Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е добро, зашто да Те послушам? Тамам работа ако арчам време за тема која потекнува од 19-от век, а јас живеам во 21-от?

Навистина?

А од кога потекнува Христијанството?

Инаку, за твоја информација, има еден куп паралели помеѓу христијанството и марксизмот. Есхатолошката одредница, падот, спасувањето и рајот, се се тоа слични концепти во обете идеологии...
 
Маркс, основачот на историскиот материјализам, а воедно и радикален материјалист и револуционер, бил слуга на лукавиот ради начинот на живеење кој го практикувал (потекнувал од богато индустријалски семејство), а лицемерно бил загрижен за социјалната состојба со работничката класа во неговото време. Поезијата која ја има пишувано Маркс, е слика на неговата демоноопседнатост: преку Маркс, практично самиот демон пишувал поезија.

Маркс бил хихилист во секој поглед: нему ниту една досегашна цивилизација и ниту една вера/религија, не му биле по кеифот. Но ете, токму тој се самоповикал за да (ни‘) каже како треба да биде уреден Светот и животот. Начинот на кој Маркс ја замислува промената на Светот и општеството, стана модел за сите познати револуции од поново време, а воедно, револуционерните промени и преврати, станаа модел за начинот на кој ќе дојде и анти-христот на власт.

Маркс е лажго, затоа што секој кој ветува дека во иднината ќе се случи тоа и тоа, тој практично лаже, или во најдобар случај, кажува полу-вистина. Маркс ја вети „убавата иднина„ во никад недочеканиот комунизам, кој, како видовме, се распадна пред некои 20 г. и како општествен и како економски поредок во нашата претходна татковина и целиот источен блок, но и во цел Свет.

Иднината ја знае само Бог. Кој смета дека подобро ја знае иднината, се поставува себе си над Бога и над Божјата вистина.

Само за Маркс.
Ако го разглабиш ова што го напиша и го погледнеш од логичка гледна точка испаѓа дека Маркс бил гениј пред своето време.
Зошто го викам ова. Успеал да создаде начин на контрола на луѓето во кој самите луѓе се главните двигатели на истото. Како е најлесно да си го заштитиш богатсвото дај им на луѓето богатсво но секогаш ке бидат посиромашни од тебе а сепак ке бидат задоволни и тогаш нема револуција се ке биде статус кво. Ако погледнеме низ историјата истото на одреден начин го правеле сите големи водачи.
На крај Маркс само го увидел тоа што го проповедаат религиите и го подигнал на следното ниво.
И неговото учење и религиите се сведуваат на контрола на луѓето за свое добро нудејки им илузии од типот сите сме еднакви.
 
Навистина?

А од кога потекнува Христијанството?

Од пред 2 000 г. Рисјанската вера е пред е‘ духовно и безвременско учење, кое не е од од овој Свет, а не чисто материјалистичко и минливо-менливо учење за и од овој Свет.
--- надополнето: 7 март 2012 во 09:48 ---
И неговото учење и религиите се сведуваат на контрола на луѓето за свое добро нудејки им илузии од типот сите сме еднакви.

Како Тебе лично, Ти успева да останеш неисконтролиран?
 
А од кога потекнува Христијанството?
од 21ви век :pos:
Инаку, за твоја информација, има еден куп паралели помеѓу христијанството и марксизмот. Есхатолошката одредница, падот, спасувањето и рајот, се се тоа слични концепти во обете идеологии...
So true, unfortunately.......
 
Како Тебе лично, Ти успева да останеш неисконтролиран?
Можеби и не му успева, но е свесен за тоа, за разлика од тебе, кој што си јако контролиран а не си свесен. Веруваш во идеологија чија цел е само перење пари. Исто како и комунизмот а кој не сме го доживеале, а сепак постоел, ама се распаднал иако не постоел, кој го оплакуваш сеуште. Веројатно наоѓаш сличност со христијанството. Не ме ни чуди што си сменил вера од комунистичка во христијанска
 
--- надополнето: 7 март 2012 во 09:55 ---
Кој рече дека не сум јас сум само свесен дека сум контролиран. Тоае битна разлика.:)
Тоа што си, ѓоамити свесен дека си контролиран, не Те оправдува и не Ти дава за право да критикуваш други заедници, кои се контролирани.

Во верата на пример, контролата се сведува пред се‘ на самоконтрола, а не на насилно контролирање на верните од другите членови во заедницата.

За разлика од верата, контролата во Светов станува се‘ по софистицирана и се‘ по насилна.
--- надополнето: 7 март 2012 во 09:56 ---
Можеби и не му успева, но е свесен за тоа, за разлика од тебе, кој што си јако контролиран а не си свесен.

Погледни го погорниот мој пост.
 
.


Зборуваш за оние чеда на лагата кои (како тебе) сакаат со своите лаги од вистинскиот Цар на Мирот да направат крвник ... ? . :(

БОГ нека им биде Милостив, бидејќи таквите незнаат што зборуваат и што прават!
.

Не Спирос, јас сите тврдења ги проверувам од повеќе аспекти, од страна на историја, археологија, апокрифни сведоштва...
Не се потпирам на “шесто чуло“ како нинџите. Ете за пример порано во јапонија имаше многу нинџи и самураји кои сите тврдеја дека имаат претчуства за работите дека знат ако некој од мрак ги нишани со шурикен и тие можат у последен момент да се наведнат и избегнат смрт. И сега ги нема тие нинџи да им работеше то шесто чуло (харагери го викаа) ќе ги имаше и денес. И на срце не можеш да му веруваш, еее колку млади моми и дечковци слушајќи го срцето свое, па испадна таја неморална, радодајка, тој пијанчиште шо ја тепа па после афери скандали и судски рочишта да не зборам за аритмији тахикардији ангини пекторикс и фатални инфаркти. Потпирање на шесто чуло и мускул в гради не е вистинскиот начин да се сознае нештото. Не знам оти малце не се потприш на мозокот и логиката. Тие се за тоа наменети.
 
Не ме ни чуди што си сменил вера од комунистичка во христијанска

Тоа само стек од околности.
Луѓето мењааа вера и од елинско-римски паганизам во рисјанство, оти живееја во такви општества.
--- надополнето: 7 март 2012 во 10:00 ---
Инаку, за твоја информација, има еден куп паралели помеѓу христијанството и марксизмот.

Има!
Маркс бил рисјанин, барем номинален. Марксизмот (и самиот Маркс), како идеологија, има своја инспирација и во утопијата, но и во христијанството, преку средновековниот хилијазам. Идејата за праведно општество, Маркс на ја измисли, туку само ја „позајми„!
 
Погледни го погорниот мој пост.
Го видов, и...?
Твое лично мислење, безвременско христијансво, абе ај бегај..... ти и од папата поголем папа а?
Тоа само стек од околности.
Луѓето мењааа вера и од елинско-римски паганизам во рисјанство, оти живееја во такви општества.
Аха... јасно, Ако не можеш да ги победиш придружи им се..... Секогаш кон новотариите се приклучуваш?
 
--- надополнето: 7 март 2012 во 09:55 ---

Тоа што си, ѓоамити свесен дека си контролиран, не Те оправдува и не Ти дава за право да критикуваш други заедници, кои се контролирани.

Во верата на пример, контролата се сведува пред се‘ на самоконтрола, а не на насилно контролирање на верните од другите членови во заедницата.

За разлика од верата, контролата во Светов станува се‘ по софистицирана и се‘ по насилна

Погледни го погорниот мој пост.
И те како ми дава право без тргање од традицијата и религијата не би го имале овој моабет нели. Сите би биле истомисленици и би комуницирале со писма или гулаби. Ако некој се противел на клада и решен проблем како што рекол Сталин: Неме човек нема проблем. Целокупниот напредок кој го имаме денес се должи на луѓе кои избегале од заеднци кои се контролирани.
Мојата критиката на заедниците кои се контролирани произлегува од фактот дека тие не се ни свесни за тоа и што е уште пострашно ја пропагираат истата таа контрола.
 
Аха... јасно, Ако не можеш да ги победиш придружи им се..... Секогаш кон новотариите се приклучуваш?

Верата која ја исповедам:
- е безврменска,
- и секогаш нова, која одново се открива од секоја наредна генерација.
--- надополнето: 7 март 2012 во 10:18 ---
Целокупниот напредок кој го имаме денес се должи на луѓе кои избегале од заеднци кои се контролирани.
.

Јаааааа...:D

Или, како шо би рекол Аристотел: „...Кој сака да живее сам (изолиран од општеството), или е бог или е ѕвер...„

Наведи ми некој таков пример, од лик кој излегол од сечија контрола, ама направил јак историски потег.
--- надополнето: 7 март 2012 во 10:18 ---
Мојата критиката на заедниците кои се контролирани произлегува од фактот дека тие не се ни свесни за тоа и што е уште пострашно ја пропагираат истата таа контрола.

А најстрашно е тоа. што немаш поим што пишуваш, ама пак пишуваш....:icon_lol:
 
@Miki1

Мики навистина ли не ја согледуваш сличноста на Христовото учење, или христијанството со комунизмот и замислите на МАркс?

Јас мислам дека сосема ти е јасно, ама од некои други причини, мене непознати, го тврдиш спроитвното.
 
Мики оние што ги нарекуваш неверни се спремни да прифат инстантно да станат верни, доколку се потврди дека нивното размислување е заблуда.

Тоа треба еден верник да го покаже. Да го убеди неверникот да ја прифати верата.

Но, некако во светов обратното се случува.

Тоа "проклетите" неверници се повеќе го "лажат" народот и го придобиваат на своја страна. Зошто?

Ќе видеше ти убо да беше роден неколку века поназат. Како ќе го видеше и Исус и Бог и седумте јавачи на апокалипсата.... ко ќе те клаеа малце на тркало, или обесеа наглвчкум над тивок огин.... море и Мики Маус ќе поверуваше дека навистина постои а не Исус.
 
@Miki1

Мики навистина ли не ја согледуваш сличноста на Христовото учење, или христијанството со комунизмот и замислите на МАркс?

Јас мислам дека сосема ти е јасно, ама од некои други причини, мене непознати, го тврдиш спроитвното.

Ја согледувам сличноста, а веќе напишав во што се состои таа сличност, но напишав и во што се состои суштинската разлика меѓу идеологијата Марксова и учењето Христово.

Патем кажано, Маркс, „позајмувајќи„ ја идејата за илјадагодишното царство Христово, ја направи истата лага како и лукавиот: лукавиот ги излажа Адама и Ева со вистина, па така и Маркс не‘ лаже со вистина, ама троа подискривена...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom