвини за недолично однесување, животот на Лукас изгледа дека нема никогаш повеќе да биде нормален.

The Hunt обработува чувствителна тема и се обидува да дознае како една обична лага може за кратко време да стане опасна вистина. Приказната ја сместува во една мала средина која е способна лесно да си нанесе штета самата на себе, пред се` поради комшиските муабети, лесната недоверба и неспособноста на луѓето да се препознаат еден со друг. Преку ликот на Лукас, филмот се обидува на помалку екстремен начин да докаже дека животот не може да биде секогаш во наши раце и дека работите можат лесно да излезат од контрола. Лукас е човек кому улогата на татко му е ускратена, но неговото чувство и потреба за родителство се погрешно протолкувани како нешто језиво. Една глупост е доволна за неговиот свет, и светот на неговите блиски, да започне да се руши полека, но сигурно.

Филмот се справува одлично со тоа што го тера гледачот да се прашува кој е всушност крив. Детето не може да го обвинуваме бидејќи е тоа – дете, а знаеме дека постои верување како децата се секогаш искрени, иако тоа понекогаш не е така. Не може да го обвинуваме Лукас бидејќи барем ние, гледачите, имаме привилегија да знаеме дека тој е несакајќи вовлечен во целата ситуација. Не можат да се обвинат ниту родителите зашто секој родител се грижи да си го заштити своето дете, макар тоа и да значи да се верува во најлошото.

Одговорот што филмот го нуди на прашањето кој е виновен е никој и секој. Постапките на секој лик, оправдани и неоправдани, си го прават своето. The Hunt не се обидува да заземе страна, туку си стои настрана и чека да види што ќе се случи. Ниту прави светец од Лукас, ниту пак прави чудовишта од другите родители, но затоа пак ја истакнува леснотијата со која врските помеѓу луѓето можат да пукнат.

Филмот немаше да биде тоа што е без Мадс Микелсен. До сега сум го гледал во улога на негативец (Hannibal, Casino Royale), но сметам дека драмите во кои глуми пообичен човек како оваа, A Royal Affair и After the Wedding (препорака плус) му даваат повеќе простор да го истакне својот квалитет. Во улогата на Лукас, човек кој е повлечен и прогонуван од сите околу него, Мадс покажува како постепено ликот се распаѓа. Особено тука мора да се спомне ненормално добрата сцена во црквата.

The Hunt е филм за тоа како една обична лага може да уништи нечиј туѓ живот. Во некој друг филм најверојатно протагонистот би докажал дека е невин и би тргнал да се одмаздува за нанесената неправда правејќи масакр околу него. The Hunt е посуров и тежок за гледање бидејќи не се плаши да го измачува својот главен лик. Ова е една од причините поради која го сместувам филмов во една од најдобрите драми кои сум ги гледал во последно време.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Like someone in love (2012)



Некаде на интернет најдов сајт кај што имаше според критиките засега најдобри филмови кои излегле во првата половина од 2013 година. Оваа јапонска мирна драма од Абас Киаростами се најде на таа листа, а и есента го пропуштив за време на Синедејс па си реков ова морам да го гледам. А и „Пиета“ ми е еден од омилените филмови па се решив за ново јапонско дело.

Доста солиден филм, засега не би го ставил баш она во најдобрите но сета таа смирена атмосфера и совршена камера ме привлече најмногу. Приказната е сосема обична, Акико е млада девојка, проститутка и филмот го опишува односот помеѓу неа и старецот Такаши Ватанабе, нејзин клиент за една вечер. Во целата оваа драма се вмешува и нејзиниот љубоморен дечко.

Нема некое возбудливо дејство, крајот е одлично направен, секоја чест за сценаристите. Исто почетните сцени ептен ме бендисаа во кафетеријата додека договараа состаноци со клиентите. Интересно филмче, го препорачувам за љубителите на јапонската модерна кинематографија.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
The Godfather (1972)



Поттикнат од дискусиите а бидејќи неодамна завршив со годишната обврска за гледање на првите два дела од филмот, решив конечно да се дрзнам да напишам рецензија за ова според мене скоро совршено дело на филмската уметност. Велам скоро, затоа што не сакам да поставам горна граница – сакам да видам нешто посовршено и подобро ако е можно во овој животен век.

Мојата маленкост не може да најде зборови за рецензија која колку толку би ги доловила моите импресии од филмот. На некој начин ми е срам што воопшто се обидувам. Кум е единствениот филм кој морам да го изгледам барем еднаш годишно. Ако се навлечеш, Кум е опсесија. Има сопствен универзум од кој нема да те пушти да излезеш барем неколку дена годишно. Самата идеја, благодарение на авторот на книгите е оригинална, а сценариото е мерак за оние кои сакаат филмови базирани на карактери и добар дијалог. Фан на добра акција стои прикован на столчето поради акцијата, а Кум ме држи прикован со дијалогот и глумата. Го чекаш секој следен збор и уживаш во развојот на приказната.
Ќе пробам малку да ги сортирам работите што ми предизвикаа WOW ефект, по рандом редослед:

Марлон Брандо
Чиста 10-ка е малку за она што го одработи Брандо во филмов. Не можам да замислам дека со било кој друг актер од тоа време филмот ќе имаше приближен успех, затоа што Дон Вито Корлеоне е ликот преку кој навлегуваме во целата таа приказна. Со две парчиња памук во устата, една случајно пронајдена мачка во рацете и феноменалниот дијалог во првата сцена Брандо го доловува ликот на негативец за кој ќе навиваме, правичен човек со силни семејни вредности кој се наоѓа на погрешната страна од законот. Човек за кој највисок идеал е семејството и кој ќе направи се за да го заштити. Фигура на сопруг и татко но и на моќен криминалец. Брандо комплетно навлезе во улогата, од текст до говор на тело, импресионираше како актер. Во спојлери (заради простор) ќе уфрлам неколку слики од моменти во кои со најситни нијанси ни ја долови улогата на татко кој неизмерно ги сака своите деца.
The.Godfather.1972.480p.BRRip.XviD.AC3-AsA.avi_004020182.jpg

The.Godfather.1972.480p.BRRip.XviD.AC3-AsA.avi_007389423.jpg

The.Godfather.1972.480p.BRRip.XviD.AC3-AsA.avi_008949148.jpg


Се разбира, треба да се видат сцените, сликите се слики...

До ден денес неговиот лик е еден од најпознатите ликови кои било кога се појавиле на филмското платно. Освои Оскар, еден од најзааслужените било кога.

Ал Пачино
Во сенката на Брандо, младиот Ал Пачино ја одигра својата најдобра и многу потценета улога. Веројатно поради феноменалниот Брандо не му ги дадоа заслужените признанија, и во неговата фантастична актерска кариера подоцна многумина пронајдоа „подобри улоги“. Според мене, затоа што имаше улоги со силни говори и моменти. Во Кум, неговата улога ги нема силните викотници, расправии и говори со висок тон кои ги изведува совршено, но комплетната тивка трансформација од студент и воен херој до мастермајнд и безчувствителен криминалец ја изведе на таков начин што секогаш ми поминуваат морници додека гледам. Сите сцени на Мајкл и секој збор што следи од него го чекам со нетрпение да го слушнам повторно. Не зборува многу, но кажува многу со малку текст. Иако во филмот главната улога ја има Брандо, филмот е за ликот на Пачино – Мајкл Корлеоне, и неговиот подем. Мајкл е носител и на психолошката компонента во филмот. Во свет во кој малку кој го кажува она што го мисли, Мајкл е мастермајнд – неговата интелегенција и способност ладнокрвно да излаже и да ги наведе непријателите на погрешни заклучоци го подигнуваат до врвот. Сцената во која ги убива Полицаецот и Солоцо е култна, но сцена која за мене е она вистинското е онаа во која го кажува планот за убиството , но за тоа малку подолу.

Копола, Камера, Светло

На Френсис Форд Копола треба да му се оддадат сите почести за тоа што се избори со продуцентите кои не ги прифаќале Брандо и непознатиот Пачино и веројатно уште пола актерска екипа, но човекот после мачни преговори го добил она што го сакал и го направи филмот по свој вкус. Но не е само тоа. Камерата во филмов е нешто мрднато добро. Копола успеа со аглите и движењето на камерата да ни долови ситни и битни моменти и емоции низ цел филм. Еве дел:

Сцената на Мајкл што ја спомнав погоре. Моментот на трансформација, моментот кога студентот Мајкл тргнува „на темната страна“, неговиот подем, ни го доловува перфектно со движење во кое се зумира Мајкл и одеднаш станува „голем“.


Последната сцена во која Кејт за момент е ладно излажана за потоа да сфати дека Мајкл не е повеќе оној кој го познава и сака и дека се наоѓа во сопствен свет во кој таа нема пристап. Моментот кога се затвора вратата пред неа и нејзиниот безпомошен поглед, што ќе се случи по втор пат и во вториот дел.


Нема место за да додавам сцени. Одиме понатаму.

Светло. Темниот тон во кој е снимен филмот, мрачна атмосфера која одлично ја доловува напнатоста и тешкотијата со која се соочува семејството. Колку што знам, направено е со некаква техника за никој жив да не може да го осветли филмот и да сака. Не се раазбирам од тоа.

Останати актери:
Фантастични Џејмс Кан и Роберт Дувал. Дајан Китон како невина жртва која наивно влегува во тој свет на лаги и измами. Би сакал да имам повеќе време и простор да пишам нешто повеќе за нив. Импресиониран сум од тоа како и оние актери кои имаа мали улоги „дишеа за филмот“. Ретко виден пример.

Цитати:
Еден од најцитираните филмови на сите времиња. Перфектна скрипта.

Michael: My father made him an offer he couldn't refuse.
Kay Adams: What was that?
Michael: Luca Brasi held a gun to his head, and my father assured him that either his brains or his signature would be on the contract.
Kay Adams: ...
Michael: ...That's a true story.
[cut to Johnny singing again for about 10 more seconds before going back to Michael]
Michael: That's my family Kay, that's not me.




Don Corleone: My wife is crying upstairs. I hear cars coming to the house. Consigliore of mine, I think it's time you told your Don what everyone seems to know.



Michael: Fredo, you're my older brother, and I love you. But don't ever take sides with anyone against the Family again. Ever.




Don Corleone: I knew Santino was going to have to go through all this and Fredo... well, Fredo was... But I, I never wanted this for you. I work my whole life, I don't apologize, to take care of my family. And I refused to be a fool dancing on the strings held by all of those big shots. That's my life, I don't apologize for that. But I always thought that when it was your time, that you would be the one to hold the strings. Senator Corleone, Governor Corleone, something.
Michael: Another pezzonovante.
Don Corleone: Well, there wasn't enough time, Michael. There just wasn't enough time.
Michael: We'll get there, Pop. We'll get there.
[the Don kisses his son on the forehead]




Don Corleone: You talk about vengance. Is vengance going to bring your son back to you or my boy to me? I forgo the vengance of my son. But my youngest son had to leave this country because of this Sollozzo business. So now I have to make arraingments to bring him back safely cleared of all these false charges. But I'm a supersticious man. And if some unluck accident should befall him, if he should be shot in the head by a police officer, or if should hang himself in his jail cell, or if he's struck by a bolt of lightning... *then I'm going to blame some of the people in this room*... and that, I do not forgive. But, that aside, let say that I swear, on the souls of my grandchildren, that I will not be the one to break the peace we have made here today.


И многу многу други...


Саундтрак – препознатлива тема во дел од секундата каде и да ја чуете. Мелодија која му даде белег на филмот и која не носи низ времето. Но и остатокот од музичката позадина перфектно вклопен во филмот. Не претерано, никогаш премногу, во вистински моменти.

Можам уште многу да напишам веројатно. Немам време за самата приказна. Ова не е акција. Не е ни претерано насилен филм како други ганстерски филмови. Ова е филм за луѓе кои се собираат во темница и прават муабети. Ако можете да ги разберете и да се поврзете се ќе биде перфектно. А дали ќе го доживеете филмот вистински зависи само од тоа колку можете да се телепортирате во овој свет во кој работите се превртени наопаку. Ако не можете, ни 100 рецензии нема да помогнат. Оваа и не е напишана за некој да се разубеди, туку за да го документирам моето мислење и да не пишувам по 100 пати. Од сега ќе ве снабдувам со линк :)

Ќе ми текне и на работи што сум заборавил да ги спомнам. Сега да кликнам и да видам дали ова може да оди во еден пост...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Goodfellas (1990)

No hotliking please.Fuck you IMDb.


И добрите момци да добијат рецензија.(Иако пред некоја година мож сум пишал нешо онака за филмов)

Па идеме...
Подобар биографски филм со фокус на криминалци немам погледнато.
И на гудфелас можеш да се навлечеш многу побрзо отколку другите крими филмови.
Fast paced расплетот прави чуда.
Ќе се чудиш каде ти поминале 2 часа кога ролаат енд кредитс.
Улогите во гудфелас се создадени за актерите кои ги екранизираат.
Перфектноста во глумата е дел од одличната соработка со вистинските криминалци и навиката на Скорсезе да го извади најдоброто од секоја сцена.
Наративното раскажување на Лиота и претстaвувањето на ликовите е генијално.

Не очекувајте од филмов сопствен универзум ниту некоја уметност, туку галаксија во која ѕвездите сјаат повеќе отколку во било која друга улога(тука отстапка праи Де Ниро,тој сјаел и во многу други улоги).


Пример како од копиљ шо шитка цигари у маало.., станува локал мафијаш и дете од доверба.



Сето тоа едитирано на тој начин што несакаш да заврши филмот.
Бидејќи трансформацијата се очекуваше,во биографија знаеш што се случило -како ќе биде-како ќе заврши.Нема место за порадикални импровизации.

Ray Liotta требаше да се пензионира после улогава.
Лесно беше кога беше на врвот.

а види му сурат коа е у небрано.


За Де Ниро доста е шо пуши цигара и праи face expression.
Толку бил посветен на улогата шо го замарал оној вистинскиот Џими со чести повици во затвор,само за да го долови најдобро што може.
Харизмата ја објаснува нараторот,каде влага Џими сите се wow .
Таква му беше и глумата.
Некои од неговите совети во филмот се едноставни а бесценети за тие шо праат матни бизнис зделки.

Џо Пеши :vozbud: иако вистинскиот Томи бил голем човек, треба голем талент за таков психо да изглумиш.Funny guy.
Заслужено оскар.Толку за него.

Пол Сорвино, Лорен Брако,Фрeнк Винсент како појава,Мајкл Империоли како Спајдер, па и мајка му на Скорсезе.(y)10/10

Техниката на снимање.
Исто као да си во клубот.
Да не ставам клипови,има многу сцени каде се снима опкружувањето и луксузот или бедотијата на самото место.

Нема оригинален саудтрак,сепак песните као шо пишав се совршено склопени.
Одбрани според самото дејствие ,на почетокот се е повесело и полајт.
За потоа да следат Ролинг Стоун,Џорџ Харисон и Сид Вишс за крај.


Лиота се обидуваше на неколку пати да го одвикне вистинскиот Хенри хил од алкохолот и други зависности.За жал не успеа.Хенри Хил почина лани.



Ова е едноставен филм за животот на Хенри Хил и неговото опкружување т.е. портретирањето на криминалците кое ви овозможува да го видите животот на една екипа која се нарекува гудфелас.
Добрите и лошите времиња низ кои тие поминуваат.
И еден избор.
Дали сите тие со кои си го поминал животот вреди да ги уништиш ,на сметка - спас за својот газ?

Можеби и вие ќе се најдете некој ден во таква ситуација.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Mementо
не можам да сфатам зошто досега не сум го изгледал. филмот е прејак и заслушува чиста 10ка.
ако сакате добар трилер, акција и на крај голем пресврт кој ќе ве остави со подзината уста обавезно да го изгледате.
најважно е да сте сконцентрирани додека го гледате, не смеете да пропуштите ни најмала сцена инаку нема да можете да ги поврзете настаните.
значи овој не е филм кој мислиш дека можеш да го гледаш, а во меѓувреме мозокот на пасење да го пуштиш.
http://www.imdb.com/title/tt0209144/
интересен и полн со пресврти до самиот крај.
п.с. сигурно повеќето љубители на трилер филмови го имате изгледано филмов, ама вие што не сто го гледале обавезно да го изгледате.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom