Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Е тоа, како за кого, роде!

Јас имам среќа да познавам луѓе кои се во Царството БОЖЈЕ, бидејќи Царството БОЖЈЕ е во ними ... и со секој свој збор, со секој свој чекор, ... со секој свој здив сведочат дека Совршениот БОГ - во ГОСПОДА Исуса Христа - е Жив и Милостив!!!

:cuc: . ХалелуЈАХ!!! .(y)

.
Jа мислев дека царството божје ќе дојде за сите, а не за некои. Ова како партија на власт па некои “нивни“ добиваат тендери и вработувања а другите кривични пријави и откази.
Не е тоа во ред
--- надополнето: 3 март 2012 во 22:01 ---
Во историјата на пример имате и ваков случај. Во еден историски документ се вели дека Петко на 21.02.1987 бил во Скопје. Во друг се вели дека на истиот датум бил во Битола. Ништо повеќе и ништо помалку не се знае за Петко освен овие два оскудни историски извори.
Истражувачот кој верува дека Петко бил во Скопје вели: Ете, бидејќи во овој манускрипт пишува дека Петко бил во Скопје, значи овој другиов е лажен, фалсификат!
Истражувачот пак кој верува дека Петко бил во Битола вели: Аха! Ете најдовме нов спектакуларен доказ дека Петко не бил во Скопје, туку во Битола! Ете доказ дека првиот манускрипт бил лажен, фалсификат!
еее да беше тоа така едноставно...
Евангелијата се свети книги или барем претендираат да бидат, Христијанството ги нуди како одговор на прашањата, пат до вечноста и реѓение за вечен живот во милоста Божја.
А наоѓаме во нив несогласувања и меѓу самите себе и меѓу други евангелија и меѓу нив и историјата.
Петко не го знам ниту поради него не биле водени војни, убивано, создавани верски секти, цркви, компонирана музика, правени слики и градби, истребувани народи, одземана земја.... Али и ако треба да се најде дали петко бил на одредена дата негде ќе се испитаат сите докази, ќе го прашаме петко, ќе провериме телефонски разговори, ќе прашаме приатели сведоци, ќе видиме во други извори што кажува за петко, дали на тој ден бил на забар, полагал испит, дали бил вработен негде а нема податок дека изостанал од работа, дали има некоја белешка дека бил на боледување, дали тој оставил некој доказ кај бил..... Тоа е луксузот на оние кои трагаат по вистината и испитуваат, анализираат, проверуваат.
Е сега ако тој петко е од црковен интерес, едноставно со догма ќе се прогласеше дека петко бил и во Битола и во Скопје во тој ист ден
Дека се десило чудо во кое не смее да се сомнева!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Let3,

до кај стигна со истражувањата за неверодостојноста од рисјнаската вера? Не пишуваш ништо ново по тоа прашање...Се‘ што пишуваш, веќе е напишано и од други учесници на форумов, кои се надвор и од верата, и од вистината и конечно, навор од Црквата Христова.
Брее ама си раширил одговорот.
Можеше пократко да напишиш: “Лет 3 до кога ќе шошуваш вистини и факти на форумот“
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Let 3 е многу начитан и интелигентен човек со добра смисла за хумор. Штета што некој или нешто му создало толкава аверзија спрема христијанството, па заземал антихристијански став во толкувањето на историјата. А можеби и од почетокот си имал таков атеистички став, па преку призмата на тој став го проучувал и христијанството.

Интересен е тој субјективен елемент што, во поголема или помала мера, постои кај секој човек, значи тука не зборам конкретно за Let 3, туку за сите нас луѓето. Кога истражуваме нешто со однапред одреден став, често пати не дозволуваме фактите да ги водат и обликуваат нашите ставови, туку нашите ставови ги селектираат фактите, акцентираат одредени факти, а маргинализираат останати, меѓу одредени два докази вметнуваат стотици толкувања што ја прават приказната поконзистентна, пологична, ја прават да има смисла. Откако поединецот ќе зацементира една цврста платформа на своите верувања, потоа тој речиси и да заборава што е факт, а што претпоставка, а што толкување во неговите верувања.

Во историјата на пример имате и ваков случај. Во еден историски документ се вели дека Петко на 21.02.1987 бил во Скопје. Во друг се вели дека на истиот датум бил во Битола. Ништо повеќе и ништо помалку не се знае за Петко освен овие два оскудни историски извори.
Истражувачот кој верува дека Петко бил во Скопје вели: Ете, бидејќи во овој манускрипт пишува дека Петко бил во Скопје, значи овој другиов е лажен, фалсификат!
Истражувачот пак кој верува дека Петко бил во Битола вели: Аха! Ете најдовме нов спектакуларен доказ дека Петко не бил во Скопје, туку во Битола! Ете доказ дека првиот манускрипт бил лажен, фалсификат!

Слушнете го овој говор на проф. д-р Џон Ленокс, на тема: Исти докази, различни заклучоци. Како?:
http://johnlennox.org/index.php/en/resource/same_evidence_different_conclusions_how/
Biblijata ne e istoriski tekst. Bez razlika kolku kje gi relativiziras istoriskite tekstovi, Biblijata nikogas nema da dobie na faktografska tezhina. Sekogas kje si ostane fikcija.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Jа мислев дека царството божје ќе дојде за сите, а не за некои. Ова како партија на власт па некои “нивни“ добиваат тендери и вработувања а другите кривични пријави и откази.
Не е тоа во ред

.
Твојата споредба воопшто не е во ред! :eek:

Царот дојде лично во Исус и Го даде најмилото (највредното) за сите (y), поканувајќи не’ сите во Неговото Царство на вистинска Љубов и Мир, но се плашам дека сите не ја прифаќаме таа покана со дечјо срце и затоа светов е таков каков што е’! :(

Сваќаш?

Совршениот засигурно нема никого да присили!

.

... kje si ostane fikcija.
.

Дали си свестен дека имаш (и шириш) смртоносна инфекција?

Одсрце ти посакувам чисто срце и Дух Светол во него!

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.
Твојата споредба воопшто не е во ред! :eek:

Царот дојде лично во Исус и Го даде најмилото (највредното) за сите (y), поканувајќи не’ сите во Неговото Царство на вистинска Љубов и Мир, но се плашам дека сите не ја прифаќаме таа покана со дечјо срце и затоа светов е таков каков што е’! :(

Сваќаш?

.
Царот дојде и се објави дека е тој цар на јудејците а не римјаните (и нивните слуги) Тој цар се обиде да си го поврати престолот но тоа востание не успеа и тој со своите луѓе се повлече на маслиновата гора каде следниот ден е заробен од страна на голема римска воена единица подпомогната од еврејски помошни трупи. Исус како неприател на Рим е изведен пред римскиот управител, сослушан, и осуден на смрт со распнување (казна која во времето на рим се извршувала над бунтовници и неприатели на рим) и распнат е заедно со двајца бунтовници до него а на крстот е напишано зошто е распнат, оти бил цар јудејски. Јудејците можеа да имаат само еден цар а тоа тогаш беше римскиот. Секој друг кој ќе претендира на престолот, станува неприател и противник на рим.

Толку од покани, детски срца, љубов и еротика.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Царот дојде и се објави дека е тој цар на јудејците а не римјаните (и нивните слуги) Тој цар се обиде да си го поврати престолот но тоа востание не успеа ...

.
.

Востанието успеа за тие кои што Го прифатија, но не така како што очекуваа оние коишто не Го прифатија!

Повели, тука е болдирано лажното сведоштво на твоите истомисленици и духовни предци:

.

А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа.
64 Па, откако Го покрија, Го удираа по образите, и го прашуваа, велејќи: „Проречи кој Те удри?”
65 И многу други хули рекоа против Него.
66 А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Синедрионот,
67 и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!” Но Тој им одговори: „И ако ви кажам, навистина нема да поверувате.
68 А ако ве запрашам, нема да Ми одговорите.
69 Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.”
70 И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?” А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.”
71 А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.”

И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат,
2 и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава данок на царот, и вели за Себе дека е Тој Христос и Цар.”
3 Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?” Тој одговори и му рече: „Ти велиш.”
4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава вина кај Овој Човек.”
5 Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.

(Крајот на 22 и почеток на 23 глава, Ев.Лука)

Имаш грешки во преводот
Верата ти е базирана на погрешно преведени митови и легенди
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Брее ама си раширил одговорот.
Можеше пократко да напишиш: “Лет 3 до кога ќе шошуваш вистини и факти на форумот“
Ајде де: Христос Е Вистината, вистината е во Црквата, а факти можеш да си створиш и самиот...:icon_lol:

А надвор од Црквата, има се‘ и сешто, само не и вистината...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ајде де: Христос Е Вистината, вистината е во Црквата, а факти можеш да си створиш и самиот...:icon_lol:

А надвор од Црквата, има се‘ и сешто, само не и вистината...
има многу цркви христијански, имаш храмови, синагоги, џамии, светилишта.....
а надвор е едно и единствено. Нема многу надвори
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Се согласувам (невероватно, нели...): има „едно„ и во Црквата, како што има „едно„ и надвор од Црквата. Гледано од Црквата: или си во Црквата, или си во Светов.

Но, нема и „трето„., оти или си со Христа или си против Христа, или со Христа собираш или против Христа растураш.

Христос Е каменот на сопнување за сите: и за атеистите и за припадниците од другите религии, кои за Христа Богочовекот имаат скроено некои свои видувања, но никако да „погодат„ Кој и што Е Он: човек ли Е, Бог ли Е, Месија ли Е, не Е, де некои Го прифаќаат само како пророк, де некои само како еден од многуте чисто човечки учители, за некои е само чисто историска личност која зад себе оставила трага и сл.

Незгодна работа, разбираш.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
@Let3

Лет3 можеш ли да одговориш (твое мислење се разбира) зошто сите овие пишани евангелија кои датираат нели од 3ти, 4ти век наваму се пишувани за Исус токму во тој стил како што се напишани. Која е потребата да некој го напише токму тоа, на тој начин во тој стил опишувајќи го него како син Божји (читај човек со посебни способности за тоа време).

Значи поминуваат неколку столетија, запрен е неговиот бунт и некој решава после толку време да пишува за неговите дела и лик. Зошто?

Имаме записи за големи војсководци и кревачи на бунтови и востанија, не само во Римското царство, нели?
Од Александар па наваму, има многу материјал.

Но, Исус велиш го нема во историските прибелешки? Зошто?

Толку ли е лесно да се заклучи дека штом го нема во историските прибелешки, тогаш тој не го правел тоа што го тврди црквата? Дали навистина е така?

Те читам, и сосема се во ред сите твои излагања од историјата.

Само би сакал да знам дали навистина ако нема историски прибелешки од повеќе извори за една личност и неговото дело, е доволно да се заклучи дека единствениот извор за истото е најверојатно погрешен?
 
Многу историски личности, станале потоа во народните митови и легенди чудотворци и полубогови па и богови. Ние во македонија го имаме крали Марко. Си постоел чоеко, бил некој си владател после станал турски вазал и толку беше историски. Али во народот од поколение на поколение се ширела прикаска за Марко чудотворец, вили, ангели, дела кои никогаш не ги направил, случки кои никогаш не се случија. Тие с пееа и раскажуваа и еден ден некој седнал и ги запишал. Многу слично како и со евангелијата и Исус
Имам во план да овд на нова тема напишам едно мое видување кој бил Исус. Се уште се обидувам тоа да го направам во форма која би била разбирлива и на оние кои не се упатени ни во историја ни во евангелијата а да не биди нашироко и надолго објаснување на поими, датуми, историски политички услови.... се уште е како идеја и концепт.
Јас верувам дека Исус живеел и дека има траги на доказ за неговото постоење дури и во нехристијански пишувања од први век, но дека тие ни кажуваат сосема друга прикаска и вистина за Исус. Различна од она која ја застапува црквата. За разлика од догмата во црквата, науката е слободна за испитување, анализа, докажување...
А сега накратко, Христијанството никогаш не би се проширило низ паганите додека не се ослободи од еврејските врски. Уште подобро, христијанството блесна затоа што се сврте против тие јудејски врски и јудејска вера. Римскиот свет беше свет на богови, полубогови, духови и прикаски за нивни чуда. Никој не го занимаше прикаска за еврејски месаја кој се бореше против Рим, но би го прифатиле еврејскиот бог чие раѓање и живот беа одбележани со чуда а смртта беше плод на тогаш актуелните неприатели на Рим - евреите. Да не беше еврејско римската војна во 66ста година, денес христијанството ќе беше една секта во јудаизмот која во се ќе се придржуваше до старозаветните закони и прописи. Ни Павле немаше да може тоа да го смени. Темата е доста опширна и опфаќа повеќе категории и треба барем некое основно познавање за да се дискутира на неа.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Имаш грешки во преводот
Верата ти е базирана на погрешно преведени митови и легенди

.

:) Мојата вера е темелена врз Љубовта БОЖЈА на Која се’ упатува и за Која се’ сведочи! :)

Априори!
Апостериори!
Апостоли!

.

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.

.

:) Мојата вера е темелена врз Љубовта БОЖЈА на Која се’ упатува и за Која се’ сведочи! :)

Априори!
Апостериори!
Апостоли!

.
.
Има многу лажни сведоштва

процесори
мемории
хард дискои
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Темава стануе интересна.

Лет3 си дава сосема коректни објаснувања зошто по него евангелијата и светата книга се една голема заблуда. Сето тоа го поткрепува со еден куп историски податоци кои водат до најверојатен заклучок за големата заблуда.

Но, еве бидејќи сето тоа, сепак остава можност дека можеби и не е така, би било добро да некој што добро го познава Христијанството го демантира ова што Лет3 го кажува.

На пример, ако Римјаните не го даваат телото на распнатиот, зошто и како се случило тоа со телото на Исус?
Или зашто ако императорот сметла дека Исус е невин, не го ослободил веднаш?

Зошто воопшто е осуден итн...?

Или едноставно како Христијанството гледа на сите овие историски прибелешки и н акој начин ги оповргнува, или ако не ги оповргнува на кој начин доаѓа до спротивен заклучок?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom