Дур ми се симнува серија, да препорачам што сум гледала и ми се допаднало.
Ghost - бизнисмен со друго занимање ноќе , ради на црно троши на бело. интересна драма-кримминална акција, има заплети.
Empire- Јака музичка серија во продукција на Тимбеленд, Лајон Лушус на чело на империјата, скандали мегу неговите деца и жени, луксуз и мизерија во едно. Убава музика и оној стрит стајл.
Girls- Серијава е вона би Секс енд де сити, мегутоа мене ме фасцинира начинот на кој се претставени актерките, значи реални случки до гола кожа, како се бричат, секасаат, седат на шоља, главните актерки се дебели, мрсни, несигурни- значи така би требало да изгледа една серија, а не она што ни го сервираат секогаш сите се тип топ.
Scandal - Мислам веќе позната мегу вас. Обработува тема за белата куќа скандали на милионерите кои Оливиа Поуп прави истите да исчезнат. А на се тоа и љубовна врска мегу претседателот на САД (фиктивен-кој е оженет веќе) со Оливија.
How to get away with murder
Blindspot - релативно нова само 7 епизоди има излезено, девојка со истетовирано тело се наога од нигде никаде среде ФБИ и со избришана меморија, и го користат нејзиното тело со тетоважите како загатка да решаваат криминални случаи. Иначе морам да кажам дека главната актерка не ми се допага како глуми, неккако е без емоција е типката. Според мене нели, мое мсилење.
Revenge - Ја даваат и на фокс. Ги изгледав сите 4 сезони, драма сместена во Хамптонс-богатиот дел на Њујорк, значи луксуз, разгаленост на милионерите и една Емили Торн жедна за одмазда испланирана со такво трпение и омраза.