Предлог за филм со кратка рецензија

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Bolt (2008)



Во последно време новите филмови ич не ме импресионираат и ни малку не успеваат да ме насмеат, но ова е сосем различно. Преку цел филм со другар ми се смеевме, какви карактери направиле, посебно хрчакот и гулабите. Препорака за гледање обавезно!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
некој да ми предложи филм сличен на гоал 1/2?
Ако е чисто на фудбалски теми,
Victory (1981) со Пеле, Боби Мур, и уште 10-тина фудбалери, како и Sylvester Stallone, Michael Caine, Max von Sydow, од делот на чисто актерската екипа :)

Стар, но легендарен филм. Може да се најде и под името Escape to Victory.
 

диме

When Am I ?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
806
Поени од реакции
21
The Man From Earth



Многу добар филм. Hmmm... рецензија.... еве од imdb.com

An impromptu goodbye party for Professor John Oldman becomes a mysterious interrogation after the retiring scholar reveals to his colleagues he is...
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
The Man From Earth



Многу добар филм. Hmmm... рецензија.... еве од imdb.com

An impromptu goodbye party for Professor John Oldman becomes a mysterious interrogation after the retiring scholar reveals to his colleagues he is...
не го имам гледано оригиналниот филм, но идеата е добра ама лошо пренесена. Секако може да го гледате ама според мене не е ништо посебно, па и изведбата на актерите е лоша.
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Хух уште сум под импресии од филмот што го гледав синока...Го препорачувам на секој кој што сака добра драма со примеси на трилер...премногу заплетен,премногу возбудлив,едноставно прекрасен

One Way
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Некој да ми предложи филм сличен на Транспортер 3 ...:pipi:

[zEUs];2060645 напиша:
Некој да ми предложи филм сличен на Транспортер 3 ...:pipi:
Не најдов ниеден сличен ама бар најдов со истиот глумец и тоа добра акција...

The Bank Job (2008)

Во главните улоги со Jason Statham
и прекрасната Saffron Burrows
- рецензија... како што гласи и насловот цело време се врти окулу ограбување на банка, за сите што сака добра акција мораа да го видат...:pipi:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
[zEUs];2060645 напиша:
Некој да ми предложи филм сличен на Транспортер 3 ...:pipi:


Не најдов ниеден сличен ама бар најдов со истиот глумец и тоа добра акција...

The Bank Job (2008)

Во главните улоги со Jason Statham
и прекрасната Saffron Burrows
- рецензија... како што гласи и насловот цело време се врти окулу ограбување на банка, за сите што сака добра акција мораа да го видат...:pipi:
Ако не се лажам филмов не е акција. Го гледав пред неколку месеци, не ми остави преголем впечаток.
Како и да е - не е акција, трилер е. Базиран на вистинска приказна.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Предлог за добар хорор со убава приказна, а не само колење и крв на сите страни?
И дајте кратка рецензија да знам што да симнувам. :smir:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Ако не се лажам филмов не е акција. Го гледав пред неколку месеци, не ми остави преголем впечаток.
Како и да е - не е акција, трилер е. Базиран на вистинска приказна.
Да моја грешка...:kesa:
- трилер е и точно е дека е базирана на вистинита приказна...:)
- супер филмче, никого не остава рамнодушен мора да се види...:pipi:



п.с може некое филмче од љубовен жарн...:pipi:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Види пушти го Notting Hill. Филмов ептен ми се свиѓа, сум го гледал повеќе пати. И за со друштво е океј да се гледа (ама женско друштво).
Има многу комични елементи во филмов. Еден од поомилените од овој жанр ми е.
 

-IVANA-

Lady Marmalade
Член од
26 август 2008
Мислења
278
Поени од реакции
1
Предлог за добар хорор со убава приказна, а не само колење и крв на сите страни?
И дајте кратка рецензија да знам што да симнувам. :smir:
I jas baram takvo nesto!!! Ajde nekoj neka se izjasni so stvarno dobar predlog!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Еве ќе се цитирам, еден постар пост, за да не пишувам одново (два пати го пишав друга тема)

IOsonoINTERISTA напиша:
Дефинитивно еден од најдобрите жанрови, со напомена дека таму каде што има многу добри филмови има и многу ѓубре. Во последно време почнаа да излегуваат екстра смешни хорори. 100-150 литри крв не значат добар хорор, ама тоа изгледа го заборавиле оние кои прават ѓубре за ситна заработка.

Прво морам да кажам дека крајот на 70-тите и во текот на 80-тите излегоа некои култни хорор филмови кои и ден денес се мерило за добар хорор филм. Ова значи дека без да ги погледнете овие филмови има добри шанси да се палите на кофи крв и таквите да ви претставуваат добар хорор, што не е ни лошо со оглед на тоа дека нема да се нервирате многу.

Значи, да почнам од постарите:


Култните хорори на John Carpenter:
Halloween (1978) The Fog (1980) и The Thing (1982)

Комплетниот серијал
A Nightmare on Elm Street (1984) и првите делови од
Friday the 13th (1980)

Трите дела од “Претскажување“:
The Omen (1976), Damien: Omen II (1978),
The Final Conflict (1981)... ( оригиналот од 1976 барем 2 класи е подобар од римејкот )

Потоа:
Children of the Corn (1984) Иако има уште 5-6 дела првиот е класика а може да се погледне и вториот, понатаму е губење време.

Малку хорор на вода: Jaws (1975) Има уште три дела.

Едно легендарно филмче на тема “вампирите се меѓу нас“:
The Lost Boys (1987)


Доволно класика, одиме со малку или многу понови хорори. Во поново време се менува жанрот и ретко гледаме чисти хорори туку психолошки трилер/хорори, хорор/акции па дури и хорор/комедии. Еве некои од 90-тите до денес:


Interview with the Vampire (1994) Повеќе како драма со вампири наместо луѓе. Го обожавам филмов.

The Sixth Sense (1999) Ако не знаете за што се работи, крајот ќе ве извади од памет. Страшно добар филм.

Stigmata (1999) Еден од ретките понови вистински хорори.

The Devil's Advocate (1997) Без посебен коментар

Scream (1996),
Scream 2 (1997),
Scream 3 (2000)


I Know What You Did Last Summer (1997) Само првиот дел

Final Destination (2000), Final Destination 2 (2003),
Final Destination 3 (2006)


Jeepers Creepers (2001),
Jeepers Creepers II (2003)

The Prophecy (1995) Само првиот дел

The Blair Witch Project (1999) Не очекувајте филм како другите ама и не се распрашувајте ништо пред да го гледате. Вистински хорор.


The Reaping (2007) За оние што сакаат филмови од типот на Exorcist.

Можеби испуштив нешто, ама многу е и ова...
За да го скратам изборот за оваа прилика, ќе ви ги препорачам
Children of the Corn,
Interview with the Vampire
The Omen

или ако сакате нешто позабавно,
Scream (1996),
Scream 2 (1997)

Се разбира ако не сте ги гледале, сите се постари. Се надевам дека помогнав.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
ми треба предлог за добар понов хорор оти ДВД-то не ми е пуштено не памтам од кога па сега добив желба да го пуштам
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
ми треба предлог за добар понов хорор оти ДВД-то не ми е пуштено не памтам од кога па сега добив желба да го пуштам
Од поновите можеш да пробаш со The Reaping (2007), 1408 (2007), Mirrors (2008), Alphabet Killer (2008), 100 Feet (2008)... Но нема ништо спектакуларно, просечни се. Можеби првите два отскокнуваат, а Mirrors иако многу го критикуваа мене не ми беше толку лош. Како и да е, нема ништо посебно од хорори во последно време...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom