Науката вели дека живот настанува само од живот. Тоа е основниот законот за биогенеза формиран од научникот Луј Пастер. Согласно оваа дефиниција, животот не може да настане од неживите хемиски соединенија. Оттука следува дека животот морал да настане од некој жив Животодавец, а тоа е Бог. Епа ако за Бог не било проблем на почетокот од неживата материја да создаде живот, зошто би било проблем повторно да го направи истото?
Ете, тоа е мојот научен аргумент зошто сметам дека воскресението е возможно, затоа што самиот закон за биогенеза вели дека за да настане најелементарен живот, мора да постои Животодавец. А за Животодавецот, ако постои, воопшто не е проблем да го врати животот кај починатите т.е. да ги воскресне.
Ајде сега ти повели докажи научно дека не постои воскресение. Сега е на ред твојата страна од "огледалото"