- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
СУДОТ ЈА ПОНИШТИ КРИМИНАЛНАТА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА СЛАВИЈА
Прво поништување на криминална приватизација во Македонија. Поранешните вработени и акционери во АД Славија прославија победа пред Основниот суд Скопје 2.
Денешната одлука за бришење на Славија ДОО и враќање на АД Славија во фаза на стечајна постапка им влеа надеж на оштететните дека по 15 години ќе успеат си ги вратат заостанатите плати и загубени акции.
- Со поништувањето на незаконскиот упис на Славија ДОО всушност е поништена незаконската приватизација на Славија - изјави Слободан Толосиевски, адвокат.
Писмената пресуда ќе ја добијат за 15 дена. По нејзината правосилност, оштететните ќе бараат надомест на штетата од акционерското друштво Славија.
Токму Шалевски во 2003-та во име на вработените го покрена судскиот спор. За случајот Славија кој се води како една од најголемите афери на македонската транзиција веќе беше донесена една правосилна пресуда. На 6 години затвор беше осуден доминантниот сопственик на Славија поради злоупотреби во процесот на приватизација тешки милион и пол евра.
Славија до пред една деценија важеше за една од водечките фирми во македонското стопанство. Работниците тврдат дека фирмата била целосно обезвреднета со матната приватизација, а тие останале на улица. 1372-ца поранешни вработени сега имаат нова шанса да бидат обештететни. И државното правобранителство ќе може да бара државата да биде обесштетена за незаконски трансформираниот општествен капитал.
Извор:СИТЕЛ
Ај аирлија нека е па белким ќе му тргне на судот...
Нека ги прочешлаат приватизацијите, ниту една не е спроведена како што треба...
Би било интересно да се слушнак симпатизерите на СДСМ пошто најголем дел од приватизацијата се случи во нивно време...
Всушност таа приватизација една од главните причини поради кои сме до оваа дереџе...
Реален пред неколку дена мафташе со статистики, па би било интересно да го објасни овој феномен со приватизацијата...
Мислам дека бројките кои ни ги простираше се резултат токму на тоа...После толку криминал ова е ПРВА ПРЕСУДА...