Предлог за Monkey Marathon!
Ако сте фанови на класичниот сај-фај серијал Planet of the Apes, новиот филм може да ве натера да ги ѕирнете уште еднаш старите. Ако не сте ги гледале старите, имате таман доволно време пред да излезе посаглам снимка од новиот.
1. Ако ја прифатите сугестијата за филмски маратон, потребно е да почнете од
Planet of the Apes (1968), иако новиот филм е preaquel, на некој начин. Како што почнаа да ги изменуваат приказните, ќе се појави термин за она што јас го викам alternative prequal. Како и да е, потребно е да го гледате филмот со Чарлтон Хестон прво, затоа што новиот филм е спојлер, а штета е да го упропастите првиот дел кој има еден од најшокантните краеви во историјата на филмот. Од тие причини не треба да барате никаков линк за ИМДБ или било што друго освен за download.
Кратка содржина: група астронаути одат во вселенска мисија, но заглавуваат на чудна планета на која владеат интелегентни мајмуни кои зборуваат.
Филмот има мизерни ефекти но култен статус, како и целиот серијал има напредни идеи за тоа, па и за денешно време.
Такоѓе, римејкот на Бартон
Planet of the Apes (2001) не чини, не го гледајте или барем оставете го за крај.
2. Rise of the Planet of the Apes (2011)
Сега слободно можете да го гледате новиот иако би препорачал да почекате да излезе барем R5. Јас лично ќе го гледам уште еднаш на R5 и уште еднаш на DVD
Не викам дека е чудо од филм или мастерпис, едноставно многу го сакам серијалот и ме радува што филмот не е фијаско како она од 2001. Иако дејствието суштински се случува пред првиот дел има неколку поместувања. Прво, првиот дел се случува во 1972 година додека овој се случува во денешно време. Понатаму, изменета е приказната за настанокот на интелигентните мајмуни и тоа е една од работите која не ми штима. Во пракса, третиот и четвртиот дел се вистинските preaquel филмови на првиот и вториот. Заради спојлери нема да коментирам, но нивната приказна е многу посилна и ја движи целата приказна напред и назад низ времето.
Настрана тоа, ми се допаднаа многу работи во врска со филмов. Емотивен е, има приказна, има добар music score. Цезар е перфектно анимиран. Ефектите се одлични, даваат еден нов, динамичен Apes филм. Постои хемија помеѓу Франко и Цезар, повеќе отколку помеѓу Франко и женска му. Има неколку трибјут моменти за првиот филм, како „Тргни ги валканите шепи од мене, валкан мајмуне“ (славната реченица на Чарлтон Хестон) , прекарот „Bright eyes“ кој беше прекар на Хестон во првиот дел, сцените со кафезот и цревата со вода и една сцена со Хестон на ТВ. Исто така, уфрлени беа сцени кои би требало да го поврзат филмов со првиот дел или можеби со некој нов римејк на првиот дел. А тоа е веста за првата човечка експедиција на Марс која ќе ја снема во вселената (јасно е дека ова е мисијата на Хестон од првиот дел).
Кратка содржина: Барајќи лек за ајцхалмерова болест, докторот Вил Родман (Франко) тестира мајмуни по што ќе забележи промени во нивното однесување, и подобрување на интелегенцијата. Експерименти како експерименти на филм ќе излезат од контрола...
3. Beneath the Planet of the Apes (1970)
Се враќаме на оригиналната приказна. Според мене овој и последниот дел се најслабите од серијалот, но овој барем ја продолжува приказната. Започнува каде што завршува предходниот и оди до конечниот крај. Освен за некои анти-воени и наука Vs религија теми, како и за да бидете во тек со приказната, за друго баш и не е потребен. Значи филмот е must-see, но во друга смисла
Кратка содржина: астронаутите се обидуваат да се спасат од мајмуните но во нивното бегство по планетата наидуваат и на некои нови, еволуирани и можеби поопасни суштества...
4. Escape from the Planet of the Apes (1971)
Е ова е веќе вистинската работа, временски би се случувал нешто пред новиот филм, кога приказната би била иста.
Кратка содржина: мајмуните Корнелиус, Зира и Мајло, инаку научници, го користат бродот на астронаутите за да побегнат и завршуваат во Њујорк каде што стануваат атракција, но мора да ја сокријат тајната... Цезар доаѓа некаде на крајот од филмот.
Најдобро продолжение после првиот дел.
5. Conquest of the Planet of the Apes (1972)
Viva la (R)evolution!
Ова продолжение е комбинација од новиот филм и I,Robot, со тоа што наместо роботи со вештачка интелегенција во случајов имаме мајмуни.
Кратка содржина: нема да пишувам за да не правам спојлери на Rise of the planet of the Apes, иако приказните се разликуваат суштината е иста.
6. Battle for the Planet of the Apes (1973)
Лошо продолжение, баш и не мора да го гледате. Ја остава приказната далеку пред почетокот на првиот дел, и тоа многу недоречено. И веројатно не на начин на кој што требаше да заврши. Ради реда, може да се погледне.
Ова инаку требаше да биде рецензија на
Rise of the Planet of the Apes (2011) ама решив малку да ја проширам. Ќе пишував и повеќе но тешко е да се избегнат спојлери. За класичниот серијал можам да кажам дека е must-see за сите sci-fi фанови, освен за оние кои под овој жанр подразбираат нови филмови базирани на ефекти. За поновите филмови (2001 и 2011) можам да го предложам вториот, додека првиот прави само непотребна забуна, има лоши карактери и дупки во приказната.
Уживајте!
P.S.
За Бенеамата и остали:
Twelve Monkeys (1995) нема врска со овие