Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Настанување живот од обичен молекул нема врска со еволуција, тоа е многупати кажано, но тебе не ти смета да го игнорираш тоа. Еволуцијата значи адаптирање преку промена, при што од постоечки, настанува нов вид. И тоа на твоја голема жалост не е никаква прикаска, вера, хипотеза или било што слично, туку ФАКТ, докажан и покажан, на секој можен начин. Има евидентирани постоечки видови, кој непостоеле до точно познат и одреден период од човечката историја. Постојат и примери каде човекот директно влијаел од постоечки да се создаде нов вид. Доказ за еволуцијата е секој сезонски мутиран вирус на грип што се појавува! Што значи, без разлика дали првиот организам настанал со интелегентна интервенција или без, прикаската со ребрата паѓа во вода!Според прикаската на Дарвин, жената е настаната од еден обичен молекул воден од слепите сили на природата, со текот на милиони милиони години. Без присуство на интелигенција, без присуство на план, дизајн, од молекулот настанал жена по пат на ткн. „еволуција“.
Ти веруваш во ова, а не веруваш дека жена може да настане од ткиво кое веќе содржи готова DNK на човек, готови хромозоми, готови протеини и сл. и уште повеќе истата е во рацете на Оној Кој го создал целиот Универзум. Ти веруваш во првото, а го нарекуваш невозможно второто? Само затоа што си го исклучил Бог од равенката. Само затоа што во појдовната премиса, во појдовниот темел си заклучил нема Бог, не може да постои Бог и не смее да постои Бог?
Не е можно, затоа што и човекот во својот состав има елементи потешки од хелиум. За човекот да создаде фузија во вештачки услови, мора предходно да постојат елементи како калциум, јаглерод, железо, кислород и ред други, кој самиот човек мора да ги има во својот состав.Но дури и во таквата природа, дури и да го вметнеш човекот како интелигентно битие, веднаш станува можно и поинаквото создавање на потешките елементи освен во јадрата на ѕвездите. Значи тоа е можно дури и ако не го вметнеш Бог како Интелигентно Битие, туку само ако го вметнеш човекот.
Или мислиш дека може да има луѓе само од водород и хелиум?