Прашање за Христијанството III

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
769
1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата (Но наведете дали се однесува за Католик, Православен или Протестант(адвентисти, баптисти, евангелисти итн))
2. Прашањето се одговара само од Христијански верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Христијанството, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Me interesira;
Kolku dena i noki Isus bil vo utrobata na zemjata ?
Оние кои буквално ги читаат цитатите од прва ќе прифатат дека недостасува еден ден. Но кога ќе се споредат неколку цитати како на пример овие два :

“А беше околу шестиот час (12 на пладне по денешно), кога настана темнина по целата земја, до деветиот час (15ч по денешно)“ (Лука 23:44)

“Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ.“ (1.Мојсеева/Битие 1:5)

се доаѓа до следново: првата ноќ е од 12ч до 15ч (петок), потоа од 15ч до 18ч пак си било ден(петок), па втората ноќ е вечерта помеѓу петок спрема сабота, па втор ден сабота, па третата ноќ е сабота према недела.
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 01:40 ---
Мене ме интересира кој е поголем: Јахве или Исус?
Според христијанската доктрина за Тројството (Отецот + Синот + Светиот Дух = БОГ) нема мерење на големина/важност/јачина/памет.
 
S

Sagan

Гостин
20
Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.
21 Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.”
22 А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели:
23 ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!”
24 А кога Јосиф се разбуди од сонот, направи како што му заповеда Господовиот ангел, ја зеде својата жена.
25
И не ја позна, додека таа не Го роди нејзиниот Син, Првородениот; и тој Го нарече Исус.
Дали се исполнило пророштвото
Исаија
:
7:14
Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел!
штом синот не бил наречен Емануел?
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
449
Според христијанската доктрина за Тројството (Отецот + Синот + Светиот Дух = БОГ) нема мерење на големина/важност/јачина/памет.
Благодарам!

Имам уште едно потпрашање за истото: Ако нема мерење на големина, важност/јачина/памет итн. на истото, зошто тогаш Исус рекол: "...Мојот Татко е поголем од Мене." (Јован 14:28)
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Благодарам!

Имам уште едно потпрашање за истото: Ако нема мерење на големина, важност/јачина/памет итн. на истото, зошто тогаш Исус рекол: "...Мојот Татко е поголем од Мене." (Јован 14:28)

Како човек, дојден на земјата во човечко тело за да го откупи човештвото, тој бил во помала позиција од Отецот.

 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.391
Me interesira;
Kolku dena i noki Isus bil vo utrobata na zemjata ?
Еден ден, на Велика Сабота.
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 20:10 ---
Мене ме интересира кој е поголем: Јахве или Исус?
Исус Е вториот лик од Света Троица, т.е. од старозаветниот Јахве, така да прашањево Ти е скрос погрешно...
Тоа е исто како да прашаш: кој е поголем, Исус или Исус?
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
449
Како човек, дојден на земјата во човечко тело за да го откупи човештвото, тој бил во помала позиција од Отецот.
Јасно! Иако имаме различни религиски концепти по ова прашање, ќе ти поставам и трето во склоп со првото: - Кога Исус девет месеци беше во стомакот на Марија дали се што е појавно и создадено остана без Тројството , односно светот го управуваше Двојството (Отецот и Светиот Дух)?
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 21:53 ---
Исус Е вториот лик од Света Троица, т.е. од старозаветниот Јахве, така да прашањево Ти е скрос погрешно...
Тоа е исто како да прашаш: кој е поголем, Исус или Исус?
Ако прашањето ми е скрос погрешно и насочува на тоа како да сум прашал: кој е поголем, Исус или Исус, тогаш пријателе која е смислата на Исус кога рекол: "...Мојот Татко е поголем од Мене." (Јован 14:28) ?

Според твоево објаснување излегува дека Исус како да рекол: "...Мојот Исус е поголем од Мене Исус." ( Евангелие по Мики1:20:10 )

Молам за одговор доколку знаеш, доколку не знаеш, остави да одговорат оние што знаат.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.030
Поени од реакции
1.002
Мене ме интересира кој е поголем: Јахве или Исус?
Исус е 2-то Лице на Св. Троица која на Мојсеј му се открива како ЈАХВЕ.
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 22:45 ---
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 21:53 ---


Ако прашањето ми е скрос погрешно и насочува на тоа како да сум прашал: кој е поголем, Исус или Исус, тогаш пријателе која е смислата на Исус кога рекол: "...Мојот Татко е поголем од Мене." (Јован 14:28) ?
Исус ова го кажува во смисла на односот со Отецот како причина, а не како поголем по чест, слава, големина....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.391
Според твоево објаснување излегува дека Исус како да рекол: "...Мојот Исус е поголем од Мене Исус." ( Евангелие по Мики1:20:10 )
.
Omer,

од мојата досегашна дискусија (читај: паралелен/двоен монолог!) со верните во Исламот, ми се чини дека, колку и да им објаснувам, тие/Вие, пак си останувате во она кое веќе го „знаете„....

Се прашувам: како двајца верни во Исламот е разбираат меѓусебно? :(
 
O

Orion.

Гостин
Зошто СЕМОЌНИОТ, СЕДОБРИОТ Господ дозволува да постојат трагични болести како прогерија? http://progeria7-8.wikispaces.com/file/view/progeria_5.jpg/133274797/progeria_5.jpg Прогерија е ретка генетска болест која предизвикува екстремно брзо стареење, па така децата на 5 години изгледаат како да имаат 105. Живеат едвај 20тина години. Најстрашно од се` е што децата со оваа состојба се психички апсолутно нормални и свесни исто како секој човек.
Зошто истиот тој Господ кој го красат такви атрибути, дозволува едно НЕВИНО И НЕСПОРНО БЕЗГРЕШНО БЕБЕ, да има ваква трагична болест? Семоќниот и Седобриот Бог тоа не би го дозволил.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.391
Семоќниот и Седобриот Бог тоа не би го дозволил.
Одговорот се наоѓа во Твојов коментар...
Да, Бог тоа го дозволува, сакал Ти или не. Гревовите кои се генерациски таложени а неисповедани и непокриени со добродетели, мора некада да „пукнат„ и да се прелијат.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580
Во христијанството како религија се учи дека гревот се таложи по крв? Дури и откако ќе умрат грешните?
Се учи да се верува дека христијанскиот бог може казната за туѓ грев , „кој прелеал“ , да падне кај друг сосема невин, со тешка болест или генетско пореметување или слично? :eek:
Во стилот: Луѓе не правете гревови бидејќи децата може да ви се родат со тешки аномалиии и генетски промашувања и да страдаат? Во тој смисол?

Ако е одговорот Бог така сакал, не ми одгоаврај, ете го знам веќе одговорот. (y) Иако се сомневам дека е точен... А други христијани може да ми дадат друг одговор ако го имаат...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.391
Во стилот: Луѓе не правете гревови бидејќи децата може да ви се родат со тешки аномалиии и генетски промашувања и да страдаат? Во тој смисол?
.
Yeap...

П.С.
Кои са тија „други„ христијани?...:sneaky:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom