Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Плус, никаде во библијата не се тврди дека Адам и Ева биле бесмртни - уште едно твое толкување!
Точно: Адам и Ева биле само потенцијално бесмртни, а дека се смртни, на тоа сам Бог ги опомена, кога навремено им рече дека ќе умрат, ако вкуст од забранетиот плод.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па ти го посочив! Делот каде се опишани особините од сознанието - согледувањето дека се голи, срамот и стравот поради тоа! Тоа е истото кое и ти и јас и секој човек го има, секој чии морални вредности биле обликувани според библиските учења!
Не не не, ти не рече така. Да беше ова муабет на улица можеби и ќе ме излажеше, ама тука се што пишуваш се снима. Се е документирано :) Ти, не земјаќи предвид дека постојат и луѓе кои што не се срамат да шетаат голи, пиша дека секој човек го наследил тоа „сознание“ кое според тебе е сознание дека човек треба да се облече и да не се шета гол. Сега ќе ги цитирам твоите зборови:

Нели во библијата пишува дека ова сознание е "првобитниот грев" кој секој човек после Адам го наследил? Значи и да имало милион сознанија, тоа кое денес секој човек го има е она кое Адам и Ева го добиле и станале како бог
Ете така. Сега можеш да видиш дека тоа се твои зборови, дека ти тврдиш дека во Библијата пишувало така. Епа јас токму тоа те терам да го докажеш. Докажи ни дека во Библијата пишува дека тоа сознание е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил. Голотијата не е СИГУРНО тоа, бидејќи еден куп афрички племиња си се шетаат голи и еден куп цивилизирани луѓе (меѓу кои и евреи) си се сончаат голи на нудистичките плажи.

И јас најмалку десет пати ти кажав дека змијата не е сезнајна за да ги знае намерите и мислите на бог! таа само ги знаела особините - својствата на дрвото,
Исто толку пати ти повторив дека воопшто не е потребно да си сезнаен за да ислажеш. Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Така што змијата го дознала тоа убаво и потоа ги излажала дека нема да умрат. Просто ко два и два.

последиците кој ги снашле Адам и ева биле од гневот на бог а не од дрвото!
Prove it! Докажи дека последиците не биле од дрвото. Ти тврдиш дека последиците биле од дрвото епа повели докажи го тоа.
Од библискиот текст Бог воопшто не може да се насети дека Бог бил гневен кога им ја кажал заповедта дека можат да јадат од сите дрва освен од забранетото дрво и дека ако јадат од него ќе умрат. Тој пред тоа дури и ги благословил да се плодат и множат и да ја надвладеат цела Земја.

Ќе им кажела така доколку имала намера да ги лаже, но таа им ја кажала вистината! - дека од дрвото се осознава доброто и злото.
Тоа е половичната изјава. Не знам дали намерно или ненамерно цело време половично ја цитираш змијата. Сто пати ти кажав дека змијата им кажала и вистина и лага т.е. лага замотана во целофан од вистина. Лагата што им ја кажала била дека нема да умрат ако јадат од тоа дрво. Адам и Ева и умреле. Значи змијата ги излажала а ти слободно продолжи да тераш детски инает.

Не е никакво толкување! Бог јасно констатира дека станале како него познавајќи добро и зло, тоа што следи потоа е поради неговиот гнев!
Тоа што следи потоа Бог јасно им го кажал ПРЕД ТОА кога воопшто не бил гневен. Бог ПРЕД ТОА јасно им кажал дека ако јадат од дрвото ќе умрат.
--- надополнето: Jul 4, 2011 10:48 AM ---
...и кога јас би бил Бог, јас би се срамел од своето дело...
Ех кога ти би бил бог. Камо да беше ти бог, сега сите ќе уживавме и ќе се веселевме :)
Од една страна па ти веќе си еден вид "бог", штом си дозволуваш да ги судиш постапките на Бог.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не не не, ти не рече така. Да беше ова муабет на улица можеби и ќе ме излажеше, ама тука се што пишуваш се снима. Се е документирано :) Ти, не земјаќи предвид дека постојат и луѓе кои што не се срамат да шетаат голи, пиша дека секој човек го наследил тоа „сознание“ кое според тебе е сознание дека човек треба да се облече и да не се шета гол. Сега ќе ги цитирам твоите зборови:
Па баш поради тоа што се останува запишано манипулатори како тебе можат само да се прпелкаат и ништо повеќе! Јас напишав дека според библијата тоа е првобитниот грев! Дали ти го негираш тоа? И ако го негираш, те молам посочи тогаш кој е првобитниот грев ако не е осознавањето на доброто и злото! Баш ме интересира!
Ете така. Сега можеш да видиш дека тоа се твои зборови, дека ти тврдиш дека во Библијата пишувало така. Епа јас токму тоа те терам да го докажеш. Докажи ни дека во Библијата пишува дека тоа сознание е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил. Голотијата не е СИГУРНО тоа, бидејќи еден куп афрички племиња си се шетаат голи и еден куп цивилизирани луѓе (меѓу кои и евреи) си се сончаат голи на нудистичките плажи.
Ако ги користиш афричките племиња како аргумент дека сознанието за добро и зло не е единствено, тогаш истиот тој аргумент ти се враќа како бумеранг кога станува збор и за Јахве!
Ако сознанието за добро и зло не е единствено затоа што овие племиња не го наследиле и не слушнале за него, тогаш и Јахве не е единствен затоа што тие не знаат ништо ниту за него, и си веруваат во нивни сопствени богови!
Што значи тврдењето дека има повеќе сознанија за добро и зло, затоа што луѓето од раѓање не чуле за ова библисково, тогаш истото важи и за боговите и божествата!
Нудистите не ги мешај, тие не живеат според библиски правила!
Исто толку пати ти повторив дека воопшто не е потребно да си сезнаен за да ислажеш. Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Така што змијата го дознала тоа убаво и потоа ги излажала дека нема да умрат. Просто ко два и два.
Ти повторувај колку сакаш, лагата нема да стане вистина на тој начин! Факт непобитен е дека змијата не е сезнајна и неможела да ги знае намерите и мислите на бог! А змијата знаела какви особини се добиваат од дрвото, тоа и го кажала! Тука нема никаква лага! само манипулатори како тебе можат да тврдат такво нешто!
Prove it! Докажи дека последиците не биле од дрвото. Ти тврдиш дека последиците биле од дрвото епа повели докажи го тоа.
Гледај како во една иста реченица успеваш да бидеш контрадикторен! Си ја гледаш ли контрадикторноста?!
Од библискиот текст Бог воопшто не може да се насети дека Бог бил гневен кога им ја кажал заповедта дека можат да јадат од сите дрва освен од забранетото дрво и дека ако јадат од него ќе умрат. Тој пред тоа дури и ги благословил да се плодат и множат и да ја надвладеат цела Земја.
Јас убаво кажав дека последиците ги снашле Адам и Ева ОДКАКО се здобиле од сознанието а не пред тоа, и тие биле поради гневот на бог! Тие не умреле затоа што јаделе од дрвото, всушност тие не ни умреле! Според библијата живееле уште 900 години, и никаде во библијата не пишува дека биле бесмртни!
Тоа е половичната изјава. Не знам дали намерно или ненамерно цело време половично ја цитираш змијата. Сто пати ти кажав дека змијата им кажала и вистина и лага т.е. лага замотана во целофан од вистина. Лагата што им ја кажала била дека нема да умрат ако јадат од тоа дрво. Адам и Ева и умреле. Значи змијата ги излажала а ти слободно продолжи да тераш детски инает.
Јас ти кажав дека со инает нема да ме натераш да се одкажам! По незнам кој пат - змијата не ги знаела намерите и мислите на бог, туку само својствата кои ги нуди дрвото, таа знаела дека од него не се умира, туку дека тоа нуди сознание за добро и зло, тоа им го кажала, и тоа и го констатирал бог - Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи добро и зло! Тука нема никаква лага! Незнам само како не ти е срам вака упорно да манипулираш и лажеш!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики бе...ти како творец што си направил.... деца луѓе или магариња?
Vone, легендо ходајуќа,

Бог не создава други Богови. Бог Е дух, па Он не твори материјални нешта кои автоматски стануваат Богови по природа. Човекот е, како што велат Светиите, само „...одблесок Божји...„, но човекот не е копија Божја. Човекот е духовно и материјално битие и човекот е створен, за разлика од Бог, Кој Е дух и кој Е нематеријален и нестворен, туку Е песпочетен.. Човекот е повикан, преку Христа и Неговата жртва, да биде бог, но не бог по природа/суштина, туку човекот потенцијално може да биде бог ради бесмртноста, која (човекот) може да ја постигне, битисувајќи во во Рајот и Царството Небесно.
 
S

smexy

Гостин
Дали Samael го идентификувате со змијата и ако е така кој е мотивот на Samael?
Башка,дали сета таа приказна има поврзаност со Лилит гледајки на тоа дека Samael ја зема за себе кога таа го напушта Адам?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Поимот „станале„ како Бог, не значи дека Адам и Ева навистина станале Богови, т.е не значи дека Адам и Ева станале Богови по суштина/природа, туку тоа значи дека и Адам и Ева ја стекнале пособноста за спознавање/разликување на доброто од злото, исто како што таа способност (за разликување) веќе ја има(л) и Сам Бог.

Оти, ако Адам и Ева „станале„ како Еден од Нив, т.е. како еден од Боговите, т.е. ако Адам и Ева навистина се „претвориле„ од луѓе во Богови, тогаш Адам и Ева веќе би биле бесмртни по природа/суштина и Адам и Ева воопшто не би биле подложни на умирање.

Невозможно е творението, по својата природа, да биде еднакво со природата од својот Творец.
Творецот(творците) се ЕТ-ци, дури и самата приказна на создавањето на човекот во библијата
има некои симптоматични елементи.
Да не спомнувам енума елиш и popol vuh или popol vuh.
Oва секако од митолошка(религиозна) перспактива, за повеќе може да се ѕирне
во: кајгана.форум/мистерии/Човештво, теории на настанувањето
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас напишав дека според библијата тоа е првобитниот грев!
Да, ти напиша дека сознанието е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил. Тоа е неспорно. Спорно е тоа што ти веќе 2-3 страни лукаво избегнуваш да ни напишеш каде тоа Библијата го вели :)

Ако ги користиш афричките племиња како аргумент дека сознанието за добро и зло не е единствено, тогаш истиот тој аргумент ти се враќа како бумеранг кога станува збор и за Јахве!
Ако сознанието за добро и зло не е единствено затоа што овие племиња не го наследиле и не слушнале за него, тогаш...
Чекај малку! Да не си правиш ти муабет сам со себе пред огледало? Ти, а не јас, си тој што тврди дека „сознанието за голотијата“ е тоа што се пренесува на секој човек после Адам. Не ми се верува дека дојде до тоа дереџе твоите небулози да ги ставаш во мојата уста и потоа да ме критикуваш за нив :)

Нудистите не ги мешај, тие не живеат според библиски правила!
Според Библијата и тие се внуци на Адам. Па нели ти велиш дека секој човек после Адам го наследил тоа сознание кои што според тебе е поврзано со согладување на буквалната голотија?
Сепак мило ми е што согледуваш дека си противречен на себе си и затоа сакаш да не ги мешаме противречностите на твоето толкување :)

Факт непобитен е дека змијата не е сезнајна и неможела да ги знае намерите и мислите на бог!
Факт небобитен е дека не мора човек да е сезнаен за да лаже. Ева и кажала на змијата дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат. Значи змијата го дознала тоа од Ева. Еве ти доказ:

Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!“ (Битие 3:3, Библијата)

А змијата знаела какви особини се добиваат од дрвото, тоа и го кажала!
Да де, змијата кажала вистина и лага. Змијата кажала неколку од особините на дрвото, но излажала дека ако јадат од него ќе умрат.

Јас убаво кажав дека последиците ги снашле Адам и Ева ОДКАКО се здобиле од сознанието а не пред тоа, и тие биле поради гневот на бог!
Јас убаво ти кажав дека заповедта да не јадат од забранетото дрво и дека ако јадат од него Бог им ја дал ПРЕД тие да јадат од него, а тогаш Бог воопшто не бил гневен на нив. Така што нема врска дека последиците дошле поради гневот на Бог.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, ти напиша дека сознанието е „првобитниот грев“ кој секој човек после Адам го наследил. Тоа е неспорно. Спорно е тоа што ти веќе 2-3 страни лукаво избегнуваш да ни напишеш каде тоа Библијата го вели :)
Библијата започнува со битие, а осознавањето на доброто и злото е првиот "грев"! Што се правиш со сила мутав? Во битие ти пишува! Ако тој не е првиот, повели кажи кој е!
Чекај малку! Да не си правиш ти муабет сам со себе пред огледало? Ти, а не јас, си тој што тврди дека „сознанието за голотијата“ е тоа што се пренесува на секој човек после Адам. Не ми се верува дека дојде до тоа дереџе твоите небулози да ги ставаш во мојата уста и потоа да ме критикуваш за нив :)
Хехехе! како само ги извртуваш работите, невидена работа! Јас убаво објаснив дека тоа сознание го имаат оние народи кој својата култура и морал ја оформиле преку библиските учења! Гледано според библијата, луѓето нели се виновни за грешката на Адам и Ева? Или сега можеби и ова ќе го негираш? Тоа сознание што го имале тие, го имаат и сите оние чиј морал бил оформен од јудеохристијанските учења! Тоа детелно го образложив со текстот каде се опишуваат особините и сознанијата кој ги имале Адам и Ева одкако им се отвориле очите, сознанијата поради кој се исплашиле и засрамиле што се голи! Истата реакција која би ја имал секој прочен човек, чиј морал се темели на векови и векови јудеохристијански учења.
Според Библијата и тие се внуци на Адам. Па нели ти велиш дека секој човек после Адам го наследил тоа сознание кои што според тебе е поврзано со согладување на буквалната голотија?
Сепак мило ми е што согледуваш дека си противречен на себе си и затоа сакаш да не ги мешаме противречностите на твоето толкување :)
Ти изгледа си неспособен да направиш разлика кога се зборува за библиски погледи и принципи и за оние кој важат во реалноста.
Факт небобитен е дека не мора човек да е сезнаен за да лаже. Ева и кажала на змијата дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат. Значи змијата го дознала тоа од Ева. Еве ти доказ:
Змијата ја дознала причината за забраната, а ги знаела особините и својствата кои ги дава дрвото! Знаејќи што нуди дрвото, змијата знаела дека причината за забраната е лага! Тие не умреле јадејќи од дрвото, живееле уште 900 години, плус никаде во библијата не се тврди дека биле бесмртни! Кој лаже овде чорбаџи а?
Јас убаво ти кажав дека заповедта да не јадат од забранетото дрво и дека ако јадат од него Бог им ја дал ПРЕД тие да јадат од него, а тогаш Бог воопшто не бил гневен на нив. Така што нема врска дека последиците дошле поради гневот на Бог.
Заповедта им ја дал пред да јадат, но ги казнил одкако јаделе! Што значи последиците дошле не од дрвото туку од неговиот гнев!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Нешто што ме буни од муабетиве кои ги водите...како во Библијата змијата е поврзана со лукавиот, ѓаволот...за случката со змијата се споменува само дека била полукава од другите животни, со што или била под нечие влијание, но биле и другите животни (само змијата малку повеќе) или не била воопшто, само била полукава.
Змијата ја дознала причината за забраната, а ги знаела особините и својствата кои ги дава дрвото! Знаејќи што нуди дрвото, змијата знаела дека причината за забраната е лага! Тие не умреле јадејќи од дрвото, живееле уште 900 години, плус никаде во библијата не се тврди дека биле бесмртни!
и мене ме интересира ова, дали змијата е добра или е лоша...за што всушност е нејзината вина. Да претпоставиме дека излажала, но столбовите на Писмото се темелат на нејзината улога. Да претпоставиме дека "ќутела"...дали Писмото ќе се остварело, дали патот и пророштвата ќе се исполнеле, дали ќе се јавела потреба од Новиот Завет со Господ...којзнае, морало ама без ова животинче потешко.
Ова е нешто на кое не добив одговор за христијанството -за она дека према црковните учења змијата и Јуда биле под некое влијание. Но без нив и нивната улога, плановите немало да се остварат. Дали се жртви на "заговор", план или слично?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Дали Samael го идентификувате со змијата и ако е така кој е мотивот на Samael?
Башка,дали сета таа приказна има поврзаност со Лилит гледајки на тоа дека Samael ја зема за себе кога таа го напушта Адам?
Приказните како оваа за Лилит и слично ќе си ги бараш во Талмудот на јудејците. Во Библијата и во Христијанството воопшто нема ни Лилит ни љандра. Или ќе ми го цитираш оној цитатот од Исаија?
 
Демек христијанството не е Еврејска секта?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библијата започнува со битие, а осознавањето на доброто и злото е првиот "грев"! Што се правиш со сила мутав? Во битие ти пишува! Ако тој не е првиот, повели кажи кој е!
Ќе те почекам прво ти да ни напишеш каде тоа во Битие пишува дека сознанието (според тебе за исправно и погрешно) е „првобитниот грев“ кој што го наследува секој човек после Адам. Не е во ред пред тебе јас да одговарам. Па ти кутриот веќе 2-3 страни чекаш за да одговориш на тоа прашање и сега јас пред тебе да фатам ред? Нее греота си, ќе те оставам ти прв да одговориш :)

Хехехе! како само ги извртуваш работите, невидена работа! Јас убаво објаснив дека тоа сознание го имаат оние народи кој својата култура и морал ја оформиле преку библиските учења!
Не не, јасно е евидентирано што ти рече. Ти не рече дека тоа сознание го имаат оние народи кои својата култура и морал ја оформиле преку библиските учења. Ти рече, еве за да не шпекулираме дословно ќе те цитирам:

Нели во библијата пишува дека ова сознание е "првобитниот грев" кој секој човек после Адам го наследил? Значи и да имало милион сознанија, тоа кое денес секој човек го има е она кое Адам и Ева го добиле и станале како бог
УПСС! Значи сепак си рекол секој човек :) А под секој човек спаѓаат и луѓето во Африка кои што се шетаат голи, и луѓето што се сончаат голи на нудистичките плажи и сл.
Еј УПССС! :)

Заповедта им ја дал пред да јадат, но ги казнил одкако јаделе! Што значи последиците дошле не од дрвото туку од неговиот гнев!
Казната се содржи во заповедта. Кога Бог им заповедал да не јадат од тоа дрво, тој во истата изјава, во истата реченица им ја изрекол казната велејќи им дека ако јадат ќе умрат. (Битие 2:17, Библијата)

п.с. Видиш како јас уредно со референци си ги аргументирам моите изави околу тоа „што вели Библијата“? Тоа е тоа што им недостига на твоите изјави од типот „вака вели Библијта“ или „ова е според Библијата“.
--- надополнето: Jul 4, 2011 1:18 PM ---
Да претпоставиме дека "ќутела"...дали Писмото ќе се остварело, дали патот и пророштвата ќе се исполнеле, дали ќе се јавела потреба од Новиот Завет со Господ...којзнае, морало ама без ова животинче потешко.
Зарем навистина очекуваш некој човек да ти одговори на прашањето „што би било кога би било“?
Ние луѓето не можеме точно да предвидиме од денес за утре што ќе биде, а камо ли пак да ја предвидиме целата светска историја доколку ситуацијата во Едемската градина била поинаква.
 
S

smexy

Гостин
Приказните како оваа за Лилит и слично ќе си ги бараш во Талмудот на јудејците. Во Библијата и во Христијанството воопшто нема ни Лилит ни љандра. Или ќе ми го цитираш оној цитатот од Исаија?
Кој му помага на Исав да го убие Јаков?
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ајде јас малку да разбијам монотонија :)Со оглед на тоа дека прашањето околу покорноста на жената според Библијата се отвори во другата тема,а овде би било посоодветно да се дискутира за тоа, ме интересираат ставовите на верниците.Како вие ја толкувате Библијата, инфериорна ли е жената во однос на мажот,рамноправни ли се, треба ли да му се покори, или можеби треба меѓусебно да се си покорат?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom