Прашање за Христијанството III

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Празникот Благовештение е денот кога Архангелот Гавриил и‘ ја објавил веста на Мајката Божја за безгрешнот зачнување Христово.

Цветници е денот кога Христос влегува во Ерусалим, за последен пат, пред да биде распнат.

После тој ден, Црквата ја започнува т.н. страдална/страсна седмица, во која Христос е предаден/продаден од Јуда Искариотски, на Велика Среда, па денот која Христос ги повикува Апостолите на Тајната вечеа, на Велики Четврток, денот кога Христос Е распнат, на Велики Петок, денот кога Он Е во пеколот, на Велика Сабота и конечно, воскресението Христово, рано во недела изутрина.
Како во пеколот кој бил во пеколот.
а зашто името цветници.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Именувањето со изразот „Цветници„ е направено затоа што при влегувањето во Ерусалим, Христос бил дочекан од евреите со фрлање свежи гранчиња по патеката по која Он се движел.

На Велика Сабота, Христос беше во пеколот и на душите од праведниците им го пренесе евангелието, односно добрата вест.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
1,Што е Татко.
2,Што е Мајка.
3.Односно што кажува Бог,Библијата за ова.Што ако детето ги остави своите родители.Што ако родителите го остават своето дете и ако го имаат го занемаруваат и запостуваат.
4.Што значи себичноста.
5.Што значи Горделивоста.(Има дури и поговорка кој лета ниско паѓа)
6,Што ако некој е отфрлен од луѓето(опшеството).
7.Што ако еден поединец не допринесува во опшеството безденилачи по деновите.
8.Дали гневот кон грешниците и злобните е грев.
9.Дали добрината,праведноста и скромноста го прави човекот повеќе да страда по светот.
10,Бог луѓето ги дели според онакви какви што плодови носат.на богатите дава од сиромавите зема.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Денес се нвршува година дена од велигденскиот масакр на деца, кои го извршија Муслиманите. (Не сите, туку неколкумина. Сите ги бранат тие неколкумина.)

На Алфа го прочитав ова:

"Пред две седмици според црковните правила семејствата на убиените одбележаа годишнина од масакрот. Скршени во тага немаа сила да зборуваат за немилиот настан."

Какви црковни правила наложуваат годишниот помен да се изврши две недели порано?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
На Велика Сабота, Христос беше во пеколот и на душите од праведниците им го пренесе евангелието, односно добрата вест.
Библијата прави разлика меѓу пеколот (еената) и подземјето (шеолот). Пеколот/геената е всушност огненото езеро што гори со запален сулфур каде што ќе отидат ѓаволот, неговите ангели (демони) и непокајаните. Огненото езеро ќе биде пополнето по Судниот ден, а не пред тоа. Подземјето (еврејски: шеолот) било привремено боравиште на душите. Исус Христос јасно кажа дека Тој ги има клучевите од подземјето, дека на второто воскресение подземјето ќе ги предаде своите мртви (значи не вели пеколот ќе ги предаде своите мртви, туку подземјето-шеолот). Исус јасно кажа дека по Судниот Ден и смртта и подземјето ќе бидат фрлени во Огненото Езеро каде што се разбира ќе бидат уништени.
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
(следи компилација од Библиски текстови, поради големината ги поделив на неколку страни. Претходно имав направено неколку страни [спремни за објава]кои ги покриваа поголемиот дел од доленаведените работи, но пронајдов еден текст кој е “постегнат” истиот и го модифицирав во одредени делови. Се обидов овој текст да даде одговор на сите прашања претходно поставени, а поврзани со тоа каде бил Исус Христос по смртта на крстот)

Доктрината дека Исус го поминал викендот во пеколот има неколку делови, и за да ја разбереме треба да ги погледнеме сите посебно:

· Каде се верниците од Стариот завет?

1) Пред да се појави идејата за “викенд во пеколот” е идејата дека верниците од Стариот завет се задржани во пеколот, и дека не можат да бидат ослободени се додека Исус не дојде и ги земе со себе. Да размислиме за следново:

а) Духовите на верниците од Стариот завет одеа кај Бога:

Проповедник 12:6-7...и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.

б) Енох и Илија беа телесно земени на Небото, и преку појавувањето на Мојсеја заедно со него значи и духот на Мојсеја исто така беше на небото.

Битие 5:24Енох одеше со Бога, потоа исчезна; Бог го зеде.

2 Цареви 2:11И додека така одеа и разговараа, ете огнена когла и огнени коњи се јавија; ги раздвоија двајцата и го однесе Илија во виор на небо.

Лука 9:29-32 И додека се молеше Неговото лице се измени, а облеката му стана бела и сјајна. И ете, два човека разговараа со Него; тоа беа Мојсеј и Илија, кои се јавија во слава и говореа за Неговиот излез што требаше да го заврши во Ерусалим. А сонот ги совлада Петра и неговите другари. А кога се разбудија ја видоа Неговата слава и двајцата мажи.



2) Вториод дел од доктрината викенд во пеколот е дека Сатаната ги има во своја власт клучевите на смртта, пеколот, и гробот, и дека Исус мора да оди таму за да му ги земе.

а) АПСОЛУТНО НЕМА ВАКОВ БИБЛИСКИ ТЕКСТ кој би сугерирал дека Сатаната има клучеви од било што.

б) Бог отвара и затвора, и никој не може да Го сопре да го направи едното или другото:

Исаија 22:22Ќе му го ставам на плеќи клучот на Давидовиот Дом: Кога ќе отвори, никој не ќе затвори, кога ќе затвори, никој не ќе отвори.

Исаија 45:1Господ зборува вака за Кир, за Својот помазаник: Го примив за десница, за да ги покорам пред него народите и да им го распашам бедрото на царевите, за да ги отворам вратите пред него, па ниедна врата да не му биде затворена.

Откровение 3:7И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: Ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора.

в) Постојат само два текста во Библијата каде овие клучеви се споменуваат. Ѓаволот никогаш ги немал.

Матеј 16:19 И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.

Откровение 1:18 и Живиот, и умрев, и ете, Жив сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта.



Сега да размислиме малку, дали Ѓаволот НЕКОГАШ имал власт над животот и смртта? Дали Сатаната НЕКОГАШ имал власт да некого прати во пеколот? Одговорот е “не”. Само Бог ја има таа власт и моќ тоа да го направи (Впрочем Бог го создал и пеколот).
--- надополнето: 13 април 2013 во 02:15 ---
· Постојат само два пасоси кои можеме да ги конструираме за да помислиме дека Библијата учи за викенд во пеколот”: 1 Петар 3:18-20 и Ефесјаните 4:8-10, да ги погледнеме:



1 Петар 3:18-20

Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да не приведе при Бога; навистина, Тој кој беше убиен во тело, оживе Духом; во Него, Тој отиде тогаш, и објави на духовите во Подземјето; кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата.

Да поставиме неколку прашања врска овој пасос за подобро да го разбереме:

а) Кои се “духовите во Подземјето”? Одговорот е очигледен од контекстот- тие кои беа непокорни во времето на Ное. Дали има уште некого вклучено во овој пасос? Не. Единствените луѓе спомнати овдека се оние кои беа непокорни во Ноевото време. Ако Христос имал “викенд во пеколот”, единствените луѓе со кои зборувал се овие.

б) Како Христос им објавил на овие “духови во Подземјето”? Дали ни кажува дека Тој лично патувал за да зборува со нив? Повторно одговорот е очигледен од контекстот: тоа беше направено преку Духот, т.е. преку Светиот Дух (1 Петар 3:18).

в) Доколку и ја прифатиме теоријата за “викенд во пеколот”, што Христос требало да им каже на овие луѓе? Дали им понудил втора шанса за спасение? Или пак да им се сити? Не. Во Библијата е јасно кажано дека спасението е само во овој свет. Ова за ситењето или покажување на победата над смртта во подземјето, нема смисла бидејќи се прави само пред точно одредена група на непокорни луѓе од времето на Ное. Немало ли непокорни и послем Ное?

г) Kога и во каква форма беше испратена пораката на “духовите во Подземјето”? “кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време. На што беа тие непокорни? Да го прочитаме следниот текст:

2 Петар 2:5 и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет.



Значи, “духовите во Подземјето” биле непокорни на пораката пратена до нив преку проповедањето на Ное, и дека Христос, во времето на Ное, им објавувал преку Духот Свети (2 Петар 1:19-20). Христос зборувал на овие луѓе преку проповедта на Ное, која тогашниот свет ја игнорирал.

Овој пасос не зборува за “викенд во пеколот” , туку е споредба на времето на Ное со времето на Петар, како што зборуваат и следните пасоси:

1Петар 3:20-21кои беа непокорни некогаш, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само малку од нив, односно осум души, се спасија преку водата. Одговарајќи на оваа слика, крштавањето, -кое не е отстранување на телесната нечистота- туку е одговор на добра совест кон Бога, сега и вас ве спасува, преку воскресението на Исуса Христа,

Што се однесува до стариот свет, Христос го прати својот Дух; ги предупреди преку Ное. Но трпението Божјо кое е долго, најпосле ќе заврши. И духовите на непокорните грешници, во моментот кога излегуваат од телото, доаѓаат во затвор/пекол, каде оние кои ја презираа опомената од Ное, сега се во место од каде неможат да се покајат.

Ноевото спасение во бродот, со кој пловеше над поплавата, го прикажува спасението на вистинските верници. Ова привремено спасение овозможено со бродот, е вечно спасение на верниците преку крштевање во Духот.



Ефесјаните 4:8-10

Затоа се вели:Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето. А се издигна –што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата? Тој кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни се.



Вообичаената интерпретација на овој пасос, од страна на оние што ја подржуваат теоријата за “викенд во пеколот” е:

а) поведе робје – тоа е , Тој ги ослободи сите тие кутри верници од Стариот завет кои се во пеколот.

б) “А се издигна –што значи друго, туку дека слегол во долните места на земјата” -ова значи дека Христос заминал во пеколот (долните места на земјата).



Прво да го објасниме вториот дел, кога Христос се издигнал, каде Тој се издигна?

Дали Христос се издигна од пеколот? Не, туку надвор од Ерусалим (Дела 1:9-11). Што се случи кога Тој се издигна? “Издигајќи се на височина, поведе робје; им даде дарови на луѓето. Десет дена после неговото издигнување надвор од Ерусалим, Тој на црквата го даде дарот на Светиот Дух, и преку Него, и даровите на Духот. Овдека се зборува за единственото издигање на Христос во Библијата, кое е запишано во Дела 1:9-11. Сега некој можеби ќе рече:“Но на што се однесува делот од пасосот кој вели: долните места на земјата ?” Некој автоматски ќе претпостави дека долните места на земјата се однесува на пеколот. Да погледнеме:

Псалм 139:15Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата.

Псалм 63:9Оние што ја туркаат мојата душа кон пропаст, нека слезат во длабочините на земјата.

Исаија 44:23Воскликнувајте небеса, зашто Господ го направи тоа! Запејте земни длабочини! Одекнувајте со радост, планини, и вие гори, со сите свои дрва! Зашто Господа го откупи Јакова, се прослави во Израел!

Езекија 32:24Таму е и Елам и сето негово мноштво околу неговиот гроб –сите истепани, покосени од меќ, необрезани слегоа во подземниот крај на мртвите: некогаш ужас во земјата на живите, сега го поднесуваат својот срам со оние што слегоа во јамата.



Зборот за долните места на земјата употребен во Ефесјаните, е употребен за претставување на земјата како спротивност на небото, како во Исаија 44:23; најверојатно за опис на гробот е Псалм 63:10; како поетично претставување на стомакот на мајката Псалм 139:15; и за подземјето или невидливиот свет, Езекија 32:24.

За кој од овие случаи зборува апостолат Павле во Ефесјаните?На реакцијата дека се однесува на пеколот, прво би можеле да одовориме дека тоа не е случај во Псалмот од каде апостол Павле го зима цитатот (Псалм 68:18). Да видиме во контекст на Новиот завет што значи “издигајќи се на височина”:Јован 3:13И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.;Јован 6:38Зашто не слегов од небото;Јован 8:14знам од каде дојдов и даде одам”;Јован 16:28Излегов од Таткото и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Таткото. Значи, заклучокот е дека апостол Павле мислел на “долните делови, т.е. на земјата”. Дополнителна поткрепа за контрастот на Небесата со Земјата можеме да видиме во Дела 2:19 и Јован 8:23.

Псалмот 63:9можеби се однесува на пеколот, неможеме да бидеме сигурни. Останатите две референци се метафора за стомакот/матката на мајката и ниски делови како опозит на планините. Од тука имаме малку докази за да зборот “долните места на земјата” значи Христос се симнал во пеколот. Можеби значењето на овие зборови се однесува на целосното страдање на Христос, по што следи Неговиот триумф. На пример доколку го споредиме Ефесјаните 4:8-10со Филипјаните 2:5-11, врската е очигледна. Христос дојде на земјата во понизност но се издигна на небото во победа.

в) Тој кој слезе, тоа е Оној истиот, Кој се издигна над сите небеса, за да исполни се”. Што се мисли под зборот “слезе”? Тој “слезе долу” кога дојде на земјата за да се роди преку утробата на девица Марија.



Дали Ефесјаните 4 зборуваат за слегувањето на Христа во пеколот? Заклучокот од сето горе наведено е едно големо НЕ.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
33
Поени од реакции
11
zokik,

зашто самиот на себе си поставуваш прашања? Па ја‘ уопште не Те прашувам дали Бог нешто ни‘ кажал или нешто скрил од нас, туку Те прашав: каде беше Христос во саботата, а Ти си развиваш содржаен монолог...:confused:

Ајде уште еднаш: каде беше Христос во саботата, пошто Христос на багабонтот од крстот му вети дека во петокот, ќе бидат во Рајот, а во неделата, Христос воскресна.

Каде беше Христос во саботата?
--- надополнето: 11 април 2013 во 09:21 ---
Во Саботата беше во гробот, мртов. На едниот што беше на крст со него му кажа тој ден, значи денес, во петок му кажува дека ќе биде со нео во Рајот. Библијата е пишувана без (точки, запирки...без знаци) па во зависност каде ќе се стави запирката се добива поинакво значење.А еве од каде знаеме дека Исус во петокот не беше во рајот.
Јован: 20:17и рече Исус: “Не допирај се до Мене, оти уште не сум се вратил при Мојот Отец; туку отиди при браќата Мои и кажи им: се враќам при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и при вашиот Бог.”
Значи во неделата и вели дека сеуште не бил при Отецот. А воскресна во тело, не во дух, како што ќе воскреснат сите во тело, и праведните за вечен живот, и грешниците за суд. И тоа е многу убаво запишано.


zokik,

од кај Ти е оваа мудрост, дека душата е составена од телото, создадено од земја?

Јасно е дека после смртта, телото се враќа во земјата, од каде е и земено, но што се случува со духот човеков после смртта?
И оваа мудрост е од Библијата.
1 Мојсеева 2.7 А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
Еве од што е составена душата, а еве и што се случува кога ќе умре човекот.
7 И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал. -Проповедник

Според Твојов одговор, се чини дека духот човеков „аутоматски„ се враќа кај Бога, и тоа е се‘?
Да, ете " ...а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал."
А зашто тогаш Св. Ап. Павле вели:
„...И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд..„ (Евреите, 9.27).

Според Апостолот, се чини дека после смртта, се случува „нешто„, кое не е просто враќање на духот човекот кај Бога, или јас сум во криво?...:sneaky:
Апсолутно си во криво. Се знае кога ќе има суд и кој ќе бидат судени. Праведните (запишаните во книгата на животот) нема да бидат судени, туку ќе судат, т.е. ќе имаат можност да ги видат грешните дела на судените и како доказ дека Бог е праведен. Зашто Исус пак ќе дојде ако после смртта духот оди во рај или пекол? Нема никава смисла, ниту пак пишува така во Светото Писмо. Сите овие работи се запишани во последната книга, Откровение која вие правозлавните не ја чепкате и се прашите да ја читате и толкувате оти ке ве побие во корен.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Апсолутно си во криво. Се знае кога ќе има суд и кој ќе бидат судени. Праведните (запишаните во книгата на животот) нема да бидат судени, туку ќе судат, т.е. ќе имаат можност да ги видат грешните дела на судените и како доказ дека Бог е праведен. Зашто Исус пак ќе дојде ако после смртта духот оди во рај или пекол? Нема никава смисла, ниту пак пишува така во Светото Писмо. Сите овие работи се запишани во последната книга, Откровение која вие правозлавните не ја чепкате и се прашите да ја читате и толкувате оти ке ве побие во корен.
Ќе им се суди само на христијаните, на припадници на други вери и атеисти нема да им се суди зато што тие се надвор од христијанскиот закон.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ќе им се суди само на христијаните, на припадници на други вери и атеисти нема да им се суди зато што тие се надвор од христијанскиот закон.
Тие што се надвор од христијанскиот закон треба да му ја мислат. За нив е предвидено судење по кратка постапка, такозван прек суд (трочлена комисија), без можност за поднесување жалба, второстепен суд и сл. Одма у огнената бара фрлале, кај што е вечна опозиција.
Ама ако си христијанин, ако имаш уредно заведени крштеница и венчаница може да ти погледнат низ пердуви ангелите.
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
(PRODOLZHUVANJE NA PRETHODNIOT POST VRSKA “KADE BIL ISUS KOGA UMRE NA KRSTOT?”)

Срцето на доктриналната грешка за “викенд во пеколот” е прашањето Кој е Исус?



а) Прво да видиме која е природата на Исус, надвор од неговото тело? Што неговите ученици видоа на гората на преобрезанието:

Матеј 17:1-9И по шест дни Исус ги зеде со Себе: Петра, и Јакова и брата му Јована, и ги изведе на висока гора насамо.

2 И беше преобразен пред нив, лицето Му светна како сонцето, а Неговата облека стана бела како светлината. 3 И ете, им се јавија Мојсеј и Илија и разговараа со Него. 4 А Петар одговори и Му рече на Исуса: „Господи, добро е за нас да сме тука; ако сакаш ќе направиме тука три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеја и еден за Илија.” 5 Додека уште зборуваше тој, ете, ги засени светол облак, и ете, глас од облакот велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината; слушајте Го Него!” 6 И кога учениците го чуја тоа, паднаа на своите лица и многу се уплашија. 7 А Исус се приближи до нив, ги допре и рече: „Станете и не бојте се!” 8 И кога тие ги подигнаа своите очи, не видоа никого, освен Исуса Самиот.

9 И кога слегнуваа од гората, Исус им заповеда, велејќи: „Никому не кажувајте за ова привидение, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.”

Без велот на неговото тело Исус е претставен како Синот Божји, втората личност на Тројството. Кој е Исус? Исус е Бог. Тој е Бог-Човек. Додека неговото тело лежи во гробот, (без да навлегуваме во тоа каде бил духот), едно е сигурно дека Неговото Божество не беше во телото тие три дена. Ако Исус бил во пеколот, демоните ќе се криеја од Него и Сатаната најверојатно ќе ископаше подрум во пеколот, за да се сокрие од Него.

б) Второ, Исус ја покажа својата Божествена моќ уште додека беше на земјата, ја покажа неговата власт над секоја стварност. Тој имаше моќ над:

· Природата –Матеј 8:27

· Болестите –Матеј 8:16-17

· Демоните –Матеј 8:28-34

· Смртта –ќерката на Јаирус (Матеј 9:25); Синот на вдовицата (Лука 7:14-15); Лазар (Јован 11:43-44): Неговото воскресение (Јован 10:17-18).

На земјата Неговата човечност не ја замени неговата божественост, туку обратно, неговата Божественост беше само прекриена со обликот на човек.

Евреите 10:19И така браќа, кога имаме смелост да влегуваме во Светината преку крвта на Исуса, Кој ни го отвори новиот и живиот пат низ завесата, односно Неговото тело,

Кога Неговото тело беше скршено, завесата во храмот се расцепи.

Во две прилики, Тој го подигна овој “вел” на човечноста:

-На гората на преобразението, Тој им дозволи на учениците да ја видат Неговата Божественост (Марко 9:1-9)

-Кога војниците дојдоа да го фатат во градината, на зборот “Јас Сум” сите околу него паднаа.



· Значи каде беше Неговиот дух, кога телото му беше во гробот ?(по вторпат послем мојот последен пост)

Исус беше во Небото.

Лука 23:43 ...”денес ќе бидеш со мене во рајот”...

Некои луѓе зборуваат дека овде зборот “рај” значи нешто поинакво од “небо” каде е Бог присутен, меѓутоа зборот “рај” се употребува само уште два пати и тие очигледно зборуваат за небото:

2 Кор.12:4..”дека беше грабнат и издигнат до рајот (paradeisos) и дека чул неискажливи зборови што човек несмее да ги каже.

Откр.2:7 ..На оној кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај (paradeisos)!”

Духот на Исус беше со Таткото

Лука 23:46Тогаш Исус извика со силен глас:Татко го предавам Својот дух во Твои раце. И кога го рече –издивна.



Дали Таткото е во пеколот? Не.



Кога се случи смртта на крстот, заврши и жртвата, и нема потреба за дополнително страдање.

Јован 19:30 ...”Штом Исус го прими оцетот, рече:“Се сврши!” па ја наведна главата и го предаде духот.”

· Зошто Исус не и дозволи на Марија да го допре велејќи Не допирај ме, зошто уште не отидов горе при мојот Татко.”?

(текстот го напишав во претходен пост, овдека го додавам, за да ја заокружам целината....за да биде целоJ)

Што со зборовите на Исус во кои вели да не го допираат бидејќи уште не отишол кај својот Татко? (претпоставувам ова прашање следи природно на претходното)

Одма мора да се забележи дека овдека станува збор за воскреснатиот Исус во прославено тело (не само во дух како претходно, каде и да било тоа J). Токму затоа неможе да се негираат аргументите кои претходно ги објаснив. Ова “недопирање” траеше кратко, бидејќи по извесно време:

Јован 20:17 Потоа му рече на Тома: Испружи го твојот прст ваму и види ги моите раце...твојата рака стави ја во моите ребра.
За причината зошто не дозволи на Марија да го допре, а на Тома да, можеме да зборуваме во посебна тема, во секој случај беше важно да се презентира дека истото не е поврзано со она што го докажавме, дека за време на Неговата смрт, Исус беше во Рајот, и дека таму идат директно и сите вистински верници во Исуса Христа.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Друже, темава не е замислена како бранење на докторска теза по теологија.
Под одговор се мисли на краток и конкретен податок, не на километарски постови.
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
Zokik kazha:
Праведните (запишаните во книгата на животот) нема да бидат судени, туку ќе судат, т.е. ќе имаат можност да ги видат грешните дела на судените и како доказ дека Бог е праведен. Зашто Исус пак ќе дојде ако после смртта духот оди во рај или пекол? Нема никава смисла, ниту пак пишува така во Светото Писмо.
_________________________________________________________________________

Zokik, немој да донесуваш пребрз заклучок од информациите кои ти доаѓаат од било каде. Досега по моето неколкугодишно читање и проучување на писмото, имам поголема почит кон Библијата од било кога. Контрадикторностите кои сам ги наоѓав, или пак на кои другите ме упатуваа, на крај испаѓаа дека не се тоа, и патем дознавав поголема вистина. Најважно од се е никогаш да не ја изгубиш важноста на вредноста на Христовата жртва и пораката дека спасението е завршено во Него без наши дела, и сите работи да ги проверуваш врз основа на Библијата (знам сите го велат ова, ама кога ќе ја отвориш Библијата... :) )
Да му се заблагодариме на нашиот Креатор и Бог Исус Христос, бидејќи не само што ни дал здраво слово, туку и Духот Свети за да можеме словото да го разбереме, и Него да го прославиме.
1. "Осудување" на верните ќе нема, но "суд" ќе има за сите (види Евреите 9:27).
2. Второ, духот на мртвите не останува заедно со телото (и верни, и неверни).
Бидејќи претходно доста кажав (допрена е и оваа тема) сега ти давам само текст кој претходно го постирав.........

Инаку за тоа дека секој ќе биде суден е вистина, но да видиме дали станува збор за ист суд:
1Кор.3:10-15 Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува. Зашто никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда, а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.
Значи, судењето на верните не е заради спасение туку за награда врз основа на она што го направиле.
Дека ова е судот од Библијата (а не мое погрешно читање) следи:

2 Кор.5:6-10 ...Така, бидејќи сме полни со верба и знаеме дека додека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа, зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, -полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа. Затоа и секогаш се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина, зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што го направил во своето тело, било добро или зло.
.........
А во врска тоа каде верните ќе одат после смртта, еве еден краток текст (повеќе за ова во претходните мои постови):
“Зашто за мене живот е Христос, а умирањето-придобивка. Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа – и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро, но заради вас е попотребно да останам во телото.”
(Филипјаните 1:21-24)




Поздрав.
--- надополнето: 13 април 2013 во 12:37 ---
Друже, темава не е замислена како бранење на докторска теза по теологија.
Под одговор се мисли на краток и конкретен податок, не на километарски постови.
Знам другар, меѓутоа доколку сите си го кажуваме само заклучокот (пример јас ќе кажам дека Исус бил во Рајот, друг дека Исус не бил во Рајот) и на тоа останеме, при тоа чепкајќи се постојано со една/две реченици, никој ќе нема ќар од таквата работа, освен да покаже колку сме досетливи и зафрканти, а при тоа никој ни ќе размисли а не па да дојде до вистината. А зошто е ова важно, па збориме за Бог нели, ако го нема, да се зезаме, ако го има, ај да истражиме малце повеќе...
Во секој случај и мене не ми е лесно со овие долгиве постови :).
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Бисузе беше Муслиманка.Беше прекрасна личност живееше песпрекорен живот беше добра со сите луѓе.Правеше добри дела им помагаше на сите луѓе.Се омажи и остана бремена но по породувањети иако и кажаа дека е опасно по нејзиниот живот да роди дете таа повторно не го абортираше и го роди и со тоа го исполни словото божји го жртвуваше својот живот за да роди дете.
Прашање:Каде ќе оди во рајот или во пеколот само заради тоа што е муслиманка.
Љубовта ќе ја спаси.Дури и ако не прифатила ниту еден Бог.
Со ова и јас грешам што се ставам во улога да пресудувам.Тоа го правите и вие сега не пресудувајте кој каде бил и како ќе суди.
Не се прашувајте како Бог ќе суди,зошто само тој е добар и милостив кон сите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Добро, може ли некој да каже дали у Христијанстовто има правило некое за годишен помен, да се врши две недели порано од датата или овие поменот го поместија за да не ја наруши веселата атмосфера за доаѓањето на Јохан?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Добро, може ли некој да каже дали у Христијанстовто има правило некое за годишен помен, да се врши две недели порано од датата или овие поменот го поместија за да не ја наруши веселата атмосфера за доаѓањето на Јохан?
За Црквата 40-тиот е битниот ден.Не знам зошто вадат година,тоа е само од народот излезено го одбележуваат денот на смртта.Можеш свештеник кога сакаш да викнеш да му одаде молитва на покојниот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom