Прашање за Христијанството III

Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
А дали е прикладно да се поврзе еден библиски стих со друг библиски стих?
--- надополнето: 10 април 2013 во 16:53 ---


Ако Христос беше распнат во петокот, воскреснат во неделата, каде беше Он во саботата?
Како што веќе објаснив, целта на моето образлагање беше само да покажам дека во текстот 2Петар3:19-20, не се зборува за душите на праведните како што ти и Орто сакавте да покажете, згора на тоа додадовте и апокрифно евангелие. Од твојата реакција предосеќам дека не си ме разбрал најдобро и одеднаш почнуваш со прашања врска состојбата на душите починати до Исуса Христа, Каде бил духот на Исус во Саботата и сл.

Планирав подолг текст, но еве накратко J:

1. Каде беше Исус во периодот од неговата смрт до неговото воскресение?



Мики, интересно е што ти текстот во Второ Петрово го искористи како водилка за тоа каде бил Исус веднаш по неговата смрт. Од следното презентирање се надевам дека ќеможам да ти покажам дека неможе да значи тоа што ти го тврдиш:



Лука 23:42 И рече: Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во твоето царство! А Тој му рече: Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.

Лука 23:46 Тогаш Исус извика со силен глас: Татко го предавам Својот дух во Твои раце.

Исус го дава одговорот каде ќе биде во моментите по неговата смрт- а тоа е во рајот.

Исус му вели дека ќе биде денес и со него во рајот (не денес и без него).

Зборот за рај (paradeisos) употребен овдека се наоѓа уште на две места во Новиот Завет во кој недвосмислено е местото на Божјото присуство:

2 Кор.12:4 ..дека беше грабнат и издигнат до рајот (paradeisos) и дека чул неискажливи зборови што човек несмее да ги каже.

Откр.2:7 ..На оној кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај (paradeisos)!

Од вториот текст во Лука се гледа дека Исус го предава својот дух на Таткото. Од тука разбирливо е што неговото тело е сеуште во гробот, додека Исус (во дух) е во рајот со Таткото и со среќниот злосторник J.

За да се тргне сомнежот дека светите од Новиот Завет кога починуваат одат прво во “чекална” ќе продолжам со долните текстови:



Дела 7:59 И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше велејќи: Господи Исусе прими го мојот дух.

2 Кор. 5:8 И повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа.

Повторно Лука 23:42...со злосторникот.

2 Петар 4:6Имено затоа им е проповедано Евангелието и на оние кои се сега мртви, за тогаш да беа судени по човечки во телото, а со духотсега да живеат според Бога.

Јасно е дека Павле во 2 Кор. Не кажува дека сака да го напушти телото, па да поминат едно 2000год. додека дојде Христос, па после да биде со Него.

Текстовите се доволно јасни, се гледа дека духот на луѓето не е во гробот туку кај Господа. Важно е овдека да се примети дека самиот Петар во своите посланија веќе зборува за два момента и тоа: дека мртвите во Исуса сега живеат според Бога (2Пет.4:6) , а претходно зборуваше како Бог знае да ги задржи неправедните за казнување до денот на судот (2 Пет.2:4-5,9).



2. Што со зборовите на Исус во кои вели да не го допираат бидејќи уште не отишол кај својот Татко? (претпоставувам ова прашање следи природно на претходното)



Одма мора да се забележи дека овдека станува збор за воскреснатиот Исус во прославено тело (не само во дух како претходно, каде и да било тоа J). Токму затоа неможе да се негираат аргументите кои претходно ги објаснив. Ова “недопирање” траеше кратко, бидејќи по извесно време:

Јован 20:17 Потоа му рече на Тома: Испружи го твојот прст ваму и види ги моите раце...твојата рака стави ја во моите ребра.

За причината зошто не дозволи на Марија да го допре, а на Тома да, можеме да зборуваме во посебна тема, во секој случај беше важно да се презентира дека истото не е поврзано со она што го докажавме, дека за време на Неговата смрт, Исус беше во Рајот, и дека таму идат директно и сите вистински верници во Исуса Христа.



Ве поздравувам.
--- надополнето: 11 април 2013 во 15:57 ---
zokik,

зашто самиот на себе си поставуваш прашања? Па ја‘ уопште не Те прашувам дали Бог нешто ни‘ кажал или нешто скрил од нас, туку Те прашав: каде беше Христос во саботата, а Ти си развиваш содржаен монолог...:confused:

Ајде уште еднаш: каде беше Христос во саботата, пошто Христос на багабонтот од крстот му вети дека во петокот, ќе бидат во Рајот, а во неделата, Христос воскресна.

Каде беше Христос во саботата?
--- надополнето: 11 април 2013 во 09:21 ---


zokik,

од кај Ти е оваа мудрост, дека душата е составена од телото, создадено од земја?

Јасно е дека после смртта, телото се враќа во земјата, од каде е и земено, но што се случува со духот човеков после смртта?

Според Твојов одговор, се чини дека духот човеков „аутоматски„ се враќа кај Бога, и тоа е се‘?

А зашто тогаш Св. Ап. Павле вели:
„...И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа-суд..„ (Евреите, 9.27).

Според Апостолот, се чини дека после смртта, се случува „нешто„, кое не е просто враќање на духот човекот кај Бога, или јас сум во криво?...:sneaky:
Во врска толкувањето на Евреите 9:27, доколку го погледнеме контекстот на стихот, ќе видиме дека се зборува за тоа како жртвата Христова не е како жртвите од Стариот Завет, дека Христос немора да доаѓа повеќе пати и да умира постојано од настанокот на светот...т.е. како што човекот “еднаш живее” и “еднаш умира” и потоа му се суди, така и Христос “еднаш се даде” за нашите гревови и “еднаш ќе дојде” за спасение.

Инаку за тоа дека секој ќе биде суден е вистина, но да видиме дали станува збор за ист суд:

1Кор.3:10-15 Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува. Зашто никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда, а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.

Значи, судењето на верните не е заради спасение туку за награда врз основа на она што го направиле.

Дека ова е судот од Библијата (а не мое погрешно читање) следи:

2 Кор.5:6-10 ...Така, бидејќи сме полни со верба и знаеме дека додека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа, зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, -полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа. Затоа и секогаш се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина, зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што го направил во своето тело, било добро или зло.
Поздрав.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како што веќе објаснив, целта на моето образлагање беше само да покажам дека во текстот 2Петар3:19-20, не се зборува за душите на праведните како што ти и Орто сакавте да покажете, згора на тоа додадовте и апокрифно евангелие. Од твојата реакција предосеќам дека не си ме разбрал најдобро и одеднаш почнуваш со прашања врска состојбата на душите починати до Исуса Христа, Каде бил духот на Исус во Саботата и сл.

Планирав подолг текст, но еве накратко J:

1. Каде беше Исус во периодот од неговата смрт до неговото воскресение?



Мики, интересно е што ти текстот во Второ Петрово го искористи како водилка за тоа каде бил Исус веднаш по неговата смрт. Од следното презентирање се надевам дека ќеможам да ти покажам дека неможе да значи тоа што ти го тврдиш:

.
astojcov,

ќе прескокнам преку се‘ и пак ќе прашам: каде беше Христос во саботата?
Знаеме/веруваме каде беше Он во петокот и што се случи со Него во неделата, но што правиме со саботата?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Како ги распознаваш ?
Прво и речиси недвосмислено според верските ставови, а потоа и според цитатите од Библијата (или други извори) што ги користат, според речникот или начинот на изразување.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Во врска толкувањето на Евреите 9:27, доколку го погледнеме контекстот на стихот, ќе видиме дека се зборува за тоа како жртвата Христова не е како жртвите од Стариот Завет, дека Христос немора да доаѓа повеќе пати и да умира постојано од настанокот на светот...т.е. како што човекот “еднаш живее” и “еднаш умира” и потоа му се суди, така и Христос “еднаш се даде” за нашите гревови и “еднаш ќе дојде” за спасение.

Инаку за тоа дека секој ќе биде суден е вистина, но да видиме дали станува збор за ист суд:

1Кор.3:10-15 Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува. Зашто никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда, а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.

Значи, судењето на верните не е заради спасение туку за награда врз основа на она што го направиле.

Дека ова е судот од Библијата (а не мое погрешно читање) следи:

2 Кор.5:6-10 ...Така, бидејќи сме полни со верба и знаеме дека додека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа, зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, -полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа. Затоа и секогаш се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина, зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што го направил во своето тело, било добро или зло.
Поздрав.
astojcov,

Ајде пак да поедноставам: што се случува со душата човекова веднаш после смртта, не на страшниот Христов Суд? За кој суд пишува Апостолот?
 
Член од
4 април 2013
Мислења
26
Поени од реакции
6
astojcov,

ќе прескокнам преку се‘ и пак ќе прашам: каде беше Христос во саботата?
Знаеме/веруваме каде беше Он во петокот и што се случи со Него во неделата, но што правиме со саботата?
Ај да бидам краток: Исус почина во Петокот, и за три дена воскресна во тело, во тој период Исус беше кај својот Татко.
(од каде па ова чудо..., читај го мојот подолг пост J)
--- надополнето: 11 април 2013 во 16:59 ---
astojcov,

Ајде пак да поедноставам: што се случува со душата човекова веднаш после смртта, не на страшниот Христов Суд? За кој суд пишува Апостолот?
“Зашто за мене живот е Христос, а умирањето-придобивка. Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа – и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро, но заради вас е попотребно да останам во телото.”

(Филипјаните 1:21-24)

Се надевам дека сега сум појасен J.

Те поздравувам Мики1.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Те поздравувам Мики1.
И јас Те поздравувам...а одговори на моите прашања, не добив па мој впечаток е дека пра‘ам паралелен монолог со верник во Исламот, а не со „особа„ која се колне во Светото Писмо.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ај да бидам краток: Исус почина во Петокот, и за три дена воскресна во тело, во тој период Исус беше кај својот Татко.
Тогаш зошто го кажал следново:
Јован 20
17 Исус и рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’
?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Јован 20
17 Исус и рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’
И покрај вакви јасни библиски цитати и понатаму верувате дека Исус е Бог и божји син (n)
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Тогаш зошто го кажал следново:
Јован 20
17 Исус и рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’
?
Ova im go rekol zatoa sto otecot na sinot od duhot koj sleze vo slovoto za da go ispolni pisanieto na majkata vo tatkoto od kogo proizleguva mudrosta na otecot od kogo izleze sinot preku majkata....... Razbiras ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И покрај вакви јасни библиски цитати и понатаму верувате дека Исус е Бог и божји син (n)
Ево, ја‘ од овој моменат, престанувам да верувам во то...:icon_lol:
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Што значата празниците Благовештение 7,04 и Цветници 28,04
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Празникот Благовештение е денот кога Архангелот Гавриил и‘ ја објавил веста на Мајката Божја за безгрешнот зачнување Христово.

Цветници е денот кога Христос влегува во Ерусалим, за последен пат, пред да биде распнат.

После тој ден, Црквата ја започнува т.н. страдална/страсна седмица, во која Христос е предаден/продаден од Јуда Искариотски, на Велика Среда, па денот која Христос ги повикува Апостолите на Тајната вечеа, на Велики Четврток, денот кога Христос Е распнат, на Велики Петок, денот кога Он Е во пеколот, на Велика Сабота и конечно, воскресението Христово, рано во недела изутрина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom