MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Она кое Ти „као„ го знаеш од книга, тоа за верните е редовна црковна пракса. Но, од Твојов пост, очигледен е Твојот површно-формален интерес, отколку битноста од самиот чин.Мики, и јас го знам тоа од книгата за што се работи... И од сликата дека наметките се декорирани богато со крст, везови... Јас прашувам: зошто и како? Ок ,една за празник happy наметка, и друга sad наметка. Но зошто црна? Зошто пак оваа е со тие бои?
Како се одвива ред по ред церемонијата, зошто на запад е свртен со чашата полна со вино и мистично ја прогласува содржината во истата дека е крв? Треба да е крв, или верникот си замислува дека е крв? Си пробал крв?
Зошто ги има толку многу свештеници, дали има начин на кој се движат, и зошто?
п.с. Ах па ти не си на работа, а дома сигурно немаш нет... Ајде до утре ќе почекам... или друг ден, само сакам убав одговор за да споредиме...
„Тоа„ што е во чашата, е леб, вино и малку чиста/дестилиранат вода, кои под благодатта од Духот Свет, на крајот од литиргијата, стануваат крв и тело Христови. Верните воопшто не „замислуваат„ дека виното и лебот се „нешто друго„, туку виното и лебот се реална крв и реално тело Христово, кои не ги примаме канибалистички, со насилно оттргнување, туку ги примаме љубовно, како Христови тело и крв, кои Он ни ги подарува, во вид на леб и вино. Нема тука потреба од никавко замислување-дека се работи за крв и тело, тоа го знаат сите причесници, искуствено, преку последиците од причеста.
Значи, свештеникот, после осветувањето, ги повикува верните со реченицата: „Со страв Божји, вера и љубов, пристапете!„, па оние верни, кои се подгвотвиле со пост и исповест, смеат да се причестат. Свештеникот, при причсстувањето, вели„: Се причестува работ Божји, (името од верникот), во името од Отецот и Синот и Светиот Дух„. а причеста се зема за здравје на телото и спасение на душата. Први се причестуватаат бебињата и децата, после тоа постарите луѓе, па мажите па жените, а не некакво си таму поставување „на запад„ или „на исток„. Свештеникот стои на амвонот, а верните минуват и се причестуваат.
Во храмовите, може да има најмалку еден свештеник, зависно до бројноста на парохиското население, а по градовите може да има и повеќе свештеници во еден храм, кои имаат свои обврски и редослед на служење во храмот. Самите богослужби имаат ред и структура, по кои свештениците се држат и служат литургии, акатисти или вечерни молитви.
Во текот од Великденскиот пост, свештениците носат наметки со црна боја, која симоблизира жалост, оти токму во тој пост, се случува распнувањето и смртта на нашиот Господ Исус Христос.