- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.290
- Поени од реакции
- 26.170
Маркс прави една од најгенијалните анализи на капитализмот и предвидува (не ветува) развој во насока што се нарекува социјализам. Јас до точка се согласувам со неговата анализа на капитализмот, но не сум сигурен дека човештвото ќе достигне таков стадиум на развој за да стигне до социјализам. За тоа човекот треба да ја победи суетата и алчноста. Малку потешко ќе се случи тоа.Маркс е лажго, затоа што секој кој ветува дека во иднината ќе се случи тоа и тоа, тој практично лаже, или во најдобар случај, кажува полу-вистина. Маркс ја вети „убавата иднина„ во никад недочеканиот комунизам, кој, како видовме, се распадна пред некои 20 г. и како општествен и како економски поредок во нашата претходна татковина и целиот источен блок, но и во цел Свет.
Инаку ме чуди ова несогласување со марксовото учење, сепак социјализмот на Маркс е една од идеологиите која слично на христијанството застанува на страната на послабите и угнетените.