Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Многу се правиш писмен но реалноста е далеку од тоа.Знам јас што е секуларност, ама и знам што е традиција, историја, политика, култура. Немој да се уморуваш со објаснувања што е секуларна држава, те молам. Не е поентата во „примитивизмот“, кој исто така го има насекаде и во различни форми, туку се работи за нешто друго. Тебе пак не ти е јасно. Секако дека верата и националната припадност се две различни работи, секако дека се има право на друга вера. Но МПЦ не е само верска установа, како и сите помесни православни цркви, таа има и национален карактер, па затоа целиот проблем, кој стопати е кажано, повеќе произлегува од интереси на соседни држави, отколку на соседни цркви. Значи, иако МПЦ не го претставува целиот македонски народ, таа како и во сите православни држави и нивните цркви има полно право да го претставува православниот дел од тој народ.
Ти можеш да бидеш што сакаш, но не можеш да создаваш нешто насила, и со многу јасна политичка заднина да негираш нечиј национален идентитет преку непризнавање на правото на народ да има сопствена црква.
Можеби некогаш, во друго време и во подемократско опкружување би можело да биде поинаку. Сега работите се такви какви што се, и не гледам зошто баш ние, од сите други, би го давале газот под кирија за да задоволиме нечии експанзионистички стремежи, само за да му се допаднеме на некој дебел политичар од Запад, кој нема поим и не го ни интересира, како и тебе што не те интересира, за верските разлики и за нивното пошироко политичко, културолошко, национално значење на овие простори.
--- надополнето: Sep 4, 2011 3:03 PM ---
Не знам јас дали е богоугодно или не. Не сум бог. Можеби ти ќе дознаеш, во општењето со Светиот Дух, со Синот Човечки, или пак ако имаш неверојатна среќа со Отецот, па ќе ни кажеш и поучиш за нашите скршнувања од патот кој води кон Небесата.
Јас само ги изнесов реалните состојби, онакви какви што се, а не какви што одредени верници очекуваат да бидат, без верска заднина, поука и дрвење...
Црква без верска заднина,поука и дрвење?
Онака црква како автомеханичарски салон или меана?
Трагично...
Добро е што признаваш дека не знаеш, тоа е првиот чекор кон просветлението.
А вториот е читање на Писмото и Неговиот збор.
Твојата ум,обземен од дневнополитички препукувања не е баш најкомпетентен да зборува околу Духот свет во отсуство на елементарно познавање на Неговиот збор и Закон, каков што е даден во Книгата.
Како да ти кажам...
Не постои во библијата никаде дека секој народ требало да има црква.
Мотивот за такво нешто е величање на националистички гревови за сметка на Бога.
Ако ти и сличните на тебе (без разлика дали припаѓаат кон замислени целини како грци,срби,руси,македонци,ерменци) ставате знаме пред Бога....портите на пеколот ви се ширум отворени.
Покај се дури е време, не дозволувај да те обземе празната и шуплива горделивост која е грев.
Смртен!