Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
haha me iznasmeeaaaa e koj se kerkitee
:pos2: nikoj ne ve tera na islamizacija ne sekirajsee veruvajjsi vo tovojata veraa i nikoj ne ti osporuvaa, samo bi sakal da mi ogovoriss koja ekeraka gospodovaa ili imal povekee
Иса а.с мислам за нив е посебен затоа што наводно “воскреснал“ и се жртвувал. То ти е то. Мислам дека ова со Библијава нема врска што се нарекуваат така. Ама треба да се сфати дека Бог не може да се жртвува, ама добро нивно мислење, нивни став :smir:
 

Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Луѓееее гледајте Супер Ртл излегоа вашите тајни на видело. Германија гори. Исус имал жена, пронајдени се стари записи. Толку од Богот ваш ете кога ви викам лажеше Исус не верувавте.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ама треба да се сфати дека Бог не може да се жртвува
Во сите религии човекот му жртвува жртви на Бог. Единствено во христијанството учи дека Бог се жртвувал за човекот. Тоа го прави христијанството посебно, надчовечно и го надминува секое човечко мудрување. По тоа го познаваме вистинскиот Бог, Бог Кој не љуби нас, Бог Кој не е далечен од нас и кој не седи на Небесниот престол мафтајќи со камшикот и припремајќи ја казната за нас. Ние сме негови созданија, негови деца. Тој знае дека сме од крв и месо. Тој го знае нашиот морален капацитет и знае дека не можеме да бидеме совршени и безгрешни. Затоа е и милостив со нас и одлучно реши Самиот Тој да се жртвува за своите деца, за да ги избави од јамата на гревот и смртта. Кога ќе бидеш мајка, тогаш ќе знаеш најдобро што значи да се жртвуваш за своето дете. Мајката е спремна да го даде и својот живот за своето дете ако е тоа потребно. Ако тоа може да го направи земниот родител, колку повеќе би го направил тоа нашиот Небесен родител кој поседува далеку повеќе љубов во Себе од нашите земни родители.

Дозволи ми да ти раскажам една приказна (илустрација):
Еден човек пропаднал во длабока јама.
Поминал еден СОЦИОЛОГ, го видел и му рекол: “Прими го моето сочувство!”
Поминал еден ФИЛОЗОФ, го видел и му рекол: “Штом има јама, логично е некој да падне во неа!”
Поминал еден МАТЕМАТИЧАР, го видел и му рекол: “Треба да се пресмета како си паднал во јамата!”
Поминал еден ФИЗИЧАР, го видел и му рекол: “Треба да се пресмета патеката по која може да се излезе од јамата”.
Поминал еден ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР, го видел и му рекол: “Треба да проверам дали имал дозвола тој што ја ископал јамата!”
Поминал МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ, го видел и му рекол: “Ќе треба да плаќаш данок за престојување во јамата!”
Поминал еден СУДИЈА, го видел и му рекол: “Само криминалци паѓаат во јами!”
Поминал еден ЕВОЛУЦИОНИСТ, го видел и му рекол: “Мора да си бил погрешен мутант, определен за исчезнување!”
Поминал еден ГЕОЛОГ, го видел и му рекол: “Барем ќе можеш да ги изучуваш геолошките слоеви!”
Поминал еден ОПТИМИСТ, го видел и му рекол: “Си можел да поминеш и полошо!”
Поминал еден ПЕСИМИСТ, го видел и му рекол: “Леле, најлошото допрва те чека!”
Поминал еден БУДИСТ, го видел и му рекол: “Ти само мислиш дека си во јама. Тоа е состојба на умот!”
Поминал КОМШИЈАТА, го видел и му рекол: “Така ти требаше!”
Поминал еден НОВИНАР, го видел и му рекол: “Ќе ми дадеш ли интервју за тоа, како падна во јамата?”
Поминал еден ПРОФЕСОР, го видел и му рекол: “Ќе ти одржам предавање на тема: "Основни принципи на јамите!"”
Поминал еден ЕГОЦЕНТРИК, го видел и му рекол: “Оваа јама не е ништо; да знаеш јас во каква јама паднав!”
Поминал еден РЕАЛИСТ, го видел и му рекол: “Ова навистина е јама и човек паднат во неа!”

Конечно, поминал Исус Христос, направил дрвени скали, слегол во јамата, му подал рака на човекот и го извлекол од јамата”.

Се прашувате каква е разликата меѓу христијанството и другите религии и филозофии? Зар не е повеќе од очигледна? Вистинскиот Бог нема да им држи предавања на своите чеда, туку ќе им притекне напомош. По тоа се познава дека е вистински Родител.

Да FireFly, со паѓањето во грев, сите ние паднавме во длабока јама. По наша вина. Но Спасителот Исус Христос ни притекна напомош и ни подаде рака. Сега од нас зависи дали ќе ја прифатиме подадената рака и ќе излеземе од јамата, или ќе останеме и ќе умреме во неа.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Ахам добро Чорбаџија така може да постапи само човек но не и Бог. Остави то сега... Ме интересира која е Марија Магдалена и што се случило со неа ако можеш да ми раскажеш нешто. Како умрела и тн..

По можност и нешто од Библијата за неа.

--- надополнето ---

Бог може да биде милостив и да ти опрости кога ќе се покаеш.
Но кога ќе го негираш него и кога ќе правиш грев нема никогаш да ти опрости тој е Бог. Мора прво да се покаеш и да бараш опрост од него за грешките.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Да FireFly, со паѓањето во грев, сите ние паднавме во длабока јама. По наша вина. Но Спасителот Исус Христос ни притекна напомош и ни подаде рака. Сега од нас зависи дали ќе ја прифатиме подадената рака и ќе излеземе од јамата, или ќе останеме и ќе умреме во неа.
A каква е таа подадена рака?Тоа е всушност Зборот Исусов,неговото учење преку кое ќе стигнеме до царството божјо т.е. ќе ја издигнеме свеста на повисоко ниво.Кога ќе почнеме да гледаме со очите на Христос,тогаш подруго ќе гледаме на работите и ќе го достигнеме нашето спасение и просветление.А и повеќе нема да ни биде важно кој човек како и во што верува...
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Ќе ми каже некој нешто за живото на Марија Магдалена ? Како умрела ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ќе ми каже некој нешто за живото на Марија Магдалена ? Како умрела ?
Исус истерал седум демони од неа и потоа таа поверувала во Него и станала Негова следбеничка. Била блиска со Марија, мајката на Исус и со другите жени. Прва го видела воскреснатиот Христос. Во Библијата не е опишана нејзината смрт, бидејќи тој детал не е важен во христијанската порака. Можеби има некои детали во преданијата, но бидејќи нивната веродостојност е несигурна, ни би сакал да шпекулирам. Сметам дека нема потреба да знаеме како умрело нејзиното тело, бидејќи таа сега е жива кај Господ. (според христијанската вера нормално)
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Гледав една емисија. Пронајдени биле записи од Марија Магдалена кај што таа сама ги има пишувано од времето на Исус. Во нив пишувало дека имале нешто двајцата и дека се бакнале, но и дека дете родила.
Па не е малку сомнително како умрела оваа жена ? Што се случило со неа? Да не е убиена ?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Гледав една емисија. Пронајдени биле записи од Марија Магдалена кај што таа сама ги има пишувано од времето на Исус. Во нив пишувало дека имале нешто двајцата и дека се бакнале, но и дека дете родила.
Па не е малку сомнително како умрела оваа жена ? Што се случило со неа? Да не е убиена ?
Ништо ново, такви и слични прикаски се популарни овие години.
Доколку Исус имал жена и деца, немало причина евангелистите да го кријат тоа. Во христијанството, бракот и децата воопшто не се грев или срамни работи па да морале да го кријат тоа.
Како мислиш сомнително? Јас реков дека не знам како умрела, ниту па ме интересира. Ако некој друг од форумџииве има некаков валиден историски податок нека го пише, па потоа ќе анализираме дали нејзината смрт е сомнителна или не. Нејзината смрт воопшто не е од интерес за христијаните, па затоа и јас не знам.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Доколку Исус имал жена и деца, немало причина евангелистите да го кријат тоа.
Има причина да го кријат тоа зошто како Бог, а деца да има ?
Во христијанството, бракот и децата воопшто не се грев или срамни работи па да морале да го кријат тоа.
Па ако е Бог не може да има деца.
Како мислиш сомнително?
Сомнително зошто како тоа исчезнала таа жена и детето нејзино? Па ја има убиено некој. Ама беше потврдено дека Исус се бакнал со неа. Ја гледав баш емисијата. Имаа пронајдено и докази. Сега не можам да ги најдам тие докази можи на интернет ги нема.
И сега како Бог да бакнува жена ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.351
Поени од реакции
79.182
Луѓееее гледајте Супер Ртл излегоа вашите тајни на видело. Германија гори. Исус имал жена, пронајдени се стари записи. Толку од Богот ваш ете кога ви викам лажеше Исус не верувавте.
И ја само што глеав на ТВ: коалициските сили во Авганистан баш денес кај твојата пештера ќе праат тепих. Боље гаси телевизорот и фаќај магла.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Има причина да го кријат тоа зошто како Бог, а деца да има ?

Па ако е Бог не може да има деца.
Исус бил 100% и 100% човек. Бог се отелотворил преку Исус. Исус имал и човечка и Божја природа. Но Исус немал жена и деца. Ако пак имал, тоа апостолите не би го криеле, затоа што Исус е и човек, така што Тој можел да има и жена и деца.

Ама беше потврдено дека Исус се бакнал со неа. Ја гледав баш емисијата. Имаа пронајдено и докази. Сега не можам да ги најдам тие докази можи на интернет ги нема.
Не верувам дека било потврдено. Не е можно ако постојат доказите, да ги нема на интернет, а да ги имало на некаква си емисија. Доколку имало навистина такви докази, интернетот ќе вриеше со илјадници страни кои го имаат поставено тие докази. Емисијата не е никаков валиден аргумент. На емислија можат да кажат се и сешто. Тоа не е сериозен медиум.

И сега како Бог да бакнува жена ?
Прашањево го поставуваш со веќе претпоставена теза дека Бог бакнал жена. Но јас тврдам дека не бакнал (барем не така еротски), така што не би можел да ти одговорам на прашањето во кое што не верувам дека се случило.
 

Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Исус бил 100% и 100% човек. Бог се отелотворил преку Исус. Исус имал и човечка и Божја природа. Но Исус немал жена и деца. Ако пак имал, тоа апостолите не би го криеле, затоа што Исус е и човек, така што Тој можел да има и жена и деца.
Кога сме веќе кај ова, јас не сакам мојот пост да звучи нападен или навредлив. Со почит сакам само да кажам, бидејќи Бог се отелотвори во Исус, па кога се жртвуваше на крстот кога го распнаа страдаше, нели и ако имал нешто со оваа жена Марија Магдалена тој ќе уживал во односот со неа исто како што ги чувствувал болките и страдал. Како Бог да има нешто од сексуална природа со човек ? Нели е ова сфаќање малку болно, надвор од здравиот разум? Бог да се изживува на жена која сам ја создал и чиј Господар е тој ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Надвор од здрав разум, или поинаку, чисто идолопоклонство е ситуацијата во која творението на својот Творец му придава измислени и нереални-човечки особини. Она кое муслиманските верници упорно не сакаат да го прифатат, тоа е учењето дека Бог не е човек ни оддалеку ни од блиску, туку Бог е дух-битие од нематеријална, надреална и надрационална природа, кое не подлежи на „правилата на игра„ на материјалниов Свет. Кога ќе Ви стане јасно дека Бог не е човек, како што Вие непрекидно Го замислувате (што е страотно опасно!), тогаш ќе Ви стане јасно како може Бог ем да биде Бог, ем да биде Отец, ем да Биде Син, ем да биде Свет Дух, ед да биде Еден, ем да е Света Троица, ем да биде Богочовек, ем да воскресене....И така натаму.
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
Луѓееее гледајте Супер Ртл излегоа вашите тајни на видело. Германија гори. Исус имал жена, пронајдени се стари записи. Толку од Богот ваш ете кога ви викам лажеше Исус не верувавте.
Германците немаат доволно вера после се што се случи во втората светска војна на Хитлер!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom