7
почиваше во гробот, според законот. Зар немаше да ни каже ако беше некаде? Зар Бог не ни ги откривва плановите и тајните, зар крие нешто од нас?
zokik,
зашто самиот на себе си поставуваш прашања? Па ја‘ уопште не Те прашувам дали Бог нешто ни‘ кажал или нешто скрил од нас, туку Те прашав: каде беше Христос во саботата, а Ти си развиваш содржаен монолог...
Ајде уште еднаш: каде беше Христос во саботата, пошто Христос на багабонтот од крстот му вети дека во петокот, ќе бидат во Рајот, а во неделата, Христос воскресна.
Каде беше Христос во саботата?
--- надополнето: 11 април 2013 во 09:21 ---
7 И *ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал. -Проповедник
Еве каде одеа душите, т.е. каде телото, а каде духот. Зашто душата е составена од телото сосдадено од земја и животниот дух кој го вдахнува Бог.
zokik,
од кај Ти е оваа мудрост, дека душата е составена од телото, создадено од земја?
Јасно е дека после смртта, телото се враќа во земјата, од каде е и земено, но што се случува со духот човеков после смртта?
Според Твојов одговор, се чини дека духот човеков „аутоматски„ се враќа кај Бога, и тоа е се‘?
А зашто тогаш Св. Ап. Павле вели:
„...И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд..„ (Евреите, 9.27).
Според Апостолот, се чини дека после смртта, се случува „нешто„, кое не е просто враќање на духот човекот кај Бога, или јас сум во криво?...