Предлог за филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
5 мислења префрлени во темата Побарување на филмови... , иако требаше да ги бришам зошто незнам колку пати е кажано: прашувајте и одговарајте си таму. Овде самоПредлози со кратки рецензии.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Конечно го гледав последниот Star Trek. Кој е љубител на SF нек изволи, мислим дека е излишно било шо да се каже...интересна приказна, одлични ефекти и избор на глумци. Препоручуем!
Кој е љубител на Стар трек, ќе го мрази филмов од коска.
Кој е љубител на чистата логика, ќе го мрази филмот од коска.

Значи како може еден факт да ти го уништи цел филм...зборам за тоа дека
Неро можеше да отиде на неговата планета кога се врати 50-60 години назад во времето, да ги евакуира сите и да ги предупреди. А не да брка и уништува планети, ко некој вол.

Но хеј, тогаш не би имало филм. :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
предлог за некоја добра комедија !!!

Хеј, го напишав ова негде веќе (и то поодамна), ама пошто од тогаш не сум гледала добра комедија, ево га уште еднаш:The 40-Year-Old Virgin...зборува за ситуациите (проличнo комични) во кои влетува главното момче поради закаснетото активирање на полето на љубовта (да не речам сексот) :)
П.С Ја на пример тешко се натерав да го гледам заради главниот глумец (ми беше некако лигав), ама без разлика дал си машко ил женско, у филмов дефинитивно ќе го обожаваш :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Dial M for murder
Воодушевена сум. 100/10. Не трепнав за време на целиот филм.
Филм на Хичкок. Трилерче. И мислам дека треба да им биде лектира на денешните трилери. Се работи за маж чија жена на некој начин го изневерува и овој ќе смисли совршен план да и изврши убиство. Која интелигенција ја имаше типов еј,
али на крај ипак го фатија.
Нека не ве лаже тоа што филмов е стар (бидејќи некои имаат предрасуди), феноменален е. Ме потсети на Fracture. Дури мислам дека овој препишувал од Dial M for murder.


Gothika
Хали Бери и Пенелопе Круз на едно место. Ќе беше рај за машки (па и за женски :) ), да не беа двеве цело време во солзи и во крвишта.
И ова е трилер. Му давам 9.5/10 - имаше прекрасен почеток, вчудовидувачка средина, али крајот некако многу ми беше као хепи енд, што знам. Инаку Хали Бери е психијатар во една лудница и одеднаш ќе се најде во улога на пациент, кога ќе биде оптужена за убиство на својот сопруг.
Инаку ова е дел од саундтракот:

Мммм совршено. Гледајте го спотот за до негде да имате претстава што ќе се дешава во филмот.

За sanatorium: бидејќи сите ти предлагаат нови филмчиња, еве ти релативно poстари: Analyze this, Тhe whole nine yards, Hitch e донекаде комедија, a oд горе-долу поновиве: двата дела од Harold & Kumar и Big Stan.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
5 мислења префрлени во темата Побарување на филмови... , иако требаше да ги бришам зошто незнам колку пати е кажано: прашувајте и одговарајте си таму. Овде самоПредлози со кратки рецензии.
Веднаш после овој пост кој го пишувам незнам по кој пат, 5 оф-топици.

Кажете филм?
Еве овој гледај го...
Филмов е супер...

Поделив 5 опомени и за оваа тема немам повеќе толеранција. Последен пат: Ваш Предлог за филм со ваша кратка рецензија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Believer.


Прочитав во Свет дијаспора дека Махмуд Ахмединеџад имал еврејско потекло па се сетив на овај филм. Главниот лик на овај филм е евреин по потекло а нацист по убедување, и ако ова не ви изгледа доволно конфузно гледајте го има уште доста забегани работи во него.....
 
Член од
11 јануари 2009
Мислења
722
Поени од реакции
90
Телото на Џенифер

Оригинален наслов: Jennifer's Body
Режија: Karyn Kusama (Æon Flux, 2005.)
Сценарио: Diablo Cody (Juno, 2007.)
Улоги: Megan Fox, Amanda Seyfried, Johnny Simmons, Adam Brody, J.K. Simmons
Жанр: хорор
Година на производство: 2009

"Jennifer's Body" е секси хорор со изопачена смисла за хумор, но тоа воопшто не треба да ве зачуди ако знаете дека зад сценариото стои контроверзната бивша стриптизета Диабло Коди која минатата година доби Оскар за сценариото за филмот "Juno". Меган Фокс ја игра улогата на средношколката Џенифер која е опседната од гладен демон, па од време на време злобната средношколка се претвара во вистински злобен демон. Желна по свежа крв, Џенифер сега станува спремна да им даде шанса дури и на оние момчиња кои никогаш не ги погледнувала. Во меѓувреме, нејзината најдобра другарка Ниди (Аманда Сејфрајд) која отсекогаш била во сенката на Џенифер мора да преземе нешто за да ги спаси своите врсници.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
Ајде еве ви два филма за максимално опуштање :)

U Turn (1997)



Филмов е режиран од Оливер Стоун, со Шон Пен и секогаш максимално сексипилната (и во вој филм доста добро ги покажа актерските квалитети) Џенифер Лопез. Шон Пен ке заглави во едно забегано место, обидувајќи се да стигне до Лас Вегас за да му врати пари што му должи на еден тип, и во ова местово ке му се дешаваат збрки милион :) Забеган филм, максимално добро изрежиран. Го препорачувам.

Dazed and Confused (1993)



Во филмов се опишува начинот на живот на младината во 70`те години - незнам што друго да ви напишам за филмов, пошто ке ви го расипам :) Ке сретнете и познати фаци како Бен Афлек, Мила Јовович, овој во црвените панталони е познат лик само не ми текнува како го викаа :)
Филмов е исполнет со рокенрол, исто една од нештата што мене ете лично многу ми се допадна и моментално го слушам саундтракот :)

Од мене 10/10

P.S. Ajde mala recenzija za vtoriov film. Znaci Ben Aflek glumi eden idiot :) sto uziva da gi tepa po gaz gusterite (prva sredno) so palka za kriket,sto navodno bilo tradicija togas i tamu (i toa muabetot vo filmot e deka namerno ponavjal za da gi tepa uste edna godina plus,ovie gusterive mnogu go mrazat : ) ) Ima eden tip sto mu predstoi bleskava ragbi kariera ali mnogu vrie so drugarite :) itn.
Vo sekoj slucaj super film i super soundtrack
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.898
Поени од реакции
6.970
Не знам дали филмов веќе бил предложен овде па еве:

Artificial Intelligence: AI (2001)


Дејвид е има 11 години. Тежок е 40 кг. Висок е 130 цм. Има кафена коса. Неговата љубов е вистинска. Но тој не е.

Софистицирано дете-робот тежнее да стане “вистинско“ дете за да ја придобие љубовта на неговата човечка мајка.

Филмов е закон, посебно крајот. Режисер,the one and only-Steven Spielberg.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Не знам дали филмов веќе бил предложен овде па еве:

Artificial Intelligence: AI (2001)


Дејвид е има 11 години. Тежок е 40 кг. Висок е 130 цм. Има кафена коса. Неговата љубов е вистинска. Но тој не е.

Софистицирано дете-робот тежнее да стане “вистинско“ дете за да ја придобие љубовта на неговата човечка мајка.

Филмов е закон, посебно крајот. Режисер,the one and only-Steven Spielberg.

Ако нешто значи, еве и од мене препорака за филмов. Имајте у предвид дека тука има замешано прсти и Stanley Kubrick.

Од мене препорака за Surrogates. Дополнителен "мотив" за гледање е Bruce Willis. Треба уште да затворите очи и да замислите свет во кој имате тело од соништата кое го живее вашиот совршен живот во подеднакво совршен свет...и се тоа додека мирно си лежите во кревет. Но, не е се така розево во рајот...
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527


The Dreamers.

Неам појма зошто дури денес го гледав, ама филмов е феноменален. Режија на Бертолучи, шо сакаш, а и актерската постава е солидна.
Брат и сестра во свој затворен свет во кој на кратко ќе решат да го примат американскиот студент во Париз. Време на граѓанскиот бунт од `68, страст кон филмската уметност, инцест, бунтовништво, љубов, вино и многу голотија.
Топло го препорачувам.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Moon. Sam Bell со нетрпение го очекува завршувањето на тригодишниот договор за работа на Месечината. Осамен, без никаков контакт со Земјата, открива дека не е единствениот на оваа мисија...
...Можеби ова не е доволен мотив за да се погледне филмов, но вреди да се проба. Sam Rockwell е просто кажано одличен, и некако во свој елемент. Инаку, мора да признаам дека филмот е малку статичен, но (за мене) интересен.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Crni bombarder.




Ајде дојде на ред за предлог култниот српски филм Црни бомбардер. Дејствието е во деведесеттите години на минатиот век во Србија, а главните улоги ги толкуваат Аница Добра и Драган Бјелогрлиќ. Се се вгрти околу тие два лика андерграунд радиостаница и рок журки.
Најјако нешто во филмот ми е кога Драган Бјелогрлиќ ќе замислува дека има секс само со нејзе, а уствари секое сабајле се буди покрај друга, опасна работа тоа да го доживее човек не е исто како на филмот позаебано е.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.522
The Big Hit (1998)

Денес се сетив на филмот (и го пронајдов како се вика).

http://www.imdb.com/title/tt0120609/?c=1



Филм со Марк Волберг и типот од Ла Бамба, да не го барам како се викаше :). Комедија за друштво на.... криминалци што ке ја киднапираат една типка и ке се случуваат милион збрки во врска со тоа...

По обичај рецензијата од мене нема да надмине две-три реченици :)

Гледан ми е одамна, и сега се сетив на него па пак ке го набавам да го гледам и ви го препорачувам и вам.

Поздрав.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Доста бе се жалите дека Paranormal Activity (2007) не ве уплашил многу :) Што сакате, да врискате по улици од страв? Не сте мали деца веќе... Некој спомна дека ова бил најстрашен филм што го гледал па ви ги подигна очекувањата и ви го намали стравот... good, good, добро сторено :)

Енивеј, филмчево е прва лига, ме потсети на култниот The Blair Witch Project (1999) кој е снимен на ист начин, со обични камери и во форма на документарец, само што таму говедата кои ја лично би ги затворил напишале дека е документарец и пола свет го извадија од памет :)

Како и да е, којзнае колку пати сум напишал дека хоророт треба да биде страшен а не грозен, да има цел да не уплаши а не да не згрози. Добар хорор се снима и без кофи крв и ова е најдобар доказ. Во филмот секоја наредна ноќ интензитетот на дејството систематски се зголемува и додека очекувате да видите што наредно ќе се случи, постојано сте во тензија... одлично направено.

Инаку незнам за вас ама на снимкава што ја добив покрај оригиналниот крај има бонус и theatrical ending, значи друг крај кој се прикажува во кино салите. За да не направам спојлери и да го пишувам крајот (а бидејќи незнам кој крај сте го виделе), ќе кажам само дека во оригиналниот се појавува полиција, во кино-крајот не. Па ќе знаете што сте виделе. Не се разликуваат премногу, не менува ништо битно во приказната.

9/10 од мене, цели 10 години после Blair Which нешто слично, it was a bloody time што би рекле англичаните.

Премногу гледам филмови...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom