Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали е дозволено користење на пиратерија?
Популарно именуваната „пиратерија„ спаѓа во категоријата „крадење„ и не е дозволена, затоа што преставува стекнување материјална корист со злоупотреба (крадење) на туѓ труд, а не заработување со свој труд.
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
Визија можеш да имаш и во подрум, и во рудник 200 метри под земја, зошто морало да носи на високо место ако е во прашање визија?
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:17 ---
Ако земјата не е рамна според библијата, како ќе се објаснат следниве стихови?
Јов 9
6.Тој ја раздвижува земјата од нејзиното место, од основа ги растресува нејзините столбови.

Јов 37
3.Ете, секавица лета преку целото небо - и светнува блесок од крај до крај на земјата.

Јов 38
13. да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,
Добро прашање Ипси, природниот одговор би бил: па се качиле на високо за да можат да видат подалеку (сигурно нема да го однесе во рудник J за да видат подобро). Ова во секој случај оди во прилог на твојата теза дека од тука се гледа дека земјата е рамна.

Но дали ти сакаш да кажеш дека откако се нашле на највисокиот врв, можеле да ги видат сите царства поради височината? Па дури и да е земјата рамна, како што тврдиш ти со твојот текст, сепак на Сатаната и на Исуса ќе им биде потребна натприродна особина на гледање, за да можат да гледаат толку далеку. Види ја твојата конструкција:

1. Сатаната го качил Исуса (се разбира натприродно) на врвот на највисоката планина за да можат да гледаат подалеку.

2. Сатаната и Исус ги виделе сите царства на светот (поради височината и бидејќи земјата е рамна)

3. Сатаната и Исус поради своите натприродни моќи можеле да гледаат толку на далечина. (иако земјата е рамна-сепак е голема, сакал нејќел ова мора да го прифатиш доколку си држиш до тезата)

Приметуваш, дека во твоето размислување се јавува апсурд, да ти дозволуваш Исус и Сатаната да имаат натприроден поглед за да можат да гледаат подалеку, а во исто време ја забрануваш можноста да имаат натприродна визија. Единствена цел на овој апсурд е да иде во прилог на твоето претходна намера да докажеш дека земјата е рамна.

На твоето прашање зошто тогаш требало да се качат на висока планина за да видат, можам да поставам и контра прашање (кое ќе го обелодени твојот претходен апсурд), зошто кога веќе имаат надприродна способност да гледаат надалеку не останале на земјата? (па така и така според тебе Библијата тврдела дека земјата е рамна) J. Или супер природниот поглед им дозволувал само да гледаат надалеку, а не ги прави дрвата проѕирни, па поради тоа се качиле на планина...што е смешно кога сме во сферата на натприродното, во која овој текст недвосмислено не става, а што го презентирав подетално во мојот претходен пост (на крајот на краиштата се работи за сатаната и Исус, кон на многу места во Библијата покажуваат и многу поголеми натприродни способности).

За крај, целта на овој текст е да се презентира понудата на Сатаната према Исуса, Сатаната и Исуса ги става физички над земјата, што можеби е намерно направено за и физички да ја покаже позицијата и големината на власта што Сатаната ја има, што иде во иста линија со намерата на неговата понуда “ќе ти го дадам сето ова...”, и во ниту еден случај од овој текст неможеш да извлечеш информација (директно или индиректно) дека земјата е рамна, како што ни јас можам да заклучам од истиот текст дека земјата е тркалезна, без разлика дали се качиле на месечината или биле во рудник.

Се надевам дека овој подетален одговор ти дава одговор на твоето коректно поставено прашање.

Те поздравувам.

(ПС. За твоите подоцнежни текстови, погледај објаснување во мојот претходен пост на страна 60 дадени према Soul)
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
33
Поени од реакции
11
За Божиќ ти одговорив јас. Ако не ме читаш тоа е твој проблем.
Не се вика врскрснување ами воскреснување. Нејсе. За нас Христијаните многу поважно е Воскресението од Раѓањето, бидејќи со распнувањето Христос го очисти човечкиот род од првородниот грев, кој го направија Ева и Адам. Кога лежеше во гробот Христос со душата слезе во Адот(пеколот) и од таму ги изнесе душите на праведниците. А со воскресението и вознесението, со своето пречисто тело го удостои човечкиот род со седење од десната страна на Отца.
Во евангелието пишува дека во првиот ден од седмицата (значи во недела), рано на утро жените мироносици пошле да го миросаат телото Христово. Но место мртвото Тело Христово, Го нашле Христа воскреснат.
А каде во евангелирто пишува: "Кога лежеше во гробот Христос со душата слезе во Адот(пеколот) и од таму ги изнесе душите на праведниците." Од каде ли ги вадите тие измислици и приказни кои немаат никаква основа во Христијанското Библиско учење. (инаку христијанин сум, и ја читам Библијата, и тоа, особено оваа реченица е апсолутно неточна и бесмислена измислица).
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98

1.Петар, глава 3
18 Зашто и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш, Праведниот за неправедните, за да може да не одведе кај Бог; убиен во телото, но оживеан во духот;
19 во кој отиде и им проповедаше на духовите, кои се сега затворени,
20 кои некогаш беа непокорни, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија преку водата.

Во евангелието Никодимово (или дејанија Пилатови), кое во раната Црква било читано на Велика Сабота, убаво и детално се раскажува за овој настан. За жал ова евангелие со текот на времето било исклучено од Светото Писмо.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во евангелието Никодимово (или дејанија Пилатови), кое во раната Црква било читано на Велика Сабота, убаво и детално се раскажува за овој настан. За жал ова евангелие со текот на времето било исклучено од Светото Писмо.
1. Која рана црква? Ова апокрифно евангелие датира од средината на 4ти век. Под „раната Црква“ се подрзбира црквата од 1ви до 3ти век т.е. до Константин Велики и легализацијата на христијанството.

2. Ова евангелие не ни влегло во канонот на Светото Писмо за да биде исклучено. И како можеш да речеш „за жал ова евангелие било исклучено од Светото Писмо“? Сакаш да кажеш дека Светиот Дух погрешил? Ако Бог сметал дека е добро за нас некое евнагелие да влегло во канонот, Тој ќе се погрижел да влегло. Ние треба да сме среќни што Бог навремено ги заштитил веродостојните и Богоинспирирани евангелија од сите други подоцнежни фалсификати, а не да жалиме по нив :)
А бе Орто..
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
1.Петар, глава 3
18 Зашто и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш, Праведниот за неправедните, за да може да не одведе кај Бог; убиен во телото, но оживеан во духот;
19 во кој отиде и им проповедаше на духовите, кои се сега затворени,
20 кои некогаш беа непокорни, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија преку водата.

Во евангелието Никодимово (или дејанија Пилатови), кое во раната Црква било читано на Велика Сабота, убаво и детално се раскажува за овој настан. За жал ова евангелие со текот на времето било исклучено од Светото Писмо.
Малку размислував на оваа тема, би сакал и јас да кажам нешто. Поради комплексноста на темата би образложил во неколку точки:

1. Во текстот од Петровото послание (погоре посочен) се кажува за душите на оние кои некогаш беа непокорни а кои сега се наоѓаат во подземјето. Овдека не се кажува за душите на праведниците.

2. Непосредниот контекст на овој текст (што треба секогаш да го бараме) можеме да го прочитаме преку стиховите кои претходат и кои следат на овој стих. Доколку прочитаме ќе видиме дека контекстот е трпението на светите и на Бога.

14 А ако и страдате заради правдата, бидете блажени! „Не плашете се, ниту се збунувајте од нивните закани,”

15 туку осветувајте Го во своите срца Христа како Господа, секогаш подготвени за одговор на секого, кој ја бара причината на надежта, која е во вас, но со кротост и со страв,

16 имајќи добра совест, та оние кои го навредуваат вашето добро поведение во Христа, да се посрамат за она за што ве клеветат.

17 Зашто е подобро, ако сака Божјата волја, да страдате правејќи добро, отколку правејќи зло.

18 Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да нè приведе при Бога; навистина, Тој, Кој беше убиен во тело, оживе Духом;

19 во Него, Тој отиде тогаш, и објави на духовите во Подземјето;

20 кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата.

21 Одговарајќи на оваа слика, крштавањето, - кое не е отстранувањето на телесната нечистота,- туку е одговор на добра совест кон Бога, сега и вас ве спасува, преку воскресението на Исуса Христа, Кој е оддесно на Бога, откако отиде во небото, каде Му се покорија ангелите, и властите, и силите.

3. Да се поврзе Евангелието на Никодимус со текстот во прво Петрово е неприкладно. Според Христијанските школари потекнува негдека од средината на 5-от век, ≈450г. (само за споредба: книгите од Новиот Завет се напишани од 50-90г. во најлош случај), и според тематиката е резултат на одбрана” на дел од тогашните верници од нападите врз божественоста Христова и неговото телесно воскреснување (херес која доаѓа од Гностичките евангелија, негдека истиот период). Токму затоа доколку прочитаме само дел од ова апокрифно евангелие (на пример поглавје 11(27) линк http://www.newadvent.org/fathers/08072b.htm ) ќе видиме како детално се зборува за тоа кој е Христос, како страдал, разговори во подземјето меѓу Сатаната, Подземјето, Исус, како воскреснал, детали од воскреснувањето на мртвите во Ерусалим, разговори со нив итн. Малку чудно нели, зборува во детали за настани кои се случиле многу порано, а за кои не се зборува во детали во Канонските евангелија, ниту посланијата.

Ова е многу слично со Гностичките евангелија (од истиот период J), кои исто така сакаат да зборуваат за работи за кои во Евангелијата од Новиот Завет или многу малку или воопшто не се споменати. Одбраната против хересите, и објаснувањето на делови од Библијата кои кажуваат малку или се помистериозни, не треба да не води во пишување на евангелие во кое ние ќе ги дадеме деталите (зошто? Затоа што тоа не е под Божјо водство, иако е со најдобра намера)

Инаку можеби е интересно за спомнување, дека токму овој текст во прво Петрово, е основа на тврдењето на Католичката црква дека постои чистилиште, во кои душите на мртвите чекаат (па ете и Христос се симнал да им проповеда J) што е погрешно читање на текстот. Штета што евангелието по Никодимус не можат да го вклучат во Новиот Завет бидејќи делумно ќе го решеа проблемот на својата доктрина J)

Во секој случај, тука би прекинал (темата се проширува на други теми), целта ми беше само да покажам дека текстот во Петровото послание не зборува за излегување на душите на праведните од подземјето, ниту пак за таа цел можеме да го искористиме Никодимовото евангелие, кое не е дел од Новиот Завет на ниту една Христијанска деноминација (мал дел од причините зошто е тоа така, веќе ги споменав погору).

Ве поздравувам.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Во текстот од Петровото послание (погоре посочен) се кажува за душите на оние кои некогаш беа непокорни а кои сега се наоѓаат во подземјето. Овдека не се кажува за душите на праведниците.
А каде „одеа„ душите од праведниците после смртта, од Адама до Велика Сабота?
Зашто самиот си додаваш/менуваш текст кој е запишан поинаку?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Имав еден линк на верски вести,но гледам ја тргнаа содржината
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16682
Веста која ја баравте или не постои или е недостапна!!!!

Иначе текстот беше за работи кои ги забранува библијата а ги правите:

1.Сендвич со шунка- Тешко е да се одолее на сендвич со шунка, а уште потешко е да оттргне вниманието од вкусните колбаси, сланина и ребра. Сепак, Левитскиот законик вели дека забрането ни е да јадеме свинско месо.
2.Тетовирање-Бог јасно рекол: “Немојте на себе да имате никаков белег”.
3.Консултирање со астролози-Можеби понекогаш читате хороскоп, но знајте дека Бог таквото однесување на го одобрува.
4.Оговарање-Секој сака да го прокоментира неспособниот колега на работа или изгледот на некоја колешка, но важно е да се знае дека Библијата не го толерира оговарањето.
5.Пцуење на родителите-Доколку како немирен тинејџер сте ги пцуеле родителите, знајте дека и тоа во Библијата е строго забрането.
6.Брак откако сте се развеле-Во овој случај постои исклучок, само ако вашиот бивш партнер ве изневерил.
7.Жени кои зборуваат во црква-На жените им е наредено во црквата да молчат, и доколку сакаат нешто да разберат да го прашаат нивниот сопруг кога ќе се вратат дома.
8. Школки, лигњи, јастози- се забранети за јадење, затоа што немаат пердуви и крлушки.
9. Секс со личност од ист пол
10. Секс пред брак-Ова дефинитивно е строго забрането. Во Библијата пишува: “Девојката која го сторила тоа нека ја одведат пред куќата на нејзиниот татко, нека ја удираат со камења се додека не умре, затоа што направила срамно дело”.
11.Модни експерименти- “Жената не смее на себе да става машка гардероба, а мажот не смее да се облекува во женски фустани. Кој го прави тоа одвратен е на својот Бог”.

Па да прашам што и колку од ова е вистинито?
И ако може да одговорат познавачи на библијата а не мики :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
3. Да се поврзе Евангелието на Никодимус со текстот во прво Петрово е неприкладно.
А дали е прикладно да се поврзе еден библиски стих со друг библиски стих?
--- надополнето: 10 април 2013 во 16:53 ---
Во секој случај, тука би прекинал (темата се проширува на други теми), целта ми беше само да покажам дека текстот во Петровото послание не зборува за излегување на душите на праведните од подземјето, ниту пак за таа цел можеме да го искористиме Никодимовото евангелие, кое не е дел од Новиот Завет на ниту една Христијанска деноминација (мал дел од причините зошто е тоа така, веќе ги споменав погору).
Ако Христос беше распнат во петокот, воскреснат во неделата, каде беше Он во саботата?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
33
Поени од реакции
11
А каде „одеа„ душите од праведниците после смртта, од Адама до Велика Сабота?
Зашто самиот си додаваш/менуваш текст кој е запишан поинаку?
7 И *ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал. -Проповедник
Еве каде одеа душите, т.е. каде телото, а каде духот. Зашто душата е составена од телото сосдадено од земја и животниот дух кој го вдахнува Бог.
--- надополнето: 11 април 2013 во 05:26 ---
Имав еден линк на верски вести,но гледам ја тргнаа содржината
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16682
Веста која ја баравте или не постои или е недостапна!!!!

Иначе текстот беше за работи кои ги забранува библијата а ги правите:

1.Сендвич со шунка- Тешко е да се одолее на сендвич со шунка, а уште потешко е да оттргне вниманието од вкусните колбаси, сланина и ребра. Сепак, Левитскиот законик вели дека забрането ни е да јадеме свинско месо.
2.Тетовирање-Бог јасно рекол: “Немојте на себе да имате никаков белег”.
3.Консултирање со астролози-Можеби понекогаш читате хороскоп, но знајте дека Бог таквото однесување на го одобрува.
4.Оговарање-Секој сака да го прокоментира неспособниот колега на работа или изгледот на некоја колешка, но важно е да се знае дека Библијата не го толерира оговарањето.
5.Пцуење на родителите-Доколку како немирен тинејџер сте ги пцуеле родителите, знајте дека и тоа во Библијата е строго забрането.
6.Брак откако сте се развеле-Во овој случај постои исклучок, само ако вашиот бивш партнер ве изневерил.
7.Жени кои зборуваат во црква-На жените им е наредено во црквата да молчат, и доколку сакаат нешто да разберат да го прашаат нивниот сопруг кога ќе се вратат дома.
8. Школки, лигњи, јастози- се забранети за јадење, затоа што немаат пердуви и крлушки.
9. Секс со личност од ист пол
10. Секс пред брак-Ова дефинитивно е строго забрането. Во Библијата пишува: “Девојката која го сторила тоа нека ја одведат пред куќата на нејзиниот татко, нека ја удираат со камења се додека не умре, затоа што направила срамно дело”.
11.Модни експерименти- “Жената не смее на себе да става машка гардероба, а мажот не смее да се облекува во женски фустани. Кој го прави тоа одвратен е на својот Бог”.

Па да прашам што и колку од ова е вистинито?
И ако може да одговорат познавачи на библијата а не мики :)
Под 7. Ова е кажано заради тогашното општество и местото на жената во општеството. А има и поопширно објаснување. А знаеме дека има и жени пророци, така да не е ништо чудно ако и жена зборува или проповеда.(но не и повеќе од тоа)
под 10. Секако дека секс пред брак не е пожелно и дека не е по Божја волја, а примерот е од Стариот Завет и е од Мојсеевиот закон(не од 10 Божји) кој важи до смртта на Исус и раскинувањето на завесата во храмот.
Всушност со еден збор целосно е се вистинито што е напишано.
--- надополнето: 11 април 2013 во 05:34 ---
А дали е прикладно да се поврзе еден библиски стих со друг библиски стих?
--- надополнето: 10 април 2013 во 16:53 ---

Ако Христос беше распнат во петокот, воскреснат во неделата, каде беше Он во саботата?
почиваше во гробот, според законот. Зар немаше да ни каже ако беше некаде? Зар Бог не ни ги откривва плановите и тајните, зар крие нешто од нас?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
7
почиваше во гробот, според законот. Зар немаше да ни каже ако беше некаде? Зар Бог не ни ги откривва плановите и тајните, зар крие нешто од нас?
zokik,

зашто самиот на себе си поставуваш прашања? Па ја‘ уопште не Те прашувам дали Бог нешто ни‘ кажал или нешто скрил од нас, туку Те прашав: каде беше Христос во саботата, а Ти си развиваш содржаен монолог...:confused:

Ајде уште еднаш: каде беше Христос во саботата, пошто Христос на багабонтот од крстот му вети дека во петокот, ќе бидат во Рајот, а во неделата, Христос воскресна.

Каде беше Христос во саботата?
--- надополнето: 11 април 2013 во 09:21 ---
7 И *ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал. -Проповедник
Еве каде одеа душите, т.е. каде телото, а каде духот. Зашто душата е составена од телото сосдадено од земја и животниот дух кој го вдахнува Бог.
zokik,

од кај Ти е оваа мудрост, дека душата е составена од телото, создадено од земја?

Јасно е дека после смртта, телото се враќа во земјата, од каде е и земено, но што се случува со духот човеков после смртта?

Според Твојов одговор, се чини дека духот човеков „аутоматски„ се враќа кај Бога, и тоа е се‘?

А зашто тогаш Св. Ап. Павле вели:
„...И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд..„ (Евреите, 9.27).

Според Апостолот, се чини дека после смртта, се случува „нешто„, кое не е просто враќање на духот човекот кај Бога, или јас сум во криво?...:sneaky:
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
zokik,
Ајде уште еднаш: каде беше Христос во саботата, пошто Христос на багабонтот од крстот му вети дека во петокот, ќе бидат во Рајот, а во неделата, Христос воскресна.
Каде беше Христос во саботата?
--- надополнето: 11 април 2013 во 09:21 ---
Ако примате мислење од сите јас вака размислувам па нели само коментираме и се едуцираме повеќе:

Кога им се појавил Христа на апостолите им рекол да не го допираат зошто уште не е вознесен.
Дека кога ќе оди нема повеќе да се врати на земјата се до второто доаѓање(крајот на времето)
Значи мала е веројатноста да влегол во рајот па повторно да се вратил на земјата.
@MIKI1
Не знам каде сум го прочитал ова но чекам твое мислење за текстов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom