Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.252
Досега многу пати постирав линкови за знаците во светот (војни, гласови за војни, прогон на Христијаните, знаци на небото и земјата, зголемување на злото во светот, отпад од верата во Исус Христос, итн). Овојпат, би сакала да искоментирам малку за знаците "соништа и визии."
Дали знаете дека Бог во денешно време континуирано испраќа и од овие другиве знаци (сонови и визии)? Да, и јас сум една од нив, - но во значително поголема мера ги имаат и други Христијани, со кои сум во постојан контакт...
Бог го Излева Светиот Дух на сите кои искрено го бараат и очекуваат.
Значи богот го Излева Светиот Дух прикажувајќи знаци (поточно реално војни, прогони убиства итн итн)?
И доаѓа крај на светот?
И ти си медиум преку кој зборува Богот, преку визии и соништа?
Така, не сум разбрал лошо?

П.С. Би сакал да видам ставови на другите христијани за ова „праќање визии од Таткото“ и излевање на Светиот дух со војни и прогони во 21 век...
Мислев дека за тоа се криви одредени исламски фракции, а не христијанскиот концепт за бог...
Нешто не ми штима..
--- надополнето: 1 август 2012 во 15:25 ---
На истата страна има и линк до една прекрасна книга, - „Свадбената Вечера на Јагнето“ (на англиски). Ако не сте одлучиле каква книга да си понесете на одмор - еве ви можност! Па и да не е за одмор - задолжително прочитајте ја. Наменета е за искрените верници - Христијани!
Книгата е објавена во повеќе различни формати за преземење, - и што е најважно -бесплатна е!
На ОДМОР?
ДОАЃА КРАЈ НА СВЕТОТ, ЗЛОТО РАСТЕ, НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕ ВЕРУВА ВО ИСУС, а ти ми велиш да одам на одмор и да си читам книга?
Некако не ми оди ова твоево...
Но добро, ќе видиме други што ќе коментираат...

Јас, се откажувам :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Значи богот го Излева Светиот Дух прикажувајќи знаци (поточно реално војни, прогони убиства итн итн)?
И доаѓа крај на светот?
И ти си медиум преку кој зборува Богот, преку визии и соништа?
Така, не сум разбрал лошо?

П.С. Би сакал да видам ставови на другите христијани за ова „праќање визии од Таткото“ и излевање на Светиот дух со војни и прогони во 21 век...
Мислев дека за тоа се криви одредени исламски фракции, а не христијанскиот концепт за бог...
Нешто не ми штима..
--- надополнето: 1 август 2012 во 15:25 ---

На ОДМОР?
ДОАЃА КРАЈ НА СВЕТОТ, ЗЛОТО РАСТЕ, НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕ ВЕРУВА ВО ИСУС, а ти ми велиш да одам на одмор и да си читам книга?
Некако не ми оди ова твоево...
Но добро, ќе видиме други што ќе коментираат...

Јас, се откажувам :)
Што толку имаш кеф да ги реметиш христијаните?
 
В

влијателен

Гостин
Можеме да знаеме дека Враќањето на Господ Исус Христос е набрзо преку знаците, за кои Тој ни најави дека ќе се случуваат во Последните Времиња, а кои навистина се случуваат и тоа масовно! Многу повеќе од било кога.
Досега многу пати постирав линкови за знаците во светот (војни, гласови за војни, прогон на Христијаните, знаци на небото и земјата, зголемување на злото во светот, отпад од верата во Исус Христос, итн). Овојпат, би сакала да искоментирам малку за знаците "соништа и визии."
Дали знаете дека Бог во денешно време континуирано испраќа и од овие другиве знаци (сонови и визии)? Да, и јас сум една од нив, - но во значително поголема мера ги имаат и други Христијани, со кои сум во постојан контакт...
И што сонуваш?
Дали тебе ти менува нешто ако Враќањето биде набрзо или по 5 милиони години откако ќе умреш?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Хепта,

и некои други религии го очекуваат својот месија, а се чини дека Тебе лично ништо не Те засега кога се религиите во прашање, небаре „ниси одавле„...

Совршено е небитно дали Ти лично веруваш или не, но второто Христово доаѓање не е прашање на Твоја (не)вера или желба, туку е прашање на Божјата промисла, според која Христос дојде првиот пат за да не‘ повика на спасение, а вториот пат ќе дојде за да ни‘ суди праведно.

Христос ќе биде виден од сите, незибежно, а не по нечиј личен „укус„, и Он ќе ни‘ суди на сите, не оти Ти така сакаш или нејќеш, туку оти Он така одредил.

Друго е прашањето, дали ќе Го препозанеме како свој Спасител, кого Го очекуваме, или ќе Го препознаеме како антихристи, на кои ниту една подземна темнина нема да им помогне да ја избегнат Христовата очигледност.
Христос не може да дојде, барем не сеуште, во облик, кој би бил препознаен од сите, бидејќи има многу зло акумулирано на планетава, а има и поданици на сатаната кои делуваат преку една друга религија, која иронично во превод значи мир.

Треба да се направи многу почисто тло за неговото второ доаѓање, или во спротивно тоа би било нешто сосема друго - доаѓање да се уништи злото, а не да се понуди рајот на Земјата.

Мислам дека ме разбра што сакам да кажам:) , откако ќе се создаде тло, тогаш обликот на Христовата појава во сечиј ум, воопшто нема да биде важен. Ќе се знае дека е он, ќе се знае што треба да направи секој, за д аима рај на Земјата.

Но, дотогаш, за жал, има уште време...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Веруваме за да знаеме, веруваме за да разбереме..

А јас сум 100% убеден дека Ти лично, ништо не знаеш, освен она кое „некој друг„ веќе го подготвил како готова информација, која Ти лично ја земаш „здраво за готово„, небаре таа информација е чисто Твој емпириски наод...
Микиии!
... од овие и оние силни информации со кои секојдневно тука не бомбардираш... ти лично ги подготви?
...или работата ќе да е дека и ти онака од ракав на жими мајка сознанијата ги земаш „здраво за готово„ ....:D
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.608
Поени од реакции
1.156
Христос ќе биде виден од сите, незибежно,

Ќе треба на некои да им плукне во очи за да прогледаат,
а други ќе ги остави слепи, бидејќи поверувале без да видат.

Како одбираш ти како христијанин.
Да ти плукне во очите за да го видиш или имаш толку силна вера на која не и треба доказ за Синот?:)
--- надополнето: 1 август 2012 во 23:49 ---
Не верувам во тоа. Никој не дошол да го спасува човекот а и нема ниту да дојде некој однадвор да не поправи. Но, тоа е друга приказна, не е за овде, на тема христијанство...
А ако некој го познае, мислам дека ќе биде познаен само за да биде распнан по втор пат, овој пат снимен со дигитлани камери за да остане запаметено за да не се градат догми во иднина. Се си бидува кога се зборува за религии и верувања...
Тој според Христијаните е каментемелник на кои други изградиле.
На некои КАМЕЊА погледот им бил во небото,па граделе камен на камен за да стигнат до бог.:)

А знаеш како викаат,камен на камен нема да остане.:P
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како одбираш ти како христијанин.
Да ти плукне во очите за да го видиш или имаш толку силна вера на која не и треба доказ за Синот?:)
.
На своето второ доаѓање, Христос ќе биде очигледна Вистина...А очигледните нешта, не се докажуваат, ниту во нив се верува.
--- надополнето: 2 август 2012 во 19:13 ---
Христос не може да дојде, барем не сеуште, во облик, кој би бил препознаен од сите, бидејќи има многу зло акумулирано на планетава, а има и поданици на сатаната кои делуваат преку една друга религија, која иронично во превод значи мир.

Треба да се направи многу почисто тло за неговото второ доаѓање, или во спротивно тоа би било нешто сосема друго - доаѓање да се уништи злото, а не да се понуди рајот на Земјата.

Мислам дека ме разбра што сакам да кажам:) , откако ќе се создаде тло, тогаш обликот на Христовата појава во сечиј ум, воопшто нема да биде важен. Ќе се знае дека е он, ќе се знае што треба да направи секој, за д аима рај на Земјата.

Но, дотогаш, за жал, има уште време...
1. Христос ќе дојде, кога „...времињата ќе се исполнат..„. т.е. тогаш, кога ќе се исполнат условите (и знаците) кои претходат на Неговото второ доаѓање. Дел од тие знаци, уште денес ни‘ се достапни, со очебијна очигледност. Кој има очи, нека види, а кој има уши, нека слушне.
2. Злото се акумулира непрекидно, и во предхристово време како и денес, со тоа што денес, во нашево време, злото стана „нормална„ појава.
3. Неговото второ доаѓање не бара „почисто тло„, туку тоа доаѓање ќе се случи на „тло„ кое ќе биде така нечисто, што по нечисто не може ни да биде...
4. Второто Христово доаѓање, како веќе напишав, ќе биде очигледне настан за сите живи и мртви (т.е. воскреснати), без исклучок.
5. Да, има време, но тоа станува се‘ пократко, оти силите на злото веќе не се кријат од јавноста, туку ни‘ се исмеваат „у фаца„.

П.С.

Една од најголемите демонски лаги е токму оваа: „..има уште време (за мое лично покајание), зашто да брзам(е)?...„.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.608
Поени од реакции
1.156
На своето второ доаѓање, Христос ќе биде очигледна Вистина...А очигледните нешта, не се докажуваат, ниту во нив се верува.
Дали тоа значи дека кога ќе дојде Човекот,сите христијани ќе ги земат своите книги и икони ќе ги стават на куп и ќе запалат голем огин и сите храмови до темел ќе ги срушат,бидејќи нема потреба повеќе да се верува во нив,зошто второто доаѓање на Човекот ќе биде очигледна вистина за сите.
Така нели?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е тека...

Второто Христово доаѓање не е само ради христијаните, кои Го очекуваат, туку второто Христово доаѓање е ради целиот човечки род, од Адама до последно родениот човек, за да може Он (Христос, нели...), да ни‘ суди на сите, праведно, секому според верата и според делата.

И да, како што Стариот Завет е сенка, како што Новиот Завет е слика, така и Христос ќе биде очигледна Вистина, ок која (Вистина) ќе нема бегање и криење...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Мики .. ој напиј се пиво.... некако премногу апокалиптички си ми расположен...:D
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Важи бе Vone, еве, на наредната пивска средба со кајганџиите кои лично ги знам, можеш да ни‘ се придружиш па задно ќе „апокалиптичариме„...

Све со очигледни докази, нели...:D
И без линкови и „ју тјуб„ видео-клипови...:D
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.608
Поени од реакции
1.156
Не е тека...

Второто Христово доаѓање не е само ради христијаните, кои Го очекуваат, туку второто Христово доаѓање е ради целиот човечки род, од Адама до последно родениот човек, за да може Он (Христос, нели...), да ни‘ суди на сите, праведно, секому според верата и според делата.

И да, како што Стариот Завет е сенка, како што Новиот Завет е слика, така и Христос ќе биде очигледна Вистина, ок која (Вистина) ќе нема бегање и криење...
MIKI1,
Состави реченица безвременска по урнек на сопственото искуство од животот,искључувај ќи ги сите дејствија од општеството,културата,религијата,нацијата и др.
Во која реченица ќе ги опфатиш сите тие што постоеле порано,што постојат сега и оние што ќе дојдат после тебе?

Ова ти го кажувам за да ги соединиш сите заеднички човечки случувања на сите луѓе.Од неговот раѓање,растење како дете,раѓање на љубовта спрема твојата спротивност по тело,ваше соединување,што се добива од плодот на вашата љубов,ваше создавање,ваше стареење и умирање.
И пробај одреди кој е судија,од кого не можеш да се сокриеш?


Такви се и речениците од книгите на кои се потпираш.

Ако имаш деца,ќе знаеш.
Ако немаш ќе треба да ги соединиш раѓањето и умирањето.
;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
edno prasanje za hristijanite
1
За одржување хигиена, постои и WC хартија и редовно бањање. Се‘ е ствар на лична и колективна култура, разбираш, а не на верски пропис. Верата е категорија на духот а не на телото.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
да ни‘ суди на сите, праведно, секому според верата и според делата.
Колку според верата, колку според делата?
Има ли мерило?
Ќе им суди ли еднакво на Христијани (вистинските и тоа) и Муслимани, ќе им суди ли еднакво на Христијани и Атеисти?
Колку процент од одлуката зависи од верските убедувања, а колку од делата?
Затоа што според Библијата, џабе ти се дела, без покајание, крстење и прифаќање на Исус Христос нема џенет.
Мене тоа ми изгледа како делата да се гледаат само на вистинските верници, тие другите веќе имаат one way ticket to hell, без разлика на делата.
И уште едно нешто ме интересира, како ќе им суди на племиња кои не се запознаени со Христовото учење?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Колку според верата, колку според делата?
Има ли мерило?
Ќе им суди ли еднакво на Христијани (вистинските и тоа) и Муслимани, ќе им суди ли еднакво на Христијани и Атеисти?
Колку процент од одлуката зависи од верските убедувања, а колку од делата?
Затоа што според Библијата, џабе ти се дела, без покајание, крстење и прифаќање на Исус Христос нема џенет.
Мене тоа ми изгледа како делата да се гледаат само на вистинските верници, тие другите веќе имаат one way ticket to hell, без разлика на делата.
И уште едно нешто ме интересира, како ќе им суди на племиња кои не се запознаени со Христовото учење?
Па нормално, ако рајот е прибежиште на Исус, за да дојдеш таму, треба да го почитуваш и веруваш во него, кој е домаќин на местото каде целиш да одиш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom