Предлог за филм со кратка рецензија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Момци и девојки, на темава не се реплицира. Користете ja темата "Генерална Дискусија"
 

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Hot Tub Time Machine ( imdb линк http://www.imdb.com/title/tt1231587/ )
Филмов едноставно ме остави без зборови :):) Една од подобрите комедии кои што ги имам гледано годинава,и ми остави голем впечаток.Исполнета со многу епик моменти за релаксирано и опуштено гледање е тип топ :):) Онака во кратки црти, се работи за 3јца другари кои што по одредена случајност по подолг период се собираат повторно заедно и тргнуваат на пат кон местото каде што ги имаат поминато своите незаборавни моменти од детството.По пристигнувањето започнуваат сите заврзлами :):) Од мене филмов има 8/10 бидејќи сум љубител на ваков тип филмови :)

 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.713
Поени од реакции
11.549
Lottery Ticket



Не ме бива многу за рецензии, ама филмчето е ептен интересно, треба да го изгледа секој.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Lottery Ticket



Не ме бива многу за рецензии, ама филмчето е ептен интересно, треба да го изгледа секој.
во кратки црти: Kevin Carson е сиромашно момче кое живее со баба му и живее мирен живот, но се ќе се смени кога ќе добие на лото!!
стварно интересно филмче и вреди да се погледне!
7/10
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
93
Поени од реакции
79
9 рота 2005 г («The 9th Company»)


"Тие сакаа да се биде сакан ..."

"Тие сакаа да бидат сакани ...
СССР. Дејствието се одвива во 1988 и 1989 година, неколку месеци пред да заврши повлекувањето на советските трупи од Авганистан. Седум регрути, по неколку месеци од пеколната обука "uchebke под команда на немилосрдниот водник, паѓаат во пресудни моменти на авганистанската кампања. Група на маринци, кои беа војници на нашите херои, добива работа команди - да ги преземат за висината и држете го додека поминување на колоната ..

Режија: Фјодор Бондарчук
Наѓ: Алексеј Chadov, Артур Smolyaninov, Артјом Михалков, Константин Kryukov, Иван Kokorin
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.726
Поени од реакции
21.304
I had to :D



Станува збор за филмувана адаптација според новелата Тhe Lovely Bones - Alice Sebold од страна на Peter Jackson . Иако имав сосема спротивна слика во врска со она што го работи Jackson, сепак филмов максимално ме изненади зашто реално не очекував нешто вакво од него.
Да не ви го тупам филмов многу со спојлери .... Susie Salmon (Saoirse Ronan - феноменална актерка ) брутално убиена од сериски убиец ... изгубен дух кој се наоѓа некаде помеѓу светот на живите и мртвите ... Limbo(кој сака да прочита повеќе во врска со католичкото верување за живот после смрт) .. го набљудува својот убиец и своето семејство кое страда од желбата за одмазда и разрешување на мистеријата на својата убиена ќерка . Mark Wahlberg, Rachel Weisz, Susan Sarandon, Stanley Tucci со својата феноменална глума го надополнуваат она што всушност претставува Lovely Bones ... фантастично и емоционално филмско остварување надополнето со на моменти воодушевувачки пејзажи ....

Не дека секој може да свари холивудски филм и она што истиот го нуди т.е. квантитет и штанцање на срање филмови .... понекогаш за некое чудо ќе се појави и нешто феноменално како што е и The Lovely Bones .


IMDB

p.s. Препорака е да го погледнете филмов + има многу добар soundtrack !!!!
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Transsiberian



Леле еј колку добар филм. Напнат трилер и доказ дека со малку буџет може да се направи многу добар филм. Го имаме Вуди Харелсон кој со неговата девојка патува со воз низ Сибир. Снег колку сакаш. Во возот се среќаваат со друг пар. Дечково од другиов пар почнува да флертува со девојкава. Вуди Харелсон несакајќи ќе го пропушти возот и ќе почнат да се заплеткуваат работите, многу. Во возот доаѓа и инспектор, феноменалниот Бен Кинсли.
Филмов не е љубовен, иако според раскажувањето мое така изгледа. Глумиците се преубави. Transsiberian од мене има 10/10.


The man from Earth



Исто како и претходниот, предобар филм. Малку личи на документарка и поради тоа нема да му се бендиса на секому. Дејството се одвива во една соба - моето омилено сценарио :) E сега крајот не ми се бендиса, ептен беше ко од шпанска серија. Јас имав на ум подобар крај :)
Се работа за еден професор кој заминува од градот и неговите колеги доаѓаат да го испратат. Тој им открива дека е бесмртен и живее на Земјата веќе 14.000 години. А кое е подобро друштво за поставување прашање и "разоткривање" на човекот од куп професори? Никое. Тоа е целиот филм, овие го прашуваат човекот серија прашања. Мене премногу ми се бендиса. 9/10


Greedy



Комедија со глумецот кој сите го сакаат - Мајкл Џеј Фокс. Онака добро филмче кое сигурно сите сте го гледале по телевизииве. Џо е милионер и неговава лоша фамилија му угодува за да им остави пари кога ќе умре. Но, кога тој ќе вработи млада болничарка тие се секираат дека богатството ќе и го остави на неа, па го бараат некогаш омилениот внук на дедото за да им помогне во остварувањето на намерите.
"Таму кај што има тестамент, има и наследници"
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
162
Поени од реакции
17
Го имам гледано Transsiberian, стварно одличен филм.
Многу убава фотографија има......
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
штотуку го изгледав Fool's Gold - иако е од пред 2 години -за оние ко мене што досега не го гледале , им го препорачувам
инаку , интересен забавен филм, добра музика, авантура, комедија, трилер-се на едно место, добра музика, убава фотографија, егзотични предели ....

http://www.clevver.com/movies/foolsgold
 
T

Tetro

Гостин
The Big Lebowski (1998)
Драма, Комедија



When "The Dude" Lebowski is mistaken for a millionaire Lebowski, two thugs urinate on his rug to coerce him into paying a debt he knows nothing about. While attempting to gain recompense for the ruined rug from his wealthy counterpart, he accepts a one-time job with high pay-off. He enlists the help of his bowling buddy, Walter, a gun-toting Jewish-convert with anger issues. Deception leads to more trouble, and it soon seems that everyone from porn empire tycoons to nihilists want something from The Dude.

Jesus Quintana: Let me tell you something, pendejo. You pull any of your crazy shit with us, you flash a piece out on the lanes, I'll take it away from you, stick it up your ass and pull the fucking trigger 'til it goes "click."
The Dude: Jesus.
Jesus Quintana: You said it, man. Nobody fucks with the Jesus.
:pos::pos::pos:

The Dude: Mr. Treehorn treats objects like women, man.
Malibu Police Chief: Mr. Treehorn draws a lot of water in this town. You don't draw shit, Lebowski. Now we got a nice, quiet little beach community here, and I aim to keep it nice and quiet. So let me make something plain. I don't like you sucking around, bothering our citizens, Lebowski. I don't like your jerk-off name. I don't like your jerk-off face. I don't like your jerk-off behavior, and I don't like you, jerk-off. Do I make myself clear?
The Dude: [after a pause] I'm sorry, I wasn't listening.
:pos::pos::pos:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Transsiberian



Леле еј колку добар филм. Напнат трилер и доказ дека со малку буџет може да се направи многу добар филм. Го имаме Вуди Харелсон кој со неговата девојка патува со воз низ Сибир. Снег колку сакаш. Во возот се среќаваат со друг пар. Дечково од другиов пар почнува да флертува со девојкава. Вуди Харелсон несакајќи ќе го пропушти возот и ќе почнат да се заплеткуваат работите, многу. Во возот доаѓа и инспектор, феноменалниот Бен Кинсли.
Филмов не е љубовен, иако според раскажувањето мое така изгледа. Глумиците се преубави. Transsiberian од мене има 10/10.
И јас ќе се приклучам кон твојов предлог, стварно партали филм. Иако има добри и лоши особини според мене кои треба да се спомнат. Добрите се тоа што начинот на кој што се заплеткува целата приказна е доста спонтан и непосреден, што ретко може да се види денес на филм, за тоа имаат огормен плус. Негативните бар за мене се
тоа што во ваков тип на филмови главните херои без оглед на тоа колку се беспомошни и смотани пак успеваат да се спасат на крај со тоа што имаат многу среќа и секогаш постои некоја задна врата од која може да се избега, а негативците заборавиле на тој детаљ.
9 од 10
 
T

Tetro

Гостин
Beyond the Wall of Sleep (2006)



Мала оцена има на имдб, која е мерило за квалитетот на филмот. Црно-бела слика, со многу крв :vozbud:

Инаку, кога некои не можат да ја разберат уметноста или приказната во филмот, најчесто даваат ниски оценки.
Гледајте го филмот на сопствен ризик.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


Најдобриот агент на планетата земја е во мисија да го фати лудиот научник Дјуран Дјуран кој се крие во некоја далечна галаксија.Нормално,по пат ја чекаат многу секси дешавки.

Ако сакате трипозни sci-fi филмчиња со суптилни сексуални референци ова е филмот за вас.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
A Murder Of Crows

Стар добар трилер, кој можел да биде уште подобар ако се потруделе пошто ги има сите елементи не да биде добар туку одличен . И пак си го гледав пред некој ден и пак ме воодушеви.. ПРЕКРАСНО.
Приказна за моралот, за совеста, за цената на успехот и за одмаздата.
Куба Гудинг Џуниор е одличен во филмов, додуша ретко кога лошо одглумил.
Накратко, еден поранешен адвокат станува писател, но не му оди со пишувањето. Случајно сретнува еден старец кој напишал извонредна трилер книга и му дава да ја прочита за да му каже мислење. Старецот умира преку ноќ, а книгата останува во рацете на адвокатот. Понатаму има прекрасен тек и ужасно замрсен заговор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom