Фактот што луѓето константно се менуваат, за секој што размислува рационално ја елиминира можноста за вечно битисување само во одредена состојба. Ако ти постојано се менуваш, вечноста каде се е предодредено и каде нема промени евентуално ќе стане агонија, без разлика колку добро и совршено ќе изгледа на почетокот.
Ова е само Твое мислење. Ако се препуштам на природниот тек од животот, тогаш: се раѓам, растам, стареам и умирам. И толку! Но, ако животот ми помине во и низ верата, ќе имам и на што да се надевам после смртта, оти во спротивно, смртта ќе ми дојде само како утеха и неизбежен крај, после која „...нема ништо...„, а тоа „...ништо...„ ќе ми даде за право да правам со својот живот што сакам...
--- надополнето: Sep 9, 2011 1:53 PM ---
Ако личноста поверувала, како, каде и што ти како поискусен ќе го поучиш и насочиш?
Ако личноста поверувала, нека се препушти на волјата Божја-Бог ќе му го покаже правиот пат, а лично, можам само да му посочам кој е патот, но не и да поучувам некого, оти немам таква улога во Црквата.
Секој од нас е уникатен и неповторлив, така да нема готов рецепт, оти, нели, чудни се патиштата Господови...
--- надополнето: Sep 9, 2011 1:57 PM ---
Ако поверувала готова е работата, што појќе перење мозок треба?
Така размислуваат само протестантите, кои се‘ земаат есапџиски и автоматски.
Живеењето во и со верата, значи и потреба од преуредување на вкупното лично однесување: на мисла, на збор и на дело, а спасението на душата е процес, кој својата завршинца ја има во смртта, и кој (процес) има свои подеми и падови.