Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, и јас го знам тоа од книгата за што се работи... И од сликата дека наметките се декорирани богато со крст, везови... Јас прашувам: зошто и како? :) Ок ,една за празник happy наметка, и друга sad наметка. Но зошто црна? Зошто пак оваа е со тие бои?
Како се одвива ред по ред церемонијата, зошто на запад е свртен со чашата полна со вино и мистично ја прогласува содржината во истата дека е крв? Треба да е крв, или верникот си замислува дека е крв? Си пробал крв?
Зошто ги има толку многу свештеници, дали има начин на кој се движат, и зошто?

п.с. Ах па ти не си на работа, а дома сигурно немаш нет... Ајде до утре ќе почекам... или друг ден, само сакам убав одговор за да споредиме...
Она кое Ти „као„ го знаеш од книга, тоа за верните е редовна црковна пракса. Но, од Твојов пост, очигледен е Твојот површно-формален интерес, отколку битноста од самиот чин.

„Тоа„ што е во чашата, е леб, вино и малку чиста/дестилиранат вода, кои под благодатта од Духот Свет, на крајот од литиргијата, стануваат крв и тело Христови. Верните воопшто не „замислуваат„ дека виното и лебот се „нешто друго„, туку виното и лебот се реална крв и реално тело Христово, кои не ги примаме канибалистички, со насилно оттргнување, туку ги примаме љубовно, како Христови тело и крв, кои Он ни ги подарува, во вид на леб и вино. Нема тука потреба од никавко замислување-дека се работи за крв и тело, тоа го знаат сите причесници, искуствено, преку последиците од причеста.

Значи, свештеникот, после осветувањето, ги повикува верните со реченицата: „Со страв Божји, вера и љубов, пристапете!„, па оние верни, кои се подгвотвиле со пост и исповест, смеат да се причестат. Свештеникот, при причсстувањето, вели„: Се причестува работ Божји, (името од верникот), во името од Отецот и Синот и Светиот Дух„. а причеста се зема за здравје на телото и спасение на душата. Први се причестуватаат бебињата и децата, после тоа постарите луѓе, па мажите па жените, а не некакво си таму поставување „на запад„ или „на исток„. Свештеникот стои на амвонот, а верните минуват и се причестуваат.

Во храмовите, може да има најмалку еден свештеник, зависно до бројноста на парохиското население, а по градовите може да има и повеќе свештеници во еден храм, кои имаат свои обврски и редослед на служење во храмот. Самите богослужби имаат ред и структура, по кои свештениците се држат и служат литургии, акатисти или вечерни молитви.

Во текот од Великденскиот пост, свештениците носат наметки со црна боја, која симоблизира жалост, оти токму во тој пост, се случува распнувањето и смртта на нашиот Господ Исус Христос.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
оф: Најпрво, добро утро и пријатен ден.
он: Зошто се сите тие ритуали кои се изведуваат во Црквата. Дали тоа Бог им има кажано и ако е така каде е тоа напишано?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Од Мојот пост ти ништо не разбираш :) Или се правиш ненормален.

. Самите богослужби имаат ред и структура, по кои свештениците се држат и служат литургии, акатисти или вечерни молитви.
Па тоа ме интересира, структурата. Од која книга ја учат таа структура за да биде во склад со формата на црквата(крст)?
На Василица или некој друг празник, дали во сите цркви шетаат едно златно сонце од десно на лево... од амвонот до средина црква на лево и пак назад?
Ако е така, зошто?

Ти не ми ги разбираш прашањата или не ги знаеш одговорите?
Верниците не се дел од ритуалот освен при завршувањето, кога мистично јадат месо и пијат крв.
Зошто е свртен свештеникот од олтарот кон запад, а не кон исток при ова мистично претварање на леб и вино во крв и месо?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од Мојот пост ти ништо не разбираш :) Или се правиш ненормален.
Во ред, најди си експерт и нему поставувај му прашања.
--- надополнето: Sep 23, 2011 9:21 AM ---
Зошто се сите тие ритуали кои се изведуваат во Црквата.
Изразот „ритуал„ не постои во Црквата.

Службите, кои се вршат во Црквата, служат само со една цел: а таа е спасени на душите на членовите од/во Црквата. Самиот поим „црква/еклесиа„, означува заедница од слободни личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера на ист начин. Ние, кои сме во Црквата, сметаме и веруваме дека спас за нашите души, има само ако сме дел од Црквата Христова, која е тело Христово, а Христос Е глава на Црквата.
--- надополнето: Sep 23, 2011 9:24 AM ---
Дали тоа Бог им има кажано и ако е така каде е тоа напишано?
Светите Тајни, кои се практикуваат во Црквата, се од Христа Бога дадени, а од Црквата усвоени и уредени.
Самите богослужби, се уредени од самата Црква, т.е, од нејзните најистакнати членови. На пример, литургијата, која и ден-денес се служи на празници и недели, е уредена од Св. Ап. Јаков, колку паметам. Постои и литургија која е уредена од Св. Јован Златоуст, во 4-от век, позната како „Златоустова литургија„, која се служи само на одредени празници.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Nessa срцка, за мене, секое Твое мнение е апсолутна вистина...:D
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Vone, разбираш, шо везе имат мојата вера со акцелераторот од ЦЕРН? :rolleyes:

Она што реално може да се случи, а што е верски не вредно, тоа е само уште една „најнова„ теорија, која ќе ги поткопа досега важечките „надабања„ за ова и за она. Особено за „она„.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.043
Поени од реакции
83.485
Има, има....

...до темел ќе ви ги сруши догмите!
Комичари. Пун ни е форумов за религија.
--- надополнето: Sep 23, 2011 11:24 AM ---
оф: Најпрво, добро утро и пријатен ден.
он: Зошто се сите тие ритуали кои се изведуваат во Црквата. Дали тоа Бог им има кажано и ако е така каде е тоа напишано?
Не се изведуваат сите ритуали во црква.
Да, Бог има кажано и нигде не го пишува, усно ни има кажано на нас верниците.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не се изведуваат сите ритуали во црква.
Да, Бог има кажано и нигде не го пишува, усно ни има кажано на нас верниците.
Ова е сосема точно. Мене ми го потврди комшијата што работи како медицински брат у една установа. Сите пациенти што престојувале во установата, речиси секојдневно добиваат усни наредби од небото.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.043
Поени од реакции
83.485
Ова е сосема точно. Мене ми го потврди комшијата што работи како медицински брат у една установа. Сите пациенти што престојувале во установата, речиси секојдневно добиваат усни наредби од небото.
Ете потврда.
Друго "прашање" некој има?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Има, има....

...до темел ќе ви ги сруши догмите!
Vone, разбираш,

она кое, очигледно, не го разбираш, тоа е дека учењето Христово не е за овој и не е од овој Свет, така да нит ЦЕРН нит свети ЦЕРН нема ништо да променат во верата и Црквата, а она кое можат да го променат, тоа веќе го напишав: то че бидит уште една „најнова„ теорија, која многу веројатно дека ќе ја продрма Албертовата, онаа за релативитетот, што за мене би било многу забавно, оти со тоа дрмање, овосветовните поклноици на сциентизмот ќе мораат по кој знае кој пат да го „мењаат„ својот светоглед....:D.

А мојот светоглед, пак че си останит како и досегашнио...:D
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
Драги мои форумџии,

Од еден член на форумов добив порака да не се занимавам со тоа што велат пророците, односно тнр. „пророци“ на денешнината, бидејќи се што е потребно за спас на човекот се наоѓа во Библијата.. ОК го прифаќам тоа.
Но кога вии ги испраќав претходните постови, го имав предвид следниот стих:
Амос 3:7: „Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги – пророците“

Па сега, ако верувате дека има Бог, и доколку би ја прифатиле тезата дека сме на крајот од постоењето на овој свет, ваков каков што го знаеме и живееме, - што мислите, дали Бог би седел мирен и не би ни упатувал пораки преку свои одбрани луѓе?! Нешто што отсекогаш го правел, - откога го Создал Светот?!

Сигурно не! Затоа се сите оние предупредувања кои ви ги постирав, од луѓе, чии што пророштва подолго време ги читав. Имав и јас како и вие голем сомнеж во тоа, кој е вистинскиот Автор на тие пророштва, - човек – измамник, сатаната или Бог! Но со текот на времето, одговорот си дојде сам..
Јас се убедив дека тие луѓе не зборуваат сами од себе, туку дека Бог, во овие крајни времиња ни упатува последни предупредувања, пред засекогаш да ја затвори вратата на Небото, откога ќе ги земе верните, како што ветил..
Како и да е, отсега ќе коментирам на работи кои ни се случуваат, а за нив има Библиски пророштва..
--- надополнето: Sep 26, 2011 9:37 AM ---
Па така, еве, збор, два од мене за Библискиот Мазарот – Библиска Астрономија!
Да не ја помешате со астрологија, која е човечка наука за предвидување и интерпретирање на влијанијата на небеските тела врз животите на луѓето.. Уште повеќе што според Бог, занимавањето со астрологија е дело казниво со смрт!
Библиската Астрономија го препознава Бог како Креатор на универзумот и небесните тела, кои ни се дадени нам луѓето како знаци. Во неа лежат корените на започнувањето на мерење на времето. Повеќето луѓе денес се свесни дека се родени во еден од 12 знаци на зодијакот, како нивно единствено знаење за ѕвездите и соѕвездијата. Всушност, нивните имиња останале исти денес, какви што биле и во минатото, како што древните култури ги имале наречено пред потопот. Всушност секое име носи значење, така што кога ќе се стави во контекст на констелацијата, кажува своја приказна..
Битие, Глава 1: 14 - 19
14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.
19 И бидна вечер, па утро - четврти ден.

Еве сега да ве потсетам, дека Исус Рекол дека во последните денови (КАКО СЕГА) ќе има знаци на небото:
Матеј, 24: 30:
30 И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.

Псалм 19:
1 За пејачкиот началник. Давидов псалм. Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце.
2 Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува.
3 Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.
4 Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената. Таму, за сонцето Тој оптегнува шатор,
5 кое излегува како младоженец од својата ложница, се радува како јунак кога ја претрчува патеката.
6 Излегува од небесниот крај и обиколува до крајот; и ништо не се крие од неговата топлина.
Овде Псалмистот покажува знаење над просечното човечко знаење, дури и за човекот од денешнината. Зборува за сонцето кое се движи по своја орбита икружи по целата галаксија..

Сега ако малку ве заинтригирав, - еве читајте понатаму:
Сето ова сакам да ви го доведам во контекст со Кометата Еленин..Кога нејзината опашка ќе стане видлива, таа ќе помине низ неколку соѕвездија.
А СЕКОЕ СОЅВЕЗДИЕ ИМА СВОЈА ПРИКАЗНА..

Најпрвин почнува со Девица и завршува со Бик. Па така еве ја приказната која ја носи со себе Еленин:

Девица:
Ветеното Семе од Девицата,
поминува низ Сатурн:
Господарот над Саботата,
поминува низ Венера:
Светлата утринска Ѕвезда, Давателот на светлината,
речиси го допира Меркур:
Силниот Кој Доаѓа,
влегува во Лав
Лавот од Племето на Јуда,
потоа во Рак:
Ги држи цврсто Откупените,
потоа во Близнаци:
обединети во Владата на Месијата
потоа минува низ Аурига (соѕвездие на северното небо)
Тој е Пастирот Кој обезбедува сигурност,
и на крајот влегува во Бик
Предстојниот Суд

Значи еве ја пораката на Еленин:

Ветеното Семе од Девицата, Господарот над Саботата, Светлата утринска Ѕвезда, Давателот на светлината, Силниот Кој Доаѓа, Лавот од Племето на Јуда, Ги држи цврсто Откупените, обединети во Владата на Месијата, Тој е Пастирот Кој обезбедува сигурност, За Неговите Откупени во Денот на гневот, во предстојниот Суд!

Инаку Еленин е именуван така според своето значење: Extinction Level Event (настан кој има уништувачко дејство)!!!

http://www.youtube.com/watch?v=60DSqdloyIU
http://www.watchmanbiblestudy.com/biblestudies/BibleStudy_BiblicalAstronomy.htm
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Инаку Еленин е именуван така според своето значење: Extinction Level Event (настан кој има уништувачко дејство)!!!
А Леонид Еленин не постои, туку е измислен за да се прикрие овој твој "факт". Нели ?

Толку време залудно потрошено во константен страв од "судниот ден", време кое можеш да го потрошиш на многу попаметни ствари. Жално.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
А Леонид Еленин не постои, туку е измислен за да се прикрие овој твој "факт". Нели ?

Очигледно не си истражувал доволно на интернет.. Јас не ги пласирам оние информации на форумов, до кои секој може да дојде, со првото впишување на бараната тема во пребарувачот..
Толку време залудно потрошено во константен страв од "судниот ден", време кое можеш да го потрошиш на многу попаметни ствари. Жално.
Грешиш ако мислиш дека се плашам од Судниот Ден. Тој и нема да дојде така брзо. Пред да се случи тој Ден, треба најпрвин да се случи отстранувањето на будните Христијани или вознесувањето, како што тоа порано го споменав на форумов..
А од Судниот ден треба да се плашат оние кои сега „спијат“; Оние, кои при очи - не гледаат, при уши - не слушаат и при здрав разум се однесуваат како неразумни..
--- надополнето: Sep 27, 2011 11:41 AM ---
Еве што мисли Господ за луѓето кои се денес почитувани, кои седат на почесни места, се издигнуваат себеси над Бог за да створат пари, погрешно интерпретирајќи го Божјиот Збор и наведувајќи ги на погрешен пат Божјите деца; Што мисли за оние кои се потсмеваат и ги понижуваат оние Божји деца кои го слушаат Неговиот Глас, го разжалостуваат Светиот Дух во име на религијата или на црквата, за да спечалат пари... И што мисли Господ за оние кои се нарекуваат Христијани, но одбиваат да го чујат гласот на Божјите пророци, кои Бог ги испраќа за да ги предупреди...

Лука 13: 23-30
23 А некој му рече: „Господи, малку ли се оние, кои се спасуваат?” Тој пак им рече:
24 ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат.
25 Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”
26 Тогаш ќе почнете да зборувате: „Јадевме и пиевме пред Тебе; а Ти поучуваше по нашите улици.”
27 А Тој ќе ви рече: „Ви велам, не знам од каде сте? Отстапете од Мене сите, кои вршите неправда!”
28 Таму ќе биде плач и чкртање со заби, кога ќе ги видите Авраама, Исака и Јакова и сите пророци во Божјото Царство, а себеси - истерани надвор.
29 И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство.
30 И ете, има последни, кои ќе бидат први; и има први, кои ќе бидат последни.”

Лука 12: 35-47
35 Нека ви биде препашан крстот, а светилките запалени!
36 А вие бидете слични на луѓе, кои го чекаат својот господар, кога се враќа од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.
37 Блажени се оние слуги, кои господарот ќе ги најде будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, дека ќе се препаше, ќе ги прилегне до трпезата и ќе дојде да им служи.
38 И ако дојде во втората или третата стража и ги најде така, блазе им ним.
39 Но, знајте го ова: кога домаќинот би знаел во кој час ќе дојде крадецот, не би дозволил да му ја поткопа куќата.
40 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, во кој не мислите!”
41 А тогаш Петар рече: „Господи, нам ли ни ја кажуваш оваа приказна или на сите?”
42 А Господ рече: „Имено, кој е оној верен и разумен домоуправител, кого господарот ќе го постави над своите слуги, за да им дава храна на време?
43 Блажен е оној слуга, кога господарот - кога дојде - ќе го најде да работи така!
44 Вистина ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.
45 Но ако оној слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар нема да дојде скоро,’ па почне да ги бие момчињата и момичињата, да јаде, да пие и да се пијани;
46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога не го очекува, и во час, што не го знае, и ќе го расече и ќе ја одреди неговата судбина со неверните.
47 А оној слуга, кој ја знаел волјата на својот господар, и не приготвил и не постапил според неговата волја, ќе биде многу биен.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Нема да дојде така брзо, а сепак се во прашање денови?

Voznesenieto e nastan koj se uste ne se slucil, ke se sluci doprva, sega vo nasiov zivoten vek - DENOVI SE VO PRASANJE!
Svetot ke se sooci so nastanot za koj ja otvoriv temata - i ke se zbudali, vo najblaga forma kazano - zaradi toa sto ke se sluci.
Bidejki na ovie forumi ne treba da se zamarame so dolgi mislenja i debati, nakratko - vi nudam da gi otvorite slednite linkovi, razgledajte gi pa ke komentirame.. (Se nadevam deka razbirate angliski..)
Девина, љубави, немој да те батали сопругот ради чекање на вознесението, не си прави брачни кризи залудно, имало еден куп предвидувања за судниот ден и второто доаѓање и сите имаат нешто заедничко. Не се оствариле. А сите биле убедени дека ќе се оствари, зедно со твојот “пророк“ кој го слушаш. Освен убеденоста, заедничко со другите fail predictions ќе му биде ....fail-от...:vozbud:

И никој не може да ти гарантира дека твојот пророк не е чедо сатанино, пратеник на лукавиот кој само заблудува невини души и ги оттргнува од спасението и вечноста.
Затоа ум во глава...
 
T

Tetro

Гостин
Грешиш ако мислиш дека се плашам од Судниот Ден. Тој и нема да дојде така брзо. Пред да се случи тој Ден, треба најпрвин да се случи отстранувањето на будните Христијани или вознесувањето, како што тоа порано го споменав на форумов..
А од Судниот ден треба да се плашат оние кои сега „спијат“; Оние, кои при очи - не гледаат, при уши - не слушаат и при здрав разум се однесуваат како неразумни..
Јас не се плашам, ти ми делуваш исплашено вака од читање. Јас како претставник на групата која многу ретко спие, сигурен сум во себе дека ќе забележам кога ќе дојде "судниот ден", ти ветувам. :)
"Отстранувањето на будните Христијани" како ќе биде извршено?

Претходно имам читано дека Исламот нуди попусти за приклучување кон нивната група. Која е вистинската религија?
Ај договорете се убаво како да се спасиме сите, не бидете толку себични.

Еве што мисли Господ за луѓето кои се денес почитувани, кои седат на почесни места, се издигнуваат себеси над Бог за да створат пари, погрешно интерпретирајќи го Божјиот Збор и наведувајќи ги на погрешен пат Божјите деца; Што мисли за оние кои се потсмеваат и ги понижуваат оние Божји деца кои го слушаат Неговиот Глас, го разжалостуваат Светиот Дух во име на религијата или на црквата, за да спечалат пари... И што мисли Господ за оние кои се нарекуваат Христијани, но одбиваат да го чујат гласот на Божјите пророци, кои Бог ги испраќа за да ги предупреди...
Добро делче, еве ти лајкче...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom