Предлог за мал бизнис?

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ајде Бранчез смисли бизнис и кажи :)
Искрено, во Мкд би отворил бизнис само за оутсорсинг (било ИТ, било кол центри, било што и да е друго каде што платиша ќе ми биде странец). И ти сама знаеш што значи да чекаш Мкд фирма да ти плати за услугата/прозиводот.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

И јас би вложила во ИТ иако знам само компјутерот да го уклучам и исклучам :D
Да плаќа само странец, Македонци јок. Колку пари треба за таа твоја идеја? Што трошоци има?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Колку пари треба за таа твоја идеја? Што трошоци има?
Ух, мислам дека клучното прашање е како да се најде добар клиент во кој ќе имаш сигурност, а и да го убедиш дека твојата фирма што потекнува од земја со сомнителна репутација е сигурна за него.

Трошоците за стартапот во ИТ не се којзнае колкави, се зависи од големината и комплексноста на проектите што ќе се работат.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ух, мислам дека клучното прашање е како да се најде добар клиент во кој ќе имаш сигурност, а и да го убедиш дека твојата фирма што потекнува од земја со сомнителна репутација е сигурна за него.

Трошоците за стартапот во ИТ не се којзнае колкави, се зависи од големината и комплексноста на проектите што ќе се работат.
Како се бараат клиенти во тој сектор? Секаде е цената услов за пробивање пазар, веројатно и овде.
Го имаме Џиш со долгогодишно искуство во оваа област, Неса е исто Ит, сигурно има многу што се од оваа област.

Значи ни треба канцеларија, компјутери, интернет и желба. Се разбира и високи плати за оние кои работат на тоа.
Ама ефтин сектор бил овој :D
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Како се бараат клиенти во тој сектор?
За жал не знам. Овде мислам на клиенти со посериозни проекти што траат со месеци, па и години, а не на проекти од типот сајтче со џумла темплејт кое се прави за неколку саати.
Еве можеби некои од дечките што ги наброја ќе не удостојат со одговор.

Значи ни треба канцеларија, компјутери, интернет и желба.
Ова е најлесниот дел, дури ни канцеларии нема да требаат, денес е возможно работа од дома.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За жал не знам. Овде мислам на клиенти со посериозни проекти што траат со месеци, па и години, а не на проекти од типот сајтче со џумла темплејт кое се прави за неколку саати.
Еве можеби некои од дечките што ги наброја ќе не удостојат со одговор.

Ова е најлесниот дел, дури ни канцеларии нема да требаат, денес е возможно работа од дома.
@Dzis; ако успее да види ќе не удостои со прецизен одговор.

Колку што ми објаснувал се тоа оди онлајн преку некои сајтови каде се понудува и пари и време. Мислам дека не е нешто комплицирана постапка.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Само блог за кладење...таму се парите...само не знам да си направам еден на index.hr :place:...аххх само да напраам некој блог како Торес Тип шо е...чорбаџија ќе станам 100 %
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
затоа нек си климчат и нек измислуваат магија за да им успее некојси тнр „бизнис„ од 2-3000 евра ,ко овде на темава- па уште и предизвик им било , надевајќи се на успех:eek::facepalm: 2000-3000 евра:pos:( освен паркетар ништо друго не ми паѓа на памет за тие пари)
„газди„ - многу сакаат да станат, ама со тие смешни 3000 евра влог -тешко , газда ни по дома не ќе може да е
Бизнис за 2000-3000 евра, Чист неуспех-Предизвик-Успех

околу почетна идеја би побарале консултации од надвор- не од членовите-учесниците, а околу организацијата - веќе кажав по првиот пост( по мое видување) најпогодна личност е леандра -( само кој да сфати)
за почеток нек се 500 , немора 2000 -нек се јават посмелите,оние кои веруваат и оние кои не се надеваат на вработување од државата
На форумов пред година-две имаше идеја за здружување средства (на Кајганџиите) во инвестициски фонд од страна на Tomsaso... (штета Томи го нема веќе на форумов а имаше прекрасни дискусии анализи на тема економија). Имаше идеја како реков за ко-инвестирање, да ја достигне законската регулатива, те минимум основачки капитал за отварање на приватен инвестициски фонд, а тоа е износ од 50,000 Евра и тргување на странските берзи, акции, злато, бакар... чуда врагови!.... Тешко дека и толку би собрале на Кајгана, а камо ли 2 мил како што предложи Cool.... инаку не се сомневам дека Леандра би можела успешно да води некоја компанија која би произлегла од евентуални акционери од форумов.
2000 инвеститори се многу... 2 мил како реков нереални!....Но да речеме 20 инвеститори Х10К.... или обратно, 10 инвеститори по 20К Евра... при што би се собрале 200К.... без сомнеж успешно би водела таква една компанија, особено ако би се инвестирале тие 200 К за купување на 6 вакви ‘‘играчки‘‘ http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-MERCEDES-BENZ-ACTROS-1846--13101718111642302700.html или вакви http://autoline-eu.rs/sf/tegljac-IVECO-STRALIS-AS-500-12-2010-EURO-5-RETARDER-GOOD-FOR-RUSSIA--13101415264037701400.htmlзначи 180К како основен капитал, а 20,000 како обртен и резервен фонд, ставени во услуга на една или две вакви компании http://www.freja.com/ ....Таква една компанија Леандра секако успешно би раководела!
Ете идеја за бизнис!
 
Не се условите денес наклонети кон овој бизнис. Кризата ги погоди сите и транспортери и шпедиции. Треба мин 5 години Светска економија во пораст, за да се врати на стари патеки, денес колку да се врти парата и нешто минимално за убав живот.

ИТ е вистинското решение.
 
Мислев дека Европа и САД за година најмногу две ќе излезат од криза, те од рецесија (таман да се фати залет) :) .... мислам дека Ангела Меркел така прогнозираше и некои други еминентни економисти.
А ова за ИТ....!? Внуката од сестра ми еве ја дипломира деновиве со професија: Инженер по информатичка технологија.... ја прашувам за ова, те што би можело во кој дел на Инг технологијата и кој би можел да отвори фирма.... ми вели: Немам појма вујче! :LOL: .... не се замара, бидејки планира и натаму да учи, а всушност и навистина нема поим!

Изгледа дека нашево образование не спрема така стручни кадри кои би можеле да отворат некој сопствен бизнис во таа струка, туку да бидат сервис на големите компании во ИТ секторот или надвор (сеедно, или она што најповеќе од завршените го сакаат) сервис во јавната администрација! Сон ако не на секој, тогаш на 90% од ИТ инженерите, специјалистите....

Најверојатно курсевите кои ги организираат Семос едукација, Александрија... и денес Seavus, создаваат многу поспремни и по-актуелни кадри од таа струка кои би можеле и самостојно да работат.... што знам тропам сега (бидејки сум лаик во таа бранша) мошеби специјалисти за:Flash програмирање, специјалисти за мрежно поврзување, или можеби сега актуелните: програмирање во iOs или овде попопуларните: BlackBerry, Symbian или најактуелниот Android .... се надевам не тропнав нешто, за да овие помладите образовани ИТ, да ми се изнасмеат! Ниту пак сакам да ги навредам..... затоа се оградувам со моето мислење, сепак сум лаик во оваа област!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислев дека Европа и САД за година најмногу две ќе излезат од криза, те од рецесија (таман да се фати залет) :) .... барем (ми се чини) дека Ангела Меркел така прогнозираше. И некои други еминентни економисти.
А ова за ИТ....!? Внуката од сестра ми еве ја дипломира деновиве со професија: Инженер по информатичка технологија.... ја прашувам за ова, те што би можело во кој дел на Инг технологијата и кој би можел да отвори фирма.... ми вели: Немам појма вујче! :LOL: .... не се замара, бидејки планира и натаму да учи, а всушност и навистина нема поим!

Изгледа дека нашево образование не спрема така стручни кадри кои би можеле да отворат некој сопствен бизнис во таа струка, туку да бидат сервис на големите компании во ИТ секторот или надвор (сеедно, или она што најповеќе од завршените го сакаат) сервис во јавната администрација! Сон ако не на секој, тогаш на 90% од ИТ инженерите, специјалистите....

Изгледа дека курсевите кои ги организираат Семос едукација, Александрија... и денес Seavus, создаваат многу поспремни и по-актуелни кадри од таа струка кои би можеле и самостојно да работат.... што знам тропам сега (бидејки сум лаик во таа бранша) мошеби специјалисти за:Flash програмирање, специјалисти за мрежно поврзување, или можеби сега актуелните за програмирање во iOs или овде попопуларните: BlackBerry, Symbian или најактуелниот Android .... се надевам не тропнав нешто, за да овие помладите образовани ИТ, да ми се изнасмеат! Ниту пак сакам да ги навредам..... за тоа се оградувам со моето мислење, сепак сум лаик во оваа област!
Тоа Ит областа е многу комплицирано за нас :)
Тоа се дели на триста подгрупи и некаде има пари, некаде нема. Е сега Бранчез треба да ни каже што и како понатаму. Иначе има деца у МКД што заработуваат 800/1000/1500 евра плата во овој дел.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Јас давам илјадарка веднаш ако Бранчез е менаџер. Нит во идеи се мешам, нит во организација, нит во работа. Моја доверба во успех 100%, нит го знам нит го познавам али сум убедена во тоа. Ајде Бранчез смисли бизнис и кажи :)
ќе ве биде (y), Branchez, Stefus Corp.,можеби и arakenx, Dr Zmigo, Рудници и, на кормилото- и бидете сигурни дека тој брод нема да ја доживее судбината на Титаник

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Тоа се дели на триста подгрупи и некаде има пари, некаде нема.
Токму тоа сакав да го кажам со тоа „клиенти на кој им требаат солуции со подолгорочни проекти“, таму се парите. Најголемите ИТ фирми во Мкд така прават пари.
Правење сајтчиња за xx долари е добро за поедници кој сакаат да заработат џепарец за викенд, но не и за фирма која ќе треба да опстои со месеци и години. Плус за вакви проекти ќе треба да се тепаш со Индијци кои ќе го работат проектот и за 1 долар само ти да не му го земеш.

Иначе има деца у МКД што заработуваат 800/1000/1500 евра плата во овој дел.
Големите плати во овој сектор треба да те загрижуваат како (со)сопственик на фирма, а не да те радува.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ај ти менаџер ко во скечот од К-15 :icon_lol:.

Инаку трафика на прометно место за тие пари...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom