Ајде јас малку да разбијам монотонија
Со оглед на тоа дека прашањето околу покорноста на жената според Библијата се отвори во другата тема,а овде би било посоодветно да се дискутира за тоа, ме интересираат ставовите на верниците.Како вие ја толкувате Библијата, инфериорна ли е жената во однос на мажот,рамноправни ли се, треба ли да му се покори, или можеби треба меѓусебно да се си покорат?
Според Библијата жената не е инфериорна во однос на мажот (тие имаат иста вредност пред Бог), тие се рамноправни (жената ги има истите права како и мажот), а во рамките на бракот, каде што мажот и жената стануваат едно тело, мажот е повикан да биде водач т.е. глава на тоа тело.
Точно е тоа дека во Библијата пишува "мажот е глава на жената", но треба да се види во кој контекст е кажано тоа и на каква "глава" се работи.
Денес мнозинството ја толкуваат оваа "глава" како: Маж кој седнал на фотељата со пиво во едната рака и далечинското во друга, гледа фубдал и без да го мрдне погледот од телевизорот и дава команди на жената: "Жено донеси ова, донеси она, направи ова, она..."
Дали за таква "глава" зборува Библијата? Дали за таква покорност се мисли? Ајде да го разгледаме контекстот...
"
Покорувајте се еден на друг во страв од Христа! Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа, зашто
мажот е глава на жената, како што е и Христос Глава на Црквата, и Тој е Спасител на Телото! И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сè на своите мажи.
Мажи, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
(
Ефешаните 5:21-25)
Значи: „
мажот е глава на жената,
како што е и Христос Глава на Црквата“.
Ете го клучниот момент! Ете го моделот како треба мажот да "главува" со жената.
Дали Христос ја понижуваше Црквата? Дали Христос ја малтретираше, запоставуваше, искористуваше Црквата? Дали Христос го имаше горенаведениот ироничен третман кон Црквата? Или пак Христос и ги миеше нозете на Црквата/апостолите?
"Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. " (
ев. Јован 13:5, Библијата)
Христос "главуваше" со тоа што и служеше на Црквата, со тоа што се грижеше за неа, се жртвуваше за неа, се застапуваше за неа
и на крајот дури и го даде Својот живот за неа.
Подоле дури и дирекно им се обраќа апостолот на мажите велејќи им: "Мажи, љубете ги своите жени,
како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за неа"
Значи повторно е повторен моделот на главување:
мажот-жената = Христос-Црквата, и повторно е повторено дека мажот треба да има
пожртвовна љубов кон својата жена што ќе биде спремен дури и животот да го даде за неа доколку тоа биде потребно!
Епа драги мои ете така треба и мажот да е "глава" на жената. Секое друго "главување" е надвор од контекстот за кој збори Библијата. За жал во нашето општество принципот на водство е извртен и водачите наместо да им служат на луѓето што ги водат, тие се им се прават газди, робовладетели и не им покажуваат со сопствен пример и насока каде треба да се движат следбениците кои што ги водат.
п.с. Дали знаете дека зборот „министер“ доаѓа од англискиот збор "to minister" што значи служител, да служиш?