Cannon
Doctor
- Член од
- 22 март 2009
- Мислења
- 5.101
- Поени од реакции
- 5.841
Revolutionary Road
Многу добро филмче, со Леонардо ДиКапприо и Кејт Винслет во главните улоги.
Жанр : Драма
Кратка содржина: Се работи за брачна двојка со две деца која живее во едно предградие во средината на 50 год. од минатиот век во америка. Двојката си живее типичен американски живот од предградијата. Мажот оди на работа која не ја сака , а жената се грижи за куќата. И така двајцата потонуваат во се поголема монотија и униформност на живеењето. Двајцата чуствуваат дека нешто им фали во животот , дека сакаат вистински да го живеат, а не само тој да поминува покрај нив. Решаваат да го сменат тоа со тоа што ќе се преселат во Парис но тука започнуваат сплетките.
Заклучок : иако филмот има спор почеток , со развитокот се зголемува драмата тензијата расте и ве држи на штрек се до крајот на филмот. Филмот ја обработува универзалната тема на животот а тоа е дека не сакаме тој да помине туку така и да се задоволиме со просечноста, туку дека сакаме да го искористиме до максимум, и како што се спомнува во филмот да бидеме посебни.
Оцена 8,5/10
http://www.imdb.com/title/tt0959337/