Прво да ти препорачам со тоа најново што го гледав. Не е сличен на тие два, но спомна психолошки филм, па добар избор е:
Mulholland Dr. (2001)
Само изопачен ум може да направи вакви дела. Сепак, пред се' е премногу специфичен. Филмовите на Линч или ги сакаш премногу, или премногу ќе ги мразиш. Кога ќе даваш оценка, или таа е 1-2, или е 9-10.
Mulholland Drive на почетокот ќе ви изгледа како обичен трилер, како некоја сообраќајка се дешава и притоа девојката добива амнезија. Добро, првите 20 минути држат таква теорија, но после доаѓа нешто друго. Филмов изобилува со неверојатна глума. На моменти ми се згрозува од аголот под кој се претставуваат ликовите и како се класифицираат.
За гледање на филмов е потребна сто процентна концентрација и сто процентна работа на мозокот. Не смеете да прескокнувате сцени и да ги премотувате понапред. Некој рече дека приказната е како рубиковата коцка, затоа е малце потешка да се разјасни.
За да издвоите време за ова ремек дело ви се потребни 5 часа. 2 и пол за да го гледате, и уште 2 и пол за да размислувате за него. И како препорака - гледајте го со некој поинтелигентен другар, само така ќе биде поинтересен. Го сфатив кај беше почетокот, средината и крајот. Уште некои детаљи не ми се јасни, но деновиве ќе седнам, ќе прочитам и ќе го премотам пак за да ми се разјаснат.
10/10
Постов го напишав пред неколку дена во последен гледан филм. Види, филмов е од оние што не ти илегуваат од глава подолго време. Го гледав пред една недела скоро и уште сум под импресии. Не е обичен трилер од стилот на Дензел Вашингтон, Џејсон Стетхем и ред други да не ги набројувам.
За филмов ќе дискутираш долго време поради фактот што не се сфаќа баш лесно.
Од делава на Линч, ако ти се свиѓа овој мора да ти го препорачам и
Lost Highway. Уште еден во класата такви психолошки сјебано болни филмови.
American History X - за филмов исто може да се зборува премногу. Еден од поретките што разработуваат добра тематика. Едвард Нортон во оваа улога е феноменален. Добра поука може да се извлече овде. Филм кој раскажува за доброто и злото, за тоа дали човек може да се смени (сличен мотив во Clockwork orange).
Dead Poets Society - не е од типот психолошки филмови, но овој во жанрот драма е лектира. Добро, можеби го преувеличив, ама дефинитивно филм што не ми избледнал во сеќавање. Го гледав некаде пред 5-6 години првпат, од тогаш го имам гледано 5 пати. Врвни цитати се наоѓаат овде. Можам да го сместам и во браншата поетски филмови. Ја прикажува светлата страна на животот и за тоа како треба да се искористи секој момент. Гледај го, нема шанси да ти помине залудно времето.
Е сега, филмот мистерија, фантастика, философија која мора да се погледне -
Donnie Darko. Го гледав и дискутирав со неколку другари што го имаат гледано, а колку толку се разбираат од филмови - имавме различни гледишта. Финтава е мора да се размисли малку повеќе за него од кога ќе се изгледа. Ако мислиш да го помачиш мозокот, ова е одличен избор (овде спаѓа и
K-PAX).
Од поновите премногу ми се свиѓа
Identity. Каков трилер испомешан со мистерија. Една од подобрите улоги на Кјузак, интересно заплеткан филм.
Сличен на Papillon, филм на кој можам да се сетам во моментов е
The Shawshank Redemption. Крајно време беше да се најде меѓу најдобрите, а еве го сега е прв на имдб листата.
Ако немаш гледано некој од овие, земи спушти, се' се тоа квалитетни филмови. Ќе се сетам на повеќе, ќе понудам нешто плус.