Дозволено е... јас лично никому ништо не забранувам. Дозволено е да се коментира на секој пост... секој со своето верување/знаење. Ако не е според православната логика, и протестантите според вас го извртуваат и не го познаваат вистинското учење... Иако не знам кое вистинско веќе 700+ страници...
Не зборувам за забрана, туку култура, од страна на нехристијаните, за да бидеме попрактични...
И протестантите се декларираат за Христијани, како православните, римокатолиците...
Оној што вистински го интересира, фер е да ги слушне поавтентично овие конфесии па макар и да се конфорнтираме меѓу себе, од што повеќе би се согледале можните вистини сеедно кај кого и да се реални.
Христијаните да го пренесат учењето поавтентично ни велиш... затоа јас реков да си ги решите внатрешните проблеми во ова учење, бидејќи ве има премногу учења за тој Христос кој што верувате дека знаете дека ќе дојде, и не знаеме кое е тоа автентично учење.
Која школа/верување е најавтентично од христијанските мал милион цркви?
Искрениот барател на Вистината и покрај многуте разлики во учењата, со Божја помош, доаѓа до одговор.
Мене ни е ми одбивно вашето учење (православно), само го критикувам вашето излагање кое е нели, автентично...
Сите сме овде да учиме...
Не е проблем критиката, туку начинот.
Критиката треба на набљудувачот да му помогне, а не дополнително да го збуни, во оваа насока е мојата реакција.