Ама треба да се сфати дека Бог не може да се жртвува
Во сите религии човекот му жртвува жртви на Бог. Единствено во христијанството учи дека Бог се жртвувал за човекот. Тоа го прави христијанството посебно, надчовечно и го надминува секое човечко мудрување. По тоа го познаваме вистинскиот Бог, Бог Кој не љуби нас, Бог Кој не е далечен од нас и кој не седи на Небесниот престол мафтајќи со камшикот и припремајќи ја казната за нас. Ние сме негови созданија, негови деца. Тој знае дека сме од крв и месо. Тој го знае нашиот морален капацитет и знае дека не можеме да бидеме совршени и безгрешни. Затоа е и милостив со нас и одлучно реши Самиот Тој да се жртвува за своите деца, за да ги избави од јамата на гревот и смртта. Кога ќе бидеш мајка, тогаш ќе знаеш најдобро што значи да се жртвуваш за своето дете. Мајката е спремна да го даде и својот живот за своето дете ако е тоа потребно. Ако тоа може да го направи земниот родител, колку повеќе би го направил тоа нашиот Небесен родител кој поседува далеку повеќе љубов во Себе од нашите земни родители.
Дозволи ми да ти раскажам една приказна (илустрација):
Еден човек пропаднал во длабока јама.
Поминал еден СОЦИОЛОГ, го видел и му рекол: “Прими го моето сочувство!”
Поминал еден ФИЛОЗОФ, го видел и му рекол: “Штом има јама, логично е некој да падне во неа!”
Поминал еден МАТЕМАТИЧАР, го видел и му рекол: “Треба да се пресмета како си паднал во јамата!”
Поминал еден ФИЗИЧАР, го видел и му рекол: “Треба да се пресмета патеката по која може да се излезе од јамата”.
Поминал еден ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР, го видел и му рекол: “Треба да проверам дали имал дозвола тој што ја ископал јамата!”
Поминал МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ, го видел и му рекол: “Ќе треба да плаќаш данок за престојување во јамата!”
Поминал еден СУДИЈА, го видел и му рекол: “Само криминалци паѓаат во јами!”
Поминал еден ЕВОЛУЦИОНИСТ, го видел и му рекол: “Мора да си бил погрешен мутант, определен за исчезнување!”
Поминал еден ГЕОЛОГ, го видел и му рекол: “Барем ќе можеш да ги изучуваш геолошките слоеви!”
Поминал еден ОПТИМИСТ, го видел и му рекол: “Си можел да поминеш и полошо!”
Поминал еден ПЕСИМИСТ, го видел и му рекол: “Леле, најлошото допрва те чека!”
Поминал еден БУДИСТ, го видел и му рекол: “Ти само мислиш дека си во јама. Тоа е состојба на умот!”
Поминал КОМШИЈАТА, го видел и му рекол: “Така ти требаше!”
Поминал еден НОВИНАР, го видел и му рекол: “Ќе ми дадеш ли интервју за тоа, како падна во јамата?”
Поминал еден ПРОФЕСОР, го видел и му рекол: “Ќе ти одржам предавање на тема: "Основни принципи на јамите!"”
Поминал еден ЕГОЦЕНТРИК, го видел и му рекол: “Оваа јама не е ништо; да знаеш јас во каква јама паднав!”
Поминал еден РЕАЛИСТ, го видел и му рекол: “Ова навистина е јама и човек паднат во неа!”
Конечно, поминал
Исус Христос, направил дрвени скали, слегол во јамата, му подал рака на човекот и го извлекол од јамата”.
Се прашувате каква е разликата меѓу христијанството и другите религии и филозофии? Зар не е повеќе од очигледна? Вистинскиот Бог нема да им држи предавања на своите чеда, туку ќе им притекне напомош. По тоа се познава дека е вистински Родител.
Да FireFly, со паѓањето во грев, сите ние паднавме во длабока јама. По наша вина. Но Спасителот Исус Христос ни притекна напомош и ни подаде рака. Сега од нас зависи дали ќе ја прифатиме подадената рака и ќе излеземе од јамата, или ќе останеме и ќе умреме во неа.