У втора година средно ми беше првиот дечко. Одевме 2 и пол месеци (и јас незнам како). Тој ме сакаше премногу и мислам дека нема да постои мушко што ќе ме сака повеќе ,а јас спрема неговата љубов...ептен малку. Знам дека не е убаво,ама тоа е..Се занесував и не ја сфаќав целата работа сериозно како него, тој беше постар имаше 19.
И секогаш тој доаѓаше кај мене да се гледаме,јас само излегував во негово маало и повеќе го сметав за авантура ,отколку сериозна врска,али битно `идевме`. И уште на самиот почеток го знаеше крајот,само го одложувавме 2 месеци и неколку дена.
Не се скаравме,туку јас му раскинав затоа што една вечер конечно ме викна типот шо ми се свиѓаше веќе пооодолго време, да излеземе. И пред да се случи варање или слично ,му раскинав ,а тоа му падна многу тешко,почна да плаче (тоа ми беше прв пат да гледам машко пред мене како плаче) и покрај утехите ништо не помагаше. До ден денес (како што вети) сеуште нема друга девојка колку што знам и не е весел како порано,туку постојано е у депре. Си го скрши мобилниот,доби никотинско труење (се препушил цигари) и ред други глупости. За ова дознав од наши заеднички познаници. А моментално не правиме муабет, не сме скарани,по раскинувањето зборувавме доста ,ама почна да ме замара дали сум фатила нов дечко и го блокирав некое време. Сега се смирил изгледа,незнам, не се замарам веќе.
Јас обично си наоѓам такви емоционални типци.