Дали ако Марија била девица, Исус и ја одземал невиноста со раѓањето?
Блажената Марија била девица до раѓањето на Исус, а потоа таа си имала нормалени брачни односи со нејзиниот сопруг Јосиф.
Никаде во Библијата не е запишано дека блажената Марија останала Девица по раѓањето на Исус.
Католиците и православците веруваат дека таа останала вечна девица заради тоа што веруваат дека сексуалниот чин е грев, а според нив таа била и останала безгрешна.
Но, има барем три стихови кои сугерираат дека после Исус, Марија имала и други деца. На пример, во Евангелието по Матеј учениците му велат на Исус:
„Еве, мајка Ти и
Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ (
ев. Матеј 12:46, Библијата)
Исто така, при враќањето во Назарет, неговите жители си зборуваат меѓу себе:
„Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка му не се ли вика Марија,
и браќата негови - Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас?“ (
ев. Матеј 13:55-56, Библијата)
Третиот стих е исто така интересен. Во него се вели:
„И (Јосиф) не се доближи до неа,
додека таа не Го роди својот
првороден Син и Го нарече Исус.“ (
ев. Матеј 1:25, Библијата)
Од овој стих јасно се гледа дека Јосиф не се "доближил" до Марија т.е. немал однос со неа
додека таа не го родила Исус, што алудира на тоа дека потоа Јосиф се доближил до неа. Инаку стихот би гласел „никогаш“, а не „додека“.
Исто така стихот не вели "единороден", туку "
првороден", што алудира на тоа дека по Исус следеле и втородениот, третородената итн.
Ако Исус бил единствен син на Марија, ќе бил наречен Единороден, како што за Исус често се вели кога е во релација со Бог Таткото, а никаде кога е во релација со Марија. Значи Библијата секаде вели дека Исус бил првороден на Марија и единороден од Отецот.