Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Jа мислев дека царството божје ќе дојде за сите, а не за некои. Ова како партија на власт па некои “нивни“ добиваат тендери и вработувања а другите кривични пријави и откази.Е тоа, како за кого, роде!
Јас имам среќа да познавам луѓе кои се во Царството БОЖЈЕ, бидејќи Царството БОЖЈЕ е во ними ... и со секој свој збор, со секој свој чекор, ... со секој свој здив сведочат дека Совршениот БОГ - во ГОСПОДА Исуса Христа - е Жив и Милостив!!!
. ХалелуЈАХ!!! .
.
Не е тоа во ред
--- надополнето: 3 март 2012 во 22:01 ---
еее да беше тоа така едноставно...Во историјата на пример имате и ваков случај. Во еден историски документ се вели дека Петко на 21.02.1987 бил во Скопје. Во друг се вели дека на истиот датум бил во Битола. Ништо повеќе и ништо помалку не се знае за Петко освен овие два оскудни историски извори.
Истражувачот кој верува дека Петко бил во Скопје вели: Ете, бидејќи во овој манускрипт пишува дека Петко бил во Скопје, значи овој другиов е лажен, фалсификат!
Истражувачот пак кој верува дека Петко бил во Битола вели: Аха! Ете најдовме нов спектакуларен доказ дека Петко не бил во Скопје, туку во Битола! Ете доказ дека првиот манускрипт бил лажен, фалсификат!
Евангелијата се свети книги или барем претендираат да бидат, Христијанството ги нуди како одговор на прашањата, пат до вечноста и реѓение за вечен живот во милоста Божја.
А наоѓаме во нив несогласувања и меѓу самите себе и меѓу други евангелија и меѓу нив и историјата.
Петко не го знам ниту поради него не биле водени војни, убивано, создавани верски секти, цркви, компонирана музика, правени слики и градби, истребувани народи, одземана земја.... Али и ако треба да се најде дали петко бил на одредена дата негде ќе се испитаат сите докази, ќе го прашаме петко, ќе провериме телефонски разговори, ќе прашаме приатели сведоци, ќе видиме во други извори што кажува за петко, дали на тој ден бил на забар, полагал испит, дали бил вработен негде а нема податок дека изостанал од работа, дали има некоја белешка дека бил на боледување, дали тој оставил некој доказ кај бил..... Тоа е луксузот на оние кои трагаат по вистината и испитуваат, анализираат, проверуваат.
Е сега ако тој петко е од црковен интерес, едноставно со догма ќе се прогласеше дека петко бил и во Битола и во Скопје во тој ист ден
Дека се десило чудо во кое не смее да се сомнева!