Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571

Blinkende lygter aka Flickering Lights

Нешто ново, филм од неамериканско подрачје, поточно Данска. Одлична глума од актерите кои изгледа многу лесно успеале да се соживеат со улогите. Тиркилд, Арне, Питер и Стефан се четворица другари кои поради одредени околности во нивниот живот(се прикажуваат во текот на филмот) се здружуваат и стануваат мали локални криминалци. Можеби на почетокот ќе помислите дека е гангстерски филм, сепак понатака сосема се менува текот на филмот, со неколку добри сцени на црн хумор и сцени со пукање, онака опуштено.
Вреди да се погледне.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
30
Поени од реакции
3
Ask Tesadufleri Sever - filmov e turski, prvite 5 minuti izgleda blesavo, kao tapa e, ne go gledam, ama potoa... Pogledaj pa komentiraj...( ljuboven)
Brewster's Millions - 1985 - star film ama interesna komedija
The.Adjustment of.Bureau - triler
The illusionist-2006 - triler,misterija
One.Way-2006 - triler
Izgledaj gi ovie, pa ako ti se dopadne nesto ke ti pratam uste. Inaku jas obozavam da gledam filmovi i gledam mnogu, pa imam eden kup sto bi mozela da gi preporacam, samo sepak, za vkusovi ne se diskutira...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ask Tesadufleri Sever - filmov e turski, prvite 5 minuti izgleda blesavo, kao tapa e, ne go gledam, ama potoa... Pogledaj pa komentiraj...( ljuboven)
Brewster's Millions - 1985 - star film ama interesna komedija
The.Adjustment of.Bureau - triler
The illusionist-2006 - triler,misterija
One.Way-2006 - triler
Izgledaj gi ovie, pa ako ti se dopadne nesto ke ti pratam uste. Inaku jas obozavam da gledam filmovi i gledam mnogu, pa imam eden kup sto bi mozela da gi preporacam, samo sepak, za vkusovi ne se diskutira...
Нова си па нема да трнираме строгост на ваков пост. Ти пишува во наслов дека треба да пишеш рецензија, а не да ставаш наслови. Нареден ваков пост се брише ради оф топик, а на понареден следи бан.
А да и велком:)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Chasing Amy (1997)

Настрана насловот што звучи на некоја тин романтика, филмов е прекрасен. Обработува многу моменти:
- Пријателство што преминува во љубов или неостварена љубов што е скриена во пријателство.
- Дали може геј личност да стане стрејт или обратно.
- Како една личност се определува да биде геј.
- Зошто ни е толку битно минатото на партнерот.

Освен тоа, се бори против некои наши предрасуди, што многу ми се свиѓа у филмови...ако не знаете на што мислам, асоцијации American beauty и Vicky Cristina Barcelona.

- Зошто секогаш под факинг подразбираме пенетрација?
- Зар не значи ако му љубомориш на другар ти за женската, а ти самиот не си очаен мастурбирач (туку си закон типот што го глуми "My name is Earl") дека си потајно вљубен у него?
- Дали можда е боље некад да се отфрли библиското "ние сме 2 половини што меѓусебно се надополнуваат" и да се уфрли трета личност у "заедницата"?
- Дали може вистинската љубов да остане неостварена или до кога ќе веруваме во митот дека истата победува се`? Ова е интересно : Кевин Смит - режисерот уствари во филмот бил инспириран од неговата неостварена љубов со бившата Joey Lauren Adams која ја игра главната глумица тука, Алиса !
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Предлог за Monkey Marathon! :)

Ако сте фанови на класичниот сај-фај серијал Planet of the Apes, новиот филм може да ве натера да ги ѕирнете уште еднаш старите. Ако не сте ги гледале старите, имате таман доволно време пред да излезе посаглам снимка од новиот.

1. Ако ја прифатите сугестијата за филмски маратон, потребно е да почнете од Planet of the Apes (1968), иако новиот филм е preaquel, на некој начин. Како што почнаа да ги изменуваат приказните, ќе се појави термин за она што јас го викам alternative prequal. Како и да е, потребно е да го гледате филмот со Чарлтон Хестон прво, затоа што новиот филм е спојлер, а штета е да го упропастите првиот дел кој има еден од најшокантните краеви во историјата на филмот. Од тие причини не треба да барате никаков линк за ИМДБ или било што друго освен за download.

Кратка содржина: група астронаути одат во вселенска мисија, но заглавуваат на чудна планета на која владеат интелегентни мајмуни кои зборуваат.

Филмот има мизерни ефекти но култен статус, како и целиот серијал има напредни идеи за тоа, па и за денешно време.

Такоѓе, римејкот на Бартон Planet of the Apes (2001) не чини, не го гледајте или барем оставете го за крај.

2. Rise of the Planet of the Apes (2011)
Сега слободно можете да го гледате новиот иако би препорачал да почекате да излезе барем R5. Јас лично ќе го гледам уште еднаш на R5 и уште еднаш на DVD :) Не викам дека е чудо од филм или мастерпис, едноставно многу го сакам серијалот и ме радува што филмот не е фијаско како она од 2001. Иако дејствието суштински се случува пред првиот дел има неколку поместувања. Прво, првиот дел се случува во 1972 година додека овој се случува во денешно време. Понатаму, изменета е приказната за настанокот на интелигентните мајмуни и тоа е една од работите која не ми штима. Во пракса, третиот и четвртиот дел се вистинските preaquel филмови на првиот и вториот. Заради спојлери нема да коментирам, но нивната приказна е многу посилна и ја движи целата приказна напред и назад низ времето.

Настрана тоа, ми се допаднаа многу работи во врска со филмов. Емотивен е, има приказна, има добар music score. Цезар е перфектно анимиран. Ефектите се одлични, даваат еден нов, динамичен Apes филм. Постои хемија помеѓу Франко и Цезар, повеќе отколку помеѓу Франко и женска му. Има неколку трибјут моменти за првиот филм, како „Тргни ги валканите шепи од мене, валкан мајмуне“ (славната реченица на Чарлтон Хестон) , прекарот „Bright eyes“ кој беше прекар на Хестон во првиот дел, сцените со кафезот и цревата со вода и една сцена со Хестон на ТВ. Исто така, уфрлени беа сцени кои би требало да го поврзат филмов со првиот дел или можеби со некој нов римејк на првиот дел. А тоа е веста за првата човечка експедиција на Марс која ќе ја снема во вселената (јасно е дека ова е мисијата на Хестон од првиот дел).

Кратка содржина: Барајќи лек за ајцхалмерова болест, докторот Вил Родман (Франко) тестира мајмуни по што ќе забележи промени во нивното однесување, и подобрување на интелегенцијата. Експерименти како експерименти на филм ќе излезат од контрола...

3. Beneath the Planet of the Apes (1970)
Се враќаме на оригиналната приказна. Според мене овој и последниот дел се најслабите од серијалот, но овој барем ја продолжува приказната. Започнува каде што завршува предходниот и оди до конечниот крај. Освен за некои анти-воени и наука Vs религија теми, како и за да бидете во тек со приказната, за друго баш и не е потребен. Значи филмот е must-see, но во друга смисла :)

Кратка содржина: астронаутите се обидуваат да се спасат од мајмуните но во нивното бегство по планетата наидуваат и на некои нови, еволуирани и можеби поопасни суштества...

4. Escape from the Planet of the Apes (1971)
Е ова е веќе вистинската работа, временски би се случувал нешто пред новиот филм, кога приказната би била иста.
Кратка содржина: мајмуните Корнелиус, Зира и Мајло, инаку научници, го користат бродот на астронаутите за да побегнат и завршуваат во Њујорк каде што стануваат атракција, но мора да ја сокријат тајната... Цезар доаѓа некаде на крајот од филмот.
Најдобро продолжение после првиот дел.

5. Conquest of the Planet of the Apes (1972)
Viva la (R)evolution! :) Ова продолжение е комбинација од новиот филм и I,Robot, со тоа што наместо роботи со вештачка интелегенција во случајов имаме мајмуни.
Кратка содржина: нема да пишувам за да не правам спојлери на Rise of the planet of the Apes, иако приказните се разликуваат суштината е иста.

6. Battle for the Planet of the Apes (1973)
Лошо продолжение, баш и не мора да го гледате. Ја остава приказната далеку пред почетокот на првиот дел, и тоа многу недоречено. И веројатно не на начин на кој што требаше да заврши. Ради реда, може да се погледне.


Ова инаку требаше да биде рецензија на Rise of the Planet of the Apes (2011) ама решив малку да ја проширам. Ќе пишував и повеќе но тешко е да се избегнат спојлери. За класичниот серијал можам да кажам дека е must-see за сите sci-fi фанови, освен за оние кои под овој жанр подразбираат нови филмови базирани на ефекти. За поновите филмови (2001 и 2011) можам да го предложам вториот, додека првиот прави само непотребна забуна, има лоши карактери и дупки во приказната.

Уживајте!



P.S.
За Бенеамата и остали: Twelve Monkeys (1995) нема врска со овие :cool:
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

Noel (2004)

Приказна за неколку луѓе кои се запознаваат меѓусебно во различно време и на различно место за божиќните празници. Секој си има некаква приказна која што прави за Божиќ да се чуствува осамено, отфрлено, несреќно. Меѓусебното запознавање и животните приказни кои ќе си ги раскажат дефинитвно фрла ново светло на нивните животи и ги менува на подобро .

Тој шо е по плачки нека си земи пакетче палома чинија пуканки и нека ужива.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Браво бе, успеа да одговориш на прашање поставено на 9-ти април 2005-та. Се изначека Acid за предлогов 6 години човекот филм не изгледа...

Иначе оф-топик си, во оваа тема забранети се коментарчиња, ова е само за рецензии. Вакви работи во темата за Генерална дискусија. Welcome.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Cell 211

По препорака на Io Sono Interista го изгледав филмов ииии... :vozbud::cuc::vozbud: Сеуште сум под импресиии:
Приказната за двајца мажи на различни страни од затвор немири - на затвореник водивостанието и млади стража заробени во револт, кој се претставува како затвореник воочајнички обид да преживее од своето тешко искушение.
Оценка според мене 10/10
И секако не е од Холивуд, шпанциве стасале да прават квалитетни филмови!!!

 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Уште една препорака до филмаџииве :icon_lol: Apocalypto
На Маите царство се соочува со намалување, владетели инсистираат на тоа декаклучот за просперитет е да се изгради повеќе храмови и нудат човечки жртви. ЈагуарPaw, еден млад човек заробен за жртва, бега за да се избегне неговата судбина.


На сите им го препорачувам овај филм не жалете интернет и време изгледајте го!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Senna (2010)


Ги надмина сите мои очекувања, кои се сведуваа на просечен документарец за еден голем спортски херој од моето детство. Ама не, ова навистина е направено со многу ентузијазам и љубов.

Не сум F1 фанатик или барем фан. Не треба да бидете ни вие за да го гледате филмов. За Сена се сеќавам визуелно бледо, ама втиснато е во мојата меморија, како и многу други работи кои останале од детството. Сергеј Бубка скокаше највисоко, Карл Луис беше најбрз, Мајк Тајсон беше најјак, Сена... Аиртон Сена царуваше на F1 патеките.

Филмот е биографска приказна за бразилецот кој успеа да ги фрли во сенка фудбалските ѕвезди од својата земја и да стане национален херој, човек со кој ќе се идентификува и гордее бразилскиот народ. Неговата скромност, воспитување и хуманост, заедно со неговата желба за победи и страст кон трките, на прекрасен начин ни е доловена во филмот, преку негови изјави, семејни снимки, снимки од трките и коментари на лица кои го познавале. Сето ова надополнето со музички скор и камера која го зумира и успорува во одредени моменти, прикажувајќи работи низ кои поминува во моментот без воопшто да биде потребен коментар.

Неговото ривалство со Прост е во центарот на вниманието во поголемиот дел од филмот, но она што мене ме импресионираше е интелектуалниот капацитет на Сена, начинот на кој ги разбира и објаснува работите поврзани со неговата професија, како и со општествените прилики во неговата држава.

Аиртон Сена три пати стана светски првак пред фаталната трка во Имола, Италија, на која и е посветено доста внимание. Вистинско чудо е како никој не го сопрел ова лудило од трка откако во петокот Баричело поминал со полесни повреди, а во саботата Раценбергер стана првиот Ф1 возач кој погинал на една патека. За само ден потоа, во бизарна несреќа животот да го загуби Сена...

Се на се, еден убав трибјут за човекот чие име го знаеа сите и беше синоним за брзина насекаде во светот. Треба да го погледне секој кој знае и не знае кој бил Аиртон Сена. Од мене 10/10, без двоумење.

P.S.
Многу проблеми со различни верзии за download, скратени/продолжени... и уште повеќе проблеми со преводите (филмот е на неколку јазици). На крај, се снајдов со една копија со ова име SENNA [2010] DVD Rip Xvid [StB] која има превод на англиски за неанглискиот дел, а може да се најде и хрватски за цел филм. Ако не можете да се снајдете, по ПП.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Never let me go (2010)

Поттикната од пофалните зборови на Вокерка, а не можејќи да и` извадам инфо за филмов ни у живо, морав да го гледам што побрзо, јебига, а и среќа.

Филм што мава на сентименталност, тотално тажно цело време, но има реченица или две кои ја даваат мотивацијата. Слично на Lylia-4ever и на The fountain. Моментот кога Tommy излезе од колата и викаше на патот, epic.

Справувањето со загубите во животот, справувањето со средината во која си роден и наметнатиот начин на растење, справување со пропуштените шанси и справување со заробеноста. Не помислуваа да побегнат, за да се даде критика колку наметнатото може да влијае на тоа како човек ќе размислува, како ќе се поима себеси и светот, за да се даде до знаење дека човекот може по природа и не е толку себичен, а всушност овие единки којзнае дали би живееле среќен живот ако побегнат, знаејќи дека на тој начин, напуштаат све што е свое и познато и одбивајќи да спасат неколку човечки животи.

Филмов е за љубов, за самопожртвуваност, за големина на душата, а филмов е и за нашата роботизираност. Го живееме ли животот целосно? Или фали време? Пропуштаме ли луѓе што ни значат? Се бориме ли за тоа што го сакаме, или go with the flow?

Филмов има и друга димензија; размислете за идејата што ја претставува во однос на начинот на лекување. За или против? Четврта причина зошто не помислуваа да побегнат, филмов не зазема став дали е за или против. Дискутабилно е, јебига.



Јас како што сфатив, се работи за клонови на луѓе т.н. модели, клонови кои се одделени од општеството во една установа, потоа кога ќе достигнат одредена возраст, стануваат carers, задолжени за грижа за болните, а после некое време, стануваат донори, донираат органи и само прашање на време е кога ќе "комплетираат" - умрат. Немаат некој СВОЈ живот. Но имаат душа, уникатна, свои мисли, свој карактер...

Глумците се прекрасни, и двајцата: Carey Mulligan (прекрасна!) и Andrew Garfield (добриот од the Social Network).
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Tree Of Life



Едвај го дочекав филмов. Немав трпение да го дочекам на подостојна снимка и тука малку ја утнав работата. Ова се гледа строго на HD со огромен екран и звучници. Ова е експлозија од бои и звуци, вистинска уметност. Теренс Малик нема зошто да го брани својот филм, всушност сфаќам зошто никаде не го резимираше филмов, едноставно е тешко да се опише содржината на ова дело.

Во почетокот ќе си мислите дека гледате документарец. Природата, светот, планетата Земја се прикажани страшно величествено и тој приказ има огромна корелација со човекот. Токму во тие моменти во филмот се судираат човековата потреба од Бог, сигурност и рамо за плачење со големината на создавањето на животот кој ја прави единката капка во морето. Малик направил добар штос, во моментите на страдање кога ликовите плачат по Бога барајќи одговори, тој ја прикажува величественоста на светот и функционирањето на природата, така што се добива впечаток дека човековото страдање е речиси неважно споредено со севкупниот тек, за потоа при крајот човек да посака да ја бакне земјата по која оди и своите најмили.

Ова е филм на паралели. Грижлива мајка полна со љубов, наспроти строг татко кој учи на дисциплина. Ненадејна смрт на една личност, наспроти животот на децата кои растат. Големината на природата наспроти маленкоста на човекот. Она што е интересно е што филмов ја има онаа тензија предизвикана од т.н громогласна тишина. Сцените со природата се толку тензични што ве тераат постојано да очекувате да се случи нешто ужасно. Веројатно ова е филм со најмалку дијалози којшто сум го гледала досега, повеќе се молчи отколку што се зборува и тоа воопшто не пречи. Исто така можеби нема да се поврзете премногу со актерите, ама сепак ќе се поврзете со филмот. Да, во него глумат и Бред Пит и Шон Пен, само да не ве лаже името на Шон Пен во филмов, тој се појавува едвај 10 тина минути. За разлика од него, Бред Пит има чиста 10 ка, знае да глуми строг татко и малку ме потсети на ликот на Алдо Рејн со гримасите што ги правеше. Прочитав една занимливост дека Бред Пит се дружел постојано со трите момчиња на сетот за да не го почувствуваат како непријател, зашто навистина има сцени кои можеле да ги испаничат.

Содржината на филмов? Па, тешко е да се каже, веројатно затоа и Малик мудро молчи. Отприлика би дошло вака: Еден син се соочува ментално со своето детство поминато под раката на мајка со големо срце и строг татко. Низ тој процес тој се обидува да ги осознае смртта и животот. Мислам дека е доволно.

Сепак сметам дека ова не е филм за секого, многумина можеби ќе го сметаат за празен и бавен, всушност тоа и му беше главната замерка, некои критичари изјавија дека е каша попара. А всушност филмов е вистинска уметност и има своја длабока филозофија. Едноставно мора да го гледаат сите филмски ентузијасти.

Побогу самиот трејлер е чиста магија.

 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.520
Поени од реакции
29.016
My Sister's Keeper


Филмов го гледав по препорака на другарка кога побарав Драма ама вистинска Драма. Уште на старт ќе ви кажам дека филмов неможам да го оценам зошто не заслужува 10ка ни 7.4 според ИМБД, заслужува многу повеќе.

Се работи за сестричка која боледува од Рак и полека умира, целото семејство е посветена на неа иако има и брат и сестра, сестра која е родена само за да ја спаси(ќе видите за што станува збор). Доаѓа до заплет каде што едната сестра си ги тужи родителите со причина дека сака да го "поседува" своето тело, а не да и ги вадат органите и слично.

Сестричката која боледува од рак знае дека умира и едноставно не знае што да прави со својот живот, некогаш е среќна и ужива како да не е ништо, а некогаш е депресивна. Се запознава со Тејлор, малата сестричка која помага се запознава со Александар. Понатака би требало спојлери, но не сакам да ги ставам гледајте го филмов заслужува да го гледате....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
The Beaver (2011)


E филм на Jodie Foster ако ви се верува. Се работи за драма на тема депресија, а се врти околу главниот лик Walter Black (Mel Gibson), оженет човек со две деца, кој страда од депресија. Ова води до напуштање на своето семејство, за подоцна Walter да најде една кукла-дабар која станува негово алтер-его. Тој не ја вади од раката и зборува само преку куклата, по што неговиот живот тргнува во нова насока...

Толку од содржината, а сега за другите работи: го имам она лошо чувство дека овој филм можеше да биде голем, но сепак не е. Тоа е непријатно чувство поточно, кога сакаш филмот да успее ама тоа не се случува. Иако се занимава со тешка тема и допира некои прашања од денешното општество, потфрлува на друг план: лоша споредна приказна (онаа на син му и девојката), лоши споредни улоги (онаа на син му и девојката), претерано филмање на Jodie Foster на моменти (сцената од Sommersby со Ричард Гир од судницата ако сте ја гледале... проба и тука да извлече нешто такво ама не помина...) многу плитко обработени односи во семејството (груба грешка за вакви филмови кои претендираат да бидат „тешки“). На крај, имам впечаток дека гледав паралелно два филма, еден на многу тешка, сериозна тема и еден тинејџ филм, ама од досадните.

Една добра работа покрај приказната на главниот лик е и самиот Mel Gibson кој беше далеку над нивото на филмот. Друга добра работа беше саундтракот, ма да јас му давам добра оцена на секој саундтрак кој ги вклучува Radiohead.

Добра идеја, не многу добра реализација. Но сепак нешто што сите почитувачи на делото на Мел Гибсон треба да го изгледаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom