Прво поништување на криминална приватизација во Македонија

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Дрн..дрн.. ако на ова застане и ако не е предизборен маркетинг.

А ако продолжи, браво, рано е да се плука или величи.

Но, ајде, наздравје за Славијарци.
 
N

n/a

Гостин
Они де факто ја уништуваат таа категорија.
Да не пишуем реферат,у глобал имаш два начина на `финансиско водење на држава`:
1.Таков според кој што либерално пристапуваш и оставаш пара да се движи на пазарот и не тепаш по глава доколку некој трговец-поединец затаи малку данок,пошто си свесен дека ако го лупнеш со тоа тојагата он ќе затвори фирма и ќе остане под завод на социјална помош.
2.Систем во кој што строго до стотинка наплаќаш данок и претиш со извршители,судови и остала алатка на истиот тој систем кој што за брзо време ќе ги лупне од земја:
-пазарџиите
-фотокопирниците и помалите книжарници
-дел од фризерските салони и автомеханичари
-дел од маалските продавничиња
итн...итн.
Они не се спремни да плаќаат таков данок каков што побаруваат од нив.Од проста причина што немаат константни,редовни приливи на пари.

Пошто Тупиот и `експертите` го избраа можеби најригорозниот модул од втората опција...спремете се у брзо време да видите у Македонија:
-многу просјаци и бескуќници,т.е. луѓе што изгубиле се.
-платите ќе се намалат,пошто ниеден газда нејќе да плаќа одповеќе
-сите нус ефекти на такво општество,од кражби и убиства,до проституција и питачење ќе станат ФАКТ.
Само малку посликовито да се надоврзам на веќе кажаното:
Бруто-платата ќе ги уништи земјоделците и занаетчиите
Таксистите, фризерите, фармерите имаат двојно повисока основица за придонеси од еден директор на нафтена или шпедитерска компанија, предупредуваат нивните организации

Занаетчиите и земјоделците се заканија дека ќе работат на црно
Земјоделците, занаетчиите, изработувачите на ракотворби, таксистите и другите трговци-поединци со реформата бруто-плати плаќаат придонеси на двојно поголема сума отколку сопствениците на шпедитерски фирми, фабрики, рудници, нафтени компании. Се работи за најмалку 50.000 луѓе што се занимаваат со нискодоходовни дејности. Незадоволни од таквата ситуација, тие се закануваат дека ќе се откажат од регистрација на фирми во нивните дејности и ќе работат на црно, бидејќи не можат да го издржат финансискиот товар. Таксистите најавија дека ќе протестираат следната недела.

Занаетчиите, земјоделците и трговците-поединци бараат итна измена на новиот Закон за социјално осигурување, според кој треба да плаќаат придонеси на сумата од просечната плата во земјава. За разлика од нив, управителите на трговските друштва уплаќаат придонеси на половина од просечната плата.

- Големо незадоволство се јавува кај регистрираните земјоделци, кои според ветувањата на министерот за финансии очекуваа дека нивните трошоци за пензиско и здравствено осигурување ќе бидат околу 1.600 денари. Наместо тоа, тие плаќаат по 8.000 денари за придонеси, исто како и адвокатите и уметниците. Никој не ги информира земјоделците дека пресметките за придонеси на основица од 20 отсто од месечна просечна плата не се однесуваат на тие што се регистрирани според Законот за вршење земјоделска дејност, туку само за оние што се осигуреници во Фондот за пензиско и здравствено осигурување - велат во Федерацијата на фармери. Оттаму предупредуваат дека ако не се смени законот, поголемиот дел од регистрираните земјоделци ќе пропаднат, што е спротивно од стратегијата на Министерството за земјоделство за зголемување на нивниот број.Слична е состојбата и кај занаетчиите, кои сега плаќаат околу 9.000 денари за придонеси.

- Најмногу се погодени занаетчиите што регистрирале фирми со еден вработен. Тоа се нискодоходовни дејности од кои преживуваат цели семејства. Парадоксално е што занаетчиите имаат толкави давачки, а еден сопственик на шпедиција плаќа за половина помалку од нив - вели Снежана Денковска, извршен директор на Занаетчиската комора на Скопје.Надлежните од Комората веќе поднеле иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на членот од Законот со кој се одредува висината на придонесите. Во Министерството за финансии објаснуваат дека кога го подготвувале законот воделе сметка никој од вработените да не е оштетен.

- Земјоделците како основица за плаќање имаат 20 отсто од бруто плата, а тоа значи дваесет отсто од 27.000 денари. Значи тие како основица имаат околу 5.400 денари, а дваесет отсто од нив се нешто над 1.000 денари- велат во ресорното министерство. Што се однесува до занаетчиите, оттаму објаснуваат дека тие не исплаќаат плата бидејќи како трговци поединци се одданочени на нето-приход. Затоа како основица за плаќање на придонеси им се пресметува просечната бруто плата.
ИНФО-Побогатите плаќаат помалку
Со реформата за бруто-плата земјоделците, занаетчиите и трговците-поединци плаќаат двојно поголеми придонеси отколку директорите на трговските друштва. Незадоволни од таквата ситуација, тие се закануваат дека ќе се откажат од регистрација на фирми во нивните дејности и ќе работат на црно. Занаетчиската комора на Скопје веќе поднела иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на членот од Законот за социјалното осигурување со кој се одредува висината на придонесите.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Ako pocnat da gi ponistuvaat site kriminalni privatizacii togas vo Makedonija nema da ostane sloboden nitu eden politicar i biznismen,ke treba da investirame vo novi zatvori... :raz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom