Мислев дека Европа и САД за година најмногу две ќе излезат од криза, те од рецесија (таман да се фати залет)

.... барем (ми се чини) дека Ангела Меркел така прогнозираше. И некои други еминентни економисти.
А ова за ИТ....!? Внуката од сестра ми еве ја дипломира деновиве со професија: Инженер по информатичка технологија.... ја прашувам за ова, те што би можело во кој дел на Инг технологијата и кој би можел да отвори фирма.... ми вели: Немам појма вујче!

.... не се замара, бидејки планира и натаму да учи, а всушност и навистина нема поим!
Изгледа дека нашево образование не спрема така стручни кадри кои би можеле да отворат некој сопствен бизнис во таа струка, туку да бидат сервис на големите компании во ИТ секторот или надвор (сеедно, или она што најповеќе од завршените го сакаат) сервис во јавната администрација! Сон ако не на секој, тогаш на 90% од ИТ инженерите, специјалистите....
Изгледа дека курсевите кои ги организираат Семос едукација, Александрија... и денес Seavus, создаваат многу поспремни и по-актуелни кадри од таа струка кои би можеле и самостојно да работат.... што знам тропам сега (бидејки сум лаик во таа бранша) мошеби специјалисти за:Flash програмирање, специјалисти за мрежно поврзување, или можеби сега актуелните за програмирање во iOs или овде попопуларните: BlackBerry, Symbian или најактуелниот Android .... се надевам не тропнав нешто, за да овие помладите образовани ИТ, да ми се изнасмеат! Ниту пак сакам да ги навредам..... за тоа се оградувам со моето мислење, сепак сум лаик во оваа област!