Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ајде јас малку да разбијам монотонија :)Со оглед на тоа дека прашањето околу покорноста на жената според Библијата се отвори во другата тема,а овде би било посоодветно да се дискутира за тоа, ме интересираат ставовите на верниците.Како вие ја толкувате Библијата, инфериорна ли е жената во однос на мажот,рамноправни ли се, треба ли да му се покори, или можеби треба меѓусебно да се си покорат?
одговарам како традиционален верник, т.е. кој припаѓа кон таа конфесија, но не онаков верник кој ги знае Писмата напамет и се покорува и којзнае како ги следи зборовите од Новиот Завет (некој ќе ме нарече дури и не-веник). Накратко
инфериорна -не е
рамноправни- не се
да му се покори -не
меѓусебно да се си покорат -не

Секој има своја улога у вселенава, не би барал формула во ниту едно писание или списание...а според религиите како треба и како чинат, тоа нека одговорат оние кои сметаат поинаку. Или бараше само од нив одговор, не знам.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нешто што ме буни од муабетиве кои ги водите...како во Библијата змијата е поврзана со лукавиот, ѓаволот...за случката со змијата се споменува само дека била полукава од другите животни, со што или била под нечие влијание, но биле и другите животни (само змијата малку повеќе) или не била воопшто, само била полукава.
и мене ме интересира ова, дали змијата е добра или е лоша...за што всушност е нејзината вина. Да претпоставиме дека излажала, но столбовите на Писмото се темелат на нејзината улога. Да претпоставиме дека "ќутела"...дали Писмото ќе се остварело, дали патот и пророштвата ќе се исполнеле, дали ќе се јавела потреба од Новиот Завет со Господ...којзнае, морало ама без ова животинче потешко.
Ова е нешто на кое не добив одговор за христијанството -за она дека према црковните учења змијата и Јуда биле под некое влијание. Но без нив и нивната улога, плановите немало да се остварат. Дали се жртви на "заговор", план или слично?
Не е целата работа во змијата, оти лукавиот можел да одбере било кое животно, за да ја „насанка„ Ева.
Проблемот се објаснува на друг начин: не е до змијата, туку до намерата од лукавиот да „удри„ токму на Ева, а не на Адам. Имено, лукавиот добро ја знаел природата Евина (која практично ја имаат сите жени...) а тоа е Евината (и воопшто, женкската слабост..) да „паѓа„ на сентименатолност, за разлика од Адам, кој имал трезвеноумие. Така, лукавиот не и се обраќа на Ева непосредно, како лик (оти тогаш Ева веројнао би го почувствувала стравот од злото демонско до себе...), туку и се обраќа посредно, преку змијата (а можел и преку друго животно, нели...) па Ева, гледајќи необичен настан, каде змијата „зборува„, и се причинило згодна прилика за „муабет„ со вака необично животно, кое „има„ човечки дар-дар на говор (како што тоа го прават и денешните демоноопседнати...). А лукавиот не останал само на тоа што говорел пореку змијата, туку лукавиот оди и понатаму, па на Ева и упатува лукаво-ласакви зборови, од чии одговори лукавиот дознава дел од Божјата промисла за првите луѓе. Така, лукавиот точно знаел што чини, па ја искористил „поинаквата„ Евина природа, за да ги наведе првите луѓе на грев. Така, не згреши(л) Адам, туку Ева, а Адамовата грешка е во тоа што наместо да го послуша Бога, Адам ја послушал жена си.

Змијата, како и било кое друго животно во Едем, биле створени како добри битија.

А Божјата промисла, која го знаела и падот Адамов, но и спасението на човекот преку Новиот Адам-Христос Богочовекот, ќе се случеле во секој случај, оти лукавиот веќе бил створен и пред да бидат Адам и Ева створени, т.е. лукавиот постоел и пред да биде створен материјалниов Свет, а со него и Ада и Ева.
--- надополнето: Jul 4, 2011 1:54 PM ---
инфериорна ли е жената во однос на мажот,рамноправни ли се, треба ли да му се покори, или можеби треба меѓусебно да се си покорат?
Вероучението не вели дека некој е супериорен а некој инферироен, туку вели дека, според Божката промисла, прво е створен Адам, кој бил цар на сето дотогашно творение, а Ева е створена ради Адама а не обратно (Адам ради Ева).

Така, Ева ( и воопшто, женскиот род..) ја има смислата на свето постоење во и преку Адам (т.е. преку мажот), а мажот ја има смислата на своето постоење во и преку Христа Богочовекот. Тоа е поредокот кој Творецот им го дал на луѓето: на Адам и Ева, .т..е. на мажите и жените, а не прашање не нечиј „примат„ или нечија „секундарност„.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Така, Ева ( и воопшто, женскиот род..) ја има смислата на свето постоење во и преку Адам (т.е. преку мажот), а мажот ја има смислата на своето постоење во и преку Христа Богочовекот. Тоа е поредокот кој Творецот им го дал на луѓето: на Адам и Ева, .т..е. на мажите и жените, а не прашање не нечиј „примат„ или нечија „секундарност„.
Една од причините поради која одбивам да верувам во Библијата.Фала на одговорот, во секој случај.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Една од причините поради која одбивам да верувам во
Воопшто не ме чуди Твојава реакција, оти такво е воспитувањето кај „модерните„ луѓе-воспитување кое форсира и афирмира своеглавост, гордост, надуваност, индивидуализам и сл. ради кои „модерните„ луѓе не можат да смислат живеење во (брачна) заедница, кое (живеење) си бара ред и поредок, а не судир на суетите кај сопружниците.
--- надополнето: Jul 4, 2011 2:09 PM ---
Фала на одговорот, во секој случај.
Молам.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Една од причините поради која одбивам да верувам во Библијата.Фала на одговорот, во секој случај.
Ова е само едно бисерче од Библијата ги има уште десетина бисери да не знаеш кое од кое „поубави“ ;).

Инаку жената според Библија е испод мажот и треба да му се покорува што многу мажи со радост би прифатиле ;).
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ова е само едно бисерче од Библијата ги има уште десетина бисери да не знаеш кое од кое „поубави“ ;).

Инаку жената според Библија е испод мажот и треба да му се покорува што многу мажи со радост би прифатиле ;).
Нормално дека ќе прифатат, им треба робинка дома, да чува деца, да готви, чисти, пере......
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Вероучението не вели дека некој е супериорен а некој инферироен, туку вели дека, според Божката промисла, прво е створен Адам, кој бил цар на сето дотогашно творение, а Ева е створена ради Адама а не обратно (Адам ради Ева)..
Мики, кога се збори за жената некаде во Библијата пишува за покорувањето према мажот, но да не го заборавиме овој дел
24 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело.
EN - King James - Ge. 2:24 Therefore shall a man leave his father and his mother, and shall cleave unto his wife: and they shall be one flesh.
причините и последиците, како и тоа дали жената е створена ради мажот не ми се и мене некако логични затоа што ако не е жената, нема да постои ниту мажот во крајна линија. Доколку е створена ради него, би пишувало дека со соединување нема да станат едно тело туку дека ќе стане дел од неговото тело.
Инаку еднаш имаме дома зборано за ова...дали негде го има оригиналот каде е запишан зборот покорување или е тоа при превод намерно така преведено. Најверојатно, Бог пошто ги сака луѓето, рамноправноста и љубовта низ цела Библија се многу често споменувани, дали не е направена грешка во преводот или препишувањето на денешните верзии од првобитните? Пример ова
24 И како што Црквата Му се покорува на Христа, така да им бидат и жените покорни во сèна своите мажи.
EN - King James - Eph. 5:24 Therefore as the church is subject unto Christ, so let the wives be to their own husbands in every thing.
вие повеќе знаете англиски, не знам како стојат овде разликите.
Каде може да се најдат овие текстови како дел од оние првобитни историски записи?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Нормално дека ќе прифатат, им треба робинка дома, да чува деца, да готви, чисти, пере......
Да не ја почнуваме таа тема нема крај да има ама во право си.

Најверојатно, Бог пошто ги сака луѓето, рамноправноста и љубовта низ цела Библија се многу често споменувани, дали не е направена грешка во преводот или препишувањето на денешните верзии од првобитните?
И Св. Павле има зборено за улогата на жената (не ги мирисал нешто премногу ;)) така да не е грешка.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Таа е темата. Едноставно така ја доживуваат жената во христијанството.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Лурц,

зависи како гледаме на работите во релацијата „машко-женско„.
Ако гледаме овосветовно, ќе имаме судир на две суети, во стилот „кој е прв„, машкото или женското, така?
Ако гледаме по духовно, тогаш имаме ситуација во која од Бога ни е одредено „кој е кој„, така?
Поимот „покорност„, ако го сватиме овосветовно, би била ситуација каде мажот би бил „суперироен„ и „првостепен„ во однос на жената.
Ако поимот „покорност„ го сватиме по духовно, тогаш секој од сопружниците, ќе го запази своето место и улога во брачната заедница, оти така Бог заповеда(л), а не оти така некому му текнало, па посакал својата суетност и посесивнот да ја „упражњава„ на насилен и вулгарен начин, на штета „од другиот„.
Релацијата меѓу машкото и женското секогаш (треба да) е двонасочна, а не еднострана и себична. Само така, машкото и женското ќе бидат „едно„ оти во спротивно, ќе бидат „двајца„, кои ќе битисуваат еден крај друг „на сила„ а не од љубов.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Воопшто не ме чуди Твојава реакција, оти такво е воспитувањето кај „модерните„ луѓе-воспитување кое форсира и афирмира своеглавост, гордост, надуваност, индивидуализам и сл. ради кои „модерните„ луѓе не можат да смислат живеење во (брачна) заедница, кое (живеење) си бара ред и поредок, а не судир на суетите кај сопружниците.
--- надополнето: Jul 4, 2011 2:09 PM ---

Молам.
Па не знам Мики кој е горд и надуван, јас или тие што веруваат дека жената е создадена само поради мажот,т.е да му служи и да му се покорува.А за редот и поредокот во право си, ред мора да постои, токму поради тоа постојат законите, кои за среќа, барем во нашата држава, не се базирани на Библијата.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Таа е темата. Едноставно така ја доживуваат жената во христијанството.
Па нормално кога главно или исклучиво мажи ја пишале, си ја направиле по нивен терк. Позната тема е тоа и дел што е жената толку субмисивна и се третира како помалку вредна има улога и во тој начин на мислење што влегло и во други религии не само во христијанството.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па не знам Мики кој е горд и надуван, јас или тие што веруваат дека жената е создадена само поради мажот,т.е да му служи и да му се покорува.А за редот и поредокот во право си, ред мора да постои, токму поради тоа постојат законите, кои за среќа, барем во нашата држава, не се базирани на Библијата.
Да дополнам,
Ред и поредок кој се базира на еднаквост, а не на покорност како што пишит во то Книгата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па не знам Мики кој е горд и надуван, јас или тие што веруваат дека жената е создадена само поради мажот,т.е да му служи и да му се покорува.
Пак ќе речам: све ствар на толкување: или е тоа овосветоно есапење со гордост или духовност со почитување на редот Божји во природата.

Кога Адам се разбудил, крај себе забележал ново битие (Ева) па Адам во Ева видел уште едно „јас„ ама троа поинакво „јас„ од „јас-Адам„. Затоа, ако Бог промислил да му довери на Адама пријател сличен на него (на Адам), тогаш, што има туку да се дискутира...Ева е стоврена ради Адама, како негов/Адамов најсличен пријател, а тоа и Св. Ап. Павле, колку памтам, го потврдува.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Пак ќе речам: све ствар на толкување: или е тоа овосветоно есапење со гордост или духовност со почитување на редот Божји во природата.

Кога Адам се разбудил, крај себе забележал ново битие (Ева) па Адам во Ева видел уште едно „јас„ ама троа поинакво „јас„ од „јас-Адам„. Затоа, ако Бог промислил да му довери на Адама пријател сличен на него (на Адам), тогаш, што има туку да се дискутира...Ева е стоврена ради Адама, како негов/Адамов најсличен пријател, а тоа и Св. Ап. Павле, колку памтам, го потврдува.


Епа штом Павле така вика мора да е така, нема друго ....NOT
Туку мило ми е барем што си кажа отворено дека според Библијата жената треба да му се покори на мажот, оти на другата тема нешто друго зборуваше.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom