Vo vrska poslednata rechenica od Soul, ne mi e poznato kade vo Biblijata se kazhuva deka zemjeta e Ravna Plocha (barem taka ja razbiram rechenicata od Soul).
Postojat nekolku mesta kade zemjata se narekuva "topka", "krugot na zemjata" i sl., no ni na edno mesto ne se kazhuva deka e ramna plocha. Vprochem, ako ne gresham, crkvata vo sredniot vek zapalila edno poznato ime na klada samo zaradi toa shto tvrdel deka zemjata e trkalezna. Ova e dobar primer kako treba da se chita Biblijata a potoa da se slusha shto crkvata kazhuva.
Да, библискиот пророк Исаија неколку пати го спомнува Земниот круг, вели дека Господ е Тој што седи над кругот на Земјата. Нека не те буни приговорот на исламистите дека не пишувало топка, туку круг. И да пишуваше топка, тие пак ќе приговараа дека не е топка, туку е елипса. А и елипса да пишува, тие пак ќе најдат замерка и ќе речат: ама не е правилна елипса итн. Значи нивната цел е да ја дискредитираат Библијата и тоа го прават небирајќи средства, со лаги и клевети, со непроверени информации, со вонконтекстуално цитирање на искасапени стихови итн. Батали ги.
Иако во Библијата не е спомнат геометрискиот облик на Земјата (бидејќи Библијата не е научен учебник и не и е тоа целта), сепак има некои индиректни индикации дека таа не е рамна плоча носена на грбот на китовите или желките. Еве неколку од тие аргументи:
1. Во книгата на Јов пишува дека Бог ја закачил Земјата за ништо.
„Го послал Он северот над празнината, ја закачил Земјата на ништо.“ (
Јов 26:7, Библијата)
2. Понатаму кога Исус зборува за Неговото доаѓање и земањето на верните од Земјата, тој спомнува дека таа ноќ едни ќе бидат земени од постела (навечер, за време на спиење), а други ќе бидат земени од нива (значи преку ден). Ова е можно само ако Земјата има округла форма, во спротивно не би можело на еден крај од плочата да е ден, а на друг крај ноќ.
„Ви велам:
во таа ноќ ќе бидат двајца во една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;
две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават;
двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;“ (
Исус, ев. Лука 17:34-36, Библијата)
Некој на ова може да приговори дека можеби Исус мислел дека самиот овој спектакуларен настан ќе трае повеќе денови, или ден и ноќ. Сепак, самиот текст открива дека се работи за нешто ненадејно и брзо, а Исус на друго место вели дека Неговото доаѓање секој ќе го види и ќе се појави како молњата што се појавува на исток и се гледа до запад, дека ќе дојде во време кога нема да очекуваме итн. А дека ова ќе биде брз и изненаден процес за многумина гледаме и од самото тоа што некои луѓе ќе си бидат на нива и ќе си работат ако ништо да не се случува. Замисли дознаваш на вести или на интернет дека Господ спектакуларно доаѓа, а ти си идеш на нива и си ораш