Предлог за филм со кратка рецензија

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Последен филм што го гледав беше Момчето во пругасти пижами. Навистина убав филм, настаните се одвиваат во времето на Хитлер кога ги убива Евреите, едноставно се приказува како едно момче од 8 години го гледа светот... навистина може да се погледне. А исто така и Неверство со Оливер Мартинез, Рочард Гир е убав филм....за овој филм немам коментар треба да го погледнете! :helou:
Оргиналното име е The Boy in the Striped Pyjamas.. И дај ви се молам луѓе пишувајте ги оргиналните имиња..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.042
Поени од реакции
45.701
Рецензијата е критичка анализа, а не давање на вовед од филмот и опис на неговата содржина . Пример, членов, на место препорака со кратка рецензија, можете бар толку да се потрудите, начекав неколку препораки од филмови што ги имам гледано и се универзално добри, а начинот на кои се приложени е тиња, воопшто да не привлече внимание а сакате да препорачате нешто, според вас добро, за останатите членови .
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Final destination 4
Добар е, на ниво со претходните три дела, иако тие некако поголем впечаток ми оставија, не знам зошто. Филмов трае само саат и 15 минути. Некои од убиствата беа грозни, многу, ми се згади. Како и да е, го препорачувам, иако секако, прво гледајте ги претходните делови, подобри ми се. Приказната- верувам дека сие ја знаете ама ај - четворица другари седат во публика на трки со автомобили, се дешава несреќа која едно момче ја предвидува и се спасуваат. Но, ќе почнат да умираат еден по еден.
Ова се прашував уште од првиот филм - ако еден од луѓето изврши самоубиство пред да му дојде редот, кругот ќе се прекине или?

Back to the future
10/10. Првпат го гледав. А стар е. Многу ми се допадна, интересен, на ниеден момент не ми беше досаден. Режисер е Спилберг, а глуми Michael J Fox како седумнаесетгодишно дете кое ќе се врати во минатото и ќе попречи на средбата меѓу неговите родители, со што го доведува до прашање неговото постоење.
Одамна немам гледано филмче кое вака ќе ме опушти. Го препорачувам, ако воопшто има некој кој не го гледал:smir:

12 angry men
Ауу добар филм. 9/10. И овој е стар, црно-бел е, али јас првпат го гледав. И мислам дека треба да претставува пример дека добар филм може да се направи со малку пари. 90% од филмот се одвива во една соба. Се работи за 12 поротници кои треба да одлучат дали ќе осудат едно дете на смрт за убиство. На почетокот 11 гласаат guilty, a 1 not guilty. Но, заедно ќе почнат да го истражуваат убиството и да наоѓаат многу мали несогласувања. Инаку, вистината на крај нее се открива, дали момчето го извршило убиството или не.
И ај некој ако знае, зошто тој едниот на крај почна да плаче?

Sky high
8.5/10. И на овој би му дала повисока оценка ама некако не ми иде да го ставам во ист кош со класици како овие погоре. Го препорачувам. Има интресна приказна. Се работи за едно момче чии родители се суперхерои, па оди во средно училиште за суперхерои. Таму најголем непријател му е едно дете кое може да испушта оган, а татко му е во затвор поради таткото на главниот лик.
Една сцена на почетокот која ме насмеа - кога првпат влагаат во училиштето, едно момче кое има x-ray vision и гледа под сукња на една цура. Оваа му се врти и го замрзнува.:vozbud:
 
K

kaiser soze

Гостин
12 angry men
Ауу добар филм. 9/10. И овој е стар, црно-бел е, али јас првпат го гледав. И мислам дека треба да претставува пример дека добар филм може да се направи со малку пари. 90% од филмот се одвива во една соба. Се работи за 12 поротници кои треба да одлучат дали ќе осудат едно дете на смрт за убиство. На почетокот 11 гласаат guilty, a 1 not guilty. Но, заедно ќе почнат да го истражуваат убиството и да наоѓаат многу мали несогласувања. Инаку, вистината на крај нее се открива, дали момчето го извршило убиството или не.
И ај некој ако знае, зошто тој едниот на крај почна да плаче?
Затоа што случајот го потсетил на неговиот син,со кој немале баш најдобри односи,па затоа бил негативно настроен кон осуденото момче.Мислам дека добро ме служи сеќавањето за филмов,иако ми е гледан поодамна.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Прикрајот еден ке пробува да се самоубие ама нема да може, ке се препие апчиња ама ке поврати, ке проба да се обеси ама јажето ке му се скине... не ке може бидејки нема да му е дојден редот за да умре.. следен пат гледај го малку повнимателно ;)
:smir:
Знам, ама на него му беше дојден редот. Тој беше на ред да умре и сакаше да умре, ама не можеше да се самоубие.
И сигурно да бил малку поодлучен ќе се можел да се убие. Тоа е моето прашање, ако успешно умре (значи не не интересира колку пати пробувал, туку да замислиме дека умрел предвреме), дали кругот ќе се прекине?

Да не бидам офтопик:
Сабајлево го даваа на Сител Dangerous Liaisons (1988). Филм со Џон Малкович, Ума Турман, Киану Ривс и Мишел Фајфер. Wow Малкович колку физички личи на вампир во филмов, немам зборови. Гледам дека има земено 3 оскари. Убав филм.
Она што ми беше интересно е следново: пред од прилика месец дена го гледав филмот Cruel intentions. Меѓу двава филма има само 4 големи разлики:
-вториот се одвива во денешницата, а првиот во некој си 16 век.
-наивната девојка (во Cruel intentions Selma Blair, во овој Ума турман), тука умира.
-во овој филм е обратено многу повеќе внимание на момчето на тн. наивна девојка
-главните улоги тука не се брат и сестра
Другото се е исто, мислам на сценариото. Дури можам да направам и паралела на ликовите. Не знам дали случајно или вториов е правен според првиот.

Од модератор:
Што зборував јас за спојлерите? Видете што убаво копче имате
. Употребувајте го кога ќе сакате да си го раскажете крајот, ма да незнам што потреба да дискутирате за крајот и да им го упропастите филмот на другите. Имате профил.

BTW, Cruel Intentions е преработка на Dangerous Liaisons.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
New swirled order (documentary about crop circles, 2009).



Ова е документарен филм за круговите во жито, и за разлика од глупите лигави документарци на Национал Географик и Дискавери каде што авторитетни професори објаснуваат како се направени од човек овај документарец зазема поинаков став. Мое лично мислење е нема шанси луѓе во една вечер под закрила на ноќтта да направат така сложени геометриски фигури, и што е најважно од се да не се повторуваат. Има и од човек направени ама ќе ја видите разликата во филмот помеѓу нив и другите што не можат да се објаснат. Често ги поврзуваат со Вонземјани далеку понапредни од нас, и ако е вистина тогаш не лажат овие од Холивуд дека ќе дојдат да не покорат :icon_lol:. Затоа што нема никаква штета ниту на житото ниту пак има радијација која е штетна за човекот во тие уметнички дела....
Гледајте го ќе добиете поинаква перспектива за тој феномен.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Body Snatchers!

OK, три во едно, цело е кога има се... Рецензија за три филма, или три верзии, како сакате:

1. Invasion of the Body Snatchers (1956)
2. Invasion of the Body Snatchers (1978)
3. The Invasion (2007)

И сите три ги изгледав турбо, еден по еден, за да можам да направам споредба и да видам како изгледа приказната во филмови од три различни временски периоди. Самата приказна за Боди Снечерите (Крадците на тела), оди вака: Од вселената паѓа непозната материја (начинот и формата различен во филмовите), кои влегуваат во човековиот организам и го модифицираат неговиот ДНК. При тоа, луѓето ги губат емоциите кои се одлика на човечкиот карактер, и се раѓа нова врста на бесчуствителни суштества, која го истиснува човекот и ја презема планетата, формирајќи ново општество на мир, хармонија, но без никакви чувства...

Во сите три дела главниот лик е Др.Бенел, со тоа што во првите два е машко, а во третиот е женско (Никол Кидман). Првиот дел се одвива во мало Американско гратче а другите два во големи градови. Различен е начинот на кој Снечерите доаѓаат, се манифестираат, и го преземаат човековиот организам, во сите три дела. Заедничко е што луѓето мораат да заспијат, за да бидат преземени. Исто така, еден дел завршува со хепиенд, во еден победуваат Снечерите, а еден има недефиниран крај, со предност за „нашите“. Не откривам...



Првиот дел е Sci-Fi Класика од 50-тите. Како таков, филмот претставува вистински терор за тогашната публика. Потребно е да ги знаете некои карактеристики на луѓето од тоа време, степенот на нивното познавање на работите и слично... за да ви биде јасно зошто Sci-Fi филмовите од 50-тите се толку ценети и толку ги избезумувале луѓето. Прво, за овие луѓе, Sci-Fi жанрот често им доаѓал пострашен од најстрашните денешни хорори, затоа што им бил ново искуство и како и денешните луѓе, биле на смрт препрлашени од непознатото. Ако се внесете малку во таква улога, тогаш првиот филм за Снечерите е ненадминат терор, луѓето се жалат дека не ги препознаваат најблиските: Татко ми не е Татко ми, Син ми не е Син ми... но никој не им верува, се додека Снечерите не ги преземат и нив. Кругот се затвора и остануваат само главните ликови кои се борат да избегаат од светот кој веќе престанува да биде нивни.

Филмот има оцена 8.0/10, што е ОК, оние кои гледаат Sci-Fi класици знаат што треба да очекуваат.




Римејкот од 1978 има одлична актерска екипа: Доналд Садерленд, Џеф Голдблум, Брук Адамс... но некако овој филм потфрли кај мене. Приказната е пренесена во поголем град како што реков, но некако изостана спектаклот што би требало да произлезе од тоа. Не се почуствува многу стравот од Снечерите или некаква тензија во филмот. Има оцена од 7.3/10, јас би му дал 6.5/10 максимум, добро е да се изгледа но не е ништо посебно за кое треба да се мачите да го најдете филмот.




Како што си оди редот, очекував дека третиот дел ќе биде најслабо оценет и најмногу критикуван. Луѓето секогаш очекуваат повеќе а римејк филмовите секогаш потфрлаат. Но филмов воопшто не ми остави лош впечаток, иако можеше да се направи и многу подобро. Прво, има една разлика што во овој дел Снечерите можат дирекно да ти ја пренесат „заразата“, на малку (малку повеќе) одвратен начин, и незнам зошто поновиве филмови го внесуваат тој „гаден“ елемент. Не е страшно, а не е ни смешно. Како и да е, барем го немаше многу. Понатаму, во овој дел прв пат се јавуваат и луѓе кои имаат имунитет, што не беше случај во предходните.

Иако повеќето веќе ја знаат приказната за Снечерите и не им делува шокантно како во првиот дел, можеби ќе беше подобро да има повеќе мистерија (како во првиот), а не веднаш да прејдат „на главното“. Но и вака како што е, успеале да направат тензија, да ја доловат паниката кај луѓето кои се борат да преживеат, луѓето кои не сакаат да живеат живот без никакви чувства (младиот пар кој се фрла од една зграда е вистинска сцена која ги опишува очајот и немоќта кај луѓето). Атмосфера во која никој не верува никому зошто во секој момент, најдобриот пријател може да се претвори во најголем непријател.

Можеле да направат и епски добар блокбастер од ова, но како и да е, не сум незадоволен, филмот е сосема респектабилен римејк.

7.5 за овој дел и препорака да го изгледате, и покрај многуте лоши критики. Само без огромни очекувања.

Официјален трејлер, иако е прилично лош:

 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
не во оваа тема. Првите 2 во темата за Побарувања на филмови, третиот ни таму, туку по ПП или на профил. Оние што ќе згрешат првпат ќе ги бришам. Оние кои постојано пастираат вакви мислења на погрешно место ќе ги бришам и ќе добиваат опомени.

Темите Предлог за филм со кратка рецензија и Последен гледан филм со кратка рецензија, се за да предложите филм и да пишете за последниот филм што сте го гледале, задолжително со рецензија, макар нека е и од 2-3 реченици.
[/COLOR]
Иако го прочитав, ова, ќе ми простиш што сепак ваков пост тука ќе напишам, бидејќи не ми треба линк или торент, туку ми треба токму...

Кратка рецензија за релативно нова комедија а да не е Хенговер. :) Што би ми препорачале, а господинот кој го цитирам, секако има големо влијание во мојот избор. :helou: Can you fix me? :pipi:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786


Еден од подобрите хорор филмови некогаш направени..Откако кукла ќе му ја убие жената,типот се враќа во родниот крај од каде и потекнува куклата што му беше пратен.И од таму почнува разрешувањето на мистеријата за жената по име Мери Шои нејзините кукли.Има една поговорка..Крајот го краси делото..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Иако го прочитав, ова, ќе ми простиш што сепак ваков пост тука ќе напишам, бидејќи не ми треба линк или торент, туку ми треба токму...

Кратка рецензија за релативно нова комедија а да не е Хенговер. :) Што би ми препорачале, а господинот кој го цитирам, секако има големо влијание во мојот избор. :helou: Can you fix me? :pipi:
Не можам многу да ти помогнам, немам гледано ни една добра нова комедија освен Hangover кој е апсолутен хит кај комедиите оваа година. Единствено The Boat That Rocked ама тоа не е класична комедија од овие Hilarious комедии за паѓање од смеа, туку фино филмче исполнето со Британски хумор (знаеш на што мислам). Значи може да не е тоа што бараш.

Друго ново од комедии немам гледано, ако има некој нека пише реценција или нека стави линк од рецензија ако ја пишал предходно...
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
22
Поени од реакции
1
12 angry men
Ауу добар филм. 9/10. И овој е стар, црно-бел е, али јас првпат го гледав. И мислам дека треба да претставува пример дека добар филм може да се направи со малку пари. 90% од филмот се одвива во една соба. Се работи за 12 поротници кои треба да одлучат дали ќе осудат едно дете на смрт за убиство. На почетокот 11 гласаат guilty, a 1 not guilty. Но, заедно ќе почнат да го истражуваат убиството и да наоѓаат многу мали несогласувања. Инаку, вистината на крај нее се открива, дали момчето го извршило убиството или не.
И ај некој ако знае, зошто тој едниот на крај почна да плаче?
На ова има добар римејк од Никита Михалков, се вика 12.Иста приказна само што е руска школа.Треба да се погледне.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
258
Поени од реакции
12
моја препорака за филм:
SLC PUNK ( salt lake city punk)
накратко, се работи за двајца другари кои се декларираат како единсветни панкери во нивниот град, пропагираат анархија проследено со сите случки шо може да му се случат на панкер =] на крај едниот умира по што другиот ќе се запише на правни студии мислејќи дека на системот може да му наштети многу повеќе ако е внатре во него отколку ако е outcast.

ова е накратко и би го препорачал филмов за сите " underground " фаци на форумов да сватат што е прав underground живот =]

интересен филм , оценка 9/10
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Oi This is England

Mnogu interesno filmce , se grupa skineri vo edno Anglisko pregradie a vo centarot na vnimanieto e edno pomalo dete taka 12,13 godini sto im se priklucuva vo Bandata .

The crew ( filmov mi e vo top 3 na site vreminja )
http://www.imdb.com/title/tt1071880/
na linkov kliknete kajsto pisuva Full Synopis ako razbirate angliski . Ako ne u kratki crti se raboti za edna banda vo Liverpool kojsto se zanimavaat so grabezi pa im se slucuvaat 300 zbrki pa ima i srpska mafija .

Pusher ( prv , vtor i tret del )

Dejstvieto e vo Danska , ima i Srpska Mafija i lokalni danski gangsteri , odlicen odlicen film . AKo nekoj saka torenti ili takvi raboti neka mi pisa p.p
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Leon 1994



Филмот е еден од моите засекогаш најдобри филмови.
Родителите на Матилда се убиени. Нејзиниот комшија Леон кој е професионален чистач (убиец) ке ја земи да живеат заедно и ќе ја учи за неговиот занает.
Не постои филм на кого би му дал 10 па затоа една чиста 9ка.

Одлична приказна и одлчна глума на Натали Портман. :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Конечно го гледав последниот Star Trek. Кој е љубител на SF нек изволи, мислим дека е излишно било шо да се каже...интересна приказна, одлични ефекти и избор на глумци. Препоручуем!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom