Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Туку мило ми е барем што си кажа отворено дека според Библијата жената треба да му се покори на мажот, оти на другата тема нешто друго зборуваше.
Не, и на другата тема го кажав истово, само што, за да покажам дека нема нерамноправност меѓу сопружниците, поставив прашање: ако жената му се покорува на мажот, на кого му се покорува мажот? Тоа е све...
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543

Дали тоа значи дека и мажот и се покорува на жената?Или?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Така де прво е Бог по хиерархија како главен господар па мажот и најпосле жената која сите можат да ја чушкаат како најмалку „вредна“.

Не ми се бараат цитати од Св. Павле имаше некои многу интересни посебно неговата „безгранична“ љубов кон женскиот род ;).
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали тоа значи дека и мажот и се покорува на жената?Или?
Не, туку тоа значи дека мажот треба да му се покорува на Христа Богочовекот, а жена си да ја третира онака како што Бог одредил.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не, туку тоа значи дека мажот треба да му се покорува на Христа Богочовекот, а жена си да ја третира онака како што Бог одредил.
И тоа е за тебе рамноправност?!Тоа значи дека, како што пиша Кајзер, постои една хиерархиска структура, Бог е на врвот, нему сите му се покоруваат, следи мажот, кој се покорува само на Бог и најдолу е жената која им се покорува и на мажот и на Бог.Како може тоа да биде рамноправност?Мики, Мики, остави ја малку Библијата, земи некој речник во рака, почна да мешаш основни поими....
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Демек христијанството не е Еврејска секта?
Ова што ти го пишуваш го нема ни во Стариот ни во Новиот Завет. Го пишува во талмудот, којшто е пишуван после Исус. Значи после појавата на Христијанството. Со јудаизмот го делиме Стариот Завет, а не талмудот кој е понова компилација.
--- надополнето: Jul 4, 2011 3:45 PM ---
Кој му помага на Исав да го убие Јаков?
Пошто ова ми мириса на нешто друго, отколку обично прашање, дај поарно одговори си самиот, па да те видам што сакаш да кажеш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ајде јас малку да разбијам монотонија :)Со оглед на тоа дека прашањето околу покорноста на жената според Библијата се отвори во другата тема,а овде би било посоодветно да се дискутира за тоа, ме интересираат ставовите на верниците.Како вие ја толкувате Библијата, инфериорна ли е жената во однос на мажот,рамноправни ли се, треба ли да му се покори, или можеби треба меѓусебно да се си покорат?
Според Библијата жената не е инфериорна во однос на мажот (тие имаат иста вредност пред Бог), тие се рамноправни (жената ги има истите права како и мажот), а во рамките на бракот, каде што мажот и жената стануваат едно тело, мажот е повикан да биде водач т.е. глава на тоа тело.

Точно е тоа дека во Библијата пишува "мажот е глава на жената", но треба да се види во кој контекст е кажано тоа и на каква "глава" се работи.
Денес мнозинството ја толкуваат оваа "глава" како: Маж кој седнал на фотељата со пиво во едната рака и далечинското во друга, гледа фубдал и без да го мрдне погледот од телевизорот и дава команди на жената: "Жено донеси ова, донеси она, направи ова, она..."
Дали за таква "глава" зборува Библијата? Дали за таква покорност се мисли? Ајде да го разгледаме контекстот...

"Покорувајте се еден на друг во страв од Христа! Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото! И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи. Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
(Ефешаните 5:21-25)

Значи: „мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата“.

Ете го клучниот момент! Ете го моделот како треба мажот да "главува" со жената.
Дали Христос ја понижуваше Црквата? Дали Христос ја малтретираше, запоставуваше, искористуваше Црквата? Дали Христос го имаше горенаведениот ироничен третман кон Црквата? Или пак Христос и ги миеше нозете на Црквата/апостолите?

"Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. " (ев. Јован 13:5, Библијата)

Христос "главуваше" со тоа што и служеше на Црквата, со тоа што се грижеше за неа, се жртвуваше за неа, се застапуваше за неа и на крајот дури и го даде Својот живот за неа.
Подоле дури и дирекно им се обраќа апостолот на мажите велејќи им: "Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
Значи повторно е повторен моделот на главување: мажот-жената = Христос-Црквата, и повторно е повторено дека мажот треба да има пожртвовна љубов кон својата жена што ќе биде спремен дури и животот да го даде за неа доколку тоа биде потребно!

Епа драги мои ете така треба и мажот да е "глава" на жената. Секое друго "главување" е надвор од контекстот за кој збори Библијата. За жал во нашето општество принципот на водство е извртен и водачите наместо да им служат на луѓето што ги водат, тие се им се прават газди, робовладетели и не им покажуваат со сопствен пример и насока каде треба да се движат следбениците кои што ги водат.

п.с. Дали знаете дека зборот „министер“ доаѓа од англискиот збор "to minister" што значи служител, да служиш? :)
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Ќе го поставам прашањево и овде, зошто на темата за ислам беше избегнато.
Господ не создал за да му се клањаме и ако му се клањаме ќе не прати во рајот а ако бидеме непослушни ќе не прати во пеколот. Ако тој не создал само за да го обожуваме, која е целта, што добива тој со тоа? Мислам, донесени сме на овој свет да го обожуваме и еве ќе го обожуваме и тој за тоа ќе не награди со рај, и кој к*р никаква цел нема.

Зошто не создал за да го обожуваме, досадно ли му било?
Која е целта на нашето обожување? Зошто не создал за го обожуваме?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Дали за таква покорност се мисли? Ајде да го разгледаме контекстот...

"Покорувајте се еден на друг во страв од Христа! Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото! И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи. Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
(Ефешаните 5:21-25)

Значи: „мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата“.

Ете го клучниот момент! Ете го моделот како треба мажот да "главува" со жената.
Ајде да го разгледаме контекстот ама без тумачења туку баш онака како што сакал авторот да биде разбран за да нема забуни.

1. Покорувајте се еден на друг во страв од Христа!

Не од љубов, не од милина туку од страв. Има ли поубаво чувство кога правиш нешто од страв ;)?

2. Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото!

Ете така кристално јасно за да нема забуни, жените да им се покоруваат на своите мажи со јасна хиерархија, Христос па Црквата, мажот па жената. На кого не му е јасно нека иде на следниот цитат.

3. И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи.

Кој досега не сфатил сега ќе сфати, зборот СЕ нема премногу тумачења. Значи ако и кажам женче иди да готвиш 3 часа па чисти 2 часа па дојди да те плеснам мора да каже ДА МАЖУ веднаш почнувам затоа што мора да ме слуша во СЕ и да ми биде покорна. Идеална робинка :D.

4. Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"

И за крај да не бидеме покуси има и една заповед за мажот да ја сака својата жена. Нема заповед да ја слуша туку само да ја сака. Во ред, како да не ја сакаш кога ти ги извршува сите желби. Кој не би сакал таква дома, ем секс кога му се сака, ем му рмба ем го слуша, мераци :D.

Кој ќе ме убедува дека не е така и погрешно сум разбрал ќе му речам да ја види праксата во христијанската црква и улогата на жената во семејството последниве 2000 години која е се само не розева.

Не ставав намерно наводници кој сака нека ги бара ги има на повеќе места ;).
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ова што ти го пишуваш го нема ни во Стариот ни во Новиот Завет. Го пишува во талмудот, којшто е пишуван после Исус. Значи после појавата на Христијанството. Со јудаизмот го делиме Стариот Завет, а не талмудот кој е понова компилација.
--- надополнето: Jul 4, 2011 3:45 PM ---

Пошто ова ми мириса на нешто друго, отколку обично прашање, дај поарно одговори си самиот, па да те видам што сакаш да кажеш.
И христијанството и јудаизмот потекнуваат од култот на сончевиот диск, основан од Акенатон (Аменофис IV) кој преживеал поради Мојсеј, свештеник на тој култ и прва монотестичка религија какви што ги знаеме денес...
Егзодусот, ring a bell...? :D
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
И христијанството и јудаизмот потекнуваат од култот на сончевиот диск, основан од Акенатон (Аменофис IV) кој преживеал поради Мојсеј, свештеник на тој култ и прва монотестичка религија какви што ги знаеме денес...
Егзодусот, ring a bell...? :D
Ако де, ти можеш како сакаш да си размислуваш, твое право. И во твојата глава ова го толкуваш здраво за готово. Ама дали е тоа стварно така, е тоа веќе неможеш со сигурнбост да ми го кажеш. А она што би сакал сега да ми кажеш е, од кај пак потекнува/влечи корени, тој култ на сонцето на Акенатон. Што му претходело нему. Оти нели по твоето излегува дека секоја религија влечи корен од некаде. И така кога, по твоето ќе одиме се наназад каде милиш дека би го нашле стартот?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ако де, ти можеш како сакаш да си размислуваш, твое право. И во твојата глава ова го толкуваш здраво за готово. Ама дали е тоа стварно така, е тоа веќе неможеш со сигурнбост да ми го кажеш. А она што би сакал сега да ми кажеш е, од кај пак потекнува/влечи корени, тој култ на сонцето на Акенатон. Што му претходело нему. Оти нели по твоето излегува дека секоја религија влечи корен од некаде. И така кога, по твоето ќе одиме се наназад каде милиш дека би го нашле стартот?
Некои велат дека Акенатон “учел“ од Сумерите и Вавилонците...но значително модификувано...
Веројатно знаеш дека Мојсеј бил од Египет...
Освен тоа на кое писмо Бог му ги пратил Законите на Синајската Гора !?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Некои велат дека Акенатон “учел“ од Сумерите и Вавилонците...но значително модификувано...
Веројатно знаеш дека Мојсеј бил од Египет...
Освен тоа на кое писмо Бог му ги пратил Законите на Синајската Гора !?
Не може така човек, ами пак сумерите и вавилонците од кај ги зеле нивните учења? Итн... Тоа што ти си нашол некои сличноси меѓу јудаизмот или Христијанството со некои други религии, мора ли да значи дека тие украле од нив? И ајде дај ми некој линк, па и јас да прочитам на што го темелиш твојов исказ.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не може така човек, ами пак сумерите и вавилонците од кај ги зеле нивните учења? Итн... Тоа што ти си нашол некои сличноси меѓу јудаизмот или Христијанството со некои други религии, мора ли да значи дека тие украле од нив? И ајде дај ми некој линк, па и јас да прочитам на што го темелиш твојов исказ.
Почетокот на овој или оној начин :D е во Сумер...
Имаше една тема околу ова...
http://forum.kajgana.com/threads/Египјанецот-Мојсеј.44992/

А прашањето ?

Освен тоа на кое писмо Бог му ги пратил Законите на Синајската Гора !?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Почетокот на овој или оној начин :D е во Сумер...
Имаше една тема околу ова...
http://forum.kajgana.com/threads/Египјанецот-Мојсеј.44992/

А прашањето ?
Ај ќе ја ѕирнам темата кога ќе имам повеќе време. А за прашањево, мојот одговор е - Незнам. Ама некако ми делуваш како ти да имаш некој веќе стокмен одговор, па ај кажи го не се срамувај. Ние сме си наши тука. :)
--- надополнето: Jul 4, 2011 6:41 PM ---
Гледам сте изнапишале еден куп свои шпекулации, свои мислења, свои тези, па сте напикале и некои т.н. "историчари" итн... Но колку ова има врска со реалноста е прашањево? Можам и јас да земам да ја разместам приказната и сам да додадам некои работи, и да испадне дека Александар наш, бил пра пра пра... внук на Мојсеј. А друго, освен некои напишани сличности (кои и прашање е дали се веродостојни) многу многу и нема поткрепа на вашите "тези". Така да, кога вие стално баравте докази за нештата во Христијанството, излезе да кога ќе го напаѓате Христијанството дека и докази не ви се потребни? Ајде сега ние ги бараме доказите од вас. Show them to me. Right here, right now.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom