Не не не, ти не рече така. Да беше ова муабет на улица можеби и ќе ме излажеше, ама тука се што пишуваш се снима. Се е документирано
Ти, не земјаќи предвид дека постојат и луѓе кои што не се срамат да шетаат голи, пиша дека секој човек го наследил тоа „сознание“ кое според тебе е сознание дека човек треба да се облече и да не се шета гол. Сега ќе ги цитирам твоите зборови:
Па баш поради тоа што се останува запишано манипулатори како тебе можат само да се прпелкаат и ништо повеќе! Јас напишав дека според библијата тоа е првобитниот грев! Дали ти го негираш тоа? И ако го негираш, те молам посочи тогаш кој е првобитниот грев ако не е осознавањето на доброто и злото! Баш ме интересира!
Ете така. Сега можеш да видиш дека тоа се твои зборови, дека ти тврдиш дека во Библијата пишувало така. Епа јас токму тоа те терам да го докажеш. Докажи ни дека во Библијата пишува дека тоа сознание е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил. Голотијата не е СИГУРНО тоа, бидејќи еден куп афрички племиња си се шетаат голи и еден куп цивилизирани луѓе (меѓу кои и евреи) си се сончаат голи на нудистичките плажи.
Ако ги користиш афричките племиња како аргумент дека сознанието за добро и зло не е единствено, тогаш истиот тој аргумент ти се враќа како бумеранг кога станува збор и за Јахве!
Ако сознанието за добро и зло не е единствено затоа што овие племиња не го наследиле и не слушнале за него, тогаш и Јахве не е единствен затоа што тие не знаат ништо ниту за него, и си веруваат во нивни сопствени богови!
Што значи тврдењето дека има повеќе сознанија за добро и зло, затоа што луѓето од раѓање не чуле за ова библисково, тогаш истото важи и за боговите и божествата!
Нудистите не ги мешај, тие не живеат според библиски правила!
Исто толку пати ти повторив дека воопшто не е потребно да си сезнаен за да ислажеш. Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Така што змијата го дознала тоа убаво и потоа ги излажала дека нема да умрат. Просто ко два и два.
Ти повторувај колку сакаш, лагата нема да стане вистина на тој начин! Факт непобитен е дека змијата не е сезнајна и неможела да ги знае намерите и мислите на бог! А змијата знаела какви особини се добиваат од дрвото, тоа и го кажала! Тука нема никаква лага! само манипулатори како тебе можат да тврдат такво нешто!
Prove it! Докажи дека последиците не биле од дрвото. Ти тврдиш дека последиците биле од дрвото епа повели докажи го тоа.
Гледај како во една иста реченица успеваш да бидеш контрадикторен! Си ја гледаш ли контрадикторноста?!
Од библискиот текст Бог воопшто не може да се насети дека Бог бил гневен кога им ја кажал заповедта дека можат да јадат од сите дрва освен од забранетото дрво и дека ако јадат од него ќе умрат. Тој пред тоа дури и ги благословил да се плодат и множат и да ја надвладеат цела Земја.
Јас убаво кажав дека последиците ги снашле Адам и Ева ОДКАКО се здобиле од сознанието а не пред тоа, и тие биле поради гневот на бог! Тие не умреле затоа што јаделе од дрвото, всушност тие не ни умреле! Според библијата живееле уште 900 години, и никаде во библијата не пишува дека биле бесмртни!
Тоа е половичната изјава. Не знам дали намерно или ненамерно цело време половично ја цитираш змијата. Сто пати ти кажав дека змијата им кажала и вистина и лага т.е. лага замотана во целофан од вистина. Лагата што им ја кажала била дека нема да умрат ако јадат од тоа дрво. Адам и Ева и умреле. Значи змијата ги излажала а ти слободно продолжи да тераш детски инает.
Јас ти кажав дека со инает нема да ме натераш да се одкажам! По незнам кој пат - змијата не ги знаела намерите и мислите на бог, туку само својствата кои ги нуди дрвото, таа знаела дека од него не се умира, туку дека тоа нуди сознание за добро и зло, тоа им го кажала, и тоа и го констатирал бог - Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи добро и зло! Тука нема никаква лага! Незнам само како не ти е срам вака упорно да манипулираш и лажеш!